Дали
некогаш ви било здодевно до смрт кога вашите родители или пак
наставниците ве влечкале по музеи? Епа можело да биде и полошо, и тоа
многу полошо (зависи за кого како, сепак), затоа што има музеи во
светот кои што можат да ви нанесат таква траума од која што никогаш
нема да може да закрепнете.
7. Музејот на мумиите Локација: Guanajuato, Mexico Пријатна глетка зар не? Просто човек да се запраша зошто воопшто и постои вакво нешто во светот.
Да се каже дека ова е музеј полн со мумии воопшто и не е доволно да се
опише севкупниот ужас на ова место. Замислете го ова: во древниот Рим
имало понижувачка традиција на казнување според која тој што бил казнет
требало да трча меѓу два реда од војници кои што го удирале и
навредувале, што представувало вистински хорор за казнетиот. „Музејот
на мумиите“ во Гуанахуато, Мексико, има слично нешто, само што овде
луѓето во редовите се голи....И мртви. Една од овие раце може во секој миг да посегне и да ве допре.
Мумиите од Гуанахуато се природно зачувани тела на жртвите од
епидемијата на колера која што избила во 1833. Бидејќи овој музеј
всушност представува една голема отворена и осветлена гробница,
законитоста и моралноста на постоењето на овој музеј често се
доведуваат во прашање. Повеќето
од муиите кои што се изложени се трупови на луѓе чии што семејства не
можеле да си дозволат да ја платат погребната такса. Ако не можете да
си ја платите таксата, погодете.... Завршувате како музејски експонат Верувале или не, има дури и бебиња! И кога веќе сме кај кошмарните карневали на мртовци.... 6. Catacombe dei Cappuccini Локација: Палермо, Сицилија
Добредојдовте во капучинските катакомби во Палермо, Сицилија. Опишаи
како „човечки библиотеки“, овие катакомби служат како историски запис
за луѓето од минатите времиња, како на пример за облеката која што ја
носеле. Само што наместо кукли како во излозите на бутиците, а и на
музеите, овде имате тела на вистински луѓе. Во
1599 монасите кои што живееле таму пронашле нов извонреден метод на
зачувување на телата на мртвите од пропаѓање, и како што им налагала
ситуацијата, тие почнале да се балсамираат еден со друг. Потоа и
богатите локални жители сакале да бидат вброени меѓу капучинските
мумии, бидејќи погребувањето на тоа место веќе станало статусен симбол.
И покрај тоа што се стари колку Галилео и бомбардирани за време на
втората светска војна, некои од труповите се уште изгледаат мошне
свежо.... ... и сите тие се облечени во убави алишта, веројатно очекувајќи го воскреснувањето. "КУПЕТЕ РАЗГЛЕДНИЦИ!" 5. The Glore Psychiatric Museum Локација: Сент Џозеф, Мисури, САД Психијатрискиот Музеј на Глор, порано познат како „State Lunatic Asylum No. 2“, изгледа речии како поставка во некоја галерија на модернистичка уметност. Ова дело е наречено "Шизофренија" Музејот
го носи името на Џорџ Глор, кој што во шеесеттите години прибирал се
што се однесувало на душевните заболувања и нивниот третман, па така
овој музеј денес се смета за еден од најчудните во САД. Тој ги терал
своите пациенти да прават реплики на некои од најужасните третмани
практикувани во изминатите векови. Очигледно, правењето на вакво морничаво непто е извонреден начин да оздравеете
Резултатот е чудна и застрашувачка екск*рзија низ умовите на стотици
лудаци, прикажувајќи ги уметничките дела на пациентите, од кои што
некои се навистина софистицирани. Други личат на South Park... Но врвното достигнување на овој музеј сигурно претставува величевствениот мозаик, кој што бил конструиран целосно од содржината на стомакот на некоја жена која што страдала од компулзивно голтање на нешта. Сето ова е од стомакот на жената. Жената
која што ги проголтала тие 1 446 предмети починала во текот на хируршка
интервенција. Очигледно, мозаикот бил направен од нејзините колеги, и
можеби болничарите, кои што исто така се повеќе или помалку луди. 4. Музејот на менструацијата и женското здравје Локација: Њу Карлтон, Мериленд
ОК, овде сите сме повеќе или помалку зрели личности и менструацијата не
е ништо повеќе одбивна од некои други телесни функции за кои што не
разговараме во учтиво друштво. Тогаш што би имало лошо во тоа да има
таков музеј посветен на менструацијата? Веројатно фактот дека музејот се наоѓа во подрумот на некој просечен човек од Мериленд, САД. Додека
навистина има долга историја на впечатоците кои што женската
менструација ги оставала врз човечката култура, почнувајќи од симболичните значења, па се до нејзното вклучување во Дон Кихот, на Сервантес, Музејот на менструацијата и женското здравје е всушност приказна за еден човек кој што имал сон: Хари Финли.
Почнувајќи од 1955, овој скромен средовечен Американец го посветил
својот живот во создавањето на неговата колекција од женски хигиенски
продукти и слични предмети. Неговото дело добило признание од
Универзитетот Џон Хопкинс, како и од The New York Times- барем така вели на неговиот website- и од тогаш репутацијата на Хари е во постојан расцут. Меѓу експонатите изложени во музејот се наоѓа и овој фустан направен од тампони... ...добро организирани архиви... ...што и да представува ова... ...и
конечно, сознанието дека вие и Хари сте единствените луѓе во куѓата.
Навистина. Од 1999 сите посети намузејот мора да се закажуваат, и се од
приватна природа, т.е. голема е веројатноста Хари да викаже да дојдете
сами. Веројатно за никој да не може да ги слушне вашите врисоци 3. The Vent Haven Ventriloquist Museum Локација: Форт Мичел, Кентаки, САД Вентрилоквистичките
кукли се застрашувачки сами по себе. Како и кловновите, тие се резултат
на сериозна погрешна проценка на тоа што би можеле да биде детска
забава. Повеќето од луѓето не би сакале да се наоѓаат во соба со
неколку од овие. Но појдете во овој музеј, и ќе се најдете во соба
полна со 750 вакви кукли.
Збирката бла започната од човек по име, без никаква шега, Вилијам
Шекспир Бергер- вентрилоквист аматер и богат тајкун, кој што го трошел
своето богатство на купување на преку 500 од овие чудовишни појави, се
до денот на неговата смрт. Дали Бергер управувал со куклите, или пак
тие со него, е доста дискутабилно. Семеен портрет Една
од позначајните придобивки на овој музеј е колекцијата на кукли на
познатиот вентрилоквист Вилијам Вуд, кој што бил назначен како
„најголемиот вентрилоквист на светот“, се до неговата смрт во несреќа
со чамец во мексиканскиот залив. Четири од од неговите шест кукли се
изложени во музејот, додека преостанатите две се изгубени во морето за
време на несреќата. Овој музеј претставува најголемата збирка на
кукли во светот, а неговиот озновач Вилијам Шекспир Бергер ги надживеал
својата сопруга, својот син, и својот внук, останувајќи без живи
наследници. Како во хорор филм, зар не? 2. Исландскиот фалолошки музеј Локација: Хусавик, Исланд За што станува збор тука? За пениси.
Господа, колкумина од вас тука се толку горди што мислат дека нивните
гениталии заслужуваат да бидат изложени во музеј? Ако ви се укаже
прилика, можете да отпатувате на смрзнатиот север и да посетите еден
музеј кој што целосно е посветен на машкиот полов орган. Замисла на поранешниот наставник по историја и самопрогласениот „фалологист“ Сигурур Хјартаерсон... ...исландскиот
фалолошки музеј ги вклучуа пенисите на преку сто видовицицачи. Во
прилог на сето тоа, к*раторот на овој музеј додал и свои иновации. На
пример овие лампи направени од топки. Големата
збирка на уметнички дела на овој музеј во себе вклучува слики на
пениси, лампи во вид на пениси, телефони и секакви други предмети кои
што би можеле да се најдат како реквизити за ергенска, или моминска,
или каква и да е вечер. Исто така прикажани се и пенисите на митски
суштества како виленици, тролови и чудовишта. Како
и да е, секој машки посетител на овој музеј треба да биде предупреден
дека неговиот основач е опседнат со големината, и да биде свесен дека
кога и некој „надарен“ да стапи на Исланд, Сигурур Хјартасон ќе биде
таму со неговата секира. 1. The Mutter Museum Локација: Филаделфија, Пенсилванија Mutter Museum е музеј на медицинскиот колеџ во Филаделфија, и без сомнение претставува случај за Ripley's Believe It or Not!. Основан во 1858 од благодарение на донацијата на Др. Томас Дент Мутер. Овој
музеј е дом на една цела колекција на черепи- цел еден ѕид од черепи со
често пати вознемирувачки, а поекогаш и смешни опишувања на начинот на
смртта на тие луѓе. Можете да видите и нешто вакво, наречено „Сапунската дама“... ...човечки црева... ...остатоци од бебиња... ...без коментар... ...погодете што е тоа... ...и на крајот, цела една серија на морничави слики на разни ужасни деформирачки болести... ...и други деформитети |