IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Свети Кирил и Методиј
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свети Кирил и Методиј

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 24>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 17:30
Originally posted by Македон Македон напиша:

Уште еден доказ дека не постоела можност за некаква поврзаност меѓу Бугарите и св. Кирил и Методиј е фактот дека Теофил, мажот на св.Теодора, водел војна со Бугарите, во време кога св.Методиј се подготвувал за својата дејност, а како администратор лојален на Императорот, а подоцна и на Императорката, несомнено не стапил во било каква врска со св.Борис.

св.Теодора ја продолжила војната, а св.Кирил и Методиј ја докажале и верноста кон неа, св.Методиј создавајќи закон за Словените, св.Кирил дејствувајќи заедно со Патријархот Методиј и св.Теодора во борбата против иконоборецот Јован.

Од ова јасно е дека тие немале никаква врска со Бугарија и Бугарите во времето на Теофил и св.Теодора.


Ајде сега да видиме од твоите толкувања кои се вистина и кои се основат на други толкувања.
1. Кога тоа Теофил војувал со Борис или некој друг бугарски владетел?

2. Зошто да е несомнено? А и ако имало врски тие се по смрта на Теофил, кога Методиј му цртал Страшниот суд на Борис и го подтикнал кон Христа, кога сестрата на Борис била отпуштена да се врати во Бугарија. Таа исто така го агитирала.

3. Теодора не ја продолжила војната, а кога Борис слушнал дека жена ја управува империјата говорел подрзко и таа му кажала што му кажала за победата, за мажот и жената и т.н. Војната е точно пред христијанизацијата и тука има многу да се истражува. Чини ми се дека хронологијата во официјалната историографија е збркана.

4. Не е јасно дека немале врска, ама ич не е јасно. Напротив. Има сведоштва дека имале.


Треба да се започне со сведоштвата.


Како ќе ги коментираш овие сведоштва?




Повест временних лет

Изменето од Каснакоски - 01.Октомври.2010 во 17:31
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 17:51
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Ајде сега да видиме од твоите толкувања кои се вистина и кои се основат на други толкувања.
1. Кога тоа Теофил војувал со Борис или некој друг бугарски владетел?


Во времето на канот Крум, кога дури и организирал бегство на визатинските затвореници.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


2. Зошто да е несомнено? А и ако имало врски тие се по смрта на Теофил, кога Методиј му цртал Страшниот суд на Борис и го подтикнал кон Христа, кога сестрата на Борис била отпуштена да се врати во Бугарија. Таа исто така го агитирала.


Во времето на Теофил иконоборецот, како ли само еден управник на област ќе му испрати на туѓ владетел икона, а без за тоа да знае владетелот на државата, навистина не ми е јасно. Уште повеќе, како некој од благородно потекло, од фамилија која била понизна и лојална на Императорот и дала повеќе достоинственици, ќе се обидела да соработува со туѓ владетел.


Сестрата на Борис, според тебе, била во Константинопол, во времето на Брегалничката мисија, во 856 година, кога св.Теодора војува против Бугарија, а ти очекуваш управникот на Брегалница да стапи во контакт со св.Борис, непријателот на Императорката на која понизно служеле двајцата браќа?


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


3. Теодора не ја продолжила војната, а кога Борис слушнал дека жена ја управува империјата говорел подрзко и таа му кажала што му кажала за победата, за мажот и жената и т.н. Војната е точно пред христијанизацијата и тука има многу да се истражува. Чини ми се дека хронологијата во официјалната историографија е збркана.


Теодора војувала против Борис во 856 година, кога и го победила во војната, а св. Методиј тогаш се повлекол во манастир на Олимп. Секако, двајцата браќа биле во служба на Патријархот и Императорката. Подоцна се случил превратот, па дошло до затоплување на односите со Бугарија.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


4. Не е јасно дека немале врска, ама ич не е јасно. Напротив. Има сведоштва дека имале.


Прочитај го и претходниот пост. А сведоштвото е напишано подоцна.


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Треба да се започне со сведоштвата.


Како ќе ги коментираш овие сведоштва?




Повест временних лет


Како подоцнежни интерпретации, односно толкувања, засновани врз народни преданија.

По Моравската мисија, св. Кирил и Методиј заминале во Рим, каде морале да му дадат објаснување на Папата за својата дејност.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 18:22
1.Имаш грешки во хронологијата. Крум е до 814. Тој ги преселил Македонците северно од Дунав, а навистина во времето на Теофил тие се вратиле, кога Василиј Македонецот имал 30 г., но за војна не станува збор никаде.

2. А кој кажал дека Методиј му ја цртал картината во времето на Теофил? Може да бил испратен од Теодора на преговори, уште повеќе тоа може да се поврзе со познанството на браќата со борисовата сестра.

3. Од каде заклучи дека Брегалничката мисија е во времето на војната? Може да е токму кога е склучен мирот и уште тогаш да имало договореност да се спроведе тајна мисија за проповедање на христијанството на словенски јазик.
Да напоменам и за белите цркви кои Борис ги градел на Овче поле, т.е. на Брегалница и токму там го приел царството.

Хипотезата ми е дека Борис тајно се крстил на Брегалница, кога ја видел картината на Методиј. Там „прием царство“ јас го толкувам како приемање на христијанството. За тоа те прашав еден пат дали може да се крсти некој два пати. Азбуката и книгите биле готови во 855 г. според Черноризец храбар/6363 г/


4. Повест временних лет, ако и покасна, се пак е нешто, кое не може со лека рака да се отфрли.

Има и други сведоштва во неа едното е што Борис-Михаил се крстил во 858, а тоа се совпаѓа со мојата хипотеза - крстен во време на Брегалничката мисија. За крштевањето на народот е дадена друга година.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 18:37
Во пространното житие на Кирил е јасно дека не е кажано се`.

Ете го делот кој ме наведува на таа мисла.



За времето во манастирот е кажано за сега толку. Значи авторот ветува да раскаже по тоа што се правеле таму, но такво нешто понатаму не гледаме.

Значи има некоја празнота во расказот, а тоа е точно времето на Брегалничката мисија.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 18:55
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

1.Имаш грешки во хронологијата. Крум е до 814. Тој ги преселил Македонците северно од Дунав, а навистина во времето на Теофил тие се вратиле, кога Василиј Македонецот имал 30 г., но за војна не станува збор никаде.


Теофил го организирал нивното враќање, зар не? Како може туѓ Император да се меша во работите на друг владетел, а притоа тоа да не се карактеририза како непријателски акт.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


2. А кој кажал дека Методиј му ја цртал картината во времето на Теофил? Може да бил испратен од Теодора на преговори, уште повеќе тоа може да се поврзе со познанството на браќата со борисовата сестра.


св.Методиј немал толку високо место во хиерархијата за да преговара во името на св.Теодора. Инаку, во времето на конфликтот меѓу св.Теодора и св.Борис, св. Методиј бил на Олимп, се повлекол заедно со уште некои луѓе, потчинети на Императорката.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


3. Од каде заклучи дека Брегалничката мисија е во времето на војната? Може да е токму кога е склучен мирот и уште тогаш да имало договореност да се спроведе тајна мисија за проповедање на христијанството на словенски јазик.
Да напоменам и за белите цркви кои Борис ги градел на Овче поле, т.е. на Брегалница и токму там го приел царството.


Св.Кирил дошол таму во 855 година, додека се претпоставува дека св. Методиј бил таму од 845 до 855 година. Св.Теодора била детронизирана во март 856 година. Мирот со визатинската Империја не е склучен со св.Теодора, туку со Михаил III. Теодора била тој период во манастир.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Хипотезата ми е дека Борис тајно се крстил на Брегалница, кога ја видел картината на Методиј. Там „прием царство“ јас го толкувам како приемање на христијанството. За тоа те прашав еден пат дали може да се крсти некој два пати. Азбуката и книгите биле готови во 855 г. според Черноризец храбар/6363 г/


Човек не може двапати да се крштева. Инаку, мирот, како што кажав, бил склучен меѓу св. Борис и Михаил III, а не меѓу св.Теодора и св.Борис.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


4. Повест временних лет, ако и покасна, се пак е нешто, кое не може со лека рака да се отфрли.


Сепак, напишаното кое е мошне блиску до настаните, од страна на непосредните сведоци е поверодостојно, а не нешто пишувано многу години, па и векови потоа.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Има и други сведоштва во неа едното е што Борис-Михаил се крстил во 858, а тоа се совпаѓа со мојата хипотеза - крстен во време на Брегалничката мисија. За крштевањето на народот е дадена друга година.


Во 858 година, браќата биле одамна повлечени, а брегалничката мисија била завршена. Истотака, зарем сметаш дека св.Борис успеал да влезе во Брегалница, во време на војна со св.Теодора?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 19:15
Брегалница била во рамките на Бугарија тогаш.

Методиј управувал со словенска област, но Брегалничката мисија е по 855. Многу работи се совпаѓат.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 19:21
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


И во панонските легенди има нешто,

Таму пишува дека му нашле на Константин годеница од /заборавив ја точно думата/ род, ама тој се откажал.
Тоа пак наведува на сестрата на Михаил-Борис.


Си ги помешал работите. Станува збор за сон. Имено, св.Кирил сонил сон, во кој имало многу жени, кои требале да му бидат претставени нему, за да си одбере една од нив. Арно ама, тој покажал кон некоја убавица Софија (мудрост) и се оженил со неа, станувајќи слуга на Премудроста, која верувам знаеш која е.


Сонот си е сон. Тој е уште во Солун. Тоа што јас ко кажувам е во Цариград.

Немам време сега да сликам.Извини.





Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 19:26
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 19:23
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Брегалница била во рамките на Бугарија тогаш.

Методиј управувал со словенска област, но Брегалничката мисија е по 855. Многу работи се совпаѓат.



Методиј управувал со словенската област се до конфликтот со Бугарите, кога Брегалница била под византиска управа. Додека била жива Теодора, Византија бележела воен успех против Бугарија. По почетокот на конфликтот, св.Методиј се повлекол на Олимп.

Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. За византиското влијание во тој период говори и Законот за судење на луѓето, кој претставува словенска адаптација на византиските закони.

Од сето ова јасно произглегува дека непосредна врска меѓу Бугарија и св.Кирил и Методиј немало.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 20:18
Одлино. А за која држава бил наменет законот?

Од каде знаеш за тоа
„Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. “
Нема возможност да е така.

На Брегалничката мисија местото е по Олимп /кога била измислена азбуката и преведени некои книги/ и пред хазарската мисија. /види погоре во сликата од текстот на пространното житие/
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 20:27
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Одлино. А за која држава бил наменет законот?


Тоа прашање и го чекав. Не е наменет за Бугарија, таа имала какви-такви закони, кои не биле со христијанска содржина, но биле функционални. Брегалница, од другата страна, како еден вид управна област, немала можност за директна примена на византиското право, а со цел да се одбегне примената на словенското обичајно право, како и да се запознаат Словените со византиските правни норми, се пристапило кон словенски закон, правен според византиските закони.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Од каде знаеш за тоа
„Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. “
Нема возможност да е така.


Зошто да нема? Ако св.Методиј бил управник од 845 до 855 година, тогаш е јасно дека мисијата била во тој период. А во тој период, на чело на државата е Теодора, независно што пишува во документот кој ти го презентираше.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


На Брегалничката мисија местото е по Олимп /кога била измислена азбуката и преведени некои книги/ и пред хазарската мисија. /види погоре во сликата од текстот на пространното житие/


Брегалничката мисија се случила пред пребегнувањето на Олимп, затоа што Методиј оттаму избегал во манастирот на Олимп, а дури подоцна св.Кирил се придружил. Не постои начин додека била Императорка Теодора, тој да му пратил икона на св.Борис. Истотака, таа не е спомената во Панонските легенди, а тоа значи дека пред Олимп нема начин истата да се случила, затоа што периодот на Олимп е споменат, а тогаш јасно се споменува Михаил III како владетел.



Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 20:28
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 20:32
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


И во панонските легенди има нешто,

Таму пишува дека му нашле на Константин годеница од /заборавив ја точно думата/ род, ама тој се откажал.
Тоа пак наведува на сестрата на Михаил-Борис.


Си ги помешал работите. Станува збор за сон. Имено, св.Кирил сонил сон, во кој имало многу жени, кои требале да му бидат претставени нему, за да си одбере една од нив. Арно ама, тој покажал кон некоја убавица Софија (мудрост) и се оженил со неа, станувајќи слуга на Премудроста, која верувам знаеш која е.


Ne sum gi pome[al. Ima si son, ima si i najave.
Sonot e vo Solun, koga bil na 7 g.


Logotetot mu zboruva za своја ДУХОВНА КЕРКА, која може да биде сестрата на Борис. Не е задолжително, но...

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 20:37
Originally posted by Македон Македон напиша:



Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Од каде знаеш за тоа
„Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. “
Нема возможност да е така.


Зошто да нема? Ако св.Методиј бил управник од 845 до 855 година, тогаш е јасно дека мисијата била во тој период. А во тој период, на чело на државата е Теодора, независно што пишува во документот кој ти го презентираше.

Мешаш управувањето на словенската област со Брегалничката мисија. Тоа се сосема различни работи.
Методиј како управник нема врска со Брегалница.
Брегалница е во Бугарија тогаш.


Сега пак ќе ти го покажувам законот за судење. Јасно е дека станува збор за самоуправно кнежество, а не за некоја словенска област во рамките на Византија.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 20:46
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


И во панонските легенди има нешто,

Таму пишува дека му нашле на Константин годеница од /заборавив ја точно думата/ род, ама тој се откажал.
Тоа пак наведува на сестрата на Михаил-Борис.


Си ги помешал работите. Станува збор за сон. Имено, св.Кирил сонил сон, во кој имало многу жени, кои требале да му бидат претставени нему, за да си одбере една од нив. Арно ама, тој покажал кон некоја убавица Софија (мудрост) и се оженил со неа, станувајќи слуга на Премудроста, која верувам знаеш која е.


Ne sum gi pome[al. Ima si son, ima si i najave.
Sonot e vo Solun, koga bil na 7 g.


Logotetot mu zboruva za своја ДУХОВНА КЕРКА, која може да биде сестрата на Борис. Не е задолжително, но...



Пред да ти одговорам, само би сакал да ми одговориш за каква духовна ќерка станува збор во времето на некој Император, а не Императорка.

И пак ќе кажам, тоа го нема во Панонските легенди.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 20:48
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Од каде знаеш за тоа
„Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. “
Нема возможност да е така.


Зошто да нема? Ако св.Методиј бил управник од 845 до 855 година, тогаш е јасно дека мисијата била во тој период. А во тој период, на чело на државата е Теодора, независно што пишува во документот кој ти го презентираше.

Мешаш управувањето на словенската област со Брегалничката мисија. Тоа се сосема различни работи.
Методиј како управник нема врска со Брегалница.
Брегалница е во Бугарија тогаш.


Сега пак ќе ти го покажувам законот за судење. Јасно е дека станува збор за самоуправно кнежество, а не за некоја словенска област во рамките на Византија.



Мисијата на св.Кирил се случувала во период кога св.Методиј бил управник. Свети Методиј го пишувал законот и се занимавал со световните закони, а св. Кирил со светите.

А Бугарија тогаш секако не се управувала според христијански закони, нема потреба да дискутираме за јасни нешта.

П.С. Законот го знам подобро отколку што можеш да замислиш, како и правните извори на кои се потпира.

Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 20:50
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 24>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.