|
Македонците од Егејска Македонија |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 40> |
Автор | ||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во минатото ниту една песна не смеело да се пее, односно Македонците ги свиреле овие песни, но не ги пееле. Со текот на времето, односно во последните години, започна и да се пее, но само доколку во близина нема полиција, или радикално грчко население, односно маџири, просфиги. Затоа се чека да помине полноќ, полицијата да си замине и дури тогаш започнуваат со пеење. Од сево ова е сиклучок Овчарани, тие немаат страв ниту од полиција, ниту од војска, ниту од просфигите, кои си организираат посебна прослава. |
||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во другата тема Буги ме сети за грцкото гледиште односно поимот "Македонец" од едно измислено интерву со Никола Карев уште во 1903 г.:
‚Македонец ли си?‛, го прашувам. — Да. — И следователно Грк? --- Во таа реченица е синтезирано грцкото гледиште - кратко jасно, точно... |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прво - со тоа што говориш дека интервјуто е измислено, доволно покажуваш колку си запознаен со околностите. Второ- за Грците сите Македонци биле етнички Грци, а не етнички Македонци, затоа не можеш оваа ситуација да ја споредиш со онаа на баба Корнелија, која кажала дека не е Гркиња. |
||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
прво - интервуто е напално измислено, мислев што веке водивме разговор по овоj вопрос... ако не - кее ти одговорам во темата за Карев. второ - за Грците сите православни са биле Грци независно од езикот коj сборувале; Тие сметале што са заборавили родниот елински език, но немало пречка да се вратат кон грцизмот. По тоj вопрос работел уште Данаил Москополец... да не заборавим и Германос Каравангелес. трето - етнички Македонци немало тогава... Дали си спомниш девизот на Павлос Мелас: "Бугарин да не остане..." Е, не са останали Бугари - или са били избити, или са били прогонети... тие кои останали им е било забрането да се нарекуват "Бугари".... Можело е да се нарекуват "Македонци" , ама според грцката логика "Македонец" е елин-гркофон, елин-славофон, елин-арванофон, елин-влахофон од географска област Македониjа. Изменето од чоли - 25.Август.2010 во 15:31 |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ќе говориме на темата за Карев.
Се сложувам, но тоа нема никаква врска со тоа дека Грците го создале македонизмот.
Пред да говориш за Павлос Мелас, ти препорачувам да ги прочиташ пишувањата на Павлос Мелас и да видиш самиот што говори, а не да читаш цитати ставени во устата на Мелас, затоа што кога умрел Мелас, ништо не извикнал веднаш умрел, а и и бил ограбен. Прочитај и за тоа повеќе. Не можеле да се нарекуваат Македонци, доколку можеа Македонците од Егејска Македонија немаше да избегаат од Грција и да бараат национални права. |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
КОМЕМОРАЦИЈА ЗА 62-ГОДИШНИНАТА ОД БРИТАНСКОТО НАПАЛМ БОМБАРДИРАЊЕ НА ГРАМОС И ВИЧО
25 август 2010 година, Скопје, Mакедонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН од оваа година ќе продолжат традиција на одбележување на годишнината од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо во Егејскиот дел на Македонија во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до1949 година со помен за жртвите од војната. На 27 август, петок, во 10 часот, делегација на Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН по повод шеесет и втората годишнина од британското напалм бомбардирање односно фрлањето на првите напалм бомби во светот во Македонија во 1948 година, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од Граѓанската војна во Грција, во Жена парк пред Собранието на Македонија, а во 11 часот во дворот на црквата „Света Богородица“ на Кејот на Вардар во Скопје ќе се одржи комеморација со панихида за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо со пригодни говори за настанот. На комеморацијата поканети се: претставници на верските заедници во Македонија; претседателот, пратениците и министрите; директорите на државните институти; ректорите на државните универзитети; градоначалниците на градот Скопје и скопските општини; дипломатско-конзуларните претставништва и странските мисии во Македонија; здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија; граѓаните на Република Македонија и пишаните и електронските медиуми. Од Комеморацијата ќе биде упатено барање до Велика Британија да се извини на грчките и македонските анти-фашисти од Втората Светска Војна за поразот во Граѓанската војна на Грција 1946-1949 година, за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо со цел спречување на комунизацијата на Елада и за британската асистенција за победата на грчките монархофашисти кои жестоко се пресметаа пред се со Македонците во Егејскиот дел на Македонија, поради договорот меѓу Черчил и Сталин, Велика Британија да ја добие Грција, а Советскиот Сојуз Бугарија и Романија. Македонија и Македонците повеќе нема да бидат колатерална штета на интересите на големите сили за свои сфери на влијание на овие простори. Никој повеќе не ќе може да ги крие историјата и археологијата за да не се открие вистината за Македонија. На комеморацијата ќе биде осудена употребата на оружјето за масовно уништување (напалм, хидрогенските, графитните и атомските бомби), а на светот ќе му се упатат пораки за мир и љубов наспроти војната и омразата. Очекувањата на Македонците во целиот свет за британското покајание е безрезервното признание на државното име Македонија и членство во Европската Унија и НАТО-Алијансата под државното име Македонија. Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН очекуваат не само исполнување на договорот меѓу Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Комунистичката партија на Грција за културна автономија на македонскиот народ во Грција по победата во Втората Светска Војна. Македонците во Егејскиот дел на Македонија од 1940 до 1949 година со илјадници жртви се вградија во темелите на државноста на Грција бидејќи заедно со Грците ја ослободија од фашистите, и поради тоа безусловно бараат враќање на граѓанските и имотните права на насилно прогонетите Македонци од Балканските војни до денес и за почитување на универзалните човекови права на Македонците кои денес живеат во Елада. Македонците во целиот свет го отфрлаат барањето за промена на државното име Македонија со цел легализација на грчкиот геноцид врз македонскиот народ и окупацијата на Македонија од Балканските војни до денес и бараат итен и безусловен прекин на разговорите за државното име Македонија. Македонците од целиот свет ги отфрлаат притисоците за промена на државното име Македонија како културен геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото. |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Обичните луѓе од Егејска Македонија си го нарекувале јазикот Македонски но тоа не им пречи на Грчките преведувачи да го преведат како Бугарски. Без разлика на ставовите околу народноста на тоа население важно е ова сведоштво. Книгата е од 1908 година. Изменето од depo - 25.Август.2010 во 19:56 |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I sto tolku makedonisticko ima vo tvoeto svedostvo?
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако тоа го додадеш кон се она што го постирав последниве недели на оваа тема, а каде населението јасно ја определува својата свест, името и својот јазик, веднаш прашај се што има бугаристичко, освен оние малку Бугарофрони за кои сведочи и Сулиотис, а кои ни приближно не биле колку и Македонците. А истотака ја урива и лагата на Чоли за баба Корнелија. Најкусо кажано - конечен удар на пропагандата за населението таму. Изменето од Македон - 25.Август.2010 во 23:50 |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Edna statija od 30 sept 1931 g. od koja se gleda grckiot stav i grckata terminologija.
Изменето од Каснакоски - 27.Август.2010 во 13:26 |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Словеногласните Македонци" е всушност јазично-регионална кованица, затоа што сите Македонци говорат македонски јазик, а не се делат на словеногласни, елинофони, албанофони и слично. Во случајот грчкиот политичар говори за населението на Македонија, а не за етнички Македонци, затоа што додава дека тие се дел од грчкиот народ. Јас повторно ќе кажам ,не е важно што говори емиграцијата во Бугарија, ниту грчките политичари, важни се сведоштвата за тоа што говори народот таму,а кои ги има на оваа тема. Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 13:31 |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Се е вазно, оти емиграцијата во Бугарија не паднала од небото.
А што да кажеме за емиграцијата во Америка? Пример е Стојан Христов. Започнав да истржувам за него и многу работи најдов, ама Буги со неговото бришење и фалсификување ми го секна ентузиазмот. Овој Стојан Христов од Кономлади е типичен пример за метаморфоза. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Емиграцијата во Бугарија, својата судбина ја врзала за Бугарија, а и ако веќе те интересира односот на истата со Македонците од Егејска Македонија, спомни си за односот на Македонците кон "Охрана" и кон оние што во Втората Светска војна се вратија во Грција. Мислам дека тоа доволно ќе ти го долови меѓусебниот однос. Стојан Христов е обвинуван од бугарските служби за соработка со Димитар Влахов и за "македонизам", собирајќи ги Македонците таму и оттргнувајќи ги од влијанието на бугарофилските кругови. |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I kakov bil odnosot kon "Ohrana"? Toa ti e omilenata manipulacija.
Za Stojan Hristov ne stanuva zbor dali bil obvinuvan ili ne. Pisuval covekot knigi i do 2sv. vojna edno pisuval, po toa evoluiral. |
||||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |