|
Преговори за името |
Внеси реплика | страница <1 8081828384 184> |
Автор | ||||||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
за името или ФАМИЛИЈАТА ......
лично сметам дека ова со името на ФАМИЛИЈАТА му дојде како одлично алиби
|
||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Деца од 15 и 16 години, кога е во прашање политичката пропаганда спаѓаат во категоријата малолетници, независно што над 14 години, тие се постари малолетници, што носи определени права и последици, но кога е во прашање политичката пропаганда, тие истотака се заштитени, односно не смеат да бидат подложени на истата. Не случајно, за да се стане дел од политичка партија потребни се навршени 18 години, секако, гледано од аспект на формалното стекнување со партиска книшка. Непотребно се вртиме во круг, иако е јасно дека доколку има дозвола од родител, а детето не се противи да учествува во рекламата, независно дали ќе се стекне со некакви материјални добра или не, никаде не постои пречка детето да учествува во истата. Зарем во сите реклами каде што гледаме деца, а ги има во многумина, децата ги сфаќаат пораките од истите? Дали е тоа законски критериум? Дали секој кој ќе се појави во реклама, мора и да ја сфати истата? Доколку родителот, односно старателот немаат проблем со истото и сметаат дека може тоа да се стори, некој однадвор треба да се стави над законот?! Секако дека не, тоа е апсолутно недозволиво. Токму поради тоа и Меѓаши не реагира, знае дека подоцна може да има големи проблеми и да плаќа надомести, при евентуални изгубени судски спорови, особено затоа што е евидентно дека законот не е на нејзина страна. Во однос на целта на рекламата, во овој случај, тоа воопшто не е поврзано со правата на детето. Изменето од Македон - 09.Септември.2010 во 00:33 |
||||||||||||||
Maznik
Група Регистриран: 03.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
,,,,,,In hoc signo vinces ("ἐν τούτῳ νίκα"),,,,,,,,,,,
(with this as your standard you shall have victory) * Значи, доколку самите си го задржиме стандардот (во смисол на неменувањето на уставното име на државата) или подобро речено, да си го задржиме дигнитетот, сигурно дека победата ке биде наша. Не станува збор за било каква ,,инаетска,, позиција на Р. Македонија и со тоа загрозување на националните интереси, туку напротив станува збор за зачувување на највисоките национални интереси. Апсурдноста на наметнатиот ,,спор,, сите го знаат, па и затоа не инсистираат на наметнување на солуција. Очекуваа самите одвнатре да се ,,изедеме,, арно ама тоа не се случи а и неможе да се случи, затоа што нема таков политичар во Р. Македонија кој би прифатил во народната историја да биде запишан како предавник. Секако дека има политичари кои поради дневно политички интереси нудат ,,неповолни,, решенија, но во реалноста тоа не го можат и тоа според афоризмот ,, СИТЕ БИ САКАЛЕ ВО РАЈОТ, АМА НИКОЈ НЕ САКА ДА УМРЕ,, Македонскиот народ е познат во историјата како : Трп (че) елив ; Трај (че) ; Тих (о) ; Спасе (лив); и т. н. но никогаш не потклекнал пред никаква сила и успевал да се справи со било кој поробувач, па макар му биле потребни и неколку векови. Сето тоа се должи на две многу важни работи кои единствено во светот го карактеризираат само овој народ, а тоа е дека : ,, КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ИНАЕТОТ Е ПРАВОПРОПОРЦИОНАЛЕН НА ПРИТИСОКОТ,, и само ние веруваме дека ; ,, ВО ТРПЕНИЕТО Е СПАСЕНИЕТО,, Така ке биде и овој пат, со проблемот што со нашето име го има Р. Грција која на овој начин покажува еден невиден шовинизам а и во ЕУ е подржана од една влада со слични геноцидно-апардхејдски и расно дискриминаторски манири, каква што е владата на г-дин Саркози, кој патем речено се гордее со своето еврејско Грчко потекло. ,,БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЖИТЕЛИ,, Изменето од Maznik - 10.Септември.2010 во 01:22 |
||||||||||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
http://novini.dir.bg/news.php?id=7086825
eeee razgele gi nateravte da otstapnat be |
||||||||||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
welkome to Europe
|
||||||||||||||
keravn
Група Регистриран: 09.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Едно е јасно,никој не може да ти наметне нешто без твоја согласност.
Се зависи од нас,од тоа колку ја сакаме оваа земја и нашето име кое нашите предци со гордост го носеле,во време на тешки услови,каде што секој се борел да преживее во суровото ропство,за разлика од сега кога имаме своја република за која нашите предци мечтаеле. Македонија сега,во минатото и во иднина секогаш ќе зависи од нас Македонците. |
||||||||||||||
“Laugh as much as you breathe and love as long as you live.”
|
||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ma kakvo ime!!?!
...najvazen e dostoinstven i choveshki zivot! ...i toa,..sega i odma,..a ne za peeset ili sto godini,... ..a, imeto vo nieden sluchaj , ne ti gho ovozmozuva toa ! Изменето од Анастеа - 16.Септември.2010 во 01:30 |
||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Мене, да, името ми го овозможува тоа. На оние кои сметаат дека името не им го овозможува тоа, се разбира дека имаат алтерантива, или да си го сменат името или да ја сменат државата.
|
||||||||||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Робин О Нил: Името на државата е екслузивна работа на народот на Македонија
19.09.2010 - 12:18 | Македонија Името на државата е екслузивна работа на народот на Македонија, смета првиот посредник во грчко-македонскиот спор околу разликита за името, амбасадорот Робин О Нил. - Македонијата треба да ја бара најблиската можна врска и со НАТО и со Европската Унија и ако не е членка, како на пример преку статус на соработник и практична соработка која нема да биде предмет на вето...., изјави во интервјуто за програмата „ Гласот на народот“ О Нил. Тој додава дека во извештајот за неговите дискусии во 1992 година, ја забележал волјата на тогашната влада на Македонија да бара парламентарно одобрување за измена на името на државата „само за меѓународни цели“ и тоа во „Република Македонија (Скопје)“ доколку тоа би водело до нејзино признавање од страна на сите земји членки на ЕУ и дека за ова не би биле потребни измени на македонскиот Устав. - Владата не беше спремна значително да го измени името на Републиката бидејќи тие не веруваа дека ќе го добие потребното одобрение од член 131 од Уставот т.е. да вклучи референдум...“, вели О Нил. Според О Нил, Република МАкедонија нема причина да размислува да го промени своето име кога веќе била признаена под тоа име од голем број на држави. - Сметам дека ако Владата размислува да ги даде измените на името во рацете на македонскиот народ, тие ќе бидат доволно мудри да бараат потврда дека сите соседи на Македонија тогаш ќе ја третираат државата со целосна почит и пријателство, вклучувајќи ги и сите противења на членствотото на Македонија во ЕУ и НАТО, вели О Нил. Тој посочува дека доколку измената на името сеуште го вклучува зборот Македонија, тоа навистина би значело крај на сите непријатности кои Македонија мораше да ги соочи и да ја постави државата на своето вистинско место на Балканот и во Европа, а тоа би било прашање за народот на Македонија и од нив би се барало да го дадат своето мислење за ова. - Ако Владата на Македонија реши да не се труди да го измени името на државата, тогаш треба да направи се што може за да ја добие подршката од сите земји членки на ЕУ и НАТО вклучувајќи го и притисокот да се престане со противењата од грчка страна, смета О Нил. Тој додава оти не е убеден дека измената на името ќе значи само по себе крај на притисокот врз Македонија или дека ќе донесе целосно пријателство и великодушност од страна на соседите на Македонија. - Напротив, тоа ќе биде сметано за знак на слабост, вели О Нил. - Владата на Македонија треба да се обрати до членовите на владите на ЕУ и да инсистира тие да повикаат кои било службени лица од Европска комисијата кои се изјаснуваат на овој начин. Надворешните односи на ЕУ не се предмет на работа на Комисијата, вели тој. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/robin-o-nil-imeto-na-drzavata-e-eksluzivna-rabota-na-narodot-na-makedonija BRAVO , osobeno za ovaa recenica " Тој додава оти не е убеден дека измената на името ќе значи само по себе крај на притисокот врз Македонија или дека ќе донесе целосно пријателство и великодушност од страна на соседите на Македонија. - Напротив, тоа ќе биде сметано за знак на слабост"... Iako e mnogu tesko no mislam deka ovaa vlada ke uspee da go smeni imidzot na Makedonija nasleden od predhodnite vladi kade sto nie sekogas bevme "najslabata karika vo regionot i vreka za absorbiranje na udari vrz koja Evropa gi amotrizirase problemite vo reginot". Konecno treba da pokazeme deka i nie imame crvena linija i deka e nevozmozno da igrame na sekoe oro koe komsiite ke ni go zasvirat... |
||||||||||||||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Иглбергер: Грција нема историско право да го спори името на Македонија
Непотребен и неоснован е спорот околу името на Република Македонија, бидејќи таа така се нарекуваше и во рамките на поранешна Југославија и тоа не предизвикало никакви проблеми, оценува поранешниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер. „Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот. - И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од „уценувањето“ на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите“, вели Иглбергер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на телевизијата НТВ, дадено на негово барање, поради како што вели, агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН. Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.
„Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на суровини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротивставување, чиј резултат бил стравотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт“, истакнува Лоренс Иглбергер. Тој додава дека поради ваквите факти, тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија. „Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа“, истакнува поранешниот висок функционер во Стејт Департментот. Иглбергер јавно ги изразува своите симпатии за македонскиот народ, иако, како што вели, сфаќа дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави. „Но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна“, истакнува Иглбергер. Конечно без ракавици и со отворени карти, време е Грците да „кркаат“ шамари......
|
||||||||||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
129-та држава што не признава под уставното име. |
||||||||||||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
и Сирија ли не признала бе
ааааааааа Да Бе ќе частиме како не...вака гоооооолема,важна и угледна држава...није шала бре
п.с
Занзибар не има признато под уставно име
|
||||||||||||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Ќе частиме бе И тоа со урми и тулумби директно од Амааан |
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 8081828384 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |