IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светото Писмо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светото Писмо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 17:25

"Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки"

                ( 1 Jovanovo 5:3)


"Avtoritet" e zbor sto ne e mnogu popularen denes.

Na mnozina ne im e mila pomislata da se podlozuvaat na voljata na nekoj drug.

Onie sto ne sakaat da se podlozat na nicij avtoritet obicno go pokazuvaat toj stav so zborovite: " Nema drug da mi kazuva sto da pravam!"

No, dali ovie lugje se navistina nezavisni? Voopsto ne !

Povekjeto od niv vsusnost gi sledat merilata na bezbroj drugi lica koi gi oblikuva razmisluvanjata na ovoj svet.

Vo Rimjanite 12:2 pisuva :

" Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!"

Namesto da bidat slobodni i nezavisni, za zal, tie im "robuvaat na rasipanosta" kako sto kazal Apostol Petar ( 2 Petrovo 2:19).

Tie ziveat onaka kako sto zivee mnozinstvoto od ovoj svet, po voljata na vladetelot koj vladee so ovoj svet, odnosno Satana( Efesjanite 2:2)

Tragicno e sto denes,koga na lugjeto ocajno im treba vodstvo povekjeto lugje  se se' pomalku spremni da go prifatat Bozjeto vodstvo .

Za eden Hristijanin poukata i zapovedite na ISUS vo Svetoto Pismo se kako cvrsta kotva koja im pomaga da ne otplovat od Ziviot BOG .
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 12:22

        А плодот на Духот е: љубовта...





      22 А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;

23 нема закон против вакви нешта.

==Послание до Галатјаните 5:22-23 ; Библија==



Не случајно, Павловиот список на карактерни црти, кои одговараат на плодот на Духот, започнува со љубовта. Љубовта претставува врвна доблест на христијанинот, зашто тоа е основна особина на самиот Бог. Токму љубовта Го поттикнала да не' создаде, да го одржува нашиот живот, да ни се објави и да го даде својот Син да не' откупи.



Јован ова го искажува крајно едноставно и отворено ≫Бог е љубов≪ (1во Јованово 4:16). Бидејќи љубовта е темел на Неговиот карактер, и за нас мора да биде така:



16 И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него.

==1во Јованово 4:16 ; Библија==





За несреќа, зборот љубов денеска има мошне магливо значење. Често велиме дека го сакаме времето, својата омилена храна или кучето. Меѓутоа, овој вид на љубов не може да го положи тестот на вистинската божествена љубов.

Вистинската љубов е нешто сосем друго, нешто што остава трага врз целокупниот живот, како и врз начинот на кој го живееме тој живот и како се однесуваме кон другите. Состојките на љубовта секогаш доаѓаат во пакет, а не на листа од која можеме да бираме она што ни се чини најпривлечно, отфрлајки се' останато.



4 Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;

5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;

6 не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;

7 сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.

==1во послание до Коринтјаните 13:4-7 ; Библија==







13 А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

==1во послание до Коринтјаните 13:13; Библија==











Љубовта на која се однесува:



5 Затоа љуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила!

==Второзаконие (5та Мојсеева) 6:5 ; Библија==



, љубовта на која што Господ Исус Христос мисли кога зборува за најголемата заповед:



36 "Учителе, која е големата заповед во Законот?"

37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!"

38 Тоа е најголемата и прва заповед;

39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!"

==Матеј 22:36-39 ; Библија==



, претставува најблагодарниот и највозвишен облик на самопожртвувана љубов, за која ни е заповедано да ја негуваме и кон Бог и кон луѓето.





25 И ете, еден учител на Законот стана да Го искушува и Го праша: „Учителе, што треба да правам, за да наследам вечен живот?"

26 А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?"

27 А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!"

28 Му рече: „Право одговори! Прави го тоа и ќе живееш!"

29 Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?"

30 Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа.

31 А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна.

32 Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна.

33 А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали.

34 Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него.

35 Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање."

36 Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?"

37 Тој рече: „Оној, кој му укажа милост." Исус му рече: „Оди и ти прави така."

==Евангелие по Лука 10:25-37 ; Библија==







Истакнувајќи ги сите четири аспекта на човековото битие, Исус едноставно се обраќа до целиот човек



30 и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила'!"

==Евангелие по Марко 12:30 ; Библија==



, Тој кажува, Бог треба да Го сакаме со целото наше битие.





12 "И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците."

==Матеј 7:12 ; Библија==







Да се сака ближниот како самиот себе, значи да се сакаат сите луѓе со целото срце. Љубовта, за која станува збор во оваа втора, најголема заповед, е иста како и онаа во првата заповед. Тоа е љубов на дело, која ги вклучува волјата и намерата. Да го сакам својот ближен како самиот себе, значи да се грижам за некој како што се грижам за самиот себе.



Прв чекор е да се дефинира љубовта: следниот чекор е да се примени. Мора да внимаваме зборот ≫љубов≪ да не го изговараме лековерно; наместо тоа, треба внимателно да анализираме како живееме и како ги применуваме начелата на љубовта искажани во Библијата.

Треба да го разгледаме секој поединечен вид на љубов и да се запрашаме себеси како можеме да ги примениме овие начела во сопствениот живот:

4 Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;

5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;

6 не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;

7 сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.

==1во послание до Коринтјаните 13:4-7 ; Библија==



Помислете за миг каков би бил вашиот дом кога, со Божјата милост, секогаш би ги остварувале вредностите на вистинската љубов. Замислете го благословот на животот во окружение во кое членовите на семејството имаат добра волја и се уважуваат едни со други. Можеби другите не можете да ги наведете да постапуваат така, но кога вие би ги примениле тие начела, би можеле да видите колку е силно влијанието кај другите.

Никој не може да и' се спротивстави на љубовта; таа е најмоќната сила во целиот создаден свет.

Луѓето можат да ги негираат вашите теолошки сфаќања, вашиот начин на живот, вашите уверувања, вашата вера и се' останато. Но, каков аргумент можат да употребат против безусловната љубов, онаа што Исус Христос ја покажал кога бил на светот и, која, со Божјата благодат, можеме и ние да ја покажуваме кон другите?











43 "Сте чуле дека било речено: 'Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател'.

44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;

45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?

47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?

48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко."

==Матеј 5:43-48 ; Библија==



Ако треба да ги сакаме своите непријатели, најдобро би било точно да утврдиме кои се наши непријатели. Ако непријател е оној што само физички се заканува, тогаш можеби сметате дека ова не се однесува на вас, зашто никој одамна не ви се заканувал на тој начин. Меѓутоа, непријателот може да се дефинира како соперник, ривал, конк*рент, предизвикувач или потценувач. Непријател е оној што ве мрази и ве малтертира. Тоа може да биде и брачниот другар или некој член на семејството. Понекогаш во семејството не се нежни кон вас. Таквото лице може да настојува да ве повреди или да ви направи нешто уште полошо. Кога ќе се случи такво нешто, лесно можеме да паднеме во стапицата на ситничавост и одмаздољубивост.



Понекогаш можете да доживеете судир на работното место, со, оние, со кои со години сте работеле, можат во вас да почнат да доживуваат соперник. Непријател може да биде и некој што со години ви бил драг и важен. Мора да утврдиме дека непријателот, за кој зборува Исус овде, не е само физички опасно лице, туку и секој што ќе не' повреди на таков начин, што посакуваме да му вратиме мило за драго.



1 Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот.

==Пословици 15:1 ; Библија==



21 Ако е гладен твојот непријател, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода,

==Пословици 25:21 ; Библија==



9 не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, зашто сте повикани за тоа, за да наследите благослов.

==1во Петрово 3:9 ; Библија==



















31 "Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава;

32 и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците.

33 И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата.

34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: 'Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот!

35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;

36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.'

37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: 'Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?

38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?

39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе?

40 А Царот ќе им одговори: 'Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.'

41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: 'Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!

42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам,

43 бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.'

44 Тогаш тие ќе одговорат и речат: 'Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?'

45 Тогаш ќе им одговори: 'Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!'

46 И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот."

==Матеј 25:31-46 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 14:59

Blagoj, nemoj pogresno da me razberes no cela propoved si napisal.

Koj ke cita takov dolg tekst?збунетост Jas ne go doprocitav koga vidov kolkav e ...


P.S. izvini za mojata zabeleska... samo si go kazav mislenjeto . Pozdrav !големо%20гушкање
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 15:17
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Blagoj, nemoj pogresno da me razberes no cela propoved si napisal. Koj ke cita takov dolg tekst?збунетост Jas ne go doprocitav koga vidov kolkav e ...P.S. izvini za mojata zabeleska... samo si go kazav mislenjeto . Pozdrav !големо%20гушкање



Ne moras celiot od ednas da go procitas, -utre, zadutre....poleka ima vreme.

Vazno e da go razberes.....


Pozdrav                  mala sala.




www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 15:22
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Blagoj, nemoj pogresno da me razberes no cela propoved si napisal. Koj ke cita takov dolg tekst?збунетост Jas ne go doprocitav koga vidov kolkav e ...P.S. izvini za mojata zabeleska... samo si go kazav mislenjeto . Pozdrav !големо%20гушкање



Ne moras celiot od ednas da go procitas, -utre, zadutre....poleka ima vreme.

Vazno e da go razberes.....


Pozdrav                  mala sala.


OK... намигнување . Pozdrav ! големо%20гушкање







OK... ti si znaes  намигнување . Pozdrav ! големо%20гушкање


Изменето од KINGDAVID - 13.Септември.2010 во 15:23
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 11:46



     А плодот на Духот е: …, мирот, …

     



     22 А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;

23 нема закон против вакви нешта.

==Послание до Галатјаните 5:22 ; Библија==



Вистинска иронија е до мирот да се доаѓа со борба. Елеонора Рузвелт, сопруга на познатиот американски претседател, во една емисија на ‘Гласот на Америка’, изјавила:

≫Не е доволно да се зборува за мирот; потребно е да се верува во него. Сепак, не е доволно ни да се верува во него; потребно е да се работи на тоа≪

Мирот што ни го дал Христос, исто така подразбира напор, работа и постојано преиспитување.





9 Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто!

10 Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!

11 Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот! Служете Му на Господа.

12 Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва!

13 Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие!

14 Благословувајте ги оние, кои ве гонат: благословувајте ги, а не проколнувајте ги!

15 Радувајте се со оние, кои се радуваат и плачете со оние, кои плачат!

16 Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри!

17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе!

18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!

19 Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”

==Послание до Римјаните 12:9-21 ; Библија==

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 20:31

 
"Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае."
 
                                ( Psalm 139 :14)           


Svetot na prirodata e poln so cudesni tvorbi. Kako nastanale?

Nekoi smetaat deka odgovorot moze da se najde bez da se spomnuva inteligenten Tvorec.

Drugi pak smetaat deka  ako svoevolno go isklucime postoenjeto na Tvorecot, ne mozeme potpolno da ja razbereme prirodata.

Tie veruvaat deka zivite sustestva se premnogu slozeni, premnogu raznovidni, pa duri i premnogu cudesni za da nastanat slucajno.

Mnogu lugje, vklucuvajki i nekoi naucnici, gi prifakjaat dokazite deka vselenata ja sozdal Nekoj sto e mudar, mokjen i dobar.

Car David od drevniot Izrael bil covek sto bil uveren deka Tvorecot zasluzuva falba za cudesnite raboti sto gi sozdal.

Iako David ziveel dolgo vreme pred naukata da go dostigne denesniot napredok, sepak sfatil deka e opkruzen so prekrasni primeri na Bozjite tvorecki dela.

Bilo dovolno car David da razmisli za svoeto telo pa da pocuvstvuva dlaboka stravopocit kon Bozjite tvorecki sposobnosti.


Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 11:58




      Мир со Бога



1 И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос,

2 преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава.

3 Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение,

4 трпението - искуство, а искуството - надеж;

5 а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден.

6 Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците.

7 За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре.

8 Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.

9 Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.

10 Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.

11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.

==Послание до Римјаните 5:1-11 ; Библија==





Да имаме мир со Бога значи повеќе откотлку задоволство во неговото присуство. Тоа значи дека ние, кои некогаш сме биле ≫оттуѓени од Бога и непријатели, во своето мислење и лошите дела≪



21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела,

==Послание до Колосјаните 1:21 ; Библија==



сме се помириле со Бога и дека повторно ја имаме неговата наклоност. Некогаш сме војувале против Бога, но неговата смрт на крстот ни овозможила сите непријателства да престанат и повторно да бидеме Божји пријатели, а не непријатели.





Во едно од неговите значења, овој мир не е нешто што во почетокот е ситно, па треба да расте. Напротив, ние сме помирени со Бога еднаш и засекогаш на Христовиот крст. Ова е несоборлив факт. Меѓутоа, во друга смисла можеме да растеме во мирот со Бога. Колку појасни ни стануваат Божјите патишта, колку повеќе чекориме по нив, толку повекеќе ја усвојуваме неговата сила да живееме како негови синови и ќерки. Во оваа смисла, мирот со Бога е плод на Духот.

Додека созреваме како Божји деца, се’ повеќе ќе ги искусуваме благословите и предностите на животот во неговото царство, така што еден ден ќе можеме да кажеме:

165 Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо.

==Псалм 119:165 ; Библија==



Од стиховите:

20 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.

21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела,

22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина,

==Послание до Колосјаните 1:20-22 ; Библија==



ни се открива дека Бог не станал милостив и полн со проштевање поради гревот, наместо тоа, овој текст ни открива дека Бог отсекогаш бил таков. Планот на спасението го претставува Бога, кој не’ сакал и имал желба да ни прости од самиот почеток.



Единствено поради она што Христос го направил, поради неговиот совршен живот, кој ни се припишува со вера, Бог може да ни прости и да не’ прифати, без оглед на нашето минато.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 23:32
 Оние кои Му служат на Господа, однадвор не се забележливи, неретко се дури и презрени и гонети; но затоа духовно постојано созреваат во духовни совршенства, кои во другиот свет ќе засветат во нив како сонце и ќе им го дадат соодветното место и блаженство.  Правењето добродетели... Заповедите се норма, а во пракса имаме конкретни случаи: подобро е да не се измислуваат дела, туку да се занимаваме со оние кои се пред нас.  Правењето добра... без вера и желба да се угоди на Бога, не е свето, како куќата која не е осветена или соба без икони; без љубов, таа е како градба исполнета со безживотни скулптури, кои освен тоа мирисаат на заостанатост и мувла. Обрни вмнимание на тоа и кога ќе се зафатиш со создавањето на новиот човек во себе, потруди се пред Господа да го поставиш без никакви мани.  Постојат дела на милосрдие и постои милостивост на срцето. Првите добиваат вредност од последното; можни се и без неа, но тогаш ја немаат вистинската вредност.  ... Гледајте го натписот над себе: „Тебе ти е оставен сиромавиот, ти биди помошник на бедниот“.  Правењето на добра не го заборавајте и ќе ве осени милоста Божја.  Пред сè помагајте им на оние на кои им е потребно. Кој и да ви дојде со солзи, не отпуштајте го додека тие солзи не му се исушат. Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани... Зад рацете на неволниот секогаш треба да ја гледате испружената рака на Самиот Господ Кој ви се обратил вам. Тој Самиот рекол: „Што ќе им направите ним, на сиромасите, Мене ќе Ми направите“...  Духот кој пламти од ревност за правење на добра во слава Божја – тоа е главно. Кога тоа постои, значи постои и живот. Ова може да доведе и до безмолвно пребивање во Бога, ако благослови Бог.  Ако зрното пченица паѓајќи на земја не умре, тогаш останува едно; ако пак умре, донесува многу род (Јн. 12, 24). Значи, ако сакаш да бидеш плодоносен – умри; умри на вистински начин, во срцето да би чувствувал дека си умрел. Како што мртовецот не се огледува на ништо што го опкружува, така постапувај и ти: кога те фалат ќути, кога те напаѓаат ќути, и ако добиеш нешто ќути, ако си сит ќути, ако си гладен ќути. Биди таков кон сè надворешно, а внатре држи се таму каде што почива секој покојник – во другиот живот, пред лицето на Сеправедниот Бог, подготвувајќи се да ја чуеш последната пресуда. Ќе прашате: каков е плодот од тоа, кога тука сè замира? Не, нема да замре, туку ќе се појави енергија, и тоа каква! Уште момент остана, ќе си речеш, па ќе настапи пресудата, ајде да побрзам да направам нешто – и ќе направиш. Тоа ќе се повторува секој час.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2010 во 20:14
     

   





      Во потрага по мир



Во денешниов свет луѓето стануваат се’ повознемирени и трагаат по личен мир. Господ Исус Христос ни упатува повик:



28 ”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.

29 Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души;

==Евангелие по Матеј 11:28-29 ; Библија==



Иако овде не се употребува зборот мир,Тој го користи зборот одмор, кој во оригиналниот текст значи ≫да одмориш некого, освежува, се одмора, починка≪



Врз основа на она што Господ Исус Христос го кажува овде, можеме да заклучиме дека Тој ни го нуди својот мир како дар и ни покажува како да го стекнеме. Зар Христос не не’ учи дека личниот мир има своја причина и зар не не’ повикува од него да ја дознаеме која е таа причина?



Немир донесува љубовта кон себеси… Оние што го држат Христа за збор и ја ставаат својата душа под негова заштита, своите животи под негово водство, ќе најдат мир и спокој. Ништо на светот не може да ги ожалости кога Исус ќе ги израдува со своето присуство. Во совршеното помирување се наоѓа соврштен одмор.





Се кажува дека двајца сликари, секој на свој начин, сликале што значи одморот. Првиот одбрал да наслика мирно езеро со високи планини во заднината. Вториот сликар насликал нежна бреза, која се повива над запенет водопад; онаму каде што се составувале двете гранки на брезата, во своето гнездо седело врапче, скоро водено од капките на водата.

Кој од овие двајца сликари подобро ја претставил суштината на мирот? Мошне ретко, во овој зовриен свет, можеме да пронајдеме мир во осамено планинско езеро. Многу често, неопходно е да најдеме мир среде превирањата на реалниот живот.



Една работа никако не смееме да помислиме, а тоа е дека мирот значи живот без проблеми. Ретки се луѓето, дури и меѓу најверните христијани, кои го минуваат животот без тешкотии, болки и страдања. Впрочем, се чини дека некои луѓе страдаат многу повеќе од другите луѓе. Сепак, мирот многу повеќе го подразбира начинот на кој човекот одговара и се бори со таквите околности, отколку самата природа на околностите. Мирот вклучува длабока доверба во љубовта и грижата од страна на Бога, кој знае низ што минуваме и кој ветил дека нема да не’ остави, што и да не’ снајде.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 20:53

  "Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло."

                                        ( 1 Mojseeva 3:5)


 Satana uspeal da gi navede Adam i Eva da se pobunat protiv Bozjeto vladeenje.

So ovaa pobuna bil napadnat Bozjiot nacin na vladeenje. Kako?

So toa sto i rekol na Eva deka nema da umre ako jade od zabranetiot plod , Satana indirektno izjavil deka BOG ne ja kazuva vistinata i zatoa ne treba da Mu se veruva.

Satana , isto taka, gi navel Adam i Eva da pomislat deka kje im bide podobro ako ne ja poslusaat Bozjata zapoved i ako stanat nezavisni od Nego ( 1 Mojseeva 3:1-6).

Ova bilo direkten napad vrz Bozjeto pravo da vladee. Sto storil BOG?

BOG pokazal deka potpolno vladee so novonastanatata situacija koga vednas prezel cekori i izrekol presuda nad buntovnicite.

Toj objavil deka Adam i Eva ne se dostojni da go primat vecniot zivot kako dar od Nego , i gi isteral od gradinata Eden ( 1 Mojseeva 3:16-19, 22-24).


No, fala mu na BOG sto ni ovozmozi preku zrtvata na Negoviot Sin Isus Hristos  da mozeme nie, potomcite na Adam i Eva povtorno da se stekneme so vecen zivot.

"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот." ( Jovan 3:16)

 AMIN !


Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 12:28



    УБАВИНАТА НА КАРАКТЕРОТ



- Почеток на трагањето-



"Што е вистина?"



38 Пилат Му рече: „Што е вистина?” Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.

==Евангелие по Јован 18:38 ; Библија==





Срце на христијанската религија е моќта да ги менува луѓето. Таа е срце на Библијата и тајна на нејзината сила. Кога луѓето нејзината порака би ја внеле во својот живот со едноставна вера, би ја почувствувале истата сила која од Валденжаните направила херои, а од канибалите од Јужното Море питоми и гостољубиви домаќини на туристите.



Да ја отвориме Библијата и да видиме што е тоа што ги менува луѓето. Господ Исус Христос рекол многу едноставно:



31 Затоа Исус им рече на Јудејците, кои Му поверуваа: „Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици;

32 и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.”

==Евангелие по Јован 8:32 ; Библија==



Вистината е таа сила која ги менува луѓето. Вистината тоа го прави.



Но што е вистина? Спомнете си за драматичните мигови кога Пилат стоел пред Исус и кога го поставил прашањето:

"Што е вистина?"



Немал време да го почека одговорот, зашто можеби таков одговор не очекувал од еден Евреин. Но Исус одговорил на тоа прашање во една друга пригода со само четири збора:

"Твоето слово е вистината"



17 Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.

==Евангелие по Јован 17:17 ; Библија==



Можеби ќе кажете: "Јас секогаш сум ја барал и сум сакал да ја знам вистината. Но сум слушал од мнозина кои тврдат дека ја познаваат вистината, меѓутоа, се разминуваат во своите погледи. Јас сум збунет. Како еден обичен човек може да ја знае вистината?"



Некој друг ќе додаде: "Јас знам како треба да читам стручна литература и да пронајдам што ме интересира, но при студирањето на Библијата сум почетник. Еднаш или двапати сум почнал да ја читам. Но кога ќе дојдам до книгата на Левитите (на пример), јас запнувам. Како да ја читам Библијата за да ја дознаам вистината?"



Често ние гледаме иста работа, од различни страни. Секој гледа само една страна и на секого му изгледа различно, па сепак, сите ја гледаме истата работа иако ја гледаме со различни очи. Кој може да каже дека другиот не е во право.



Оваа илустрација е со цел да се објасни зошто на некого читањето на Библијата му се чини губење на време. Ние сите гледаме различно, велат тие. Кој може да се потпре на нејзините страници? Кој може да знае дека таа содржи божествени откровенија или само различни мислења на луѓе.



Но знајте дека Библијата сама зборува за начинот на кој се решава овој проблем:



10 Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.”

==Исаија 28:10 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 20:57



    Според планот на Библијата, треба да пронајдеме стих за предметот што не' интересира во една книга од Библијата, па во друга, на едно место, па на друго, и да ги споредиме. Кога ќе разгледаме се' за тој изложен предмет, мора да дојдеме до ист заклучок затоа што гледаме ист предмет. Ја гледаме Божјата вистина онака како што е откриена во неговата Реч, од правило до правило, од текст до текст.



Бог не ја крие вистината од нас. Вистината не е нешто што Тој го држи скриено од секого. Тој сака да ја имаме. Кога споредуваме текст со текст, писмо со писмо, вистината се открива во сите свои димензии. Вие слушате Божји глас кој ви зборува. Тој ви се обраќа вам лично за правецот по кој треба да се движите. Вие ќе откриете за себе мир кој само неговата Реч може да ви го даде.



Дали сте чуле за момчето кое одело со својот татко во мрак, држејќи се за неговата рака, за раката на таткото кој носел светилка?

Црната тишина наоколу го уплашила момчето кое кажало: "Тато, јас се плашам, светлината е многу куса!"



"Да сине", одговорил таткото, "но ако ние постојано ја следиме светлината што ја имаме пред себе, таа ќе ни го осветлува патот се' до крај."



Патот на христијанинот е како зората што изгрева. Како одминуваме на патот, светлината станува се' посилна. Секако, тоа не' потсетува на добро познатите зборови:



7 Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев.

==1во Јованово 1:7 ; Библија==



Тоа се значајни зборови, ако се движиме, ако напредуваме во светлината, ако ја прифатиме и ако ја слушаме, имаме заедница со своите ближни и опростување од небесниот Татко. Каква добивка! Вистината просветлува. Вистината лекува. Вистината, спасоносната вистина, ги менува луѓето.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2010 во 23:11

               Му одговори Јов на Господа и рече:

   "Знам, дека Ти се можеш, и дека намерата Твоја не може да биде неизвршена.

                                 ( Jov 42:1,2)


Jov ponizno prifatil pomos-eden biten faktor sto mu pomognal da istrae.

Toj so pocit go poslusal mudriot sovet na Eliluj i ja prifatil ispravkata sto mu ja dal BOG.

I pokraj bolesta sto go izmacuvala, Jov se raduval sto vakvata ispravka na negovoto razmisluvanje go zblizila so BOG.

"Znam deka Ti se mozes", rekol Jov za BOGA.

Blagodarenie na toa sto BOG licno zboruval so nego, Jov mnogu pojasno sfatil kakva polozba zazema covekot vo odnos na Tvorecot.


Jov ni dava izvonreden  primer i za milost. Negovite lazni tesiteli dlaboko go povredile, pa sepak koga BOG mu rekol na Jov da se pomoli za niv, toj se pomolil. Potoa, BOG mu go vratil zdravjeto na Jov ( Jov 42:8,10).


Jasno, ogorcenosta nema da ni pomogne da istraeme, tuku vo toa ke ni pomognat ljubovta i milosta.


Ako prestaneme da drzime lutina kje se osvezime duhovno i BOG kje ne blagoslovi.


"И кога стоите на молитва, проштевајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.

 Ако ли, пак, вие не проштевате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.” ( Marko 11:25)




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.