IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Кој ја напишал Библијата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој ја напишал Библијата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 16:46
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Најнапред, Библијата се разликува од другите книги по тоа што е полна со свежина која зрачи од неа.
Но истото го велат на пр. муслиманите за Quranот, хиндусите за Багавад-Гита како и Багавата Пурана(Шримад Багаватам).
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Еден шведски писател рекол: „Библијата е се уште моќен извор на животот како и порано. Може ли некој да потврди дека Библијата уништила нечиј живот? ...„
За жал, да! Требал да ги праша девиците од второ законие(5.Мојсеева 25глава ст.44-46) или робовите од книгата Левит и тн... в рие од упропастени животи.

Јас верувам дека Бог се објавувал преку Мојсеј и другите старозаветни пророци, но многу делови од тие објави или дури цели книги се извитоперувани или напишани од други луѓе кои му служеа на оној друг „бог„, а се потпишуваа со името на пророците низ кои беше објавено нето сосема друго - небесен Мир кој требал да се одрази и на Земјата преку луѓето кои ги држат вистинските Божји заповеди.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 22:53



БИБЛИЈАТА Е НАПИШАНА ЗА ДА HE СОЧУВА





   Библијата е напишана исто така, и од причина за да ги запази луѓето од служење на лажни богови. Секаде, кајшто луѓето ја отфрлаат Библијата како основа за животот, потпаѓаат под силата на темнината.    

Пред владењето на царот Јосија (639-609 пред Христос), свештениците во храмот престанале да читаат од Писмата, па затоа народот паднал во голем грев. Тие ги обожувале сонцето, месечината, ѕвездите... Во втората книга за царевите, 22. глава, забележано е дека и самите свештеници го заборавиле Писмото. Еден ден, била пронајдена книгата на Законот, па му ја прочитале на царот. Кога Јосија ги слушнал зборовите на оваа Книга, ја искинал својата облека. Увидел дека неговиот народ се наоѓа во ужасна темнина, па затоа заповедал да се очисти и храмот и народот.   



„Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хвлкији на другите свештеници и на вратарите,да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во долината Кидрон и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадења по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска "

=Втора книга Цареви 23:4-5 ; Библија==   



Секогаш кога луѓето ќе почнат да им се клањаат на разни божества, како феномeн се појавува и неморалот. Така, во многу храмови постоеле таканаречени „храмски проститутки", а сразмерно на тоа цутело и гатањето.     Можеби сега подобро ќе разбереш зошто Бог во Стариот Завет заповедал да се уништат некои народи кои им се клањале на лажни богови. За жал, и Божјиот народ ги презел лошите навики и обичаи од безбожните народи.     



Царот Јосија наредил да се истребат сите гатачи и оние кои комуницираат со духовите на умрените. Исто така, ги отстранил и предметите на обожување кои биле подигнати во Ерусалим и во околината. Ниеден цар не бил толку решителен како Јосија. Се што правел, се раководел според упатствата дадени во Мојсеевите книги.     



Дали ситуацијата денес се разликува многу од тогаш? Зарем нема и денес многу свештеници кои не се доволно запознаети со Божјиот Закон? О, кога и денес би се појавиле некои како Јосија, кои би го обновиле христијанството и би се бореле за напредокот на Евангелието и за уништување на духовната темнина со помош на Божјата сила! И денес ги има оние кои што се клањаат на сонцето, на месечината и на ѕвездите. Луѓето не можат да живеат без хороскоп, и од недела до недела купуваат весници во кои има хороскопи, за да дознаат што ќе им донесе иднината. Таквите луѓе Бог ќе ги истреби, ако не се покајат и ако не ја напуштат таа практика.Кој ја отфрла Библијата, тој постанува плен на темнината, која го апсорбира.     



Дали веќе си ја прифатил Библијата како патоказ во твојот живот? Бог не ги создал ѕвездите за да им се клањаме. Наместо Hero да го прашаме што ќе ни донесе иднината, ние ги прашуваме ѕвездите и гатачите.     



Цицерон, кој умрел во 43. година пред Христос, прашал: „Дали е можно додека гледаме во небото и ги набљудуваме небесните тела, да не дојдеме до заклучок дека Бог постои? Зарем не сме принудени да признаеме дека постои некое совршено мудро суштество, совршена личност која владее со се, дека постои Бог кој што е насекаде присутен и кој управува со својата сила? Кој се сомнева во овие работи, тој го порекнува и постоењето на сонцето кое не' грее. Времето ќе ги уништи сите лажни теории, а истовремено ќе ја потврди онаа во која е втемелена природата".     



Професорот А. Толук пред еден век и половина напишал: „Ако сите проповедници во светот замолкнат, и ако ниеден нема да зборува за Бог, таму горе ќе се проповеда и ќе се говори без прекин за Неговата слава и чест".     



Пораката на ѕвездите од отвореното небо нема крај и се повторува од ден на ден се додека не настапи Судниот ден. Навистина, ѕвездите говорат безгласно, но оној кој сака, ќе ја разбере нивната порака. Видливата хармонија на нивните орбити многумина ги уверила во моќта на великиот Бог, кој е неограничен во својата мудрост.     



Псалмистот Давид вели во еден Псалм: „ Кога ги набљудувам небесата Твои, делата на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил: што е човекот, та внимание да му обрнуваш, и за родот човечки да се грижиш? "

==Псалм 8:3-4 ; Библија==



Природно е човекот да го слави својот Творец, но за жал, во повеќето случаи не е така. Веќе рековме дека луѓето повеќе сакаат да ја слават творбата, отколку Творецот. Дури и апостолот Јован еднаш падна ничкум пред еден ангел и му се поклони, иако ангелот е создаден од Бог да им служи на верните. Ангелот му покажа на Јован многу нешта кои што ги очекуваат верните. Пораката била толку прекрасна и возбудлива што Јован падна на колена пред него.



„И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: стој, немој, бидејќи и јас сум слуга како и ти и браќата твои - пророци, и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се наБог!"

==Откровение 22:8-9 ; Библија==



Да не ги потценуваме ангелите, но сепак сета слава не им припаѓа ним, ниту на созданијата, туку на самиот Творец.     



Кога бев дете. ме поучуваа да му се молам на ангелот-чувар. Дури многу години подоцна сфатив дека тоа не е в ред. На Бог треба да му се обратиме кога ни е потребна заштита и, ако за тоа Тој искористи ангел, тогаш тоа е Негова работа. He треба да ги молиме ангелите да не чуваат, туку Бог, кој ќе ни испрати ангел-чувар. Тие се службени духови кои Бог ги праќа да им служат на оние кои се спасени и кои му служат Нему.     



Ѓаволот, како противник на Бог, со сета своја сила се труди да им ги заслепи очите на луѓето, за да не ја видат светлината на Евангелието. Затоа, читај ја Библијата со молитва, за да не те измами ѓаволот. Бог сака сите луѓе да ја познаат вистината, и оној, којшто ја чита Библијата со желба да биде спасен, нему Бог ќе му го покаже патот на спасението. Така, Библијата е напишана за да не сочува од служење на лажни богови и да не води по вистинскиот пат.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2010 во 19:34

 Bibliijata e Kniga na Bozjeto Otkrovenie.

Toa sto Hristijanite go smetaat kako Bozja objava e zapisano vo zbirkata knigi narecena Sveto Pismo ili Biblija .

Taa se deli na Star i Nov Zavet . Zborot Zavet oznacuva Sojuz.

Stariot Zavet pretstavuva Bozji dogovor, Zavet, odnosno  Sojuz pomegju BOG i Izrael i e priprema za potpolnata Bozja objava i ispolnuvanje na Negovoto vetuvanje za Mesija, za Nov Zavet, koj e zapecaten so krvta na Bozjiot Edinoroden Sin, ISUS HRISTOS, proreceniot Mesija.

Biblijata e pisuvana vo period od 16 vekovi, od okolu 40 razlicni pisateli.

Iako e pisuvana od lugje, BOG bil Toj koj upravuval so nivnite misli , taka sto Biblijata e navistina Bozje Slovo .

Povekjeto od pisatelite na Biblijata potvrduvaat deka pisuvale vo imeto na BOG i deka nivnoto pisuvanje go vodel Toj ili nekoj Negov angel ( Zaharija 1:7,9).

Prorocite koi go napisale Stariot Zavet ( Hebrejskite Spisi) nad 300 pati izjavile : " Vaka zboruva Gospod " ( Amos 1:3; Mihej 2:3; Naum 1:12).

Vo vrska so Bozjite proroci, Apostol Petar rekol:

"Но знајте го пред се ова: ниедно пророштво во Писмото не е од нечие сопствено толкување,

 зашто никогаш ниту едно пророштво не потекнува од човечка волја, туку луѓе поттикнати од Светиот Дух зборувале од Бога." ( 2 Petrovo 1:20,21).




Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 00:30

   Mnogu lugje imaat negativno mislenje za Biblijata iako ne ja ni procitale.



 " Biblijata ne treba da se sfati seriozno." Taka i rekol nekoj univerzitetski profesor na edna mlada iskrena zena.

 " Dali nekogas ste ja procitale Biblijata? " prasala taa.

  Neprijatno iznenaden, profesorot moral da priznae deka ne ja procital.

" Togas, kako mozete da izrazite toku silno uveruvanje za nekoja kniga sto nikogas ne ste ja procitale? "

 Taa imala pravo. Toj odlucil da ja procita Biblijata i posle toa da sozdade mislenje za nea.



Svetoto Pismo, Biblijata e opisana kako verojatno najvlijatelnata zbirka knigi vo coveckata istorija .

Navistina, taa vlijaela vrz nekoi od najgolemite svetski umetnosti, literatura i muzika.

Izvrsila vlijanie i vrz pravnata nauka. Bila velicana poradi svojot literaturen stil i dlaboko pocituvana od mnogu visoko obrazovani lica.


Na primer, Hajnrih Hajnce,poznatiot  germanski pisatel od 19 vek rekol: " Mojata prosveltlenost ja dolzam , sosema ednostavno, na citanjeto na edna kniga.- Kniga?

Da, toa e edna stara ednostavna kniga, skromna kako samata priroda i isto tolku prirodna...

I imeto na taa kniga e sosema ednostavno-kniga-Biblija . "


Eden od najcenetite pretsedateli na SAD na site vreminja , Abraham Linkoln, rekol :

" Biblijata e najdragocen podarok od BOG za lugjeto. Bez nea ne bi razlikuvale sto e dobro a sto loso. "

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 01:38
se kladam deka bil nekoj golem majtapchhija,
 
...toj shto ja napishal!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 20:26
Originally posted by brza brza напиша:

se kladam deka bil nekoj golem majtapchhija,
 

...toj shto ja napishal!да





     Напади врз Библијата



    За жал, речиси во сите училишта, од основните па се до високите, професорите им пренесуваат на децата, на младината и на студентите застарени науки. Се случува, некои млади момчиња или девојки кои заминале на училиште со вера во Бог, да се вратат дома со празни и скршени срца. Некој насила им ја истргнал нивната вера и потполно ги осиромашил и упропастил. Како последица од сето тоа е порастот на неморалот, непочитување на постарите итн.    



За ова, голема вина имаат и многу теолози кои наместо да ја градат верата во Бог, тие ја поткопуваат. Меѓутоа, Библијата јасно и гласно вели дека Бог не дозволува да биде надитрен и дека човекот ќе си пожнее тоа што си посеал! Ако сеел лошо семе, Бог ќе го казни, макар бил и врвен теолог!    



Светото Писмо е вистинито од почеток до крај. Познатиот „принц на проповедниците" Ч.Х. Сперџен, застанал на страната на апсолутната веродостојност на целата Библија. Тој рекол: „Се бориме за секој збор од Библијата и веруваме во буквалната инспирација од Светиот Дух, т.е. веруваме дека не постои поинаква инспирација од оваа. Ако некој ни го одземе Зборот, тогаш смислата сама по себе ќе се изгуби".    



Библијата е најмеродавното откровение на Божјата волја за човекот. Во Стариот Завет повеќе од 2.000 пати се спомнува изразот: „ Така вели Господ (Бог)!". Но, не се само овие стихови Божји Зборови, туку целата Библија е Божји Збор.    



„Бидејќи Бог не греши, не може ни Библијата да греши!" - рекол некој. Непогрешливоста на Библијата се темели врз непогрешливоста на Бог. Некои теолози тврдат дека Библијата не е Божји Збор, туку дека само го содржи Божјиот Збор! Co тоа сакаат да кажат дека Светото Писмо се состои и од човекова мудрост и од Божјите зборови. He! Библијата е буквално Божји Збор! Од првата книга, па до последната, се што е напишано е Божји Збор.



17 ”Човечки сине, те поставувам за чувар на Израелевиот дом. И ти ќе слушаш зборови од Мојата уста и ќе ги опоменуваш во Мое име.

==Книга на пророк Езекиел 3:17 ; Библија==





Библијата е пишувана по Божји налог, и во Негово име зборувале пророците и апостолите. Сам Исус Христос ја потврдува веродостојноста на Стариот Завет велејќи:



46 Зашто, ако му верувавте на Мојсеја, ќе Ми верувавте и Мене; зашто тој пишуваше за Мене.

47 Но ако не им верувате на неговите Писма, како ќе им верувате на Моите зборови?”

==Евангелие по Јован 5:46-47 ; Библија==





Апостол Павле својата вера ја потврдил пред судијата Феликс со зборовите:



14 Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,

15 и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.

16 Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.

==Дела апостолски 24:14-16 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 03:21

 Denes Biblijata e najvaznata kniga sto ja poseduva covestvoto.

Samiot zbor Biblija poteknuva od grckiot zbor " biblia" koj znacel " svitoci od papirus " ili " knigi ".

Prevedena e i pecatena na site poznati jazici i dijalekti, duri i den denes se pecati vo milijardi primeroci nasekade vo svetot.

Evropskata kultura pociva na dva stolba: na Antikata i Biblijata.

Biblijata e posilniot i pojakiot stolb.

A Evropa go vtisnala pecatot niz celiot svet. Bezbroj dela na umetnosta: na muzikata, knizevnosta, slikarstvoto i arhitekturata itn., se sozdadeni na bibliskite temi.

Koga site tie dela  bi se izvadile od svetskite umetnicki galerii , bi ostanale goli i prazni.

Evreite i Hristijanite, sekoj na svoj nacin gi smetaat bibliskite knigi kako sveti.

Mojsej, na kogo BOG mu gi objavuvase svoite poraki prv zapocna da go pisuva Svetoto Pismo.

Biblijata e pred se' prekrasno umetnicko delo sostaveno od cudesni raskazi raskazani na sovrseno umetnicki nacin.

Tie se delo na slikovitoto raskazuvanje karakteristicno na semitskata dusa i na nejziniot nacin na raskazuvanje.

Taa na blizok nacin mu zboruva na sekogo. Zboruva so izrazi kako sto se: voda, stena, dlabocina, svetlina, raka, uvo, smrt, zivot...izrazi koi nema da se izgubat se' dodeka covekot ima telo.


Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 15:01
Со оглед на тоа дека христијаните од времето на светиот апостол Павле и другите апостоли ја НЕМАЛЕ "БИБЛИЈАТА" како што сега ја имаме ние.
(поточно некаде околу 600 години по Христа се стигнало до некој концензус)

Значи дека не ќе да е до книгата како книга туку до ДУХОТ кој зборувал низ Евангелијата и посланијата.
а за Духот.е тоа е веќе прашање за Црквата Христова.
Но тоа е веќе друга тема


Изменето од ahmar1 - 19.Октомври.2010 во 15:05
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 15:51
http://codexsinaiticus.org/en/

Codex Sinaiticus is one of the most important books in the world. Handwritten well over 1600 years ago, the manuscript contains the Christian Bible in Greek, including the oldest complete copy of the New Testament. Its heavily corrected textis of outstanding importance for the history of the Bible and the manuscript – the oldest substantial book to survive Antiquity – is of supreme importance for the history of the book.


Codex Sinaiticus, a manuscript of the Christian Bible written in the middle of the fourth century, contains the earliest complete copy of the Christian New Testament. The hand-written text is in Greek. The New Testament appears in the original vernacular language (koine) and the Old Testament in the version, known as the Septuagint, that was adopted by early Greek-speaking Christians. In the Codex, the text of both the Septuagint and the New Testament has been heavily annotated by a series of early correctors.

Eve dokazi deka noviot zavet e menuvan.



Messenger: pravilta na forumov velat deka objavenite tekstovi reba da se na makedonski jazik. Zamolen si da go prevedesh ovoj citat.

Изменето од Messenger - 19.Октомври.2010 во 16:23
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 16:07

 Zamisli si go slednovo: Si zamolil 40 mazi so razlicno poteklo da napisat edna kniga, a sekoj od niv treba da napise eden del od nea.

Tie ziveat vo razlicni zemji i ne se poznavaat megju sebe.

Nekoi voopsto ne znaat sto napisale drugite.

Mislis li deka na krajot knigata ke bide skladna, povrzana?


Biblijata e tokmu takva kniga. Iako e napisana pod uste poneobicni okolnosti otkolku onie vo primerot, taa ima mnogu vpecatliva skladnost.

Na primer, taa bila pisuvana vo tekot na okolu 1600 godini, od 1513 godina pred n.e. do 98 god od n.e.

Spored toa, mnozina od recisi 40-tinata pisateli ziveele vo razlicni vekovi.
Tie imale razlicni zanimanja: nekoi bile ribari, drugi bile pastiri ili carevi, a imalo i eden lekar.

Biblijata ima edna poraka . Glavna tema na Biblijata e : doagjanjeto na ISUS HRISTOS na Zemjata i Negovata zrtva na Golgota.

Najavuvanjeto za doagjaneto na Mesijata -Spasitelot e spomnata vo 1 Mojseeva, razrabotena vo narednite knigi i zaokruzena vo Otkrovenie.

Iako Biblijata e vdahnovena od BOG, sepak pisatelite ostavile svoj licen beleg vo nea.

Vsusnost, tie morale da vlozat trud za da ja zapisat Bozjata poraka.

Na primer, pisatelot na bibliskata kniga Propovednik veli deka'se' trudel da najde ubavi izreki i tocno da gi zapise zborovite na vistinata.( Propovednik 12:10).

Za da go sostavi svojot istoriski zapis, Ezdra istrazil najmalku 14 drugi zapisi , kako sto se " letopisite na car David " i "Knigata za carevite na Juda i Izrael".

Apostol Luka , pisatelot na dve knigi od Noviot Zavet vnimatelno ' ispital se' od pocetokot, za da opise tocno po red'. ( Luka 1:3)

Od ovie i od drugi primeri gledame deka BOG cestopati dozvoluval pisatelite da se izrazuvaat so svoi zborovi i na svoj nacin.

No, vo isto vreme, BOG gi vodel nivnite misli za tekstot da bide tocen i da ja prenese Negovata poraka. ( Izreki 16:9)
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 19:08
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

 Zamisli si go slednovo: Si zamolil 40 mazi so razlicno poteklo da napisat edna kniga, a sekoj od niv treba da napise eden del od nea.


Ne mozham da zamislam takvo neshto... Nekoj da moli 40 lugje od najrazlichni vreminja da napishat EDNA kniga.


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

 Tie ziveat vo razlicni zemji i ne se poznavaat megju sebe.


Apsolutno tochno.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Nekoi voopsto ne znaat sto napisale drugite.


Potpolno si vo pravo.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Mislis li deka na krajot knigata ke bide skladna, povrzana?


Sigurno deka nema da postoi takva kniga bidejki vo start ne e pishuvana kako edna zaednichka kniga, tuku sekoj si pishuval za sebe, onaka shto bil vdahnoven.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Biblijata e tokmu takva kniga. Iako e napisana pod uste poneobicni okolnosti otkolku onie vo primerot, taa ima mnogu vpecatliva skladnost.


Biblijata nikogash ne bila osmisleno pishuvana kako edna kniga, no vo eden period bila SOSTAVENA kako edna kniga so selekcija na stie pisanija do togash. Nekoi od tie pisanija bile otfrlani, a nekoi odbirani, pa so takvata selekcija i raspredelba sostaven e Stariot Zavet.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Na primer, taa bila pisuvana vo tekot na okolu 1600 godini, od 1513 godina pred n.e. do 98 god od n.e.Spored toa, mnozina od recisi 40-tinata pisateli ziveele vo razlicni vekovi.Tie imale razlicni zanimanja: nekoi bile ribari, drugi bile pastiri ili carevi, a imalo i eden lekar.


Tokmu taka.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Biblijata ima edna poraka . Glavna tema na Biblijata e : doagjanjeto na ISUS HRISTOS na Zemjata i Negovata zrtva na Golgota.Najavuvanjeto za doagjaneto na Mesijata -Spasitelot e spomnata vo 1 Mojseeva, razrabotena vo narednite knigi i zaokruzena vo Otkrovenie.


Hristijanite, so isto takvo selektiranje, prifakjanje i otfrlanje spored doktrinata na edna nivna grupa go sostavile Noviot Zavet, gi raspredelile pisanijata spored usvoenata doktrina, a ne spored nivnata hronologija, pa potoa go preuredile Stariot Zavet za da posochat oti negovata glavna poraka bila da go najavi Isusovoto doagjanje. Toa e deneshnata hristijanska doktrina. Ako gi prashash evreite tie kje ti kazhat druga vistina za Stariot Zavet i glavnata tema vo nego.


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Iako Biblijata e vdahnovena od BOG, sepak pisatelite ostavile svoj licen beleg vo nea.


Apsolutno tochno. Drugo i ne mozhele da napravat.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Vsusnost, tie morale da vlozat trud za da ja zapisat Bozjata poraka.Na primer, pisatelot na bibliskata kniga Propovednik veli deka'se' trudel da najde ubavi izreki i tocno da gi zapise zborovite na vistinata.( Propovednik 12:10).Za da go sostavi svojot istoriski zapis, Ezdra istrazil najmalku 14 drugi zapisi , kako sto se " letopisite na car David " i "Knigata za carevite na Juda i Izrael". Apostol Luka , pisatelot na dve knigi od Noviot Zavet vnimatelno ' ispital se' od pocetokot, za da opise tocno po red'. ( Luka 1:3)


Tokmu taka. Tie poneogash znaele za nekoi drugi pisanija i se inspirirale od niv, pa se nadovrzuvale na tie pisanija, nekoj gi sobiral isto kako i kazhaniot zbor od narodot i taka sostavuval drugi pisanija, nekoj vo niv dodaval neshto drugo smetajkji deka originalnoto ne e ednoznachno objasneto spored negovoto mislenje, nekoj menuval bidejki smetal oti prochitanoto moralo da bilo smeneto od nekoj prepishuvach pred nego bidejki napishanoto ne mu se dopagjalo i t.n. ...

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Od ovie i od drugi primeri gledame deka BOG cestopati dozvoluval pisatelite da se izrazuvaat so svoi zborovi i na svoj nacin.No, vo isto vreme, BOG gi vodel nivnite misli za tekstot da bide tocen i da ja prenese Negovata poraka. ( Izreki 16:9)


Od ova soznavame deka Bog ne vodel navistina nikogo (toa e samo apologetika), bidejki vo sprotivno nemalo da stanat site tie razlichnosti, dodavanja, vadenja, menuvanja, prepravki... ova e dovolen dokaz deka pisatelite bile vodeni od nivnata inspiracija, a toa e sosem podrugo od lichno Bozhje vodenje. Koga vodi Bog togash Toj ne pravi greshki za da mora podocna da se popravaat, nitu dozvoluva nekakvo popravanje na onoa shto bilo izvedeno pod Negovo vodstvo.

I toa e TOA.

Patem, ova ne e nikakva tajna, konspiracija, hipoteza, "new vawe" filozofija ili propaganda, tuku se uchi na univerzitetite za teologija i komparativna religija. a postoi i poseben predmet vo koj istovo se studira vo detali - Biblijski tekstualen kriticizam.

Vekje im imam preporachuvano na onie koi sakaat podetalno da se zapoznaat so Biblijata da zemat chasovi od ovoj predmet ili barem da nabavat uchebnici i knigi od predavanjata.






Изменето од Messenger - 20.Октомври.2010 во 19:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Milica.B Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milica.B Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 01:19
70 svestenici vdahnati od gospod bog
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 01:22
Kade?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Milica.B Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milica.B Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 01:22
kade gi vdahnal li?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.