|
Македонски Бугарин сака да стане член на Судскиот |
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Автор | ||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Самиот наслов на темава во себе содржи бугарофобија. Па тоа шок, па запрепастување, па неверување А во Македонија има голем број на моќници од другите етнички заедници, Власи, Срби, Турци, Роми, за Албанци и да не зборуваме. Само Бугарите нам ни се виновни за се, па дури и за потопот. А интересно ми е тоа што нели, Бугарите не ги признаваат Македонците во Бугарија, ама ниту Македонците не ги признаваат Бугарите во Македонија. Да, знам, во Македонија се почитува правото за самоопределување, ама не е така.
А инаку, во кое село беше таму, не ми текнува сега, каде што на сред село беше кренат споменик на Џемо Хаса, и никому ништо, а бистата на Тодор Александров големите патриоти ја срушија во приватен двор во Велес. А еве сега пак некои го сметаат Александров за голем Македонец. Инаку, за сите кои што можеби не знаеле, не само македонски Бугари, туку за слободата на Македонија се бореле и Бугари од Бугарија. Пејо Јаворов, Михаил Герџиков, Славе Мерџанов, Марко Лерински, Никола Пазарџиклиjата, Христо Чернопеев, Атанас Бабата и др. Меѓутоа за тоа многу не се зборува во Македонија, нели. Се што е бугарско, тоа е и гнасно, а Бугарите се окупаторите и вечните непријатели на Македонецот. |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Такво размислување можеш да најдеш само кај поедини форумџии, преку форум се удираат во гради и се удираат за некакви си патриоти. Патриот може да биде оној кој ке го почитува уставот а своата земја, законите и подзаконите на својата земја. Се друго преминува во радикализам односно на фашизам. Темата е поставена, не значи дека е бугарофобија, туку тема за размислување. Иако има тон на непочитување на една етничка заедница тоа не значи дека не може да се дебатира. Сепак е само прашање. Сепак се зависи од мнозинството како ке учестува во размилувањето и како гледам на многумина не им пречи да индивидуа со Бугарски чуства може да стане член на Судскиот совет. Болната точка доаѓа од поединци кој мислат дека идентитетот е клуч на интелектот. Е од такви, држави пропаѓале. |
||||
Homo homini lupus est...
|
||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ке се навратам на “професионализмот“ во Македонија..
Професионализам бр.1 Професионализам бр. 2 Пеоффесионализам бр. 3 ..... и да не внесувам уште многу линкови каде што најголемите криминалци на нашето општество се токму нашите Македонци кој што НАЈПРОФЕСИОНАЛНО си ја извршиле работата. Последниве “професионалци се најдобри... За мала држава-големи афери, на скромен простор-„крупни ѕверки“, како што вели народот, се пред лицето на правдата или зад решетки. Универзитетскиот професор Љубе Трпевски, како прв банкар е осуден на над 4 години затвор, за исто дело како и бизнисменот со македонско-австриско државјанство, Методи Смиленски, кој заедно со споменатиот гувернер се дел од аферата со манипулации на државните девизни резерви од околу 20 милиони евра. Зад решетки се директорите - Ќука од пропаднатиот хемиски комбинат „ОХИС“, Кочовски од трговското претпријатие „Славија“, Ефтимовски од „Агроплод“; Арнаудов, кој раководеше со ЕСМ; Михајловски од Фондот за здравство. Во дел од истите фирми нивните наследници се исто така осомничени за криминал и корупција - Лазаров од ЕСМ, Тренковски од Фондот за здравство, директорот на фабриката „Герас Цунев“ и екс-струмичкиот градоначалник Јанев. Но од кривична постапка се спаси неговиот наследник, Зоран Заев од СДСМ, кого го уапси актуелната власт, а го помилува неговиот сопартиец, екс-претседателот Бранко Црвенковски. Издржување на петгодишна казна чека поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски, кому јавна осуда му изрече неговиот тогашен премиер Љубчо Георгиевски, обвинувајки го за малверзација на околу 7 милиони евра од воениот буџет, а процесот е еден од најдолгите во историјата на битката со криминалот во транзициска Македонија. Изменето од Buggyman - 22.Септември.2010 во 18:44 |
||||
Homo homini lupus est...
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Незнам дали се сложуваш со мене, ми контрираш или е нешто трето. Во кој котекст ја спомнуваш СФРЈ и како со она што го напишав уставот на Република македонија е повреден?! |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Толку ли е тешко да се сфати дека така наречените македонски Бугари со целата своја душа, а и физички кога би можеле се со руската творба Бугарија.
Нивната лојалност не и посветена на Македонија. Тоа се коси со сите уставни, законски и морални норми. Секој добива она што заслужува. Тие во суштина се Македонци, на кои македонската кожа им е тесна, па сакаат да станат Бугари. Нормално е за таквите да има дополнителен мониторинг, всушност како и во секоја демократска држава. Ова не е бугарофобија, туку класичен пример за омраза према сите оние кои се одродуваат и плукаат по своите корени. Македонија на Македонците и на сите оние припадници на етничките заедници кои и се лојални на Македонија. етнички заедници. Дали некој нормален би им дал прилика на таквите како Канзуров, к*ртелов, Перев.... или можеби на овај: Драги Каров Изменето од Platenik - 23.Септември.2010 во 16:22 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тука пишува недемократска држава? Дали се ова потсвесни грешки?
Многу си конфузен, меѓутоа едно е јасно, ти чувствуваш омраза кон сите што се „одродиле“. А како можеш така? Како прво, секој има право на самоопределување; како второ, ти од каде знаеш, можеби бугарството им било пренесено по традиција во нивното семејство. Кој си ти да судиш како некој треба или не треба да се чувствува? И трето, нешто за што веќе имаме расправано на Историја - еве да ги тргнеме документите на страна, да ги оставиме и денешните бугарофили на страна. Оние кои што ја креирале македонската историографија таква каква што ти ја промовираш тука, како на пример Блаже Ристовски и Иван Катарџиев, или пак Виолета Ачковска и други, во не една прилика имаат кажано дека нашите илинденци и преродбеници се чувствувале како Бугари, како и сите политички дејци се до 1945 година (според Катарџиев) Затоа ти кога судиш за одродување и заговараш некаков „мониторинг“, треба да бидеш доследен и на логиката како и на принципиелноста, и да започнеш да ја искоренуваш бугарштината од многу порано. А филмот „тесна кожа“ е само еден ефтин југословенски филм и ништо повеќе. Што се однесува до лојалноста кон Македонија, според Димитар Влахов, македонската идеја била прифатена „единствено од тие кои што се нарекувале Бугари“, не и од прогрчки и просрпски настроените. И токму „бугарашите“ од секогаш најмногу давале за самостојноста на Македонија, така било во минатото, а слично е и сега. |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ова не држи вода затоа што во тоа време немаше граници, немаше самостојна држава и дејците никој и не ги прашуваше како ќе се пишат во документите. Мојот дедо секогаш велеше дека од презиме со наставка ЛИ низ вековите моето семејство добивало наставки ОВ, ИЌ, ОС во зависност кој “газдувал“. Сега во самостојна, независна држава овие кои доброволно се декларираат за Бугари или навистина се тоа или мотивот пари ((што не е мала бројка на таквите) е привлечен за преименување или предомување. Во краен случај секој има право да се декларира тоа што сака или што се чувствува. Но, мене лично ми смета кога некој го потенцира своето потекло за стекнување лични (кариерни) бенифиции. |
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Зборуваме за ракописи, лични писма, тајни преписки и сл. Кој кого терал што? Историјата е егзактна наука која се темели врз факти, а не врз толкувања на толкувањата. Еве да видиме и малку од хронолошки аспект. До 1912 Македонија е под турско. Од 1913 до 1915 е под српско владение. По првата светска војна од 1918 до 1941 е повторно официјално под српско. Од 1941 до 1945 е под бугарско-германско-италијанска власт. Зборуваме значи само за вардарскиот дел на Македонија. За останатите се знае. Секој може да си ја направи математиката и да пресмета кој, кога и колку можел да присилува некого на нешто. А комитите од ВМРО и не биле баш некои нежни души. Сепак тоа биле луѓе кои се кренале на оружје. Што се однесува до тоа последното што го кажа, апсолутно се согласувам. Демократијата треба да се темели врз индивидуалните права; успехот и напредувањето во кариерата треба да зависат од индивидуалните способности и квалитети, а не врз основа на колективни права, малцински квоти и слично. Бидејќи, во тој случај доаѓаме до латентна привилегираност, и создавање на затворени општества, каде што вечно некоја група ќе биде потисната, втората ќе биде потиснувачот, трета ќе биде вечно виновниот ѓавол, а всушност не се знае ниту кој пие ниту кој плаќа. Изменето од Pat - 23.Септември.2010 во 16:42 |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Имаше неколку грешки во мојот пост. Тие се случајни, печатни грешки. Ги корегирав, па сметам дека текстот сега не е толку “конфузен“. Се прашуваш како можам? Многу лесно од причина што за некои од нив знам дека немаат ништо со руската творба. Типично бугарофилство. Секој еден таков треба да биде изложен на критика и потсмев. Никому не му го оспорувам правото да биде она што сака да биде, но кога некој со сите расположиви средства се обидува да ми го оспори моето право и работи против интерсите на Македонија и македонскиот народ тогаш биди уверен дека за таквите немам милост. Така наречените македонски Бугари работат за интересите на Бугарија, а не на Македонија. Се додека бугаризираните Македонци се држат на романтичарските идеи од 19 век, нема да има мир и спокојство. Треба еднаш за секогаш да сфатат дека Македонија и македонскиот народ се реалност и дека Бугарија и бугарштината во Македонија се и биле само монета за подкусурување. Изродите имаат алтернатива, мајка Бугарија ги чека со раширени раце. 30 тина проценти од населението на Бугарија се одродени Македонци кои ради политчки причини ја имаат прифатено бугарштината. Кога ќе ги запрашаш да ја дефинираат истата несамо што незнаат, туку и неможат. Сосема е јасно зошто. Бугарското име е азиско, туркомонголско, а денешните Бугари, нормално е да го чувстуваат за туѓо. Бугарското име може да биде и политичко, според визнтиската административна единица Вулгарија, а може да биде и епитет кој Ромеите го користеле да ја опишат простата нецивилизирана маса која ги опкружувала. Препородот на Бугарија во 19 век, само овај пат како словенска Бугарија е директен резултат од руското влиајние и спозорство. Само во првиот случај бугарското име е етничко, а за волја на вистината само таканаречените македонските Бугари и бугаризираните Македонци го сметаат како лична навреда кога ќе се спомене изворното потекло на тоа име. Свесно избираат да го носат тоа туркомонголско име, а од друга страна го чувстуваат како навреда. Зошто?! Сигурен сум дека Гагузите, Чувашите и Татарите немаат проблем со тоа. Време е веќе да сфатат таканаречените македонски Бугари и бугаризираните Македонци дека треба да ја остават Македонија да се развива онака како што знае и умее. Доста ни беше од Срби, Грци и Бугари, а уште повеќе од сопствените изроди. Не ти се одговара некако на прашањето, дали во некоја демократска држава, некој норамлен би им дал прилика на таквите како Перев, Канзуров, к*ртелов, Каров, Србиновски, Трендафилов... Биди сигурен дека би ги растргнале како кучиња или во најдобар случај би ги маргаинализирале. Всушност исто како што им се правело и прави на Македонците во Бугарија и во Грција. Мониторингот и критериумите за селекција се норамлна појава, која се применува кога се испитува моралната, стручната и идеолошката подобност на кандидатот кој конк*рира за испразнетото работно место. Тоа јас не сум го измислил. Нема потреба поимот бугараш (иако е тоа српски збор)да биде во наводници. Тој е толку јасен самио по себе што навистина не му е потребно дополнително објаснување. Чим е некој бугараш тогаш кајнего бугарштината е во преден план и биди сигурен дека бугарашот не и мисли добро на самостојна Македонија. Нели тоа го потврдуваат со совојот однос и погоре споменатите имиња?! Изменето од Анастеа - 24.Септември.2010 во 01:46 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од сите кандидати за тој суд нема ни еден чист(етнически) македонец.Зошто?Ако ви фалат кадри барајте си проблемот кај вас ,а не се лутете кога странци ви раководат. Изменето од Анастеа - 24.Септември.2010 во 01:38 |
||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И повторно во добро познатиот памфлетски стил на изразување со заобиколување на конкретните нешта. Терминот „бугараш“ го ставив во наводници затоа што тој се разбира се однесува на тие за кои што и луѓето од македонската официјална историографија признаваат дека се чувствувале како Бугари. И тие ли се монета за подкусурување (божем, предмет за потсмев)? Треба ли да ги кажам и нивните имиња, или ќе биде доволно да кажам дека се работи за сите револуционери и безмалку сите преродбеници? Или тие не знаеле што се, немале доволно развиена национална свест? Меѓутоа токму тие луѓе најмногу дале за Македонија, и токму тие луѓе се опеани во нашите народни песни. Кога зборуваме за правата и нивното оспорување, дали ти тоа сакаш да кажеш дека нема да дозволиш некој да ти го оспори правото да оспоруваш туѓи права? И постојано зборуваш за руска творба и бугаризирани. А дали знаеш ти како била создавана Егзархијата на пример? Дали знаеш зошто биле апсени Миладинови и Прличев, и дека Шапкарев бил основач и прв директор на Солунската бугарска машка гимназија во која се школувале Делчев, Груев, Сарафов и мн. други? А дали знаеш дека токму Русија се спротивставувала на формирањето на бугарската егзархија и „расцепувањето на православното единство на Балканот“, и дека во нејзиното формирање учествувале и македонските општини? И на крај уште едно прашање (по втор пат): Си ја читал ли ти книгата на Цемович чиј што цитат си ставил во својот потпис? Јас да. Таму тој нашироко објаснува дека Македонците се Срби. Сето ова што го набројав е во функција да се согледа има ли смисла „анатемисувањето“ и маргинализирањето на луѓето кои што се чувствуваат Бугари. Таквиот однос не е ништо друго освен продолжение на српската доктрина во Македонија. |
||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не заради тоа што нема кадри, туку ради тоа што сме демократска држава. Такво нешто например во Бугарија и Грција никогаш не ќе може да се случи. Изменето од Анастеа - 24.Септември.2010 во 01:38 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И нормално дека нема да се случи.Што барат такви луѓе во нашата управа?Ако имат претензии за раководители да си средуваат нивните држави.
Така се чува држава,интендитет,граници и ако сакате слобода
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Незнам колку треба да бидам појасен?! Секој еден кој работи против интересите на Македонија и македонскиот народ го добива она што заслужува.
Ако на таканаречените македонски Бугари неим е по волја, јас неможам да им помгнам. Се чувстуваат за Бугари, па ете им ја Бугарија. Точно е тоа дека за Србите ние Македонците сме биле Срби, а за Бугарите сме сеуште Бугари. нели е тоа податок кој зборува сам за себе?! Разликата меѓу Србите и Бугарите е што првите сфатиле дека нема што да бараат веќе во Македонија. За жал овие вториве ако ги нема Македонците не ќе имаат ниту јазик, ниту култура, ниту историја. Затоа неможат да излезат вон пропагандите од 19 век. Во Бугарија нема автентична култура. Изворната бугарска култура е одамна изумрена. Читај, Македонија на Македонците! Ако тебе тоа не ти смета да некој те прави Србин или Бугарин верувај дека на мнозинството во Македонија и те како им пречи. Доста со таа квази бугарска реторика демек само Бугарија и го мислела доброто на Македонија. Се имаат безброј пати докажано. Бугарашите давале за Бугарија не за Македонија. Само Македонците давале за Македонија. Реков, доста со тие Срби, Бугари и Грци, а најмногу со изродите. Јас се чувствувам многу добро како Македонец, а така наречените словенски Бугари ми се толку блиски колку што ми се бликси Кинезите. Се чувстуваш Бугарин, ете ти ја Бугарија. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |