IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 30>
Автор
Порака
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 10:22
Брзи пирошки

400
гр. брашно
1 пециво
1 јајце
200 мл. млеко пресно ( не сум ги пробала со јогурт или кисело млеко)
200 гр. рендана салама
200 гр. дробено сирење

Се’ заедно се замесува.

Се зема по малку од смесата, се прават прво топчиња па после во форма на стапчиња со пречник околу еден сантиметар и се пржат во врело масло. Пред секоја следна пирошка се брашнат дланките( да не се лепи за раце тестото).
По желба може да се валкаат и во брашно,јајца и презла иако јас ги правам само со набрашнување на дланките.
Брзи се ептен, а вкусни мхм,мхм,мхм...
Идеални за доручек или вечера...со кисело млекце или јогурт задоволство

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 18:02

Полнета шницла

Потребно:

* 500 г телешко месо за шницли
* 100 г кајмак
* 2 јајца
* сол
* 70 г лебни трошки
* масло за пржење

Приготвување: телешките шницли исчукајте ги. Потоа, на секоја шницла ставете по една лажичка кајмак. Завиткајте ги во вид на ролат и добро прицврстете ги со чепкалки. Испрпелкајте ги во изматените и посолени јајца, потоа во лебните трошки и пржете ги во врело масло додека не добијат убава црвеникава боја. По пржењето, на шницлите извадете им ги чепкалките. Вака подготвените полнети шницли послужете ги со пире од компири и со кајмак.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 04:58
На ова можеби и не му е тука место..кој знае...ама еднаш гонзо ме праша што е тарана ...па си викам...во солени спаѓа...ај нека го има и ова во темава


    Тарана


Потребни состојки:

5 кг. ирмик
2 кг. брашно
15 јајца
3 л. млеко
Сол

Брашното и ирмикот се ставаат на синија за месење (или во подлабок сад). Се прави смесата од јајца, млеко и 1 лажица сол и постепено се додава во брашното и ирмикот. Се замесува поцврсто тесто и за време на месењето неколку пати се кини на поситни парчиња за полесно да се измесе. На крај ситно искинатите парчиња тесто се ставаат на сонце да се сушат, а потоа се рендаат на метален дрмоњ (превртен наопаку). Изренданата тарана се досушува на сонце, на чисти чаршави, а потоа се собира во платнена вреќа. Се чува на суво и темно место и вака собрана тараната може да стои неколку месеци.

(тараната со малку масло за јадење се пржи на оган за малку да зарумени, а потоа се додаваат вода и сол по вкус. Тараната е готова откако ќе ја впие водата односно откако ќе омекне)


е сега..ова дрмоњ...некој го вика е дермон...кој знае...
ама тоа е ова...

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:09
Јас го правам овие..демек брзи се..а и добри дури и за тие што не знаат да готват

    Брзи пирошки    



Потребни состојки
- 250 грама шунка
- 1 лажица/ци Сол
- 250 грама сирење
- 1 кесичка/ки Прашак за печиво
- 400 грама брашно
- 200 милилитри јогурт
- 1 јајца


Начин на подготовка

Направете вдлабнатина па додајте ги јогуртот, солта и јајцето. Замесете тесто па расукајте го и направете правоаголници.
Додајте ја шунката и сирењето, па преклопете ги.

Испржете ги во во загреано масло.

Испржени ставете ги кујнска хартија, убаво да се исцедат па послужете.

Изменето од ФорумскаБаба - 10.Август.2010 во 05:09
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 14:20
Ма­ка­ро­ни во сос од сар­ди­ни

Пот­реб­но:

300 г ма­ка­ро­ни
сол
За со­сот:
 800 г (1 кон­зер­ва) лу­пе­ни до­ма­ти
 1 ла­жич­ка ше­ќер
 2 ла­жич­ки за­чи­нал
 3 ла­жи­ци мас­ли­но­во мас­ло
 3 чеш­ни­ња лук
 1 ла­жич­ка сит­но сеч­кан маг­до­нос
 400 г сар­ди­ни

При­гот­ву­ва­ње: ма­ка­ро­ни­те сва­ре­те ги во со­ле­на, ври­е­на во­да и ис­це­де­те ги. Сар­ди­ни­те ис­чис­те­те ги, отс­тра­не­те им ги гла­ви­те и сред­на­та ко­ска. Во заг­ре­а­но­то мас­ло про­пр­же­те ги фи­ле­ти­ра­ни­те сар­ди­ни, до­да­де­те ги во нив до­ма­ти­те од кон­зер­ва­та, ис­тол­че­ни­от лук, ше­ќе­рот, за­чи­на­лот, па се­то тоа дин­стај­те го око­лу 15 ми­ну­ти. На крај сар­ди­ни­те со со­сот по­си­пе­те ги со сит­но сеч­ка­ни­от маг­до­нос. Топ­ли­те ма­ка­ро­ни из­ме­шај­те ги со сар­ди­ни­те и со­сот и пос­лу­же­те ги.
Кон врв
DANDO Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DANDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 12:34
Zdravo dragi moi ako nekoj znae recept za pogaca fanurija
go molam da mi prati hitno mi treba znam samo deka se pravela vo Prilep za Sveti Fanurij.
Vi blagodaram
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 17:58
Похувани филети од пастрмка

Потребно:

1 кг филети од пастрмка
2-3 лажици лимонов сок
1 лажица ситно сечкани зачински билки
масло за пржење
сол
Смеса за панирање:
50 г брашно
2 јајца
50 г рендан ементалер
50 г трошки

Приготвување: филетите измијте ги и исушете ги со хартиена салфета. Испрскајте ги со лимоновиот сок, посипете ги со ситно сечканите зачински билки и со сол, па оставете ги да отстојат околу 20 минути на ладно место. Маринираните филети испрпелкајте ги во брашното, потопете ги во изматените јајца и испрпелкајте ги во трошките измешани со ренданиот ементалер. Пржете ги во загреано поголемо количество масло од секоја страна по околу три минути.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 07:56
Варено Телешко со зеленчук

- 800 гр. телешка кртина
- 200 гр. свежа зелка
- корен од целер
- 100 гр. моркови
- 1 главица кромид
- 1 лупен компири
- мајчина душичка
- црн пипер во зрна
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 и полчаса. 
Во тенџере налеваме вода и го ставаме на оган. Месото го посолуваме од сите страни. Потоа месото го ставаме во тенџерето на оган. Во тенџерето ги додаваме морковите и компирот. Коренот од целер го лупиме и го сечкаме на парчиња. Парчињата ги додаваме во тенџерето на оган. Главицата кромид ја сечкаме на кругови, па и нив ги додаваме во тенџерето. Зелката ја сечеме на половина и парчињата зелка ги додаваме во тенџерето. Во тенџерето ја рониме мајчината душичка и ги додаваме зрната црн пипер. Посолуваме, го покриваме тенџерето со капак и оставаме да се вари 2 часа. 
Го тргаме капакот од тенџерето и вареното месо го вадиме од тенџерето. Зеленчукот го ставаме на даска за сервирање. Месото го сечеме на парчиња и парчињата месо го редиме на чинијата. На даската ставаме и сад со павлака украсена со лист магдонос. Месото и зеленчукот ги преливаме со течноста во која се вареа. 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 15:15

Ролат од спанаќ

Ролат%20од%20спанаќ
 

Потребни состојки:

  • 300 грама Шунка
  • 500 грама Спанаќ
  • 500 грама Сирење
  • 400 милилитри Млеко
  • 125 грама Маргарин
  • 150 грама Кисела павлака
  • 200 грама Брашно
  • 5   Јајца

Подготвување:

Маргаринот се топи на умерена температура, па се додава брашното и постепено се пржи.

Потоа се додава спанаќот кој е претходно измиен, исецкан и посолен, сè заедно пропржете и постепено додавајте го млекото.

Кога масата ќе се соедини малку оладете ја, па додадете ги жолчките.

Белките добро измешајте ги, па додадете ги во смесата.

Смесата сипете ја во плех кој е обложен со масна хартија за печење и печете ја во рерна на 200 степени 30 минути.

Потоа филовајте со претходно подготвениот фил.

Фил: сoединете ги сирењето и павлаката, а потоа додадете ситно исецкана шунка.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 15:28

Посен полнет модар домат

Посен%20полнет%20модар%20домат
Потребни состојки:
  • малку   Сол
  • 300 грама Ориз
  • 1500 грама Модар Домат
  • 100 милилитри Масло
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 30 грама Лук
  • 200 грама Домат 

Подготвување:

Модриот домат измијте го, па пресечето го на пола.

Со лажичка од секоја половина извадете ја средината така да се направи вдлабнатина.

Во тава ставете малку масло, па на него пржете го лукот.

Исецкајте ја средината на модриот домат на коцки која претходно ја извадивте, додадете го кромидот, па пропржете.

Потоа додадете го изгмечениот бел лук, сол, зачинска сол и доматот, кој претходно сте го измиле и исецкале на коцки.

Во исто време во друг сад сварете го оризот, па потоа додадете го во садот со домат.

Лесно промешајте за смесата да се соедини, па тргнете од оганот.

Со добиената смеса полнете ги доматите.

Печете ги во рерна на 160 степени околу 15 минути.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 16:24
Похувана шницла "слоново уво"

Потребно:

800 г свинско месо од бут
150 мл минерална вода
1 лажица зачинал
масло за пржење
За панирање:
100 г брашно
3 јајца
100 г лебни трошки

Приготвување: свинското месо исечете го на шницли, па добро исчукајте го, за секоја шницла да има размер од 20 см. Месото малу посолете го, посипете го со зачиналот и оставете го да отстои околу 2 часа во минералната вода. Шницлите исушете ги со хартиени салвети, испрпелкајте ги во брашното, изматените јајца и лебните трошки. Пржете ги во загреаното масло од секоја страна по 3 минути.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 06:46
Похован кашкавал
 
Кашкавалот исечете го на подебели долги парчиња.

Валкајте во лебни трошки, па во изматените јајца, повторно во лебни трошки и пржете во загреано масло додека добие жолта боја.

Испржениот кашкавал ставајте го на кујнска хартија, а потоа послужете го
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 14:47

Маринирани тиквички со моцарела

Потребно:

* 1 кг тиквички
* 4 млади кромитчиња
* 200 г моркови
* 125 г моцарела

За преливот:
* 50 мл вода
* 1 лажица балзамико оцет
* 3 лажици масло
* 2 лажички зачинал

Приготвување: тиквичките и морковите измијте ги и исечете ги на долгнавести, тенки парчиња. Исчистенотио младо кромитче исечете го на тркалца, а моцарелата на коцкички. За преливот измешајте ги зачиналот, водата и балзамико оцетот, па оставете ја смесата да отстои 10 минути. Потоа сипајте го маслото, добро измешајте ја смесата, па прелијте ја врз зеленчукот. Салатата оставете ја да се маринира 15 минути, а пред да ја послужите, врз тиквичките распоредете ја моцарелата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 15:13

Печен карфиол со домати и со кашкавал

 
Состојки:

1 главица карфиол, околу 1 килограм
100 грама путер
80 грама кашкавал
2 јајца
200 милилитри млеко
3 лажици крем
1 лажица брашно
магдонос
2 домати


1. Отстранете ги вишокот листови од карфиолот, поделете го на цветови, измијте го и варете го во солена вода 10 минути.

2. Откако ќе го исцедите, ставете го на сад за готвење. Путерот стопете го, а потоа измешајте го со јајцата, млекото, кремот, брашното, сол, бибер, исечканиот магдонос и половина од изренданиот кашкавал.

3. Измешаната смеса прелијте ја врз карфиолот, додадете ги ситно исечканите домати и остатокот од кашкавалот и ставете ја во печка да се пече на 180 степени околу 15 минути.
/
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.