|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 56> |
Автор | |
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала за рецептот бабо , ќе видиме утре колку сум вешт...
|
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Капини со медПотребни состојки:
Подготвување: Капините набрзина се чистат и мијат под млаз ладна вода во цедилка. Добро се цедат, се претураат во тенџере, се преливаат со мед и се ставаат на оган да провријат. Откако масата ќе зоврие се вари уште 2-3 минути, а потоа уште врела се тура во тегли претходно загреани во рерна. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ледени коцки од малина
За да ги подготвите едноставниот и вкусни ледени коцки од малина, потребно ви околу половина час, неколку состојки и мала желба и причина за да се "проврткате" во кујна.
Помешајте ги млекото и слатката павлака, додајте го шлагот и ванилиниот шеќер и миксирајте додека смесата не се изедначи. Потоа, сипете ја смесата во сад кој минимално сте го намачкале со масло или путер, а одозгора распоредете ги малините. Покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во замрзнувач. После 3-4 часа, штом смесата добро ќе се 'стегне', исечете ја смесата на коцки и послужите со преостанатите малинки.Изменето од ФорумскаБаба - 29.Јули.2010 во 04:01 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лeден сникерсПотребни состојки:
Краток текст:
Консумирањето кикиритки или путер од кикиритки
најмалку 5 пати неделно, може да го намали двојно ризикот од срцев удар.
Во прилог на намалување на холестерол, тие спречуваат воспаление и ја
подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето. Подготвување:Изменето од sneska_v - 04.Август.2010 во 23:55 |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некоја од оние..постарите рецепти...
Брз колач (брзи гонзалес) Потребни состојки: 6 јајца 20 лажици шеќер 30 лажици брашно 200 мл. млеко 200 мл. масло за јадење 1 кесичка прашок за печење Шербет (фил): 30 лажици вода 20 лажици шеќер 1 маргарин 6 лажици какао 100 гр. чоколадо 2 кесички ванилин шеќер Во сад за матење со миксер се матиме 6 јајца и 20 лажици шеќер се додека шеќерот не се растопи. Потоа се додаваат млекото и маслото за јадење. Кесичката прашок за печење се меша со 30 лажици брашно, а потоа го додаваме во садот за матење и матиме додека смесата не се изедначи. Колачот го печиме во намрсена тава на 180oС околу 30 минути. Откако колачот ќе се испече, го вадиме од рерната и го оставамр настрана да се олади. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот (филот). 30 лажици водата и 20 лажици шеќер ги ставаме во тенџере на оган да се варат. Го додаваме маргаринот, 6-те лажици какао и 100-те гр. чоколадо, мешаме, и оставаме шербетот да зоврие.откако ќе зоврие го тргаме од огнот и ги додаваме 2-те кесички ванилин шеќер и мешаме додека да се растопи. Испечениот колач го сечиме на коцки или ромбови и врз него со лажица внимателно, пополека, истураме од шербетот. Внимателно ставаме од шербетот меѓу секое парче додека целосно не го потрошиме. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гурабии со сало Потребни состојки: 1 кг. брашно ½ кг. сало 250 гр. шеќер 3 јајца 1 кесичка прашок за печење 1 кесичка ванилин шеќер Салото, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер додека да се растопе шеќерот. Се додаваат 3-те јајца и пак се мате со миксер. Потоа, се додава брашното во кое претходно имавме измешано 1 кесичка прашок за печење и продолжуваме да го месиме тестото со рака додека да се соедини. Формираме гурабии по сопствена желба, ги редиме во плех и ги печиме во рерна на тивок оган. Изменето од ФорумскаБаба - 10.Август.2010 во 04:51 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт од бобинки
Потребно: 600 г боровинки, рибизли 2 ќесички ванилин шеќер 70 г кафен шеќер 1 ќесичка шлаг Приготвување: овошјето добро измијте го, исцедете го, па изладете го во фрижидер. Потоа, измешајте го со двата вида шеќер и распоредете го во чаши за послужување. Пред да го послужите, десертот добро изладете го и украсете го со изматениот шлаг. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Актуел Торта
3 банани - 5 јајца - 2 праски - 200 гр. диња - 100 гр. мелени ореви - 2 лажици мед - 700 мл. хопла - 6 лажици шеќер - 6 лажици брашно - 1 крем фикс - половина прашок за печиво - 100 мл. шампањско Потребно време за подготовка на овој десерт е 60- тина минути. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Почнуваме да матиме со миксер и во садот го додаваме шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашно. Потоа брашното го додаваме во садот за матење и мешаме со жица за матење. Во садот ги додаваме мелените ореви и мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Тестото за торта го истураме во тава обложена со хартија. Го рамниме тестото со лажица. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 180 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Го превртуваме пандишпанот на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Уште еднаш го превртуваме пандишпанот и го сечеме на половина. Во сад за матење ја ставаме хоплата. Почнуваме да матиме со миксер и го додаваме крем фиксот. Откако шлаг кремот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот. Праските ги лупиме и ги сечкаме на парчиња. Исечканите праски ги ставаме во подлабок сад. И бананите ги лупиме и ги сечкаме на тенки кругови, кои ги додаваме во садот со праските. И дињата ја сечкаме на парчиња и ја додаваме во садот. Го промешуваме овошјето. Првиот дел од пандишпанот го ставаме на чинија за торта. Го попрскуваме пандишпанот со шампањско. Врз пандишпанот го нанесуваме шлаг кремот и го премачкуваме пандишпанот. Врз шлаг кремот ставаме од мешаното овошје. Врз овошјето ставаме мед. Потоа го ставаме вториот дел од пандишпанот и целата торта ја премачкуваме со шлаг крем. Преостанатиот шлаг крем го полниме во готварски шприц, со чија помош ја украсуваме тортата. На средината на тортата ставаме мешано овошје и една лажица мед. Сечеме парче од Актуел тортата и го ставаме на чинија за послужување. Оваа торта мора да се јаде растурена. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алва од бадеми
- 50 гр. Бадеми - 2 чаши шеќер - 150 гр. Путер - 1 чаша гриз - 3 чаши вода Потребно време за подготовка на овој десерт е 20- тина минути. На оган ставаме едно тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. На даската за сечење крупно ги рендаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме ренданите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. Путер и промешуваме со лажица за путерот побрзо да се растопи. Откако шеќерот и путерот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата. На оган ставаме тенџере и во него ставаме путер и чоколадо за готвење да се растопат. Откако Путерот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да са стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив. Потоа парчињата ги редиме на чинија за послужување. Ги украсуваме со детелинки од лупени бадеми. Со тоа алвата од бадеми е подготвена. |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта од ориз со јаболкаПотребно:
1 лажица млеко 1 лажица маслиново масло 200 гр. ориз 100 гр.нерафиниран шеќер 2 ванили 1 кгр.јаболка 3 јајца Сок од еден лимон Цимет На врв на нож морска сол
Подготовка:
Во млекото се става маслиновото масло и солта. Кога ќе зоврие се става оризот и се остава на тивок оган да вари. Кога оризот е зовриен, се додава 100 гр.шеќер и двете ванили. Посебно се лупат јаболката, се сечат на парчиња, се цеди сокот од лимон, се попрскуваат со цимет, па се динстаат да омекнат. Во оладениот ориз се мешаат три жолчки. Потоа во огноотпорната тепсија се става половина ориз и јаболка,па другата половина ориз и така по ред. На крај се матат трите белки со три лажици шеќер, се прелива преку оваа маса и се печи 20 минути. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден кохПотребни состојки:
Подготвување: Во еден сад растопете го путерот, додадете брашно, па ставаме на тивок оган малку да порумени, потоа го тргаме од оганот и постепено додаваме загреано млеко, постојано мешајки, па го вракаме тавата повторно оган, за да добиеме густа смеса во неа, односно таканрачена бешамел сос. Во до половина оладениот крем ги додаваме една по една жолчките, малку сол, па се добро матиме. Чоколадата ја топиме, над пареа гомешаме шеќерот и две лажички вода, па кога до пола ќе се олади ја матиме во масата. Во сосема оладената смеса изладената маса вмешајте ја сода бикарбона и цврсто излупениот снег од белки. Во путерот премачкан со плех печеме во претходно загреана рерна. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусен десерт од смоквиСмоквите се здрави, а во комбинација со мед и сладолед тие се вистински предизвик за непцата. Смоквата е здрава за младите, а на старите им помага да не стареат толку брзо со тоа што успешно се борат против брчките. Помага при контрола на нивото на шеќер во крвта и го намалува нивото на холестерол. Тие имаат позитивно влијание врз здравјето на дебелото црево и врз ситоста на човекот. Јадењето смокви исто така е одлично затоа што ги намалува шансите за појава на рак. Потребни состојки: Смокви
Мед Цимет и Бадеми. Најпрво, загрејте ја рерната на 200°C, а од смоквите исечете ги краевите. Потоа капнете неколку капки на секоја смоква, ставете мед и цимет, додадете рака бадеми и целата смеса така подготвена, ставете ја во рерната и оставете ја да се пече 15 до 20 минути. Смоквите се послужуваат топли со сладолед од ванила. На смоквите секако може да додадете лешници, ванила, кори од портокал или лимон, ананас, ореви, листови мента или пак некое сортно вино. Наместо сладолед, смоквите може да ги сервирате со шлаг. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Смокви со цимет Потребно: |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден брз,вкусен десерт кој не бара многу време(5 минути работа),не бара вешта готвачка ,малку чуден состав ама резултатот е фантастичен.
БИСКВИТ ТОРТА СО ЈОГУРТ Потребни состојки 1 кг бисквити 1л јогурт 400 гр шеќер 4 банани Се истура јогуртот во еден подлабок сад,се додава шеќерот,потоа се додаваат сецканите банани директно во јогуртот за да не потемнат и на крај се додаваат издробените бисквити. Смесата убаво се промешува за да се хомогенизира ,а потоа се обликува во форма по ваш избор. Оставете ја во фрижидер тортата 2 часа,а потоа.....добар апетит! |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1314151617 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |