IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Бизарности
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бизарности

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Бизарности
    Испратена: 06.Декември.2008 во 02:24
За да бидат одвоени бизарните работи од мистерии во темава ќе бидат префрлени постовите со таква содржина. За сите со слаб стомак тема која не се препорачува, лично и мене ми идат црева нагоре од работи кои некои ги сметаат за уметност, културно наследство или не знам што. Епа ја ќе префрлам постови овде вие  коментирајте (плукајте бре слободно).Или постирајте ако ви е помило, интернетот е преполн со секакви повраќаници.намигнување









Темава е започната денеска, Окт 24 2011 , со (зло)употреба на стар пост за да биде прва горенаведената информација.Гад блес го софтверот форумски.голема%20насмевка


Изменето од gonzo - 24.Октомври.2011 во 16:48
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 13:25
Во светот во кој што живееме се среќаваме не секогаш со пријатни за нас нешта и често мораме да се соочиме со последиците и одговорноста за некои наши (не)дела. Но парите и славата одсекогаш служеле како штит од сето тоа. Следуваат пет примери на славни и богати луѓе кои што не само што не ја сноселе одговорноста за лошите работи кои што ги сториле, туку и заработиле уште повеќе слава и богатсво фалејќи се со тоа.








5. Казанова

Злосторство: Инцест



Џакомо Казанова е познат по својата секс турнеја низ Европа. Помеѓу 1746 у 1774 година тој имал секс со повеќе жени отколку што вие имате пријатели на фејсбук. Со леснотии си се шетал од град во град о времето во кое што обичните луѓе едвај и да поминувале повеќе од седумдесетина километри од местото каде што биле родени, па така и воопшто не е за изненадување тоа што Казанова спиел со барем една личност од неговото семејно дрво. За несреќа, се испоставило дека таа личност била неговата родена ќерка.



Кога Казанова имал триесет и пет години тој случајно ја завел својата седумнаесетгодишна ќерка Леонилда. Дури и и предложил брак, но нејзината мајка, Дона Лукреција, му открила на Казанова дека Леонилда му е ќерка пред тие да стапат во брак. Во ситуација каде што многу луѓе би умреле од срам и би си ја удирале главата в ѕид, Казанова постапил сосема поинаку. Тој смирено ја повлекол брачната понуда и наместо тоа предложил една тројка. Голема семејна секс тројка. Во случај на некого се уште да не му е јасно за што станува збор, Казанова го решил проблемот со инцест- со уште повеќе инцест!



Моментот на нула чувство за одговорност:

Во 1789, Казанова ги напишал своите мемоари Histoire de ma vie (Историјата на мојто живот)- колекција од 3500 страници, во кои што главно се фокусира на неговите сексуални однесувања. Во автобиографијата е вклучена и приказната за Леонилда. Тој ја опишал „тројката“ со неа и нејзината мајка во бесрамни детали.

In 1789, Casanova wrote Histoire de ma vie (History of My Life) which is a twelve volume, 3500 page collection, all primarily focused on his sexual conquests. Included in the autobiography, is the story of Leonilda. He explains the threesome he shared between her and her mother in shameless detail.

„...На другата страна од креветот Леонилда се соблече целосно гола и и пријде, велејќи дека како татко можам да го видам тоа што сум го создал. Нејзината мајка е горда на неа, ја фали, и се радува поради тоа што сметам дека е прекрасна. Се задоволи со тоа што се наоѓаше во средината и пто на неа го истресов сиот оган со кој што горев. Љубопитноста на Леонилда длабоко ме возбуди.

....Возбудена, Леонилда со едната рака ја излудуваше својата мајка а со другата подметна шамовче за нејзиниот татко кој што се излеваше...“



4. Сорен Кејркегор

Злосторство: Заведување на малолетник



Како еден од основачите на егзистенцијализмот, Сорен Кјеркегор е широко познат по неговите анализи на религијата и човечката условеност. Но многу помалку се знае за него дека завел дете. Кјеркегор имал дваесет и четири години кога ја запознал четиринаесетгодишната Реџина Олсен, и одлучил дека најдобро што може да направи е да има секс со неа.



Има нешто во тие Олсенови

Но тој не се задоволувал само со „удри и бегај“. Кјеркегор сакал да развие моногама врска со Олсен, толку моногамна што сакал таа да не може да сака никој друг освен него.

Како и повеќето тинејџери, и Олсен лесно потпаѓала под импресии. Кјеркегор станал близок пријател на нејзиното семејство и суптилно почнал да влијае на нејзиниот вкус за уметност и култура, додека помалку суптилно работел под нејзиниот фустан. За време на две години Кјеркегор успеал да ја обликува нејзината свест така што таа не можела да се вљуби во никој друг освен него. Потоа кога таа наполнила осумнаесет години Кјеркегор ја побарал за жена, за по една година да ја откаже свршувачката оставајќи ја Олсен скршена и безнадежна.

Моментот на нула чувство за одговорност:

Шест години по раскинувањето на свршувачката Сорен Кјеркегор го напишал Дневникот на заводникот во кој што апатичниот протагонист на кој што му било многу здодевно во животот, влегол во животот на една млада девојка со намера да ја изманипулира така што ќе направи да се вљуби во него. Раскажувањето е толку отворено што е за чудење што Кјеркегор и воопшто се мачел да ги менува имињата на главните ликови.



3. Луј Алтјусер

Злосторство: Ја задавил својата сопруга



Сократ еднаш рекол: „Во секој случај оженете се, ако земете добра жена ќе бидете среќни, ако земете лоша, ќе станете филозоф.“ Никој не го следел тој совет побуквално од Луј Алтјусер. Овој марксистички философ од раниот дваесетти век останува омилена тема на книжевните критичари и студентите по философија. Но тоа за што помалку милуваат да разговараат брадосаните философи е фактот дека Алтјусер ја задавил својата сопруга.



“Се маткаш во телесноста, додека јас се обидувам да те внесам во метафизиката, батка.”

Вообичаено е сопружиците да се масираат еден со друг по тешките денови. Но, доста невообичаено е кога тие масажи се прават во пределот на вратот и со толку голема сила доволна да се смачка дишникот. Сепак, според Алтјусер токму тоа се случило на 16 Ноември 1980 година. Тој објаснил дека ја масирал својата сопруга (која што божем била кревка како лушпа од јајце) во пределот на вратот кога таа одеднаш престанала да дише.

Секако дека вратот е ранлив дел на човечкото тело, но вообичаено личноста која е задавувана покажува знаци на незадоволство од тоа што го правите, особено ако сте свртени лице в лице еден кон друг, така што Алтјусер не можел да каже дека не забележал дека неговата сопруга го губи здивот. А сепак, тој токму тоа го кажал....

Моментот на нула чувство за одговорност

Алтјусер никогаш не се соочил со судење, и наместо тоа бил пратен во душевна болница каде што ја напишал книгата L’Avenir diure Longtemps (Иднината трае вечно). Книгата представува мемоари во кои што тој се присетува на важните мигови од својот живот, како веселите доживувања од детството, но исто така и на моментот кога ја убил својата жена. Еве што пишува:

„Ги притиснав моите палци во празнината над клучната коска и потоа, се уште притискајќи, полека ги придвижував и двата, едниот кон десно а другиот кон лево, нагоре кон ушите каде што месото беше тврдо. Продолжив да ја масирам се додека мускулите на подлактиците не ми се изморија....Лицето на Хелена беше смирено и неподвижно; нејзините очи беа отворени и се џџареа во таванот.“



2. Еми Фишер

Злосторство: Обид за убиство



Лонг Ајленд е познат по две нешта: ледениот чај и Еми Фишер. Таа ја започнала својата врска со механичарот Џои Бутафуоко во 1992 откако ја удрила колата на нејзините родители и побарала од Бутафуоко да ја поправи и на никого да не кажува за тоа. Тоа што изгледа како обичен вовед за еротска сцена, всушност завршило доста сериозно, а особено со оглед а тоа што Еми била малолетна а Бутафуоко бил деветнаесет години постар. Имено, Еми ја застрелала сопругата на Бутафуоко. Фишер отишла една ноќ во нивната куќа и ја застрелала сопругата на механичарот в глава, но непрецизно, по што таа преживеала. Приказната набргу се појавила на насловните страници во САД, делумно поради љубовниот триаголник, а делумно и поради тоа што Бутафуоко е смешно презиме. Еми одлежала три години затвор поради обид за убиство, а исто така и Бутафуоко си го одлежал своето поради заведување на малолетник.

Моментот на нула чувство за одговорност

По одлежувањето на затворската казна, Еми била збунета поради тоа пто не била повеќе популарна како порано, по во напор да ја возобнови својата популарност, или барем да ги потсети луѓето за нејзиното постоење, Фишер напишала книга со заглавје „Да знаев тогаш...“ Автобиографијата изобилува со интимни детали за нејзината врска со Џои. Книгата била популарна некоја недела, за повторно да падне во заборав.



Очајна во обидот да остане во фокусот на вниманието, Фишер се појавувала на ток- шоуа соочувајќи се со Бутафуокови. Исто така снимила и секс клип, и започнала кариера како стриштизета, ветувајќи дека дел од бакшишите ќе ги донирала за унесреќените во Хаити. Сите тие треперења во нејзиниот темен живот биле обиди да го сврти вниманието на светот кон себе и да го потсети дека таа е некогашното мало девојче кое што ја застрелала таа жена во главата.



1. О.Џ. Симпсон

Уште едно убиство на сопруга



Во оваа листа на злосторства на славните луѓе го вклучуваме и О. Џ. Симпсон, американска рагби ѕвезда кој што наводно ги избодел својата жена и Род Годман до смрт во 1994, а кога велиме „наводно“ мислиме „несомнено“. Симпсон бил ослободен од обвинението за убиство со што уште еднаш се потврдува фактот дека во дуелот помеѓу доказите и мотивот од една страна, и славата и парите од друга, битката речиси секогаш ја добива богатството.



По судењето Симпсон ветил дека ќе почне неуморна потрага по вистинскиот убиец низ цела Америка. Се разбира, досега не успеал ништо да најде.

Моментот на нула чувство за одговорност

Во 2006 О. Џ. Симпсон се оибдел да докаже дека злосторството сепак може да биде исплатливо пишувајќи ја книгата If I Did It (Ако јас го сторев тоа) каде што поставува претпоставки како би се случиле убиствата ако тој ги сторел. Лудиот обид да заработи пари за сметка на смртта на неговата сопруга и нејзиниот пријател ја оставил американската јавност во неверување. Никој не можеше да биде сигурен дали тој се перчи со тоа што го сторил, или се фали дека ако имал можност да го стори тоа ќе го напревел десет пати подобро од вистинскиот убиец. Речиси секој верувал дека книгата нема да го види светлото на денот, но семејството на Голдман ги добила авторските права на книгата во замена за неплатената граѓанска парница. Потоа ја објавиле книгата под наслов If I Did It: Confessions of the Killer (Ако јас го сторев тоа: исповедта на убиецот), каде што зборот „ако“ е нагласен малку помалку отколку што Симпсон посакувал...



Симпсон не заработил ни скршена пара од неговата приказна. Иронично, книгата со која што се надевал дека ќе се здобие со слава и богатство докажала дека човекот кој што е способен да изврши две убиства со нож, е неспособен да убие две муви со еден удар.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 01:14
Седумте најморничави музеи во светот < ="" ="text/"> function mxclightup(imageobject, opacity){ if (navigator.appName.indexOf("Netscape")!=-1 &&parseInt(navigator.appVersion)>=5) imageobject.style.MozOpacity=opacity/100 else if (navigator.appName.indexOf("Microsoft")!= -1 &&parseInt(navigator.appVersion)>=4) imageobject.filters.alpha.opacity=opacity }



ImageДали некогаш ви било здодевно до смрт кога вашите родители или пак наставниците ве влечкале по музеи? Епа можело да биде и полошо, и тоа многу полошо (зависи за кого како, сепак), затоа што има музеи во светот кои што можат да ви нанесат таква траума од која што никогаш нема да може да закрепнете.

 

 

 

 

7. Музејот на мумиите

Image

Локација: Guanajuato, Mexico

Пријатна глетка зар не?

Image

Просто човек да се запраша зошто воопшто и постои вакво нешто во светот.

Да се каже дека ова е музеј полн со мумии воопшто и не е доволно да се опише севкупниот ужас на ова место. Замислете го ова: во древниот Рим имало понижувачка традиција на казнување според која тој што бил казнет требало да трча меѓу два реда од војници кои што го удирале и навредувале, што представувало вистински хорор за казнетиот. „Музејот на мумиите“ во  Гуанахуато, Мексико, има слично нешто, само што овде луѓето во редовите се голи....И мртви.

Image

Една од овие раце може во секој миг да посегне и да ве допре.

Мумиите од Гуанахуато се природно зачувани тела на жртвите од епидемијата на колера која што избила во 1833. Бидејќи овој музеј всушност представува една голема отворена и осветлена гробница, законитоста и моралноста на постоењето на овој музеј често се доведуваат во прашање.

Image

Повеќето од муиите кои што се изложени се трупови на луѓе чии што семејства не можеле да си дозволат да ја платат погребната такса. Ако не можете да си ја платите таксата, погодете....

Image

Завршувате како музејски експонат

Верувале или не, има дури и бебиња!

Image

Image

Image

И кога веќе сме кај кошмарните карневали на мртовци....

 

6. Catacombe dei Cappuccini

Image

Локација: Палермо, Сицилија

Добредојдовте во капучинските катакомби во Палермо, Сицилија. Опишаи како „човечки библиотеки“, овие катакомби служат како историски запис за луѓето од минатите времиња, како на пример за облеката која што ја носеле. Само што наместо кукли како во излозите на бутиците, а и на музеите, овде имате тела на вистински луѓе.

Image

Во 1599 монасите кои што живееле таму пронашле нов извонреден метод на зачувување на телата на мртвите од пропаѓање, и како што им налагала ситуацијата, тие почнале да се балсамираат еден со друг. Потоа и богатите локални жители сакале да бидат вброени меѓу капучинските мумии, бидејќи погребувањето на тоа место веќе станало статусен симбол.

И покрај тоа што се стари колку Галилео и бомбардирани за време на втората светска војна, некои од труповите се уште изгледаат мошне свежо....

Image

... и сите тие се облечени во убави алишта, веројатно очекувајќи го воскреснувањето.

Image

Image
"КУПЕТЕ РАЗГЛЕДНИЦИ!"

 

5. The Glore Psychiatric Museum

Image

Локација: Сент Џозеф, Мисури, САД

Психијатрискиот Музеј на Глор, порано познат како „State Lunatic Asylum No. 2“, изгледа речии како поставка во некоја галерија на модернистичка уметност.

Image

Ова дело е наречено "Шизофренија"

Image

Музејот го носи името на Џорџ Глор, кој што во шеесеттите години прибирал се што се однесувало на душевните заболувања и нивниот третман, па така овој музеј денес се смета за еден од најчудните во САД. Тој ги терал своите пациенти да прават реплики на некои од најужасните третмани практикувани во изминатите векови.

Image

Очигледно, правењето на вакво морничаво непто е извонреден начин да оздравеете

Резултатот е чудна и застрашувачка екск*рзија низ умовите на стотици лудаци, прикажувајќи ги уметничките дела на пациентите, од кои што некои се навистина софистицирани.

Image

Други личат на South Park...

Image

Но врвното достигнување на овој музеј сигурно претставува величевствениот мозаик, кој што бил конструиран целосно од содржината на стомакот  на некоја жена која што страдала од компулзивно голтање на нешта.

Image

Сето ова е од стомакот на жената.

Image

Жената која што ги проголтала тие 1 446 предмети починала во текот на хируршка интервенција. Очигледно, мозаикот бил направен од нејзините колеги, и можеби болничарите, кои што исто така се повеќе или помалку луди.

 

4. Музејот на менструацијата и женското здравје

Image

Локација: Њу Карлтон, Мериленд

ОК, овде сите сме повеќе или помалку зрели личности и менструацијата не е ништо повеќе одбивна од некои други телесни функции за кои што не разговараме во учтиво друштво. Тогаш што би имало лошо во тоа да има таков музеј посветен на менструацијата?

Image

Веројатно фактот дека музејот се наоѓа во подрумот на некој просечен човек од Мериленд, САД.

Image

Додека навистина има долга историја на впечатоците кои што женската менструација ги оставала врз човечката култура, почнувајќи од симболичните значења, па се до нејзното вклучување во Дон Кихот, на Сервантес, Музејот на менструацијата и женското здравје е всушност приказна за еден човек кој што имал сон: Хари Финли.

Почнувајќи од 1955, овој скромен средовечен Американец го посветил својот живот во создавањето на неговата колекција од женски хигиенски продукти и слични предмети. Неговото дело добило признание од Универзитетот Џон Хопкинс, како и од The New York Times- барем така вели на неговиот website- и од тогаш репутацијата на Хари е во постојан расцут.

Меѓу експонатите изложени во музејот се наоѓа и овој фустан направен од тампони...

Image

...добро организирани архиви...

Image

...што и да представува ова...

Image

...и конечно, сознанието дека вие и Хари сте единствените луѓе во куѓата. Навистина. Од 1999 сите посети намузејот мора да се закажуваат, и се од приватна природа, т.е. голема е веројатноста Хари да викаже да дојдете сами.

Image

Веројатно за никој да не може да ги слушне вашите врисоци

 

3. The Vent Haven Ventriloquist Museum

Image

Локација: Форт Мичел, Кентаки, САД

Image

Вентрилоквистичките кукли се застрашувачки сами по себе. Како и кловновите, тие се резултат на сериозна погрешна проценка на тоа што би можеле да биде детска забава. Повеќето од луѓето не би сакале да се наоѓаат во соба со неколку од овие. Но појдете во овој музеј, и ќе се најдете во соба полна со 750 вакви кукли.

Image

Збирката бла започната од човек по име, без никаква шега, Вилијам Шекспир Бергер- вентрилоквист аматер и богат тајкун, кој што го трошел своето богатство на купување на преку 500 од овие чудовишни појави, се до денот на неговата смрт.  Дали Бергер управувал со куклите, или пак тие со него, е доста дискутабилно.

Image
Семеен портрет

Една од позначајните придобивки на овој музеј е колекцијата на кукли на познатиот вентрилоквист Вилијам Вуд, кој што бил назначен како „најголемиот вентрилоквист на светот“, се до неговата смрт во несреќа со чамец во мексиканскиот залив. Четири од од неговите шест кукли се изложени во музејот, додека преостанатите две се изгубени во морето за време на несреќата.

Овој музеј претставува најголемата збирка на кукли во светот, а неговиот озновач Вилијам Шекспир Бергер ги надживеал својата сопруга, својот син, и својот внук, останувајќи без живи наследници. Како во хорор филм, зар не?

Image

 

2. Исландскиот фалолошки музеј

Image

Локација: Хусавик, Исланд

За што станува збор тука? За пениси.

Господа, колкумина од вас тука се толку горди што мислат дека нивните гениталии заслужуваат да бидат изложени во музеј? Ако ви се укаже прилика, можете да отпатувате на смрзнатиот север и да посетите еден музеј кој што целосно е посветен на машкиот полов орган.

Image

Замисла на поранешниот наставник по историја и самопрогласениот „фалологист“ Сигурур Хјартаерсон...

Image

...исландскиот фалолошки музеј ги вклучуа пенисите на преку сто видовицицачи. Во прилог на сето тоа, к*раторот на овој музеј додал и свои иновации. На пример овие лампи направени од топки.

Image

Големата збирка на уметнички дела на овој музеј во себе вклучува слики на пениси, лампи во вид на пениси, телефони и секакви други предмети кои што би можеле да се најдат како реквизити за ергенска, или моминска, или каква и да е вечер. Исто така прикажани се и пенисите на митски суштества како виленици, тролови и чудовишта.

Image

Како и да е, секој машки посетител на овој музеј треба да биде предупреден дека неговиот основач е опседнат со големината, и да биде свесен дека кога и некој „надарен“ да стапи на Исланд, Сигурур Хјартасон ќе биде таму со неговата секира.

Image

 

1. The Mutter Museum

Image

Локација: Филаделфија, Пенсилванија

Mutter Museum  е музеј на медицинскиот колеџ во Филаделфија, и без сомнение претставува случај за Ripley's Believe It or Not!.

Image

Основан во 1858 од благодарение на донацијата на Др. Томас Дент Мутер.

Image

Овој музеј е дом на една цела колекција на черепи- цел еден ѕид од черепи со често пати вознемирувачки, а поекогаш и смешни опишувања на начинот на смртта на тие луѓе.

Image

Можете да видите и нешто вакво, наречено „Сапунската дама“...

Image

...човечки црева...

Image

...остатоци од бебиња...

Image

...без коментар...

Image

...погодете што е тоа...

Image

...и на крајот, цела една серија на морничави слики на разни ужасни деформирачки болести...

Image

...и други деформитети

Image

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 03:23
6 најморничави нешта кои што луѓето ги собираат во вид на колекции < ="" ="text/"> function mxclightup(imageobject, opacity){ if (navigator.appName.indexOf("Netscape")!=-1 &&parseInt(navigator.appVersion)>=5) imageobject.style.MozOpacity=opacity/100 else if (navigator.appName.indexOf("Microsoft")!= -1 &&parseInt(navigator.appVersion)>=4) imageobject.filters.alpha.opacity=opacity }



ImageНекои луѓе собираат поштенски марки или пак стари монети, но од некоја причина, на некои луѓе тоа едноставно не им е доволно интересно. Па така тие се решаваат на собирањето на најодвратните и најморничавите предмети кои што би можеле да си ги замислите.

 

 

Еве една листа од шест такви примери за опседнатоста со собирање на чудни предмети, која што се граничи со фетишизам.

 

6. Коса на славните личности

Image

Славните личности- има ли воопшто нешто што јавноста не би сакала да грабне од нив? Луѓето го собираат нивното ѓубре, папараците ги сликаат нивните гениталии, за секој тривијален дел од нивниот живот луѓето трчаат да го купат најновиот број на нивниот омилен таблоид. Што е следното што преостанува? Што велите за поседување на вистинско парче од телото на славната личност? Се разбира, отсекување на прст од нивната рака се чини некако незаконски, но би можеле да се задоволите со прамен од нивната коса.

Image

Кој би можел да собира вакви работи?

Секој. Во изминатата декада бројот на сериозни колекционери на коса поранал од 150 до 2000. Зошто? Па, веројатно веќе претпоставувате дека нема нормален одговор на ова прашање, но интересот за таквото колекционерство изгледа дека во голема мерка е поврзан со неодамнешните големи пробиви генетските истражувања, па така луѓето кои што собираат вакви нешта изгледа сонуваат за денот кога ќе се клонираат во славна личност, или пак кога ќе си клонираат своја сопствена славна личност, или така нешто. Сериозно.

Image

Се работи само за прашање на време

Неколку прамени од косата на Џ.Ф. Кенеди во САД се продаваат за 205 долари преку интернет. Клопчето коса подолу му припаѓало на Че Гевара и е продадено во Октомври 2007 за 100 000 долари. Ви се верува ли? А и интересно е тоа што косата на еден комунист во САД вреди повеќе отколку председателот Кенеди кон кој што се негува извесен култ.

Image

Водечките дилери на коса се Луис Машро, колекционер од Мичиген кој што продава на eBay, и Џон Резникоф, кој што го држи Гинисовиот рекорд за неговата збирка на човечка коса. Резникоф има делови од косите на Мерилин Монро, Наполеон, Алберт Ајнштајн, па дури и од Линколн, како и парчиња коса од неговиот атентатор Вилкс Бут.  Како се чувствуваат се уште живите славни личности во врска со оваа манија. Па, во 2005 Резникоф склучил договор со берберот на Нил Армстронг за неколку прамени од неговата коса, но кога Армстронг слушнал за тоа, се обидел да ја блокира зделката. Неговите напори не вродиле со плод, и Резникоф донирал неколку илјади долари за омилените милосрдни организации на Армстронг колку за утеха. Пари кои што секако дека еден ден ќе му се исплатат, можеби кога ќе си клонира своја сопствена вселенска армија.

 

5. Murderabilia

Image

"Murderabilia" се нарекува уметноста создадена од сериските убијци. Затворските управители ги охрабруваат злосторниците да се занимаваат со такви активности, бидејќи веројатно е полесно да се справите со човек кој што држи четка во рацете отколку со некој кој што го држи неговиот омилен касапски нож. За време на неговиот затворски престој, познатиот психопат Џон Вејн Гејси одржувал уметнички изложби, и бил лидер во свесноста за морничавоста на кловновите.

Image

Во меѓувреме, познатиот сериски убиец Чарлс Менсон го поминувал своето време скицирајќи и правејќи пајаци од предиво и жици. Тој дури и напишал упатство од две страници во кое што опишал како да се направи пајак ала Менсон.

Image

Кој би го собирал ова?

Нема баш точни податоци за ова, но се чини дека продажбата на „мурдерабилиа“ е доста вносен бизнис, особено преку интернет каде што секојдневно се прават трансакции на MurderAuction.com  и  на DaisySeven.com, чиј што слоган е: „Каде што криминалот се исплати, секојдневно“, кој што како да е само малку подизменето за „За луѓето кои што мастурбираат на CourtTV“.

Гробарот Рик Стентон од Луизијана бил пионер во продавањето на вакви чкртаници и организирал изложби на уметноста создавана од најпознатите сериски убијци. Стентон се смета за зачетник на манијата со ваквиот вид на колекционерство, велејќи дека уметноста на убијците е„..нешто каде што чувствата се суштински, каде што личноста е се...Тие не се преокупирани со трендови, или со продажбата во уметничкиот свет“.

Image

Уште едно дело од Чарлс Менсон

Вреди да се забележи дека сериските убијци не се загрижени за продажбата најповеќе бидејќи законите не им дозволуваат да заработат пари. Во 1977, серискиот убиец по име Дејвид Берковиц можел да заработи цел товар пари со неговата книга во која што ги опишувал деталите, и издавачите се стрчале кон него. Тоа довело до донесувањето на законите наречени "Son of Sam laws" со кои се забранувало да се заработуваат пари на тој начин, и веројатно ги одвратило медиокритетните студенти по уметност да тргнат по патот на серискте убијци.

Исто така, кратка анализиа на уметноста на убијците покажува дека талентот нема никаква врска со лудилото. Лошиот уметник си останува лош уметник- без разлика дали ќе се реши да распарчи некој кутар скитник или не. На пример:

Image

Ова е некој вид на оргијастички череп насликан од Гејси, веројатно кога му здодеало сликањето на кловнови. Да, тоа е череп направен од пениси, и голи машки и женски тела.

Image

Оваа слика која што претставува сирена како скокотка ајкула е насликана од серискиот убиец Чарлс Нг, кој што убил преку 25 луѓе.

 

4. Нацистички предмети

Image

Обидот завоспоставување на светска доминација не е само во грлените говори и парадни маршови, туку и во производството на еден куп ѓубре со вашето лого на него. Нацистичка Германија создала голем број на вакви предмети, почнувајќи од лентите за раце со кукастиот крст на нив, па се до украсни ножови.

Како што изминуваат декадите, се повеќе се развива пазарот за оваа преостаната нацистичка опрема.

Image

Кој би можел да го собира ова?

Треба уште веднаш да истакнеме дека не се само неонацистите тие кои што го собираат сето ова. Има голем интерес и кај историчарите и колекционерите на антиквитети

Сепак, опседнатоста со нацистички предмети во некои кругови се граничи со фетишизам, како кога пред неколку години на укција се продавале божиќни СС картички, заедно со неглижето кое што и припаѓало на Ева Браун.

Image

Ретко вино на Хитлер: 4,000 фунти

EBay одбива да продава вакви нешта, а Yahoo! биле тужени поради аукција со белешките за говорите на Хитлер. Се разбира, исто и како кај порното, табуто е само дел од претставата. Можеби токму затоа продажбатана фашистичка галантерија се префрлила во Хонк Конг.

Image

 

3. Тетоважи од лешеви

Image

Луѓето кои што се тетовираат со бројни тетоважи тоа го прават најмногу за да привлечат внимание. Но што да кажеме за тие кои што собираат парчиња туѓа кожа со тетоважи на нив, одрана од свежите трупови и чувана во мумифицирана состојба под стакло?

Кој би можел да собира вакво нешто?

За изненадување, само мал број на луѓе собираат собираат вакви трофеи, а еден од нив е Др. Кацунари Фукуши. Тој е член на јапонскиот институт за тетоважи каде што се проучува ваквата уметност. Неговите парчиња кожа се од луѓе кои што го применувале традиционалниот „тебори“ стил на тетовирање, со кој што мастило од јаглен се вметнувало под кожата со помош на игли прикачени на бамбусови стапчиња.

Image

Членовите на Јакуза(јапонската мафија) се познати по ваквите тетоважи, и Фукуши поседува 105 беспрекорни примероци од кожа на јапонските мафијаши. Се уште не се достапни фотографии за неговата колекција , по се изгледа бидејќи не му е потребно тоа внимание. Повеќето од парчињата човечка кожа во колекцијата на Фукуши биле собрани за време на дваесеттите до четириесеттите години на минатиот век.

 

2. Pickled Punks

Image

"Pickled Punks" е сленг за фетуси кои што се чуваат во тегли со формалдехид, и потоа се изложувани за посетители. За морничавоста на ваквата глетка дури не треба ни да се зборува...

Кој би собирал вакво нешто?

Доколку мислите дека е противзаконски да се поседуваат абортирани деца во тегла, во право сте. М. Христ го осознал тоа во 1977 кога неговото бебешко фрик шоу било прекинато од полициска рација и тој бил уапсен поради незаконско поседување на човечки остатоци.

Image

Сакате да си играте наоколу со мртовци? За тоа ви треба специјална дозвола од мртовечницата, а тие тоа нема да го направат. Барем не за секој. Тогаш што му преостанува на некој фрик кој што е опседнат со смртта и разните морбидни фетиши. Да престане со неговото морбидно хоби. Е арно ама, тие не се откажуваат толку лесно, па кога мораат се задоволуваат и со гумена имитација.

Image

Овие имитации се продаваат по цена од 65 до 200 долари

Image

И кога мислите дека веќе морничавоста ги преминала сите граници... кликнете на следна страна

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 03:31

1. Отпечатоци на гениталии

Image

Уметноста на правење гипсени отпечатоци на човечки гениталии се појавила во шеесеттите. Веројатно започнало со тоа што некоја групи девојка сакала да си игра наставничка по уметност со некој рокер кој што можел да ја задржи доволно долго својата ерекција за да му постави гипс околу него. Пенисите на музичари од Џими Хендрикс до Френк Запа биле  пикнати во забарски гипс и обликувани како грчки скулптури за нивните љубовници, и за пијаните, дрогираните, и загорените фанови.

Кој би го собирал тоа?

Колекционерот на сите времиња на познатите гипсени пениси е Синтија Албритон, позната како Cynthia Plaster Caster . Синтија би одела од соба во соба по хотелите во Чикаго заедно со нејзината асистентка, која што откако ќе ги „подготвела“ субјектите за нивната изведба, таа земала отпечатоци од нивните славни рокерски пениси. KISS дури и посветиле песна на Синтија ("Plaster Caster"), и покрај тоа што таа никогаш не зела отпечатоци токму од нив.

Image

И ако веќе ви здодеало и да размислувате за сета таа фама и манија околу славните личности, да ви кажеме и дека дури и Roll Hall of Fame  е во преговори со Синтија да ја постави нејзината колекција на гениталии на славните личности во музејот.

Исто така, ваквиот начин на овековечување на интимата не е само за славните и богатите, а ниту пак само за припадниците на машкиот пол . Дури и обичните луѓе веќе почнуваат да закажуваат сесии кај ваквиот вид на уметници, веројатно да им направат подарок на нивните партнери за Св. Валентин.

Image

Цените за такво нешто варираат од 200 до 500 долари, во зависност од локацијата и типот на изведувањ
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 16:52
Изгледа некој е фан на вакви работи...скелет
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Tiana_titty Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiana_titty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2011 во 00:32
godinava na 7mi januari(na bozik) pocina dedomi. Za da bide pogolema slucajnosta , na toj den e rodenden na babami i nivna godisnina od brak. Nekolku nedeli odkako pocina , dodeka sedev kaj edna prijatelka u frizernica me zamolija da im svaram kafe.. go svariv kafeto go staviv u sholji i koga ja staviv mojata sholja na masa edna zhena mi se svrte i mi rece dali go gleas ova?? se svrtev i vidov kapki kafe na zemja pod mojata sholja,a bizarnoto e sho i tacnata i sholjata bea sovrsheno suvi odnadvor kako voopsto da ne se isturilo kafe nikade osven dole na zemjata :) mi rekoa deka dedomi posakal kafe od mene :)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.