|
Македонците од Егејска Македонија |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 40> |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Играорната група Солунчани од Егејска Македонија на прославата на Илинден во Овчарани,Егејска Македонија
Сузана Спасовска на прославата на Илинден во Овчарани, Егејска Македонија Огромна благодарност до Boogie што не информира за овие клипови. Од мене посебна благодарност за првиот клип. А еве нешто што и јас најдов Групата Синтезис на прославата на Илинден во Овчарани, Егејска Македонија Групата Синтезис на прославата на Илинден во Овчарани, Егејска Македонија Овчаранци очигледно нема да ја заборават никогаш Васка Илиева, која пееше на Илинден во Овчарани пред многу години Прославата на Илинден во Овчарани, 2010 година Прославата на Илинден во Овчарани Изменето од Македон - 23.Јули.2010 во 02:38 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[Грчката влада призна – Македонци живеат во најмалку 20 грчки села] Грчката влада призна дека во најмалку дваесетина села во седум општини живеат исклучиво Македонци. По пратеничкото прашање поставено од пратеници на фашистичката Лаос во кое бара да се забранат про - македонските верски прослави во села во северна Грција грчката држава започна кампања за запирање на панагирите како што нашинците ги нарекуваат верските прослави. Во допис испратен преку министерствата за внатрешни работи и за одбрана до префектурите кои потоа локалните власти ги доставувале до македонските села се општинските советници се предупредуваат дека учеството на вакви селски веселби не се пожелни. Од сите македонски села наведени на списокот единствено попуштиле Македонците во коструското село Шештево. Сега е полесно од пред 60 години не се уште постои страв вели чичко Коле од ова село кој нема проблем да се декларира како Македонец. - Многу е тешко да бидеш Македонец. Многу сме ние Македонците, ама се уште има луѓе што се плашат . Се плашат уште од граѓанската војна. Секој од семејството има по еден убиен. Разликата од тогаш, пред 50 години и сега е што почнуваме да си ги бараме правата. Порано бевме поисплашени – вели Коле Нотис од Шештево Во Грција има многу Македонци, но најголем дел од нив се уште се плашат да се кажат кои се и што се. Сите сакаат државна работа, а ако си Македонец тоа е речиси невозможно. Со економската криза и намалената можност за државна работа Коле очекува да се зголеми и бројот на Македонците. - Не можеме јавно да проговориме, ама ние сме Македонци и многу родители мене ми викаат, не можеме тоа да го кажеме, бидејќи на децата сакаме да им најдеме работа. А скришно се уште го читаат весникот „Нова Зора“- раскажува Коле. Доказ дека стравот е се уште присутен е и овој Македонец од леринските села кој не замоли да не го откриеме неговиот идентитет од страв дека грчката држава би можела да ги казни неговите роднини. - Официјално државата не ни прави проблеми, ама сепак имаме некои економски интереси, па треба човек да се пази – вели човекот што побара да остане анонимен. Тој вели го викаат Скопјанос, па ако им објасни малку повеќе на пријателите и ако почнат дискусија за историјата, дури тогаш ќе најадат заедничка линија. Горан Момироски |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жално, прославата во Шештево оваа година изостана поради притисокот на грчката држава, а досега имале прекрасни прослави. Во XXI век сеуште постојат држави кои на своите граѓани им забрануваат да организираат прослави, а во исто време се членки на ЕУ и НАТО, па и се декларираат како демократски држави, па уште и лулка на деморкатијата...да не е трагично, ќе е смешно. Голем срам за грчката држава. Стравот на нашиот народ донекаде е оправдан, особено на постарите луѓе, кои биле сведоци на ужасниот терор на грчките националисти врз македонскиот народ во времето и по граѓанската војна в Грција. |
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Македон - 31.Јули.2010 во 01:12 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Село Неред, Леринско- бастион на македонскиот непокор
Село Неред, Леринско, Егејска Македонија е место во кое ниту Турците со векови не успеале да воспостават ред ниту пак Грците во последните 100 години не успеале да ги асимилираат Македонците. Сместено во пазувите на планината Вич каде се одиграла една од најголемите битки во Граѓанската војна, Лазо Огненов се присетува на тие трагични моменти за македонскиот народ во Грција. Во Неред во турско немало ред, а сега во 21 век нема ниту интернет. Причина е што таму живеат само Македонци. -Ние сме како мува во млекото, велат селаните, додавајќи дека е тешко кога не ти дозволуваат да ги негуваш своите културни вредности создавани со векови. -Секогаш кога има листи на Виножито, македонските гласови одат кај партијата на Македонците, но понекогаш кога ги нема, гласаме за Пасок или за Нова демократија, но тие само не лажат. Секои четири години ветуваат дека состојбата ќе се подобри, но тоа не се случило, вели Тане Влахов. Го напуштаме Неред со чувство дека пред Македонците во леринско во Грција претстои голема битка не само за добивање на своите елементарни човекови права туку уште потрагично борба со сопствените ставови кои не запираат со децении. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве и линк до веста, најдолу се наоѓа и видео, каде говорат и Македонци од тоа село. Секоја чест за нивната храброст да не потклекнат. |
|
Karakonjul
Нов член Регистриран: 16.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кои се на сликата? Видите линкот:
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D0%B3%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B0%D1%81%D1%84%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B0%D1%81 Тагмата Асфалијас (грчки: Τάγματα Ασφαλείας), во превод: Батаљони за сигурност, се грчки паравоени контрачети кои соработуваат со фашистичките окупатори во Втората Светска Војна. Формирани се во 1943 година од страна на грчката колаборационистичка влада со цел помагање на окупаторската германска армија, и борба против се помочниот ЕЛАС, воден од КПГ. По Втората Светска Војна, Тагмата Асфалијас не се разоружани од грчката влада, туку напротив довооружени се и стануваат едно од орудијата на монархо-фашистичката влада подржана од англо-американската интервенција во борбата против Демократската Армија на Грција. Тагматистите извршуваат многу воени злосторства врз недолжното Македонско и грчко население. СНОФ води неколку успешни битки против нив. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неточно е дека во 1914 сите биле сметани за Бугари, односно може и некој сметал така, но вве и друго грчко сведоштво од Првата Светска војна за Македонците од тој дел на Македонија, во екот на борбите на македонскиот фронт, кое покажува дека сметките дома не се исти со оние на пазар. Горново сведоштво на грчки не е целосно, јас го поседувам целосното, но на македонски јазик. Ќе го постирам своето, а во истото ќе го задебелам делот кој е прикажан на грчки: Веќе една недела мојот живот тече во оваа тивка куќа како една тивка и мирна водичка низ меката трева. Длабоката потреба што ме тера повеќе да комуницирам со оригиналната душа на овие луѓе ме принудува упорно да навлезам во значењето на нивниот јазичен идиом. Тој претставува словенска гранка со многу турски и грчки елементи. Впечаток ми остави нагласката на една мажествена фонетика во овој јазик... Овие селани, чиј јазик добро го разбираат и Бугарите и Србите, првите ги мразат затоа што им ги зедоа децата војници. Вторите пак ги мразат бидејќи ги малтретираат како наводни Бугари. И нас Грците пропатувачи не гледаат со симпатична љубопитност, како автентични поданици на Патрикот т.е. на Православниот Патријарх од Константинопол, бидејќи неговите идеи се распостираат, макар обвиткани во матна и чудна таинственост врз овој христијански свет и бидејќи на гробовите на нивните стари достоинственици има плочи со грчки натписи, овие исти писма што се испишани вез искривените икони и старите црковни книги. Сепак, тие не сакаат да бидат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку само Православни Македонци. Станува збор за сведоштво на грчкиот војник Стратис Миривилис (грчки: Στρατής Μυριβήλης), кој откако бил повреден, командата го сместила во едно македонско семејство, каде останал до закрепнувањето. Впечатоците од таму ги поставил во делото "Животот во гробот" (грчки Η Ζωή εν Τάφω) напишано во 1924 година. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последните зборови на Мирка Гинова Ако некој залужува посебно место во историјата на Македонија, тоа е Мирка Гинова - жена борец.Мирка Гинова е родена во с. Русилово , Воденско, Егејска Македонија во 1923 г. По занимање била учителка. Таа во Македонија представува симбол на храброста и смелоста на македонските жени. Денес во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име. Како на пример државниот ученички дом за средношколци и студенти во Битола, каде постои и нејзин споменик. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Таа, заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот, за демократија и слобода.Таа беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. На 28 години (18 јуни, 1946) е осудена на смрт со стрелање, кој чин го воздигна во чин на родострастие. Народот ја опеал нејзината смрт, а повеќе македонски поети на Мирка и посветија потресни стихови. Таа загина во одбрана на честа и за слободата на својот народ. Достоинствено, храбро, рамо до рамо со своите соборци, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и к*ршумот ја избра бесмрноста. Грчката поетеса Рита Вуми Папа, потресена од нејзината погибија и смртта на безбројни нејзини соборци од редовите на македонското народно движење на отпорот, но и восхитена од нивното херојско држење пред чинот на егзекуцијата, и посветува една песна во збирката ‘Илјада стрелани девојки‘.Во писмото што било испратено до нејзиниот татко пишувалоЧ ..Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните., смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 и се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност.А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас, еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка...Мирка гинова е прва жена стрелана во Грција за политичка вина. Тихо Мирка си заспала (Песна за Мирка Гинова) Тихо Мирка си заспала во Почепските планини, во Почепските планини, таму долу во ливади. Насред ноќи пристигнале, втора чета комесари, гласот Мирка им го слушна, одма Мирка се разбуди. Во зората пристигнале клети шпиони фашисти, местото го заградија, жива Мирка фатија. Жива Мирка ја фатија, во град Воден ја носија, тешко Мирка ја мачија, жива во гроб ставија. Изменето од Македон - 21.Август.2010 во 02:08 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <1 1516171819 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |