|
Обезбедување на високите државни функционери |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пракса е секаде во светот лицата од обезбедувањето да имаат дрес-код кој одговара на околностите во кои работат. Во нашиот случај, по се изгледа, професионалноста е на второ место. Тоа го заклучивме многу одамна. Но треба да се освестат оние што ги бираат дечкиве...Првиот впечаток и те како е битен. Излегува..сите овци бели, а овие...црни |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има разлика во начинот на функционирање на Одделенијата за лично обезбедување, обезбедување на објекти и превентивата....
И кај нас, како и во другите држави, обезбедувањето на личности, има право гардеробата да ја прилагоди на условите на работа, односно може и да биде во одело, спортски, кежуал....зависно од гардеробата на штитеникот и од настанот на кој присуствуваат....
Превентивата (од каде е спорниот полицаец) исто така има право зависно од моменталната ситуација, да носи соодветна гардероба...
Внатрешното обезбедување на државните објекти: Влада, Собрание, Министерства и останатите репрезентативни објекти, стриктно мора да е во одело (темно, со посветла кошула и кравата) и истото е соодветно обележано со беџ на кој е името, презимето и бројот на легитимацијата, и во затемнет дел пишува обезбедување....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А како би било со овие со маичкиве во боја.Како каубој Џими велиш???
Баш ме насмеа.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идејата за темава ми беше -обезбедување на личност-институција(не мислев на останатите вип личности). За беља излезе ова заврзлама во собранието па се виде дека и обезбедувањето на стратешките институции ни е празна шупелка. Нашата немарност ни се удира од глава (или некој ни ја удира). Неоспорен факт е дека ништо не е како треба. Имаме само луда среќа што не се случува непто лошо (очигледно не сме интересни за терористите-фала му на бога). Добро е што сега читам дека Собранието ќе го менува кодот за безбедност Изменето од mamamd - 09.Јули.2010 во 09:24 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема подобро обезбедување за политичарите сем да се обрезат
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas bi im go ukinal i segashnovo !....za da moze koj kogo saka,...da go ima za otstrel...ili, vo najmala raka za da mu posluzi kako ...bokserska vrekja!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која им е тежината? Та никој не е проблем за власта.Та сите пратеници ги купија освен колку толку од СДСМ и уште неколку.Зошто им се проблем?
Проблем им е ова движењево , кое е со СДСМ но и пошироко.Е тука лежи зајакот.ТУКА ЛЕЖИ И СТРАВОТ.А не е многѕ страшно.Ќе ги модернизираат затворите,колку подобри затвори толку подобра иднина, Ќе издржат.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има вистина и нахално однесување или обезбедувачите на ВИП личностите премногу се на мета?
Возачот на Боркица Груевска не пукал, само удрил во автобус во 5 наутроСо последниот инцидент се проблематизира функционирањето на обезбедувачите на високите функционери. Во последната година се прегази пензионер на Партизанска, се нападнаа телевизиски сниматели, се претепаа граѓани. Ниту еден обезбедувач не беше отстранет од работното место, ниту пак казнет. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е како бе на мета....
Па нормално ли е ќор пијан да пукаш низ цел град, да возиш како Лудиот макс и на крај да се плеснеш во автобус ?????????
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е ај сега да не излезе го бранам ама не е мал стресот да возиш и да чуваш жена на премиер.
А второ, ние сме си племе кое од мува правиме слон. Никој не негира дека направил сообраќајка, никој и нигде не негира дека возел службена кола, ама не е ни прв ни последен. Ова е Македонија.Кога можело 2001 со службени коли да се превезуваат оние од ана...онаа... таа... и им се заарни па побараа и влегоа у парламент што не би и едно момче Виничанче де |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читајки ги насловите во весниците се потсетив дека ние тука на Идивиди имавме една ваква тема која деновиве со немилиот случај со убиството на младото момче пак ја отвори дилемата
Какви луѓе го чуваат премиерот? И не само премиерот, туку воопшто нашите функционери. Дали тоа што сме мала држава, што секој за секого знае се, секој со секого се познава ни дава за право да шпекулираме со лугето во чии раце државата ги ставила животите на “државниот врв“ И ко по обичај кога некој припадник на МВР (без разлика на чија единица припаѓа) ќе направи испад ( или убиство) почнуваме со генерализација на се, ставање на сите во исти кош, плукање по работата на сите до еден. Каде е грешката? Во менталитетот, во желбата сите да покажеме колку знаеме или во законските пропусти?Го читам насловот во Утрински весник Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов Ги гледам сликите и пак се навратив на она прашање после инцидентот во нашето собрание-Треба ли обезбедувањето да биде униформирано? На сликата јасно се гледаат луге во разноразни маици во различна боја. Кој од нас кога би застанал пред тие силни момци би знаел дека се обезбедување на висок државен функционер? И да не не држи стравот од нивната корпулентност и снага секој од нас би дошол во кавга без да знае за што таквиот е обучен. Мислам дека е време нашето државно раководство да почне да се однесува како такво. Ова треба да ги разбуди, да почнат да се однесуваат како што налага законот. Да се спроведе униформи за сите лица задолжени за безбденоста на државните функционери. Да не дојде после до она што го дискутиравме на темата со убиството на младото момче- Алфи ли, Тигри ле се?! |
|
ljoce
Сениор Регистриран: 24.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите повторувате како мантра „професионалец“ та „професионалец“. Ебаго, кој е професионален во таа држава (политичарите ли?) па полицијата и обезбедувањето да бидат? Сите професионалци порано или подоцна се повлекуваат (попаметниот попушта) пред криминогените структури. Оваа болка се влече уште од Југославија од кога потекнува на-ти-го дај-ми-го на власта со криминалното подземје. Мали Слобо и Мали Аркан сеуште хараат. |
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
ljoce
Сениор Регистриран: 24.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па и професионалните бандити се професионалци.А македонските политичари имаат обезбедување од кое се плашат и тие ,тоа се локалните тепачи...
|
|
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |