![]() |
|
Како потона Титаник?? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4567> |
Автор | |
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тресончаните Миле и Јанко Смилевски на бродот се качиле од Англија, од градот Саутемптон, во среда на 10 април 1912 година. Оттаму сакале да заминат за Њујорк. Миле, кој имал 37 години, се пријавил како земјоделец, патувал во третата класа, бројот на неговиот патнички билет бил 315037, а картата ја купил за 8,13 фунти. За Јанко нема запис. Ноќта на 15 април 1912 година, во ладните води на Атлантскиот Океан
потона "Титаник", дотогаш најголемиот патнички брод во светот. На
бродот "Титаник" имало и двајца Македонци. Тоа се браќата Миле и Јанко
Смилевски од мијачкото село Тресонче. Двајцата тресончани ги снашла
истата судбина како и 1.532 патници, жртви на бродот кој потона на
своето прво патување. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слабата врска на Титаник
Доколку фирмата која го изгради Титаник употребила поквалитетни навртки од оние кои попуштија при ударот во сантата лед, бродот можеби ќе успееше да остане на површината доволно долго за да се спасат стотици животи. ![]() По анализата на 48 преостанати навртки од луксузниот британски брод, кој потона пред 96 години, тимот металурзи откриле дека станува збор за второкласни навртки. Со ова ги потврдија повеќе децениските шпекулации за слабиот квалитетет на навртките. Архивата на ирската компанија Харланд енд Волф, носи докази дека во тоа време фирмата имала проблем да се снабди со доволно градежен материјал и работници за да ја заврши симултаната изградба на трите огромни брода, Титаник, Олимпик и Британик. "Тогашниот борд на фирмата бил во постојана криза и стрес. На секој состанок расправале за проблемот со навртките и недостатокот на работници", вели Џенифер Хупер Мекарти, една од авторите на книгата "Што точно го потона Титаник", во која се објавени сите детали од проучувањето. Истражувачите велат дека централниот дел на Титаник бил изграден од поцврсти челични навртки, додека за предниот дел биле употребени послаби, железни навртки. Тоа е главната причина поради која бродот потонал толку бргу а бројот на жртви бил поголем од 1.500 патници. Харланд енд Волф ги отфрлаат резултатите од студијата, правдајќи се дека немало никаков проблем со градежните материјали. |
|
![]() |
|
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Требало порано да кажат...
А не вака... Џек си умре... Цврвенава остаре и го заџипари тоа ланчето во морето... ма ајде бее... |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вистина за потонувањето на „Титаник“
![]() Досега се тврдеше дека најголемиот дотогаш изграден прекуокеански брод, потона затоа што неговата посада настојувала на првото патување од Саутемптон до Њујорк да постигне рекорд во брзото преминување на Атланскиот Океан, па поради тоа немала време доцна уочената голема санта да биде заобиколена, со брза измена на к*рсот на пловењето. Авторката на новата книга за „Титаник“, меѓутоа, открива дека посадата имала доволно време за интервенција и за менување на к*рсот, доколку кормиларот не го фатила паника, па го свртел големиот брод со целата брзина, на погрешната страна. Единствено што можело да се направи во таа ситуација било наместо со врвот, бродот во сантата да удри со едната страна, предизвикувајќи голема дупка преку која водата брзо навлегувала во машинскиот дел. Леди Патон уште тврди дека можело значително да се намали бројот на удавените патници и членови на екипажот,ако кормиларот во моментите веднаш по сударот, го направил вистинскиот маневар, а не оној кој само помогнал за уште побрзото полнење на бродот со вода. Речиси 100 години по потонувањето, ваквите радикално нови откритија за оваа поморска катастрофа, се дел од досега необјавената тајна за „Титатник“ што до својата смрт ја чувал еден од преживеаните офицери на бродот, кои потоа ја пренел на членовите на семејството. Офицерот Чарлс Лајтолер на двапати ја сокрил вистината за грешките направени со кормилото на бродот, во двете големи истраги што биле водени за потонувањето на „Титатник“, за да се спречи банкротството на компанијата што го поседувала бродот. Леди Патон е внука на офицерот Лајтолер кој умрел како воен херој, величан на почетокот од Втората светска војна, за операцијата на извлекување на британските војници од француското пристаниште Данкерк. Таа е сопруга на лорд Патон, поранешен ториевски министер, последен гувернер на Велика Британија во Хонгконг и едно време еврокомесар за надворешна политика во Брисел. |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
valjda shlup!!!
koga tonel Titanik kapetanot im rekol na patnicite imam edna losa i edna dobra vest losata e deka udrivme u santa imame uste 11 sati do potonuvanje dobrata e deka sme nominirani za 11 oskari Изменето од anakin - 23.Септември.2010 во 08:59 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
gogic ![]() Нов член ![]() Регистриран: 21.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 32 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
se sopna na santa mraz
![]() |
|
![]() |
|
vlad0 ![]() Сениор ![]() ![]() Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
гледам ја вративте темава од мртвите; ако само така продолжете
|
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
![]() |
|
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ako bese na brodot Brus Vilis mesto Leonardo di Kaprio sigurno site ke gi spaseshe.....
![]() |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|
![]() |
|
vlad0 ![]() Сениор ![]() ![]() Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
my mnogu filmovi gledas ![]() ![]() ![]() |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
![]() |
|
na oko ![]() Сениор ![]() koj sum jas koj sum jas Регистриран: 25.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4866 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a ako beshe cak noris -brodot pod mishka i na kopno
|
|
na kamen shto se trkala mov ne se nafaka
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Титаник стана храна за бактериите
Остатоците на Титаник кои се наоѓаат на дното на океанот наскоро ќе исчезнат бидејќи се храна на новооткриените бактерии, тврдат канадските научници. Хариета Ман, од Dalhousie University, тврди дека новиот вид бактерии толку брзо го јадат остатокот од бродот, што наскоро од него ќе остане само дамки од ’рѓа. Професорката вели дека тоа е природен процес, рециклирање на железото и негово повторно враќање во природата. Со ова откриетие се потврдија претходните тврдења дека се преполовил, а двата делови од бродот меѓусебно се оддалечени околу 600 метри и се свртени еден спроти друг, но спротивен правец. - Во последните 25 години откако е откриен, Титатник забрзано се распаѓа, вели Ман. |
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОДРЖАНА МИСА НА МЕСТОТО НА ПОТОНУВАЊЕТО НА „ТИТАНИК“![]()
„Балморал“ ја следеше рутата на „Титаник“
Патниците од британскиот прекуокеански брод "Балморал",кој се на специјално организирано крстарење по Атлантикот,во спомен на трагедијата на бродот "Титаник", одржаа помен на отворено море, за сите жртви,кои загинаа на денешен ден пред 100 години, јави дописникот на МИА од Лондон. „Титаник" потона на 15 април 1912 година,во 2:20 часот,само три часови по судирот со една голема санта мраз,во северните води на Атланскиот Океан,на околу 600 километри од Њуфаундленд. Вкупно 1517 лица,од вкупно 2228 луѓе колку што се наоѓаа на бродот ги загубија своите животи во оваа најголема поморска несреќа во историјата. Само 708 патници и членови на екипажот ја преживеаја несреката. На "Балморал" се одржа посебна црковна миса,а во океанските води беа фрлени дестина венци со свежо цвеќе од сите три палуби на бродот. Меѓу патнците на "Баломорал" се наоѓаа потомци на жртвите и на преживеаните од несреќата,туристи од дваесетина земји од светот,како и публицисти и историчари. Пригодни комеморации се одржаа и на копното,во Белфаст,во чие пристаниште беше изграден "Титаник",како и во Ирска,од каде имаше голем број патници кои патуваа во САД како имигранти и во потрага по подобар и побогат живот.Во Белфаст е отворен специјален музеј,најголем во Европа посветен на "Титаник",а во јужна Ирска,премиерот Енда Кени присуствуваше на отворањето на новоизградениот спомен парк,посветен на несреќниот брод,што е означен како чудо на тогашната бродоградба и потоа на своето прво патување. Пригодна комеморација се одржа денеска и во Саутемптон,од каде Титаник тргна на пат за Њујорк. Така дрндаа светските медиуми изминативе недели по повод 100 години од потонувањето. Инаку чичко Џејмс Камерун во соработка со NGC по дооолго истражување направи симулација како всушност потонал Титаник. Епа еве ја. |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
..врска немам,ама знам дека за потонувањето на Титаник баба ми разбра тек во 1985 година!...и тоа јас и кажав! а дека имало македонци имало..4-5 души,гарант некој и се спасил,само им ги немам имињата. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
е зошто толку доцна е разбрала баба ти ?
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |