|
Александар III Македонски |
Внеси реплика | страница 123 47> |
Автор | ||||||||||||||
joki
Сениор Регистриран: 28.Август.2005 Статус: Офлајн Поени: 2548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Јуни.2006 во 16:17 |
|||||||||||||
Александар III МакедонскиОд Википедија, слободна енциклопедија(Пренасочено од Александар Македонски)
Биста на Александар Македонски Александар III, попознат како Александар Македонски или Александар Велики (Пела, 22/3 јули, 356 п.н.е. - Вавилон, 10 јуни, 323 п.н.е.), е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Античка Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар се однесувал кон освоените култури со почит, интегрирајќи не-Македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава. По дванесет години освојувања, Александар умрел на 33-годишна возраст, веројатно од маларија или тифус. Неговите освојувања имаат круцијално значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја, бидејќи во новоосвоените територии се населиле грци кои со се*е ја донеле својата, во тоа време најразвиена, култура. По неговата смрт неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаиди ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија и Грција, а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу не-европски народи. Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде истотака голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности. Александар се родил од првиот брак на Филип со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, во кој е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите, и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал, ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, необуздан карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставило неизбришлива трага на неговата душа. Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите сништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. Меѓутоа Филип на Александар му должел многу повеќе од едно кралство. Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со се*еси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го прател развојот на неговата снажна индивидуалност. Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш бил околу четириесет години и сеуште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија. Среќавањето на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа и генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла на Хелените. Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го припремувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често го попримале карактерот на истражувачки експедиции кои ги обогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки. Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, право разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема варварите, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сваќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го оспособи за самостално размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела највеќе уште три години. Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал варварин, се научил да ја почитува културата на Хелада и сонувал за расширување на таа култура на Исток по патеките на неговата победничка војска. Развитокот на грчката трговија и умножувањето на грчките трговски места во Мала Азија створиле економска можност да и оваа област стане член на Македонското Царство и Александар се надевал дека од ова место ќе зрачат само Македонската и Хеленската култура, но тој ја потценувал тромоста и отпорната снага на источниот дух, а и големината и длабочината на источната култура. Најпосле тоа било младешко вообразување, кога тој мислел дека една така незрела и нестабилна култура, како што била хеленската може да се наметне на некоја друга култура која била неспоредливо пораширена и имала корен во традициите достојни за најголемо почитување. Квантитетот на Азија излегол премногу крупен спрема квалитетот на Хелада. Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опил до бесвест, која |
||||||||||||||
Точачиња.
|
||||||||||||||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Линк на Британика за Александар Македонски:
|
||||||||||||||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Е немојте да ги заборавате предците на Александар кои според мене се позаслужни од него за Македонија и Македонскиот народ
|
||||||||||||||
Kaliana
Нов член Регистриран: 19.Јуни.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
angelwings
Сениор Регистриран: 10.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1927 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
znaete li deka denes e roden Aleksandar Makedonski
na denesen den :
|
||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Да денеска му е роденден на Александар Македонски,иако гробот сеуште не му е најден големи почести и слава ке му се оддаде во Прилеп на првиот Македонски споменик на овој голем Македонец од Античко време
|
||||||||||||||
Oreska
Нов член Регистриран: 16.Август.2006 Локација: Ireland Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Ovaa freska e najdena vo edna od mnogute pesterni crkvi pokraj bregot na Ohridsko ezero i datira nekade od 16tiot vek koga vo Makedonija bese prenaselena so sloveni
|
||||||||||||||
Oreska
Нов член Регистриран: 16.Август.2006 Локација: Ireland Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Ova e crkvata
|
||||||||||||||
adzigogov2001
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 21.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Не е од 16, туку од тринаести.
Не само Александар како светец туку на голема икона ја има Богородица со бркови. Тоа во превод значи дека Хуманизмот и ренесансата тука е почната 2 века порано одошто во Италија. Многу светски научници и историчари се на идеја да во Официјалната светска историја да се вметне Македонија 13 век, Италија 15 век Хуманизам и ренесанса. Црквата се вика пресвета Богородина-????? нешто и заборавив име, А едини начин на Влагање е со кајче. Па по карпи. За неедучианите: Брковите значат давање на човечки особини на дотогашната Догма, почнување на реформаторска политика во црквата, Ставање на светци кои се од чисто овоземско Човечко потекло-Хуманизам. |
||||||||||||||
ЌЕ ТЕ ИЗГОРАМ
|
||||||||||||||
adzigogov2001
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 21.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ЌЕ ТЕ ИЗГОРАМ
|
||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Александар Македонски низ перото на француските историчари
Оваа книга е плод на обидот на авторот на своите студенти и ученици да им понуди што пооргинална верзија за ликот и делото на Александар Трети Македонски, и тоа преку пишувањата и гледиштата на француските историчари, журналисти и прераскажувачи. Објаснувајќи ја потребата од овој труд, Алексоски се поведува од два мотива: потврдата за демократскиот свет (или ЕУ), дека Филип и неговиот син Александар биле Македонци од првата организирана држава Македонија, како одговор на "чудната толерантност на македонските државници и зачудувачката ноншалантност на европските јуристи и историчари со непокажувањето на објективните аргументи на оној кој имал и има експанзионистички и шовинистички претензиции кон Македонија". Книгата е издание на "Ројал Стар Груп" од Скопје, а потпомогната е и од градот Прилеп и Министерството за култура. Како збогатување на вчерашната промоција во библиотеката "Браќа Миладиновци" во Скопје беа и монолозите од Александар Македонски во интерпретација на актерот и близок пријател на авторот Тихомир Стојановски. |
||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
На денешен ден 331 п.н.е.-
На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се
судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците
имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000.
Александар Македонски воспостави власт во Персија.
|
||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Vlaite nemaat potreba da imaat pretenzii,za niv zboruva istorijata i pishuvacite na vistinskata istorija. Nacionalnite istorii ili fabrikuvanite istorii ostanuvaat vo ramkite na edna drzava. dodeka svetskata istorija i istoricarite so visoko renome ne dozvoluvaat da dojde do prepravanje na istorijata.Za potekloto na Aleksandar svetskite istoricari se iskazaa, tuka nema dilemi. Neosporen fakt deka majkata na Aleksandar poteknuva od potomcite na Vlasite koi bile naseleni zapadno od planinata Pind, znaci so brakovite se proshiruvala teritorijata, se zacvrstuvale poziciite.
A za rimskoto poteklo, izvikot- Toarnãti frate, toarnãti (vrati se brate, vrati se) po koja nekoi (Ghuryitsa, peanarga, nu ti ancachi). istoricari se poveduvaat e tokmu toa, potomcite na Vlasite koi stanale rimski legionari, zaminuvale kon Rim, no dali site bile legionari? Samiot simbol na Vlasite-osumkrakoto sonce zboruva za nivnata hierarhija vo Aleksandrovoto carstvo. Изменето од Македон - 18.Септември.2009 во 19:58 |
||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Прво да сте на јасно дека во тоа време Грција не постои а еве ја Македонија
|
||||||||||||||
Внеси реплика | страница 123 47> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |