|
Животни - општа дискусија |
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потрошила над 76.000 долари за да го излекува папагалот
Американката Ен Ловери од Тампа, Флорида потрошила 76.405 долари за да му го продолжи животот на папагалот Ареби, на кого во 2008-та година му бил дијагностициран рак. Ветеринарите тогаш и кажале на Ловери дека нејзиното милениче ќе живее уште две месеци, но таа ја ангажирала др. Тереза Лајтфут, експерт за егзотични животни од Ветеринарниот институт на Флорида. На птицата и биле извршени операции и била подложена на хемотерапии. Папагалот починал на 17-ти март годинава, по 18 месеци битка со ракот. Ветеринарите тврдат дека птицата не страдала. Ловери го чувала Ареби 32 години. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Риба преживеала на суво седум часа
Кога Керол Норис (44) едно утро ја забележала својата тринаесет годишна златна рипка како лебди на површината од садот со вода и не дава никакви знаци на живот, помислила дека тоа е крајот за рипката. Норис ја ставила „мртвата“ риба во салфетка и ја тргнала на страна. По седум часа откако таа и нејзиниот сопруг ги завршиле дневните обврски решиле да ја закопаат рибата во градината. Но, за чудо занемеле кога виделе дека таа е жива и мрда со перките. Рипката веднаш била вратена во вода, но повторно се однесувала чудно. По неколку дена се вратила во совршена форма како да немало никаков проблем. -Вреснав кога ми се помрда во рацете. Бев изненадена, но во исто време изгледаше морбидно, се прашувам дали овие риби паѓаат во кома, истакнува Норис. Сега Норис и нејзиниот сопруг планираат да и купат на рипката поголем сад за вода затоа што го заслужила тоа. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Смеењето на хиената пренесува информации
Смеењето кое што го испуштаат хиените е мошне препознатливо за нивниот вид, но сега научниците тврдат дека преку него се испраќаат информации за нивното место во фамилијарната хиерархија. Заклучокот е донесен откако било направено набљудување на колонија од 26 хиени кои живеат во САД и кои се на различна возраст и имаат различен статус. -Смеењето на хиената им дава на истражувачите информации за нејзиниот статус, истакнува доктор Фредерик Теунисен, од универзитетот во Калифорнија. |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уу... многу сакам животни. Одсекогаш сум сакала.Порано желба ми беше да бидам ветеринар... а мислам.. и сега не е изумрена таа желба. Омилени животни... свињи. Многу сакам.Исто и крави, овци, кози, гуски, коњи, шатки... многу се од домашните...Од оние “другите“ многу ги сакам тигарите и лавовите.. исто и пантерот...И коалата.. и нојот. Дома имам едно пикинезерче, многу луто, ич нејќе да се гали... Имам риби.. И сеа најново едно бело убавко зајче. Исто и неколку мачки.Одсекат сум довлечкувала дома џукели, сум ги ранела...And I'm proud o It! П.С Исто сакам и тарантули. Изменето од Tiggy Vicious - 10.Ноември.2010 во 22:46 |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам долговлакнести мачки, особено Персиски, кучиња (одредени раси), хрчаци и морски прасиња и нормално моите шампиони зајчињата
Имам мерак на птици овие песнопојни, некои јапонски раси, канаринци, папагали и сите животинки со округли слатки фаци.
ПОни коњчиња и магариња.
Од дивите животни посебно ми се омилени големите мачки, поларните лисици, волци, мечки, слоновите.
Општо го сакам животинскиот свет со исклучок на влекачите, посебно змиите и крокодилите.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аби-најгрдото куче на светот
Принцезата Аби, мала чивава која има искривен грб, нозе и не гледа на едното око е прогласена за најгрдото куче на светот, на овогодишниот натпревар одржан во Калифорнија. Сопственичката на Аби, Кејтлин Франсис го посвоила кученцето од својот ветеринар пред пет месеци, но ни на сон не очекувала дека токму тоа мало животинче ќе и донесе награда од 1000 долари. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Наидов на една статија ....и мислам дека може да стои овде ...
Кравата на Радомирка Тимотијевиќ од Србија во саботата донесе на живот теле со две глави! "Велат дека вакво нешто се случува еднаш во 20 години...... но таквите телиња обично брзо умираат, но ова преживува веќе 5-ти ден", изјави г-ѓата Радомирка, истакнувајќи дека телето не може да цица бидејќи му пречи другата глава. "Го хранам со млеко од шише, баш како бебе", додава таа. Едната глава на ова теле е нормална, додека другата е прилепена и не е комплетно формирана. Ветеринарот Реџеп Личин објаснува дека за време на создавањето дошло до соединување на две телиња во едно, кое денес едното носи две глави. "Ова е типичен пример кој покажува дека неконтролираното парење доведува до деформитети", вели Личин, напомнувајќи дека кравата е оплодена од бик со непознато потекло. Тој вели дека телето засега има шанси да живее, но не е исклучена можноста за хируршко отстранување на другата глава, што воедно е и голем ризик. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....a ima ..ochi!!
ama, djabe koga ne i "rabotat"
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се појави риба мутант во Преспанското Езеро Рибата е комбинација на плашица и на грунец. Ги има особеностите на двете риби, а мутацијата настанала како резултат на преголемата употреба на пестициди на земјоделските површини во близина на Езерото Хидробиолозите открија риба мутант во Преспанското Езеро. Рибата е комбинација на плашица и на грунец. Ги има особеностите на двете риби, а мутацијата настанала како резултат на преголемата употреба на пестициди на земјоделските површини во близина на Езерото, кои со дождовите се слеваат во него, вели познатиот охридски биолог д-р Трајче Талески. |
|
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |