IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Европа се менува
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Европа се менува

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 13:40


Ви едитирав лични префрлања од претходните постови, ве молам не продолжувајте да дискутирате на истиот начин.
Фокусирајте се на темата.мир




Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 17:01
Оддамна се трасираше патот за оваа промена на демократските практики во Европа.

Врвот на демократската практика во стилот на: братство единство, мултикултура, интеграција, толеранција и соживот оддамна е достигнат и полека ќе добива нови димензии....ми се чини дека Европа сепак увиде дека корените не можат туку така да се игнорираат: разликите постојат, културни и религиски, и треба да се уважат наместо да се игнорираат.
Сега се затворија границите, но идентитетот е неповратно променет. Европа може да опстои и продолжи само врз нови основи, враќањето назад на ’’чисти’’ национални, културни и религиски држави не е можно.

Проблемот е што, Македонија е многу назад во сите овие развојни етапи на општеството, системот, мислата, демократијата... светот не стои, се менува, додека македонската свест тапка во место а посакува промени...Промени, реални, без промена на свеста, НЕ СЕ ВОЗМОЖНИ.

Не знам дали сте ја читале The last days of Europe, od Walter Laker, mnogu poznat istoricar....интересна анализа дава....


Изменето од Kali - 30.Септември.2010 во 18:15
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 17:05
Се е можно,никој не може да предвиди што би се случувало во иднина.
 
Треба да се разбере дека Европјаните единствено сакаат да си го зачуваат својот начин на живот во секуларни држави,каде религијата е одвоена од државното уредување.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 20:22
Originally posted by fiks fiks напиша:

Се е можно,никој не може да предвиди што би се случувало во иднина.
 
Треба да се разбере дека Европјаните единствено сакаат да си го зачуваат својот начин на живот во секуларни држави,каде религијата е одвоена од државното уредување.

Се менува и тоа како. ама наназад. Се “враќа“ крало на челоголема%20насмевка

Шпанија во генерален штрајк, се приклучи и кралот

Недај боже само да не се врати и инквизицијатаизненадување

Кон врв
монте кристо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THERE CAN BE ONLY ONE

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6869
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај монте кристо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 08:39
море ќе се врати инквизицијата , да се надоврзам на погорните дискутанти , да , точно е дека европа го преиспитува својот модел на мулттикултурност .
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 11:53
Мултикултурата е во ред и мислам дека никој нема против тоа,но!
Проблемите настануваат кога својот наичин на живот некој се обидува да го наметне на различниот од себе,кога практикувајќи го своето го доведуваш во опасност начинот на живот на другиот,различниот од себе.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 14:43
Originally posted by mamamd mamamd напиша:



Шпанија во генерален штрајк, се приклучи и кралот

изненадувањеизненадување....shto li stana svetot,...koga i kralevite "stignaa" da protestiraat?!
 
....ili do niv ,...ke da e?збунетост
 
...sakam da kazam ,....ziti "kralot",...ako i toj protestira!смеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 14:58
Антимуслимански поход во Европа



Десноориентираните партии предводени од харизматични лидери го експлоатираат стравот од муслиманска имиграција

Низ Европа десноориентираните популистички партии забележуваат значителна поддршка кај јавноста. Предводени од харизматични лидери, како што е Герт Вилдерс, тие го експлоатираат стравот од муслиманската имиграција и фрустрацијата од политичкиот естаблишмент и ги принудуваат главните партии да се свртат кон десно.

Тој е политичар кој тврди дека нема ништо против муслиманите и оти само го мрази исламот. Тој е харизматичен човек со побелена коса, елегантен, елоквентен и токму тип политичар кој внесе страв во срцата на главните германски политички партии во последниве неколку недели.

Тој е Герт Вилдерс, холандски политичар од таков вид што се' уште не постои во Германија: популист кој ја зголеми омразата против исламот и естаблишментот и кој одзеде многу гласови од традиционалните партии во родната Холандија. Всушност, толку многу што тие сега едвај може да формираат влада без да му дадат дел од власта.

Вилдерс е централна фигура на движењето што со години ја шири својата мрежа влегувајќи во парламентите и во владите, грижејќи се минарињата да бидат забранети во Швајцарија и бурките во Белгија. Тоа е еден вид народно востание против исламот, водено од десноориентирани политичари и новинари низ Европа. Тие се портретираат себеси како луѓе кои се подготвени да изразат чувства за кои тврдат дека никој друг не се осмелува да ги изрази: дека муслиманите ја поткопуваат Европа и оти Западот мора да биде спасен. И пристапот е успешен.

Човекот кој го покани Вилдерс оваа сабота да зборува во германската метропола Берлин, би сакал да го имитира холандскиот политичар. Рене Статкевиц (45), добро облечен маж, со кратка фризура, неодамна беше исфрлен од берлинската подружница на Демохристијанската унија (ЦДУ), која е со централнодесничарска ориентација. Тој сега формира нова партија наречена Слобода, според Партијата на слободата на Вилдерс.

Статкевиц, јадејќи марокански кускус во кафетеријата на берлинскиот парламент, рече дека повикот на „Герд“ за воведување данок за шамии во Холандија е навистина одлична идеја. Посетата на Вилдерс го чинеше 12.000 евра. Статкевиц на ова гледа како на исплатлива инвестиција. „Исламот може да е религија“, вели тој. „Меѓутоа, главно, тој е идеологија што се спротивставува на се' она што нам ни е важно“.

Статкевиц се брза. Тој планира да организира тура низ Берлин за холандската ТВ-екипа со неговото БМВ. Тој сака да им го покаже паралелното муслиманско општество кое, наводно, се чува скриено во германските медиуми.

Во Германија се поведе дебата од новата книга на Тило Саразин, контроверзен политичар од редовите на централно левоориентираните социјалдемократи, во која ги опишува германските емигранти како егзистенцијална закана за Германија. Откако книгата беше објавена и наиде на одобрување кај јавноста, голем број колумнисти, академици и политичари се прашуваат дали Германија ќе остане исклучок во смисла на нејзиниот политички пејзаж. Таа е се' уште единствена земја во Западна Европа, која нема десноориентирана популистичка партија што дејствува како громобран за популарниот бес насочен кон исламот и политичкиот естаблишмент.

Во последниве неколку месеци десноориентираните популистички партии спречија да се формираат мнозински влади во три земји-членки на ЕУ - Белгија, Холандија и, најнов случај, Шведска. Иако десноориентираните популисти во последнава земја освоија само 5,7 проценти од гласовите, тоа беше доволно да ја лишат сегашната централно десничарска коалиција од апсолутно мнозинство. Сите три земји долго време беа познати по нивниот либерализам, но сега политичките партии добиваат влијание што го гледа исламот како „наша најголема закана однадвор од Втората светска војна“, како што вели Џими Акесон, 31-годишен претседател на Шведските демократи.

Десноориентираните популистички партии со години се дел од коалициските влади во Италија и во Швајцарија, имаат места во парламентите во Данска, Австрија, Норвешка и во Финска. Националниот фронт на Жан Мари Лепен освои девет проценти од гласовите на француските регионални избори минатата пролет со антиисламистичката кампања. Во март италијанската Северна лига ја презеде контролата врз регионите на Венеција и Пијемонт. За време на изборната кампања партиските симпатизери делеа сапуни што би се користеле, како што наведоа, „откако ќе се допре емигрант“.

Десноориентираниот популизам не е ништо ново. Она што е ново е дека десноориентираните популисти открија проблем, кој е многу поатрактивен за гласачите отколку вообичаениот бес против странците и отпорот на политичката класа поради растечката видливост на исламот во Европа. Тие се портретираат себеси како бранители на европските вредности. Во германските анкети, околу три четвртини од анкетираните се изјасниле дека се загрижени поради влијанието на исламот. Слични размислувања се покажани и во други земји, иако имиграцијата во Европа со години бележи пад.

Кога сегашниот француски претседател Никола Саркози во 2007 година ја почна својата кампања беше тешко да се издвои дел од неговата реторика од онаа на Лепен. На пример, тој навести дека луѓето кои „убиваат овци во своите кади“ не се добредојдени во Франција, а победи на изборите затоа што ги обедини гласовите од десницата. Сега Саркози, најверојатно, наскоро ќе се соочи со нов Национален фронт, намалена, но можеби поопасна верзија на претходната форма. Марин Лепен, ќерка на основачот на партијата, во јануари ќе се кандидира за партиски лидер и има намера да создаде партија која, исто така, ќе му приговара на политичкиот центар.

Марин Лепен се претставува себеси како недогматска и интелектуална личност. Таа носи бизнис-костуми и дели бакнежи за време на појавувањата во кампањата на пазарите во областа на Париз. „Јас сакам да ги обединам сите Французи“, вели таа. Во исто време, како Вилдерс, таа зборува против бурката и исламизацијата. Исто така, призна дека насочената исламофобија е многу поветувачка отколку традиционалната ксенофобија.

Дебатата што тој ја почна во Франција околу „националниот идентитет“, очигледно, е насочена против муслиманите. Исто така, тој поведе кампања за депортација на Ромите. Трансформацијата на Националниот фронт е само еден пример за нов антиисламски тренд меѓу десноориентираните популистички партии во Западна Европа. Ова е прашање што ги обединува сите овие партии низ Европа, што дури и доведе до меѓусебно зајмување маркетиншките идеи. На пример, австриската Партија на слободата копираше игра од веб-страницата на швајцарската Народна партија во која играчите пукаат кон минарињата што им се појавуваат во добро познатата сцена. Единствената разлика беше во тоа што австриската верзија, исто така, вклучуваше и опција за пукање кон муезини.

Засега Вилдерс, главно, е популарен во странство кај десноориентираните исламофобични групи во САД. Дејвид Хоровиц, милионер, конзервативен онлајн-новинар со антиисламски ставови му плаќа на Вилдерс хонорар од 20.000 долари за да држи говори и го опишува како „Винстон Черчил“ на војната против исламот. Американската публика е поголем ентузијаст во врска со Вилдерс, кој им кажува ужасни стории за тоа како муслиманите се инфилтрирале во Европа. Муслиманите сочинуваат само еден процент од американското население, а додека бесот на гласачите на десноориентираните популисти во Европа е насочен против имигрантите во нивната земја, конзервативните американски групи негуваат исламофобија без муслимани. Околу 50 отсто од Американците сега велат дека имаат негативна претстава за исламот, многу поголем процент отколку по 11-септемвриските напади. (Шпигел)

Холандија
Постигнат договор за влада

Амстердам – „Три холандски партии на десниот центар се договорија во вторникот, по три месеци преговори, да ја формираат првата повоена малцинска влада во земјата“, изјави лидерот на либералите Марк Рут. Претседателите на либералната Народна партија за демократија и слобода и на Христијанско демократскиот апел, Марк Рут и Јан Петер Балкененде, постигнаа договор за формирање на првата малцинска влада од 1939 година, која во парламентот ќе биде поддржана од антиисламската Партија на слободата на Герт Вилдерс. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D8C0EA5AB0330D44A50FC89C3C62BF6B
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 15:32
Да не се лажеме дека на европските политичари многу им е гајле за муслимансвото како опасност или враѓањето на христијанските норми. Гајле им е колку за ланскиот снег за иднината. Моменталната еуропска врхушка е роб на лагоден живот, трошење огромни суми пари на уживања со куп убави жени околу нив (што е најстрашно и жените сакаат жени бреизненадување). Ајде еден нека ми најде европски политичар кој не е склон на лагоден живот, уживање во бенифитот што ги носи позицијата. Ги читаме   новинските записи за нивните комплекси, се смееме, играме мајтап оти друго и не ни преостанува. Владеат и точка. ВВо тој правец Европа се менува, да наназад..кон предхристијанскиот разврат и неморалтага
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 15:37
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Да не се лажеме дека на европските политичари многу им е гајле за муслимансвото како опасност или враѓањето на христијанските норми. Гајле им е колку за ланскиот снег за иднината. Моменталната еуропска врхушка е роб на лагоден живот, трошење огромни суми пари на уживања со куп убави жени околу нив (што е најстрашно и жените сакаат жени бреизненадување). Ајде еден нека ми најде европски политичар кој не е склон на лагоден живот, уживање во бенифитот што ги носи позицијата. Ги читаме   новинските записи за нивните комплекси, се смееме, играме мајтап оти друго и не ни преостанува. Владеат и точка. ВВо тој правец Европа се менува, да наназад..кон предхристијанскиот разврат и неморалтага

ako ti mi najdesh nekoj takov lajnar politichki  od tuka,...jas ke ti najdam ...tamu !
 
...a be,..ti vo minatoto mnogu "pozdravo" rezonirashe,.збунетост.изненадување.
 

 


Изменето од Анастеа - 30.Септември.2010 во 16:57
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 15:53
Originally posted by brza brza напиша:

ako ti mi najdesh nekoj takov lajnar politichki  od tuka,...jas ke ti najdam ...tamu !
 
...a be,..ti vo minatoto mnogu "pozdravo" rezonirashe,.збунетост.изненадување.
 

Оти не резонирам правилно? Кај грешив?голема%20насмевка
Има некој што го боли уво за наездата на друговерство и друга расазбунетост
Кому му е гајле...на Саркози кој никако да го надмине комплексо на нерастењето или Карла..или Берлускони или оној кој изиграваше кученце на Буш?






Изменето од Анастеа - 30.Септември.2010 во 16:58
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 15:58

....da vidish deka i te kako im stalo na evropjanite do  ...evropa,.

.. ako ne e taka , teshko deka , tamu,nekoj podolgo vreme ke se 'drzi" na mestoto,...pogotovo ako raboti sprotivno na interesite na celata unija , a,posebno ako neshto napravi protiv svojata zemja!
 
...kako shto e tuka i samo tuka,.
.i seushte istite goveda pravat se i seshto protiv  drzavata i na narodot posebno !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 18:31
Еве на следниве линкови можете да прочитте нешто повеќе за вехабизмот во Босна;

http://www.slobodnaevropa.org/content/maoca_vehabije_selefije_akcija_svjetlost/1950070.html

http://www.camo.ch/vehabije_prijetnja.htm

Очигледно е дека пообразуваните муслимани не ги сакаат вехабистите, што е и нормално, бидејќи вехабизмот како радикално учење го исклучува образованието, на сличен начин како што тоа некогаш го правела инквизицијата. Значи, овде зборуваме за муслимани кои што не го сакаат радикалното муслиманство, а тогаш што останува за христијаните и атеистите?



Zero Tolerance For Silence
Кон врв
монте кристо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THERE CAN BE ONLY ONE

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6869
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај монте кристо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 08:33
во сондажата спроведена во еу , утврдено е дека постарите муслимани имаат повеќе соживот и заеднички интереси со европјаните , додека помладата популација родена на европско тло е таа која нема никакви заеднички допирни точки со нивните врсници , него одат на религиски екстремизам . Причината зошто така не е утврдено .
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.