|
Албанците и нивните права |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 16> |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе не се лоши идеите и размислувањата во постовите на Real.....
Ама кога ќе прочитам дека некој ги поткрепува своите гледишта и убедувања, со нагласување на одреден политички субјект...тука паѓа во вода и искреноста и добрите заложби....
Сепак, мислам дека тука сме за да искажеме свои мислења и убедувања а не да претставуваме потпароли и рекламни паноа за политичарите....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а не да претставуваме потпароли и рекламни паноа за политичарите |
|
Homo homini lupus est...
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tokmu taka ninja. I ne samo politichki subjekt, tuku postojano da se vrtat temite na etnichka baza, i opravduvaat stavovi pod izgovor na "diskriminacija", voopshto ne e za opravduvanje i potkrepuvanje.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изгледа сè што посакат албанците им се дозволува
„На плоштадот Македонија веќе има одобрена одлука, одобрени се средствата за три клучни фигури од албанската историја“, изјави вчера Изет Меџити, градоначалник на Чаир. „Не само на плоштадот, туку ќе има и во Музејот на ВМРО од дел од албанската историја“, рече вчера Абдулаќим Адеми, вицепремиер На плоштадот Македонија треба да се најдат спомениците на Пјетр Богдани, Неџат Аголи и Јосип Багари. Неофицијално во музејот на ВМРО ќе се постават восочните фигури на Хасан Приштина, Ибрахим Темо и Наим Фрасери. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....bog da chuva!...( me mrzi da si go baram popcheto ) .......
...sepak,..najubava na svetot e makedonija,......ia i narodot nejzin najpameten i najhrabar !
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Не само на плоштадот, туку ќе има и во Музејот на ВМРО од дел од албанската историја“, рече вчера Абдулаќим Адеми, вицепремиер На плоштадот Македонија треба да се најдат спомениците на Пјетр Богдани, Неџат Аголи и Јосип Багари. Неофицијално во музејот на ВМРО ќе се постават восочните фигури на Хасан Приштина, Ибрахим Темо и Наим Фрасери баш сакав да прашам
може ли да ми објасни некој кои се личностиве и нешто околу нивната дејност за Македонија Изменето од Andjelina - 06.Октомври.2010 во 18:27 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вчера Тачи имаше интересен настап на ТВ, дури и бајаги ја збуни Оливера Трајковска.
Не кажа нешто ново- но беше впечатливо....може си вика, дај да бидам подециден, Македонциве конечно да разберат. .....Него не го интересира во која држава живеат албанците и како се вика/ќе се вика таа држава-конечно во името нема ништо што го обележува албанскиот етникум. Нив им се важни евроинтерациите, и затоа се во игра со Мк, инаку тие најмногу би сакале да живеат во една држава, сите Албанци. Бидејќи низ призма на бројки, Албанците се скоро изедначени со Мк (?), така треба да биде и во сите институции во кои се носат одлуки од заеднички интерес: тие не сакаат веќе да бидат надгласувани. Четвртина од буџетот се пари на Албанците, и тие треба да си ги трошат само за нивни цели. ( кога Албанциве низ државава станаа толку ревносни плаќачи на даноци...и воопшто на сметки? Можеби мисли на тие Албанци кои се во администрација, а си ’’работат’’ од дома?) Па некако ми зазвуче на овие европски струи кои стануваат погласни во последно време ( Франција, Германија, Англија) а кои пополека го преиспитуваат моделот на мултукулти: ние сме различна култура, религија, менталитет, и сакаме да си ја негуваме таа наша посебност, вели Тачи. На пример, тој кога оди на лекар, прво прашува што е лекарот, албанец или македонец. Нему му е важно тоа, оти е прашање на имање доверба во лекарот. Си викам, чекај малку, ние сеуште вежбаме соживот, не сме стигнале до тоа напредно ниво. Всушност, тажно е. Тажно е што толку се вложи труд и отстапки за градење соживот, а од друга страна македонецот не е способен да ги брани своите интереси во светот и да се заложува за себеси така како што знае албанецот. Како и би знаел, кога е тврдоглаво заглавен во минатото и се бави со труимфални капии, и со лични егоистични интереси. А кога вака ќе го слушнете лидерот на втората албанска партија во Македонија, па не можете/не смеете да го игнорирате тоа!! Времето нема секако да стои и да не чека да се освестиме и вратиме во реалноста и да ги решиме проблемите: или ќе бидеме активни учесници во општеството, или ќе останеме статисти. Изменето од Kali - 08.Октомври.2010 во 13:26 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa,...kad mu se moze....ke zbori chjovekot!
...da ne ima nekoj shto sak , a pogotovo moze da go sprechi mnogu da zboruva ,...a?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koга сето тоа кое го говори за буџетот и сите други нешта ќе има правна основа, тогаш и нека бара некакви права.
Во однос на бројките, пописот ќе покаже кој е изедначен со кого. А за името, одамна е јасно дека на одреден дел не им е гајле за името, туку приоритет им се други опции. Се согласувам со кажаното од Kali, македонската држава не е способна да излезе на крај со определени прашања, а за жал тие прашања се последица на нерешавање на некои други прашања во минатото на соодветен начин и примена на сите средства кои ги има државата. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неџат Аголи е учесник во НОБ, министер во владата на НР Македонија, другите колку што знам и не се поврзани со Македонија. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И ова е дел од општественото живеење..да не речам од скојдневната мулти политика во Македонија.
Posted by in Некатегоризирано. trackback ПРАВНА ДРЖАВА НА ОХРИДСКИ НАЧИН На Теута Арифи и беа потребни девет години за да каже дека насилството не е прифатливо, ни етички ни политички. Мнозина од нас го знаеа тоа и пред 2001, но таа чекаше на таква норма во Рамковниот договор кој се извојува токму со насилство. Но, таа сега изигрува Емил Зола: обвинува дека власта е таа која поттикнува насилство, дека со насилство одговара на оние кои се фатиле за оружје. Обвинува за егзекуции на лица, чија презумпција на невиност била нарушена, без оглед што меѓу дотичните имаше лица со правосилни судски пресуди и такви обвинети за воени злосторства. Иако споделувам загриженост околу начинот на изведување на секоја полициска акција во која има човечки жртви, сепак не можам да ја сфатам како е можно да тврди дека се егзекутирани и тоа само заради етничката припадност. Ваквите тези ја стигматизираат и навредуваат целата албанска заедница, бидејќи во исти кош со криминалци се ставаат сите чесни и мирољубиви луѓе, на кои на памет не им паѓа да шверцуваат оружје. Чуден начин да се покаже дека нема контрадикција меѓу европезимот и облиците на „имплементација“ на Рамковниот договор, милом или силом. Не знам за вас, ама мене ова ми личи на класична легитимација на насилство, па дури и предупредување дека ако се продолжи со моноетничката политика на „македонскиот партнер“ на сè поголем број Албанци може да им падне напамет да се вооружат. Јас ќе застанам во одбрана на достоинството на моите сограѓани Албанци. Или сум јас наивна, или имам повисоко мислење и респект за Албанците од нивната парламентарка. Точно е единствено дека до вистинско разоружување никогаш и е дојде, нелегалната тргоција со оружје и наркотици цвета, а како и во секое постконфликтно општество военото насилство се трансформира во криминално однесување. Девет години правото ни се сервира на охридски начин (вклучувајќи го и Уставниот суд, кој замислете требал да одлучува по етнички клуч, божем уставноста и законитоста се ценат низ етнички очила). Постојано одиме како по јајца, за да не се предизвикало вознемирување, излегување на албанскиот партнер од власта или да не дошло до дестабилизација. Во оваа држава сите знаат што е право – и оние во собраниската комисија и оние кои блокираат улици и протестираат, и јавното мислење. Сите, освен истражните судии, обвинителството и судовите. За Сопот се вели дека била јавна тајна дека луѓето биле невини, а плус и еден (бивш) амбасадор изразил сомневање дека станувало збор за вистинските сторители. За последната полициска акција сите знаат подобро и од разузнавачките органи и од специјалните сили. Зимбери рече дека тој, на пример, би се справил со таква ситуација со еден калашњиков. Да му веруваме на збор, си знае човекот! Ниту еден единствен албански интелектуалец не се насекира и не побара правда за оние несреќници масакрирани кај Вејце (дури и „не знаат“ дека Женевските конвенции важат и за онеспособени лица во униформа). Нема ни збор за цивилите дигнати во воздух кај „Бриони“. Барем Мавровските работници, а преку нив и сите ние, да видевме дека во Македонија постои правда за сите. Апстрактната „осуда“ на насилството веќе не е доволна. Нема ни морална осуда за скрнавењето на спомен обележјата, нема тронка респект за раселените и за имплементација на Охридскиот договор во оваа димензија. Не е дозволиво сите да се академици, енциклопедисти, или истражни органи, судии и толкувачи на закони. Нека престанат да се кријат зад амнестијата и да бараат толкување на нешто што е регулирано со меѓународно право кое не застарува. Повеќе од влез во ЕУ, ми значи да живеам во држава во која владее правото, во кое нема „чувствителни“ граѓани кои бараат да бидат изземени од законот, зошто од очај ќе фателе оружје. Доста е од коалиции по цена на пазарења со нешто за што не смее да има пазар, и од власт во која законодавната и извршната власт можат да и наложат на судската како да се однесува заради мир во куќата. Политиката на уцени не само што ја минира секоја помисла на правна држава, туку ја осуетува и секоја идеја за демократско општество. Радикализацијата на една заедница има соодветен ефект и кај другата. Постои праг на толеранција на уцените, на изигрување жртви на етноцентризам на оние кои војуваа за биетничност, уништувајќи ја автентичната мултиетничка суштина на Македонија. Не може (не)задоволството на четвртина од населението да биде услов за мирот и спокојството на останатите. Владата не ја заслужува мојата доверба ни ден повеќе, се додека се пазари за нешта за кои нема пазар и се меша во спроведувањето на правдата. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
по моја логика албанците треба да имаат права само во албанија(сепак се албанци), ај што се населија во македонија туку сега сакаат и споменици да прават од нивната „историја„тоа не треба да им се дозволи(се надевам дека нема да се навредат албанските членови на форумов(доколку ги има))
Изменето од Анастеа - 22.Октомври.2010 во 23:50 |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Анастеа - 22.Октомври.2010 во 23:51 |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добар дел од нив се вработени во администрација,земаат плата ,а воопшто не одат на работа
се прашувам да не треба обратно да се постави темата-Македонците и нивните права?
не гледам во кој дел се Албанците обесправени?
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |