|
Највисоки места |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Петте најубави планински врвови на светот... меѓу нив и величествениот Матерхорн...
Ама Даблам
Ама Даблам е планина која се наоѓа во источниот дел од
Непал и е дел од Хималаите. Главниот врв се наоѓа на надморска
височина од 6812 метри, а понискиот западен врв е висок 5563 метри. Ама
Даблам значи „Ѓерданот на мајката“; долгите сртови кои се спуштаат на
двете страни од врвовите се како рацете на мајка која го штити своето
дете, а глечерот кој се наоѓа во средината локалното население го
поистоветува со даблам, традиционалниот ѓердан со два приврзоци кои го
носат локалните жени. Шивлинг
Шивлинг е планина во Ганготри групата на врвови во
близина на глечерот Ганготри на Хималаите. Планината се наоѓа во
северно индиската држава Утарканд, 6 километри јужно од Хиндуистичкото
свето место Гаумук. Името на планината се однесува на нејзиниот статус
како свет симбол на богот Шива. Раните европски посетители го нарекле
врвот „Врв Матерхорн“ поради неговата сличност со познатиот алпски врв.
Иако со височина од 6543 метри врвот не е многу висок, во споредба со
другите врвови во околината, сепак се работи за драматичен карпест врв.
Поради тоа, како и поради големата тежина на искачувањето, овој врв е
популарен трофеј за планинарите.Мачапучаре
Мачапучаре е планина која се наоѓа во централниот дел на Непал. За
локалното население оваа планина е свето место за богот Шива, па затоа е
недостапен за искачување. Мачапучаре се наоѓа на крајот на долг срт,
кој се спушта јужно тргнувајќи од главниот планински ланец Анапурна
Химал и ја формира источната граница на Светилиштето Анапурна. Врвот
висок 6993 метри се наоѓа на околу 25 километри северно од градот
Покара, административниот центар на регионот.Матерхорн Матерхорн, Монте Цервино или Монт Сервин е
планина која се наоѓа на Пенинските Алпи на границата помеѓу
Швајцарија и Италија. Врвот се наоѓа на 4478 метри надморска височина,
што значи дека е еден од највисоките врвови на Алпите. Четирите стрмни
страни на врвот совршено одговараат со четирите страни на светот. Врвот
се надвиснува над градот Цермат во кантонот Вале на североисток и Бруј
Цервиниа во долината Аоста на југ. Превојот Теодул, кој се наоѓа на
источната основа на врвот, е најнискиот превој помеѓу северната и
јужната страна.
Пумори
Пумори е планина, дел од Хималаите, која се наоѓа во близина на
границата помеѓу Непал и Тибет. Пумори се наоѓа на само осум километри
западно од Монт Еверест. Името на оваа планина значи „Немажена ќерка“
во јазикот на Шерпасите, и го добил од Џорџ Малори. Планинарите
понекогаш го викаат Пумори „Ќерката на Еверест“. Овој врв е популарен за
искачување, а најлесната патека е оценета како трета класа, иако
постои ризик од лавини. Првиот човек кој се искачил на Пумори бил
Џерард Ленсер, дел од германско-швајцарска експедиција, во 1962 година.
Двајца Чеси се искачиле преку нова патека на јужната страна во
пролетта 1996. |
|
deranger
Сениор Visokogorska strazha Регистриран: 22.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Spagha vo 14-te vrvovi nad 8000 m/nv So 54% poginati od vkupniot broj iskachuvachi, Annapurna se smeta za najopasna planina vo svetot. |
|
Simnat od visokite planini
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Солунска глава 2.540 метри надморска височина, нешто домашно, според мене еден од најинтересните врвови за качување кај нас
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |