|
The BEATLES |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Октомври.2010 во 13:49 |
Денес да беше жив би му било роденден на Џон Ленон, па ми текна дека немаме тема за големите Битлси на форумов. Ќе ја почнам темата со еден напис за Ленон, па ќе ја надополниме со коментари и материјали за групата. Imagine...Херој на работничката класа Доколку на 8-ми декември 1980-та Марк Дејвид Чапман не тргнал да го реализира својот крвав список, на кој прв за отстрел беше Џон Винстон Ленон (подоцна Џон Оно Ленон), на 9-ти октомври 2010-та најславниот Битлс ќе го прославеше својот 70-ти роденден. Вака, остануваат само хипотезите за тоа колку денес овој свет би бил поинаков, со Џон во него... Со неговото заминување пред 30 години, со десет години задоцнување и симболично завршија 60-тите, и се што тие всушност претставувале за светот Луѓето постојано ме прашуваат дали ќе напишам книга за мојот живот со Џон. Јас им велам дека се уште не сум подготвена за тоа. Ќе бидам ли некогаш? Мислам дека нема... Чувствувам дека нема да можам да отворам тој дел од моето срце, додека целото срце уште трепери – напиша Јоко Оно, втората жена на Џон Ленон, пред некои пет години. И ништо оттогаш не се смени... Поголем од вечноста Деновите кои ги означуваат датумите на раѓање, или смрт на луѓето кои
повеќе ги нема, за нивните најблиски и најмили се посебни. Тие се добар
повод за враќања во минатото, сентиментални патувања, насмевки и
солзи... Тие денови обично се посетуваат нивните вечни почивалишта,
нивните последни станици... Жртва на ветената земја Без око да му трепне, Ленон својата популарност ја ставаше на исто
рамниште со Исус, а орденот на Империјата на кралицата и го врати со
обична пошта, разочаран од надворешната политика на Велика Британија. Битлси го сменија светот Ленон е роден на 9-ти октомври 1940-та во Ливерпул, во несреќен брак
на типична англиска средна класа. Несреќните случувања во семејството ги
предодредија многуте патишта во животот на Ленон. Во 1955-та се
запознава со Пол Макартни, а од тоа пријателство се роди тандем кој ќе
стане недостижно творечко јадро во историјата на музиката. Воедно, и
прекрасна двигачка сила чие делување во 60-тите ќе ги измени многуте
законитости и обичаи во животите на младите ширум светот. Му требаа љубов и мир во целиот свет Во своето последно големо интервју, два месеца пред трагичниот настан, во неделникот Њусвик Ленон им се врати на Битлси, сакајќи да разјасни зошто е безмислено повторно да се соберат бубачките од Ливерпул. Копнеж за малку утопија и трошка надеж Откако во 1970-та Битлси престанаа да постојат, Џон Ленон сними осум албуми. Седум во првата половина на 70-тите, и последниот Double Fantasy, по петгодишната пауза, непосредно пред да замине во вечноста. Стана уметник сакајќи да биде слободен Многу свои вредности Ленон во последната деценија од животот ги
жртвуваше испитувајќи се себе си, и барајќи нови начини на комуникација.
Крајно оригинален, секогаш чекор пред другите, никогаш не правеше
компромиси со актуелните вкусови и трендови. Неговите пораки, неговите
идеи и стихови, се примани пошироко и повнимателно. Од својата уметност
создаваше секојдневие. Во споменот останува и надвор од музиката, како
човек и хуманист, кој копнееше за нешто што не можеше да го најде во
своето богатство и слава. Беше среќен кога конечно можеше да констатира
дека Војната е завршена! Битлс кој најмногу го почитувавме Откако поминаа тие пет години Ленон сними нов албум Double Fantasy, а една од песните (Just Like) Starting Over стана светски хит, без оглед што критичарите лошо го оценија проектот, а публиката покажа огромен интерес. Во 1969-та година едно британско списание направи бесмислена анкета на тема: Кој би бил најславен кога би умрел?,
а читателите заокружуваа според овој редослед: Џегер, Ленон, Хендрикс.
Од тој список замина и вториот, истиот кој во октомври 1963-та изјави: Приказни на две оставени жени Онаа вечер, во зима 1980-та, кога Џон така ненадејно замина,
почувствував дека една половина од мене засекогаш одлете со него.
Пролетта дојде и помина. Лето. Ме изненади што дрвјата добија лисја,
бидејќи ми се чинеше дека е направда што се друго се уште е така живо.
Есента беше прекрасна. И зимата, иако сфатив дека уште долго време
зимите ќе ми бидат тешки... Се чувствувам добро кога луѓето се околу
мене, мојот син, мојата ќерка... Се смеам, се шегувам. Гледам во небо и
дозволувам срцето да ми затрепери... Но, кога ќе останам сама, кога
вечерните светла ќе започнат да го бојат светот во виолетово, среде ноќ,
пред зора, моето срце и понатаму трепери без престан... – напиша неговата втора жена Јоко Оно во книгата Сеќавање на Џон Ленон,
која самата ја осмисли и ја подготви во 2005-та, на 25-годишнината од
смртта на Ленон. Таа е составена од сеќавања на неговите блиски и
далечни пријатели, кои евоцирајќи ги спомените на Џон, напишаа песна,
приказна, нацртаа слика... Уште еднаш за мистериозната смрт Без оглед што за официјалната Америка смртта на Џон Ленон е затворена
приказна, бидејќи атентаторот Чапман ги призна убиството, па нема
спорни елементи, според некои новинари, кои водеа паралелни истражувања,
вистината е малку поинаква... Изменето од Анастеа - 09.Октомври.2010 во 13:50 |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Битлси, луѓето кои ја започнаа рокенрол еволуцијата
апсолутни фаворити од нив ми се http://www.youtube.com/watch?v=AA9maAERDAs http://www.youtube.com/watch?v=A7F2X3rSSCU |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ма каква гага
Бубачките се Пут у Хаваи за гага и останати посранки и посранковци како неа слични.
Нека направи нешто слично некој од нив како ова па ќе прајме муабет
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еј Џими, и ти слушаш Битлси? .... And anytime you feel the pain Hey Jude refrain don't carry the world upon your shoulders For well you know that it's a fool who plays it cool By making his world a little colder Na na na na na na na na na |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ам што мислеше а мор ти
Бубачките не можеш да ги споредуваш со никој од минатите и сегашните музичари,тие се безвременски и неспоредливи со било кој
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене не ми се свиѓаат брзите рок ен рол песни од Битлси. Повеќе ги поштувам...
и една бонус песна...
Споредбите на Лејди Гага со Битлси ме посеќаат на средношколските денови кога ги споредувавме Ајс Ти и Боб Дилан.
Изменето од LiDivio - 11.Октомври.2010 во 10:55 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нееееее, немој гага на темава!... Help!... п.с. не беше споредба, сакав да кажам сите ли ги зафатила манија кон овие модерниве Гаги што никој не слуша веќе стара, добра музика... |
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еееее што би ние без вакви пријатели... ем те окупираат, ем ти честитаат празник на револуцијата... |
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Битлси никогаш не ги засакав, а соло-кариерата на Џон Ленон Да!
Многу повеќе ми се допаѓаат музичките остварувања на типот и на Пол Макартни како засебни музичари.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поодамна не сум ги пуштил...кога веќе налетав на темава месецов оваа би си ја прогласил за хит
|
|
харизма
Група Регистриран: 11.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |