|
Психолози во училиштата |
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Автор | |
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека психолозите се друго работата, а не она што треба-индивидуална работа со учениците на кои што им се потребни.Верувам дека наставниците се соочуваат со проблем и тешкотии кога станува збор за проблематични ученици, а бидејќи психолозите сехогаш имаат други обврски и немаат време, учениците остануваат на час и им пречат на останатите ученици.
|
|
MIJATA
Група Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 50 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Психолозите и педагозите во нитуедно училиште не си ја вршат работата за што се примени. МОН и државниот просветен испекторат треба првин нив да ги добро исконтролира , а потоа да ги обучи и насочи како правилно да си ја вршат работата. Нивната работа е да ги насочуваат учениците и родителите, не само недисциплинираните туку и сите кои имаат некаков проблем со учењето, социјалното адаптиранње и ...., а не да изиграваат шефови и контролори на наставниците. Тек потоа наставниците би ја вршеле својата работа без проблем, и нивниот однос кон учениците би бил многу подобар.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KOga pedagozite bi imale pominato psihoterapija(nema nikakva vrska so psihijatrija. Psihoterapija e rabotenje vrz sebe si, resavanje na sopstvenite problemi i nezadovolstva niz seriozni i dlaboki razgovori so psihoterapevt, vo grupa ili nasamo) najmalku 3-4 godini, tie bi si imale togas pomognato sebe si i bi mozele mnooogu da im pomognat na decata vo ucilistata za najrazno razni problemi. So ogled na toa deka e toa redok slucaj, izgleda deka eden del od niv klatat vrata i zemaat plata.
No ne sekade e taka. Koga jas bev osnovno, imavcme i psiholog i pedagog. Psihologot Ruzica ni bese na site omilena, sekogas na ubav nacin znaese da izleze vo prestret na site koi im trebase pomos. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога и да прочитаме во весниците за злоупотреба на децата кај сите нас се јавува револт кон силувачите, но и кон институциите кои затаиле и на еден начин помогнале со своето не извршување на работните задачи.
Во секое училиште во Македонија има психолог чија примарна задача е работа со децата со нарушено однесување и кој се должни да ги откријат причините, како и да работат на адаптација на злоупотребуваните деца во средината. Жалосно е што ретко кој училишен психолог може да се пофали дека е на висина на својата задача. ---------------------------------------------------------------------------------------------- ПОРАСТ НА СЕКСУАЛНАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД РОДИТЕЛИТЕ Тајните на силуваните деца се почесто се разоткриваат Јавноста
секојдневно останува вчудовидена од честите и грозоморни случаи на
родосквернавење и на педофилија, чијшто број се зголемува од ден на
ден. Никој не остана рамнодушен по откривањето и обелоденувањето на
речиси идентичната трагичната судбина на двете малолетни девојчиња, кои
по неколкумесечните сексуални злоупотребувања од сопствените татковци,
сега се бремени и чекаат дете, кое е плод на инцест. |
|
soul...
Група Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 73 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Psiholozite vo ucilistata vo najgolem del samo go popolnuvaat rabotnoto mesto na hartija.
|
|
elektro
Група Регистриран: 07.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 81 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas najiskreno ne sum se obratil za nikakov problem nitu sum imal nekoj golem problem.
A ubavo e da se ima psiholog i vo osnovni i vo sredni i sekade mislam deka koga nekoj ima nekakov problem ili go maci nesto ke znae kade da se obrati :D |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаев дека постојат по натписите над нивните врати
|
|
elektro
Група Регистриран: 07.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 81 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
znaes deka postojat natpisi na vratite
A daki si vlegla da vidis so ima kako ima heheh |
|
>< POLICE LINE DO NOT CROSS ><
Полиција =D |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Депресијата
удира врз младите
Иако во написот е опфатен еден дел од младата популација факт е дека е ова слика во целата држава. Економската немоќ, превисоките очекувања од родителите и неправилното решавање на конфликтите при формирањето на идентитетот на младите, манифестираат депресивни состојби од кои произлегува и понатамошното нивно асоцијално и девијантно однесување, посочуваат експертите За жал многу малку се води рачун за проблемите на децата.Можеби отстапките во однесувањатана кај најмалата возраст и не се смета дека се почетоци на запаѓање во депресија, но факт е дека седењето прекумерно на компјутер, повлекувањето и изолирањето од игрите со другарчињата на маало, се индикатори дека нешто се случува. За жал- немањето време од страна на возрасните (или заменувањето на љубовта и грижата со пари) остава трајни непоправливи последици. Сегашниов систем на функционирање некако оди во прилог на лошите случувања. Во училиштата учителките кои заради организацијата на работата поминуваат со децата 4 до 5 школски часа и како така имаат време да забележат промени. Но нивната ингеренција завршува тука. Може само да ги информираат родителите, училишниот психолог и толку. Според законот упатувањето на барањето стручна помош не е нивни домен. Во погорните класови на основното и средното образование децата се многу поосамени а можноста на наставниот кадар да дијагностицира нешто е уште помала бидејки за 40 мин. колку трае школскиот час толку се може. За жал оние кои професионално се најповикани нигде ги нема, односно ги има ама (многу пати ова го повторувам) како заменици директори, пишувачи на тромесечни, полугодишни, годишни извештаи, програми за работата на училиштата, на проекти и десиминации на кои треба да одат наставниците (секоја чест на исклучоци). Само ако малку се навлезе во доменот, ако се прочитаат програмите и извештаите за работа по студиозно ке се дојде до вистината која е жална. Бедна е сликата (иако во извештаите ке се прочитаат милион работи, фалби) по училиштата. Децата се оставени сами да с еизборат.За жал |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку е ова точно, знае секој што работи или има некој близок вработен во училиште. Училишните психолози или го покриваат директорот кој/а има некоја важна работа што нема врска со учениците а често ни со училиштето, или пишуваат или проверуваат планови и извештаи. Со деца и родители имаат контакт „ако има време во меѓувреме“. За да биде иронијата комплетна, во времето кога личноста на детето е во една од најкритичните фази на се формирање, кога трага по самиот себе и може по грешка да се препозвае во погрешни модели кои вријат околу младите, психологијата е сведена на изборен „пара-предмет“. Така, учениците во средните училишта нити можат да поразговараат со психологот освен ако не прекршиле некого од ќотек (во зградата или кругот на училиштето), нити да го следат единствениот предметот кој има истовремено и образовно и воспитно значење затоа што има „поважни“ работи со кои националната програма за образование секоја година „се збогатува“. И нешто што особено ме фрапира како родител. Во една прилика, кога беше запрашан зошто психологија повеќе не е задолжителен предме, министерот за образование одговори дека од негово искуство, психологијата била сувопарна (!!!) материја. Па да, не е како математиката, и ред други предмети кои децата ги обожаваат и совладуваат со блескави резултати! Секој предмет е сувопарен ако ти го предава сувопарен наставник! Ако вам министре таква ви била среќата, помалку верувајте на извештаите, повеќе пазете кого вработувате. Или мислите дека членската книшка е се` што гарантира подигнување здрава генерација. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очигледно е дека работното место кое се отвори во социјализмот (заедно со тоа на педагогот) остана до денеска формалистичко, како што и беше на почетокот, со нејасно дефинирани работни задачи кои многупати се мешаат со оние на кои основнта дејност им е пропишана со закон (па така психолозите држат часови-заменуваат математика, англиски-отсутен наставник) место да работат оснапред подготвени психолошки работиници.
Најчесто психолозите се координатори на проекти на кои МОРА И ТРЕБА да се координатори само наставници/професори а психолозите да учествуваат само во својор домен и тоа предизвикува револт кај носителите на дејноста а со тоа автоматски самиот проект и да чини е осуден на пропаст. Има бајаги недоречености и околу оснивањето на самиот работен однос пр. Дали полагаат приправнички (како сите други)?Пред која комисија полагаат? Дали тие“ одговараат“ пред државниот инспекторат или пред својата комора- Комората на психолози? Многу често самите психолози се жалат дека немаат тестови преку кои ќе работат. Други се жалат дека никој не ја почитува нивната “тајност на досие“ бидејки реално ако постои таа тајност како наставниците/професорите да работат со прилагодени програми ако не знаат кој е проблемот. И кога човек ке размисли има ногу проблеми со службата која треба да ги решава проблемите на другите |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку е ова точно, знае секој што работи или има некој близок вработен во училиште. Училишните психолози или го покриваат директорот кој/а има некоја важна работа што нема врска со учениците а често ни со училиштето, или пишуваат или проверуваат планови и извештаи. Со деца и родители имаат контакт „ако има време во меѓувреме“. [/QUOTE] Колку е ова констатција точна знаат сите оние кои имаат потреба од соработка (или помош за детето) од училишните психолози. Директорите и психолозите се “покриваат“ обострано (секоја чест на исклучоците) бидејки имаат обостран интерес.Но нејсе- некој го дозволил тоа и за враќањето на работите во редовниот тек очигледно ќе мора да се помачи младиов министер кој многумина од образовната бранша на смеа го викаат Давид (се бори против многу голијати). Од сабајле имам обичај да листам по образовните сајтови- чисто да си се информирам Така направив и сабајле барајки некои информации -новини околу оценувањето на учениците и гледај чудо- наидов на нешто бајаги интересно истражување кое и не е така ново- односно на еден начин е оворен пат за воведување проекти за оценување(кој сака можеда прочита-посебно делот на резултатите од анкетите со директорите и психолозите-колку многу контрадикции меѓу “пријателите“) toolbox.pep.org.mk/Files/%20на%20состо_бите.pdf Ништо не е спорно-потребни се истражувања за да се изврши подобрување на квалитетот на оценувањето- ама кога тоа го прават лица КОИ ОЦЕНУВААТ. Интересно е што тимот го сочинуваат- 2 психолози (еден сегашен во училиште и еден пензиониран советник од БРО), а и кординаторот е психолог. Таде психолози!!!! И сега доаѓа интересното- Во сите податоци од анкетата психолозите/педагозите од училиштата најточно знаат што му фали на оценувањето во училиштата - директорите многу малку знаат (според податоците)- а тоа им е еден дел од работата- следењето на работата -наставата -наставниците “бараат“ обуки и оп обучувачи стануваат токму психолози, (на советниците тоа им е работа) Вреди ли да се зборува??!!! Само се прашувам- Кога сатсуваат да ги покријат работите од својот домен И после читаме имало агресија меѓу децата. Е па ке има, кога оние кои од државата се платени за водење работилници за ненасилство- обучуваат како да се оценува, а оние кои треба да следат и да оценат знаења мака мачат. |
|
nena_princess
Група Регистриран: 24.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немам забележано дека постојат може да се каже само по натписите на вратата ама за жал не знам за шо служат
|
|
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде нема-нема, каде има има и за извоз
Нај психолошки спремното училиште во државата„Ангажирани психолози се 4, а еден од психолозите работи волонтерски преку проект. |
|
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |