|
Вевчани |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Јули.2010 во 12:10 |
|||||||||
Вевчани лежи на вода, но нема кал
Жителите на селото живеат многу поградски од тие во некои градови, газат на поплочени улици, секогаш имаат вода, а не користат ниту септички јами Шаренилото од маски на вевчанскиот карневал традиционално привлекува многу погледи кон ова дримколско село, а сликите од тој познат настан на 13 јануари секоја година го обиколуваат светот. Но тие го сокриваат она што може да се види кога го нема карневалскиот метеж. А, тоа е развиеноста на вевчанската инфраструктура, на која може да и позавидат повеќе градови во земјава, уреденост со која Вевчани навистина заслужува да си издава свои пасоши во сувенирниците и да ги заменува денарите со личници, како вистинска држава во држава. Пасошите и личниците Вевчани се обиде да ги воведе во некогашната југословенска држава како граѓански протест кога насилно се настојуваше да му се одземе еден од богатите вевчански извори за водоснабдување на Елен Камен. Така, последниве 20 години Вевчани стана симбол на снажна локална самоуправа и протест кон централните власти, кога нивните одлуки не соодветствуваат со локалниот интерес. На тоа се сетија и многу теоретичари, кои по минатонеделното мислење на Меѓународниот суд во Хаг за легитимноста на косовската самостојност, цинично прокоментираа: „Може сега ќе се повампират Илирида и Вевчани“. Вевчани со неговите три илјади жители има нов водовод и стабилно водоснабдување, за разлика од Тетово и од Прилеп во некои години. Околу 95 отсто од домаќинствата се поврзани на канализацијата, за која има и пречистителна станица. Во Скопје тој процент е околу 70, а пречистување нема, туку сé оди во Вардар. Локалниот здравствен дом бил меѓу четирите најопремени во земјава, а опслужувал 25 илјади луѓе од околните села. Брзиот и ефикасен јавен превоз на компанијата „Сприја“, што значи брзина на локалниот дијалект, е изненадување за земјава. Местото има и пошта и детска градинка, а наскоро ќе добие и сосема ново училиште, инвестиција од еден милион евра од Министерството за образование. Тука е и еден од најуредените кејови, кој е каскаден. Дури и туризмот во Вевчани веќе не е селски, алтернативен, туку се одвива во вистински хотели. Но како најмалата општина во земјава, соодветно на тоа и најсиромашна според годишниот буџет, успеала да го направи сето тоа? - Уште од отпорот во 1987 година сите постојано вложуваме овде. Сé сме направиле со самопридонес. Привлекуваме и пари од странство, водоводот е направен со 550 илјади евра од Европската агенција за развој. Имаме малку пари, но успеваме многу да постигнеме. Затоа државата треба да ги распределува парите од ДДВ за општините не според бројот на стомаци во секоја од нив, туку според нивните заслуги. Како што се гледа, нашата инфраструктура е главно решена, ни останува само да шминкаме некои помали улички. Иако лежи на вода, во Вевчани нема кал - гордо објаснува општинскиот градоначалник Перо Илиески. Токму водата на која лежи селото беше причина за бунтот во 1987 година, кој ја потресе цела тогашна Југославија. Вевчанските извори како споменик на природата придонесоа за деценискиот развој на туризмот, кој полека го надминува печалбарството како главен извор на приходи за населението. Изворите, уредени со патеки, мовчиња, црквички, се меѓу најубавите места во земјава. Но не се и единствената атракција. Општината има стратегија за да го претвори местото од викенд-дестинација и во локација за цел одмор од седум дена, со планинарските патеки што се обележуваат, со езерото што се гради, чија главна цел ќе биде наводнување на површините за производство на органска храна, како и според зголемувањето на бројот на атракциите. Така, се уреди и куќата на семејството на познатиот физичар Михајло Пупин, во која тоа се доселило од Москополе и живеело сé до отселувањето во банатското село Идвор во соседна Србија, каде што тој бил роден. Куќата сега има ресторан и соби за издавање, како и спомен-просторија со фотографии, меѓу кои и една од овековечена средба на Пупин и на Алберт Ајнштајн во САД. Посетители привлекуваат и црквите и манастирите, од кои најпозната е „Свети Никола“, како и водениците, кои исто како и во изминатите векови мелат жито со помош на водата. Останале малку, но сé уште живеат од мелењето, односно не стојат само поради туристите. - Има стари, запуштени објекти што сакаме да ги уредиме, да не го нагрдуваат просторот, но нивните сопственички односи најчесто се многу замрсени и тоа е невозможно - додава градоначалникот Илиоски. Првиот човек на општината сака да го урне и објектот на претпријатието „Дримкол“ во самиот центар на селото, кој е изграден во соцреалистички стил, а долго време е запуштен, не се користи, па намерата на општинските власти е да изградат нешто убаво на тоа место. Но иако претпријатието не работи 20 години, стечајната постапка не била завршена, па и уривањето било невозможно. Низ Вевчани не прошета Ѓорѓи Влајнкиноски, вработен во општината, горд на своето потекло и дете на познатиот бунт. - Тогаш сум имал само шест месеци, но ме поткачиле со електричен пендрек, нешто што првпат било употребено во Југославија - раскажуваше Влајнкиноски додека ни ги покажуваше изворите, чија вода тогашните комунистички власти сакале да ја спроведат до елитната викенд-населба Елен Камен, каде што имале викендички. Во селото има 64 легла во хотелите и во вилите, а заедно со приватното сместување бројката достигнува 200. Еден од најпознатите хотели е „Премиер“, отворен пред три години. Неговата менаџерка Соња Поповска вели дека посетеност има сé повеќе, и од домашни и од странски туристи, но иако зачестуваат оние што остануваат подолго, сепак, главно се доаѓа за еден викенд. - Вевчани има многу да понуди и еден викенд е малку за целосно да се доживее местото. Овде има можности за вистински одмор и рекреација. Затоа сме имале и гости, кои наместо да седат во Охрид и во Струга и да го посетуваат Вевчани, отседнуваат тука, па патуваат до овие градови, што се блиску. Оттука лесно се стигнува и до Маврово - објаснува Поповска. Автентичниот селски амбиент, искомбиниран со градските услови за живот, како и многубројните знаменитости за едно толку мало место, прават вевчанци да се гордеат со својата република. Тие срдечно го пречекуваат секој добронамерник и му овозможуваат да ужива во сé што нуди нивниот крај. Но 1987 година секогаш им стои како потсетник дека ако некој се обиде да им одземе нешто, нема лесно да се предадат. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72910102143&id=9&prilog=0&setIzdanie=22046 |
||||||||||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Сум бил , фино мало место.
И стварно , наликува на посебна држава. |
||||||||||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||||||||||
alekso_2000
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 523 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Алоооооооо!!!!
Вевчани не е град .... ДЕРЖАВА !!!! |
||||||||||
car's freack
|
||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
мене од вевчани ми се допаѓа архитектурата и природата околу градот, а сеуште не сум бил таму за да го осетам духот
|
||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||||||
Генерал Митре
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор бадајалџија Регистриран: 19.Ноември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 646 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
За првпат појдов во вевчани прошлиот месец и се воодушевив. Како да бев во друга држава со друг народ.Значи имало нада за македонија.
Големо браво за вевчани и добрите луѓе од таму. |
||||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Атарот на Општина Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро...се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, се до сртот на планината Јабланица... се граничи со општините Струга, Велешта, и Лабуништа, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија ... до Вевчани води асфалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта.... Изменето од bijonse1 - 02.Февруари.2011 во 18:43 |
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Промовирана книга за Вевчани
"Вевчански масони и војводи" е наслов на книгата која вчера и официјално беше промовирана и којашто, според авторот Илија Калановски, има научна основа и открива досега непознати содржини од историјата на Вевчани. Ова ја прави хрониката интересна на повеќе рамништа и дава скромен придонес во збогатувањето на македонската историографија...
|
||||||||||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
vevcani e preubavo mesto a sega za karnevalot e top mislam ne e loso da se poseti.....
|
||||||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Вевчани е закон!Сите знаете како изгледа, но знаете ли како звучи владата на Република Македонија. Да, ова е вевчанскиот карневал, но само загревањето. Кога Вевчани ќе ги откријат строго чуваните маски, се спуштаат до почетокот на селото и почнува василичарскиот танц. Започнува прочистувањето на селото, по улиците се протеруваат злите духови. Тргнуваат прво горно-маалците, по по нив, долно-маалците. Но, вевчански не се себични, освен за своето мало село, се грижат и за нашето големо. |
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Од кога па Вевчани е град
|
||||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Не е град.Ама кога нема раздел ''Села во Македонија'' е редно тука да се пушти темата.
|
||||||||||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |