|
Свети Кирил и Методиј |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 24> |
Автор | ||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ајде сега да видиме од твоите толкувања кои се вистина и кои се основат на други толкувања. 1. Кога тоа Теофил војувал со Борис или некој друг бугарски владетел? 2. Зошто да е несомнено? А и ако имало врски тие се по смрта на Теофил, кога Методиј му цртал Страшниот суд на Борис и го подтикнал кон Христа, кога сестрата на Борис била отпуштена да се врати во Бугарија. Таа исто така го агитирала. 3. Теодора не ја продолжила војната, а кога Борис слушнал дека жена ја управува империјата говорел подрзко и таа му кажала што му кажала за победата, за мажот и жената и т.н. Војната е точно пред христијанизацијата и тука има многу да се истражува. Чини ми се дека хронологијата во официјалната историографија е збркана. 4. Не е јасно дека немале врска, ама ич не е јасно. Напротив. Има сведоштва дека имале. Треба да се започне со сведоштвата. Како ќе ги коментираш овие сведоштва? Повест временних лет Изменето од Каснакоски - 01.Октомври.2010 во 17:31 |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Во времето на канот Крум, кога дури и организирал бегство на визатинските затвореници.
Во времето на Теофил иконоборецот, како ли само еден управник на област ќе му испрати на туѓ владетел икона, а без за тоа да знае владетелот на државата, навистина не ми е јасно. Уште повеќе, како некој од благородно потекло, од фамилија која била понизна и лојална на Императорот и дала повеќе достоинственици, ќе се обидела да соработува со туѓ владетел. Сестрата на Борис, според тебе, била во Константинопол, во времето на Брегалничката мисија, во 856 година, кога св.Теодора војува против Бугарија, а ти очекуваш управникот на Брегалница да стапи во контакт со св.Борис, непријателот на Императорката на која понизно служеле двајцата браќа?
Теодора војувала против Борис во 856 година, кога и го победила во војната, а св. Методиј тогаш се повлекол во манастир на Олимп. Секако, двајцата браќа биле во служба на Патријархот и Императорката. Подоцна се случил превратот, па дошло до затоплување на односите со Бугарија.
Прочитај го и претходниот пост. А сведоштвото е напишано подоцна.
Како подоцнежни интерпретации, односно толкувања, засновани врз народни преданија. По Моравската мисија, св. Кирил и Методиј заминале во Рим, каде морале да му дадат објаснување на Папата за својата дејност. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
1.Имаш грешки во хронологијата. Крум е до 814. Тој ги преселил Македонците северно од Дунав, а навистина во времето на Теофил тие се вратиле, кога Василиј Македонецот имал 30 г., но за војна не станува збор никаде.
2. А кој кажал дека Методиј му ја цртал картината во времето на Теофил? Може да бил испратен од Теодора на преговори, уште повеќе тоа може да се поврзе со познанството на браќата со борисовата сестра. 3. Од каде заклучи дека Брегалничката мисија е во времето на војната? Може да е токму кога е склучен мирот и уште тогаш да имало договореност да се спроведе тајна мисија за проповедање на христијанството на словенски јазик. Да напоменам и за белите цркви кои Борис ги градел на Овче поле, т.е. на Брегалница и токму там го приел царството. Хипотезата ми е дека Борис тајно се крстил на Брегалница, кога ја видел картината на Методиј. Там „прием царство“ јас го толкувам како приемање на христијанството. За тоа те прашав еден пат дали може да се крсти некој два пати. Азбуката и книгите биле готови во 855 г. според Черноризец храбар/6363 г/ 4. Повест временних лет, ако и покасна, се пак е нешто, кое не може со лека рака да се отфрли. Има и други сведоштва во неа едното е што Борис-Михаил се крстил во 858, а тоа се совпаѓа со мојата хипотеза - крстен во време на Брегалничката мисија. За крштевањето на народот е дадена друга година. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Во пространното житие на Кирил е јасно дека не е кажано се`.
Ете го делот кој ме наведува на таа мисла. За времето во манастирот е кажано за сега толку. Значи авторот ветува да раскаже по тоа што се правеле таму, но такво нешто понатаму не гледаме. Значи има некоја празнота во расказот, а тоа е точно времето на Брегалничката мисија. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Теофил го организирал нивното враќање, зар не? Како може туѓ Император да се меша во работите на друг владетел, а притоа тоа да не се карактеририза како непријателски акт.
св.Методиј немал толку високо место во хиерархијата за да преговара во името на св.Теодора. Инаку, во времето на конфликтот меѓу св.Теодора и св.Борис, св. Методиј бил на Олимп, се повлекол заедно со уште некои луѓе, потчинети на Императорката.
Св.Кирил дошол таму во 855 година, додека се претпоставува дека св. Методиј бил таму од 845 до 855 година. Св.Теодора била детронизирана во март 856 година. Мирот со визатинската Империја не е склучен со св.Теодора, туку со Михаил III. Теодора била тој период во манастир.
Човек не може двапати да се крштева. Инаку, мирот, како што кажав, бил склучен меѓу св. Борис и Михаил III, а не меѓу св.Теодора и св.Борис.
Сепак, напишаното кое е мошне блиску до настаните, од страна на непосредните сведоци е поверодостојно, а не нешто пишувано многу години, па и векови потоа.
Во 858 година, браќата биле одамна повлечени, а брегалничката мисија била завршена. Истотака, зарем сметаш дека св.Борис успеал да влезе во Брегалница, во време на војна со св.Теодора? |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Брегалница била во рамките на Бугарија тогаш.
Методиј управувал со словенска област, но Брегалничката мисија е по 855. Многу работи се совпаѓат. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сонот си е сон. Тој е уште во Солун. Тоа што јас ко кажувам е во Цариград. Немам време сега да сликам.Извини. Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 19:26 |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Методиј управувал со словенската област се до конфликтот со Бугарите, кога Брегалница била под византиска управа. Додека била жива Теодора, Византија бележела воен успех против Бугарија. По почетокот на конфликтот, св.Методиј се повлекол на Олимп. Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. За византиското влијание во тој период говори и Законот за судење на луѓето, кој претставува словенска адаптација на византиските закони. Од сето ова јасно произглегува дека непосредна врска меѓу Бугарија и св.Кирил и Методиј немало. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Одлино. А за која држава бил наменет законот?
Од каде знаеш за тоа „Брегалничката мисија е во времето кога со државата управувала св.Теодора. “ Нема возможност да е така. На Брегалничката мисија местото е по Олимп /кога била измислена азбуката и преведени некои книги/ и пред хазарската мисија. /види погоре во сликата од текстот на пространното житие/ |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тоа прашање и го чекав. Не е наменет за Бугарија, таа имала какви-такви закони, кои не биле со христијанска содржина, но биле функционални. Брегалница, од другата страна, како еден вид управна област, немала можност за директна примена на византиското право, а со цел да се одбегне примената на словенското обичајно право, како и да се запознаат Словените со византиските правни норми, се пристапило кон словенски закон, правен според византиските закони.
Зошто да нема? Ако св.Методиј бил управник од 845 до 855 година, тогаш е јасно дека мисијата била во тој период. А во тој период, на чело на државата е Теодора, независно што пишува во документот кој ти го презентираше.
Брегалничката мисија се случила пред пребегнувањето на Олимп, затоа што Методиј оттаму избегал во манастирот на Олимп, а дури подоцна св.Кирил се придружил. Не постои начин додека била Императорка Теодора, тој да му пратил икона на св.Борис. Истотака, таа не е спомената во Панонските легенди, а тоа значи дека пред Олимп нема начин истата да се случила, затоа што периодот на Олимп е споменат, а тогаш јасно се споменува Михаил III како владетел. Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 20:28 |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ne sum gi pome[al. Ima si son, ima si i najave. Sonot e vo Solun, koga bil na 7 g. Logotetot mu zboruva za своја ДУХОВНА КЕРКА, која може да биде сестрата на Борис. Не е задолжително, но... |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мешаш управувањето на словенската област со Брегалничката мисија. Тоа се сосема различни работи. Методиј како управник нема врска со Брегалница. Брегалница е во Бугарија тогаш. Сега пак ќе ти го покажувам законот за судење. Јасно е дека станува збор за самоуправно кнежество, а не за некоја словенска област во рамките на Византија. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пред да ти одговорам, само би сакал да ми одговориш за каква духовна ќерка станува збор во времето на некој Император, а не Императорка. И пак ќе кажам, тоа го нема во Панонските легенди. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мисијата на св.Кирил се случувала во период кога св.Методиј бил управник. Свети Методиј го пишувал законот и се занимавал со световните закони, а св. Кирил со светите. А Бугарија тогаш секако не се управувала според христијански закони, нема потреба да дискутираме за јасни нешта. П.С. Законот го знам подобро отколку што можеш да замислиш, како и правните извори на кои се потпира. Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 20:50 |
||||||
Внеси реплика | страница <1 1516171819 24> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |