|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 6869707172 157> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Првпат читам хороскоп во кој ..пронајдов многу мои
особини и сличности......
Име: лат. Virgo, Девица Планета: Мерк*р |
|
Astro Venus
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 19.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Врз личноста влијаат не само - во кој знак е Сонцето во моментот на нејзиното раѓање - туку и сите планети, Месечината, аспектите кои тие меѓусебе ги градат, астролошките куќи, планетите во нив.....
За себе можеш повеќе да научиш на овој сајт https://sites.google.com/site/astrologyfreenatal (патем - бесплатно е) позз Изменето од Astro Venus - 19.Август.2010 во 16:01 |
|
Astro Venus
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 19.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
оф оф оф ова беше страшно Само да додадам - сите знаци имат и убави особини. Ако немаше и по некое негативно влијание, немаше да се нарекуваме - човечки род, туку ангелски род. позз Изменето од Astro Venus - 19.Август.2010 во 15:46 |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво за сајтов! Ми најде забава............. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рак - посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале “доброутро“
со правилна интонација, го менуваат расположението како ќе импадне на памет. Истакнат Рак: Џорџ Буш се е точно, освен тоа со добро утрото, па некогаш ни јас не викам добро утро, а не па да се навредам... |
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јарец - вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот “извини“не
постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, дабидете во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат.Чувствата незнаат да ги искажат со зборови, па наместо “те сакам“ честоможе да ве дочека со “губи се“. Би си ја продале душата за друштвенстатус. Истакнат Јарец: Стипе Месиќ Хахаа... баш не верувам во судбина и не ми е битен друштвениот статус... ама нема везе, интересно е за читање. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум МАЈМУН во кинески хороскоп.
|
|
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од Мерк*р, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот. Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани. Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи. Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни. Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот. Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: ...како само за мене да го пишеле |
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еј стварно? Како се смета тоа? Според година на раѓање? Мислам на фемина проверив, јас бев свиња. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne citam i ne veruvam vo horoskopi |
|
Hedonistka
Сениор Shapeshifter Регистриран: 17.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Veruvam i mn raboti mi se imaat pogodeno od horoskop ama neznam podznak niso ascendent ili kako i da se vikase nekoj da mi kazi neso interesnichko za rak? |
|
If you are reading this, get a life!
|
|
Powerful
Нов член Регистриран: 21.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАК (21. VI – 22. VII)
Сабота, 21 Август 2010 Не плашете се да бидете директни, но избирајте погоден момент. Ако криете некаква одбивност или пак презир кон дадена личност, подобро е денес да ја избегнете комуникацијата со неа. Агресивноста нема да ви донесе ништо добро. Можете само да ја изгубите почитта на другите. Општи карактеристики за рак Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена. Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста. Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера. Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни. Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение. Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина. Симбол: Рак Симболизира: Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки. Елемент: Вода Планета: Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло. Ден од седмицата: Понеделник Боја: Бела, сива и виолетова. Број: 2 Скапоцени камења: Сребро и перли. Најдобри професии: Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози. За да се спријателите со нив: Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење. Дел од телото: Гради, стомак. Добри карактеристики: Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни. Лоши карактеристики: Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни. Карактеристики по кои ќе ги познаете: Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице. Омилени работи: Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии. Работи кои ги мразат: Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани. Можете да ги најдете: Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо. Скриена желба: Да се грижат за своето семејство и пријателите! Не верувам многу во хороскоп, но го читам за забава. Некои работи се интересни и ми ги погодува, додека пак за некои сосема спротивно. |
|
Astro Venus
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 19.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
од Hedonistka
Veruvam i mn raboti mi se imaat pogodeno od horoskop ama neznam podznak niso ascendent ili kako i da se vikase nekoj da mi kazi neso interesnichko za rak? Мојот одговор на твоето прашање е: Можиш да си го одредиш подзнакот сама на овој сајт https://sites.google.com/site/astrologyfreenatal/ а воедно ке си прочиташ и толкување. И изработката на наталната карта е бесплатна. позз Изменето од Astro Venus - 23.Август.2010 во 12:05 |
|
astrovenus@yahoo.com
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подзнак Скорпија и тука ми искочи.
„Како последица на влијанието на вашиот подзнак Скорпија, вие имате борбена личност, силна и чесна природа, со склоност кон посесивност, било да е тоа од материјална, ментална или спиритуална природа. Вашето расудување е последица на вашите ставови кои се искрени, скептични, реалистични, стабилни и лојални, но сепак вие сте љубопитни и критични за различни идеи. Одредени контрадикторни инстикти може да ве прават некогаш тежок човек за да се живее со него. Тоа е изворот на ироничен и циничен подбив кој некогаш ги повредува другите. Вие тежнеете да се спротивставите на било каков авторитет, вие се чувствувате способни да донесете свои одлуки и сте доволно лукави со слаткоречивост да ги убедите луѓето да не ви стојат на патот за остварување на вашите намери. Освен тоа вашите интелектуални можности исто така ви даваат потенцијал да бидете талентиран истражувач и донесување на заклучоци на било кое поле. Други ваши природни одлики се вашата крутост и едностраното гледање, вашата голема способност за само-контрола и вашата упорност и енергија со која ги надминувате сите препреки. Вие треба да сте свесни за потребата да го канализирате вишокот на својата енергија во конструктивни цели или ќе станете распуштени. Спортови или психички вежби (борбени спортови) исто така се потребни за да се чувствувате добро. Вие многу ја цените својата работа. Секојдневниот живот и вообичаените активности за вас се одлични извори за себеисполнување. Вас ви се потребни другите за да се чувствувате комплетни и да ги реализирате своите амбиции.“ Чудно е како погодуваат луѓево што ги пишувале текстовиве... |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Внеси реплика | страница <1 6869707172 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |