IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Раскажете некој филм
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Раскажете некој филм

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака
ARTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ARTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 01:50
Ko to tamo peva (југосавија /центар филм 1980 83 мин )боја



Слободан Шијан ( 1946 - ) е еден од најталентираните и најгенијалните режисери на југословенската кинематографија. Тој спаѓа во редот на српските режисери меѓу кои се Миша Радивојевиќ , Живоин Павловиќ,
Желимир Жилник , Горан Паскаљевиќ , Срѓан Карановиќ , Горан Марковиќ, и многу други. Тој покрај режисер е и сликар, филмски сценариста и критичар. Шијан има завршено сликарство на ликовната академија и режија на факултетот за драмски уметности во Белград.
Отпрвин тој се занимавал со експериментален филм и работел телевизиски емисии и тв драми за телевизија Београд за да дебитира со долгометражен филм во 1980 со филмот “Ко то тамо пева” а потоа следат филмовите: , 1983 “ Маратонци трче почасни круг“ 1983” Како сам систематски уништен од идиота“, 1984 “Давитељ против давитеља“ , 1988 “Тајна манастирске ракије“.   По подолга пауза од режијата за кое време е во Америка и Европа каде предава на Академија за филм, се враќа во кинематогафијта во 2003 со адаптација на “Сироти мали хрчки“ од Гордан Михиќ наречени “Сироти мали хрчки 2010“ и неговит најнов филм 2008 S.О.S – „Спасите наше душе“.Денес предава на факултетот за драмски уметности во Београд.




Дејството на филмот се случува во предвечерјето на Втората светска војна, ден пред бомбардирањето на Београд. Некаде во срцето на Шумадија, автобусот на приватната фирма Крстиќ собира патници на станиците и ги вози за Београд. Патниците се плејада на различни ликови: селанец кој пошол во посета на синот во војска, граѓанин кој собира народни умотворби, шлагер пејач кој пошол на аудиција во кафеаната “Липов лад”, човек болен од туберкулоза кој оди во Београд на лекар, тукушто венчани младенци кои тргнале на свадбен пат на море, еден ловец, двајца млади роми-свирачи. Сопствениците на фирмата се таткото и синот Крстиќ, при што синот Мишко е лесно ментално заостанат.
На овој целодневен пат на патниците им се случуваат трагикомични ситуации, почнувајќи од средбата со старојугословенската војска, па до селанецот кој не ги пушта да поминат преку неговата изорана нива. Утрото рано на 6 април 1941год. стасуваат во Београд , после кое почнува бомбардирањето, во кое настрадуваат сите освен двајцата млади Роми, со што завршува филмското дејство.


Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ ( 1948 - ) и ова е едиствениот филм кој не по театарска драма него е по филмскао сценарио. .Душан Ковачевиќ е еден од генијалните југословенски драматурзи на повеќеслојната гротеска на апсурдот и црната комедија кој може да се спореди со Едгар Алан По ,Семјуел Бекет и слични писатели. Тој завршил на факултетот за драмски уметности во Београд на катедрата за драматургија 1973. Пишува повеке драми почнувајки од првата негова драма “Маратонци трче почасни круг“ која ја пишува на втoра година студии и која веднаш е поставена во Атеље 212 по којa подоцна Слободан Шијан го снима култиот филм. Потоа следат драмите: “Радован 3 ”1973 во која Зоран Радмиловиќ дава маестрална улога , Свемирски змај 1973" Шта је то у људском биќу што га тера према пиќу?" 1976 По која Горан Паскаљевиќ снима филм наречен “Посебан третман” кој добива повеќе награди како домашни така и странски , "Пролеќе у јануару" 1977,", "Луминација " 1978, "Сабирни центар"1981 по која Горан Марковиќ снима исто така филм кој добива гран при во Валенсија ,"Балкански шпијун" 1982 по којa лично за првпат Душан се опробува како режисер на свое дело и снима генијален филм.
Свети Георгије убива аждаху 1985 по која во 2007 Срѓан Драгојевиќ снима филм кој треба наскоро да излезe,
"Професионалац “1989 во која во театарот маестрална улога даде Бата Стојковиќ а во 2002 Душан ја екранизира во кој мастрајната улога на бата на филмското платно ја доловува Бора Тодоровиќ. И овој како и другите филмови по драмите на Душан добива многу награди и е номиниран за најдобро меѓу 6-те сценарија на Европската филмска академија , "Урнебесна трагедија" 1990 по која Горан Марковиќ во 1995 го снима свој втор филм по драма од Душан . “Била једном једна земља” 1995 е едиствениот роман на Душан по кој Емир Кустурица сними филм за кој доби гран при на канскиот филмски фестивал ,   "Лари Томсон трагедије једне младости" 1996 ," Контејнер са пет звездица" 1999 , "Доктор Шустер" 2001 и најновата "Генерална проба самоубиства" 2008. Директор е на Звездара театарот а 2005 е пратен во Португалија како културен амбасадор на Србија и Црна гора и член е на САНУ. Живее во Београд.






"Ко то тамо пева" е снимен во продукција на Центар филм Београд на 35 милиметарска филмска лента. Камерата и фотогрфијта се на Божидар Николиќ а монтажата е на Љиљана Вукобратовиќ. Сценографијта е на Вељко Деспотовиќ а музиката е на Воислав Воки Костиќ.



Стариот Крстиќ (улога Павле Вуисиќ) е сопственик на фирмата Крстиќ која врши автобуски транспорт на патници кон Београд. Тој е итар и лукав човек, кој пред патниците се прави чесен и исправен, вели дека работи по прописите, но притоа настојува да ги изигра патниците и да им земе што повеќе пари неправилно. Тој го обожува својот малоумен син Мишко, го заштитува, но кога Мишко е присилно мобилизиран изразува голема гордост и татковска нежност. Овој лик маестрално се вклопува во глумата на Павле Вуисиќ

Мишко (улога Александар Берчек)- глумецот целосно се инкорпорира во овој лик, со комплетна трансформација во едно малоумно и лекомислено момче, постојано весело, со детинесто однесување, кое постојано блесасто се смее. Некритичноста во однесувањето и слепото обожување од страна на татко му доведуваат до тоа да вози со заврзани очи ризикувајќи ги животите на луѓето во автобусот. За ова улога Берчек довива златна арена во Пула.

Пејачот (улога Драган Николиќ) – претставува лик на човек кој сака да успее во пејачката кариера и затоа оди во Београд на аудиција. Тој е занесеник кој не е свесен дека нема талент за пеење, заводник кој сака да ја заведе младата која се вози со својот маж но во суштина тој сепак е добар човек. Овие карактеристики точно се вклопуваат во глумечката експресија на Драган Николиќ.

Собирачот на народни умотворби (улога Данило Бата Стојковиќ) – лик на човек лицемер, злобен, кој се прикажува како благороден, постојано морализира, настојува да ги омаловажи и дискредитира другите, но самиот се открива со сите свои негативни особини како агресивец и издајник. Тој постојано ги обвинува другите (на пример без никакви докази двајцата Роми ги обвинува за кражба), а смета дега Германците треба да ја окупираат татковината “за да спроведат ред”. Данило Стојковиќ со својата мимика и став, како и моќ на доловување на карактери одлично го прикажува овој лик.

Болниот (улога Борислав Стјепановиќ) – тажен лик, осаменик, кој тоа станал поради тешката градна болест, но сепак позитивен, без злоба, мирен човек. Неговата резигнираност и тага е одлично доловена од актерот.

Старецот Алекса (улога Миливоје Томиќ) – е лик на добар старец кој оди во посета на својот син во војска и е горд на него, а самиот тој има медаља за храброст како учесник во Првата светска војна. Неговите татковски чувства и лични особини каде доминира гордоста и патриотизмот Томиќ извонредно актерски ги изнесува.

Ловецот (улога Ташко Начиќ) – лик на добродушен и чесен човек, по малку особеник, вљубен во ловот и спортот, љубопитен, кој често пати настрадува поради овие особини. Карактеристичниот изглед и моќната глума на Ташко Начиќ се како створени за овој интересен лик.

Невестата (Неда Арнериќ) – лик на млада селска девојка, која тукушто омажена за момче помладо од нејзе, мечтае да патува, да го види морето, да доживее авантури, при што подлегнува на заводничкиот шарм на пејачот. Како постара, таа е доминантна во врската со младоженецот, и настојува да го вклопи во своите цели. Како и сите актери во филмот, така и Неда Арнериќ одлично го прикажува својот лик.

Младоженецот (улога Славко Штимац) – е наивно младо селско момче, кој не ги дели романтичните интереси на својата невеста, сеуште речиси дете, расположен само за јадење или еротски доживувања. Младиот Славко Штимац успешно го доловува овој лик.

Младите роми музиканти (улога на браќата Миодраг и Ненад Костиќ) – тоа се двајца натурчици кои ги прикажуваат овие живописни ликови на две млади момчиња –свирачи кои патуваат кон големиот град во потрага по леб. Во филмот тие покрај глумата, свират и пеат, што дава посебен шарм на целиот филм.

Овој филм тешко е жанровски да се определи. Иако се смета дека е комедија, всушност е трагикомедија со елементи на гротеска, при што авторите на филмот се обидуваат сатирично да го прикажат сето она смешно и жално што истовремено коегзистира во луѓето, нивните слабости, малограѓанштината, примитивноста, егоизмот, злобата, но и ранливоста, радоста, и добрината.
Дејството на филмот започнува рано утрото на 5 април 1941год.,ден пред германското бомбардирање на Београд. Режисерот гледачите ги воведува во дејството со песните на двајцта браќа роми кои се провлекуваат низ целиот филм и кои стануваат заштитен знак на филмот. Потоа следи сцената на патници кои го чекаат автобусот на Крстиќ. Во следната сцена е прикажан во далечината автобусот на Крстиќ проследен со специфичниот музички лајт мотив кој се појавува во сцените каде е прикажано движењето на автобусот со што оваа музика допринесува за гротескноста на сцената. Патниците на смешен начин се туркаат да влезат во автобусот, со што режисерот ни ја прикажува нивната малограѓанштина уште во првите сцени. За време на возењето се случуваат низа на смешни и апурдни ситуации кои се прикажани преку комични дијалози. Една од тие комични ситуации е и онаа кога ловецот трча по автобусот за да се качи во него но не бива примен поради тоа што автобусот не е застанат на редовна станица. Газдата го сопира автобусот и во него внесува живи прасиња кои ги купува од некое селско газдинство со цел да ги продаде во градот, па патниците мораат да истрпат да се возат заедно со животните, при што се воочува примитивниот материјализам на ликот на сопственикот на автобусот.Низата комични ситуации продолжува и понатаму. Газдата Крстиќ, горд на својот син, за да ги убеди патниците дека син му е многу добар шофер, му вели на синот да вози со заврзани очи. После карактеристичното:” Вози Мишко” ,Мишко со одушевување го вози автобусот без да може да гледа, доведувајќи ги во ризик животите на сите кои се возат во автобусот, со што е претставена една крајно бизарна и апсурдно смешна сцена. Следат уште многу перипетии на патот, како на пример расправијата со селанецот и неговите синови, кои бараат пари за да ги пуштат да поминат низ нивната нива. Следат уште многу застои, исполнети со интересни случки, со што режисерот и сценаристот настојуваат да ни го доловат тоа премногу долго патување. Низ патувањето особините на личностите доаѓаат до израз, низ нивните меѓусебни односи и во различните ситуации. Не само дијалозите, туку и движењата на актерите на филмското платно ,на пример кога истрчуваат од расклиманиот мост или кога во паузата за ручек играат оро на музиката од двајцата роми, допринесува за стварање на комично доживување кај гледачите. Ситуацијата кулминира со средбата со војската, кога синот на Крстиќ е мобилизиран. Мишко горд ,во униформа, стои покрај огнот додека свирачите му пејат песна со која го слават.
Злобата на собирачот на умотворби доаѓа до израз кога ги убедува без никаков доказ другите патници дека младитев роми го украле паричникот на старецот, и токму во моментот кога сите патници се нафрлаат на музикантите автобусот стасува во предградието на Београд. Следи ефектниот и неочекувано трагичниот крај на филмот- сите патници, освен младите музиканти настрадуваат во бомбардирањето кое одеднаш започнува. Со ова се достигнува кулминација на целата апсурдност и гротескност на филмот. Провејува чувство кај гледачот за безначајноста на животот, за тоа колку се лесно кршливи сите човечки надежи, амбиции и планови, за тоа како моментот може да ја измени човечката судбина.





Дејството на филмот се одвива или на отворен простор, или во внатрешноста на автобусот. Кога се одвива на отворен простор, главно доминираат општи планови. Карактеристичен пример на општ план е приказот во далечина на стариот автобус кој се движи по импровизирани патеки долж зелените ридови, сцена која се повторува низ целиот филм.
Исто така во групните сцени на отворен простор има главно општи планови, но и средни и средно крупни планови при прикажувањето главно на дијалозите помеѓу учесниците во филмот.
Во тесниот простор на автобусот секако, гледаме крупни и средно крупни планови, што допринесува подобро да се прикажат разговорите помеѓу личностите и нивните особини, нарочно преку мимичната експресија на актерите. На пример, често пати се прикажува во крупен план ликот на малоумниот Мишко, и од самиот израз на неговото лице кој е блесаст и тупав може да се види неговата ментална инфериорност. Или, злобниот и арогантен израз на собирачот на умотворби ја отсликува неговата личност.
Во ефектната завршна сцена на филмот, во преден план доаѓаат двајцата млади музиканти, додека во позадината остануваат рушевини и пламен, со што се потенцира трагичниот и апсурден крај на филмското дело.



Во согласност со идејата и дејството на филмот, кое се одвива бавно, при што едно релативно кратко патување се развлекува на цело деноноќие, монтажата е усогласена со основното дејство и главно е бавна. Општите планови при што се прикажува движењето на автобусот се менуваат со сцени во внатрешноста на истиот. Во сцените во внатрешноста на автобусот има менување на кадрите каде лицата на патниците во крупен план наизменично се покажуваат, или во еден кадар камерата преминува од еден лик кон друг без монтажа. Во ноќната сцена покрај огнот до реката наизменично се прикажуваат ликовите во крупни и средно крупни планови со што се прикажува нивното однесување додека чекаат во ноќта.
При крајот на филмот, при кулминација на дејството, кога сите патници се нафрлаат врз музикантите, брзо се менуваат ликови во крупен план, ликови на кои се отсликува бес и агресија.Забрзаната монтажа допринесува за драматичноста на оваа сцена. Одеднаш, по оваа сцена, почнува да се слуша звук на авиони, по што монтажата успорува и едно по едно се покажуваат лицата на патниците со замрзнат поглед од страв, со кое се доловува напнатоста која настанува.



Музиката е напишана од Воислав Воки Костиќ. ( 1931 - ) позат југословески композитор кој има компонирано за многу југословенски филмови и тв серии за најдобрите режисери и сценаристи. Музиката е во сооднос со целиот филм и со сценариото. Музиката е малку морничава со што се доловува атмосферата на филмот а посебно апсурдноста и гротеската посебно во делот каде се движи автобусот. Исто така се впечатливи и сонговите кои ги пеат младите роми по текст на Душан Ковачевиќ кои станаа легендарена филмска музика.

Ко то тамо пева има добиено многу награди од кое се: на канскиот филмски фестивал награда од публикта , гран при во мотреал , гран при во ротердам и други. Прогласен е за еден од најдобрите филмови на југословенската кинематографија.










Изменето од ARTE - 10.Август.2010 во 02:30
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 15:33

exp

Тova e sekako amerikanski film, od produkcija- da sum malku drugacii od drugite filmovi, ama ne znam kako da go napravam toa, bez da gi pitam tie sto pravat drugacii filmovi .

Vo filmo eden tip, go glumi toj pijanist, se zacopal u nekoja cuca, koja za nesrekja negova zaminuva vo Indija i mu veli dojdi so mene, ama toj nema pari niza lek kamu za indija.

i taka resava da se prijavi na eden oglas kade davaat 14 000 dolari za 14 dena experimetiranje da moze da ide vo tova indija.

brojna ekipa od naucnici , jas vidov samo eden , za da zastedat od budzetot za nepotrebni glumci i statisti, bira izmegu stotina kandidati za experimetiranje samo 26

so avtobus gi nosat vo eden privremeno napraven zatvor so kelii i prostorii za cuvari, birat od niv 6 da bidat cuvari a 20 zatvorenici, za nas nejasen nacin na izbor, izgleda nitu bilo vazno, i dobivat zadaca da si ziveat tuka 14 dena po pravila na cuvarite

i taka covecite koi porano nebile agresivni nitu osuduvani si vleguvaat vo film i se zaboravaat

sekako toj so ima vlast ili stap, se odnesuva nadmokjno i mame im ebava na tie koi bile izbrani da bidat ebana stranka

so da vi kazam, izdrzaa samo 6 dena i se ispotepaa i mu go nacika koj komu stignal

vo filmot ima nekoi humani elementi, za da ne bide filmot samo udri, udri, nego da ima i na ti ruka, fala…. no se na se celiot film e smeten vo edna nasa stara pogovorka

DAJ MU NA COVEKOT VLAST, ZA DA VIDIS KAKOV E…..

u princip jas niz zivotot sum zapoznaen so vlijanieto na vlasta vrz covecite, taka da amerikancite preku filmot ne me iznenadija ama ic

posle gledanjeto na filmot mi se javi edna misla.. DALI MAKEDONIJA NE E NEKOJ TAKOV EXPERIMENT STO TRAE 30 GODINI, MESTO 14 DENA????



Изменето од anakin - 16.Октомври.2010 во 15:34
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 22:24

avpposter2

Е , filmot Aliens Versus Predators, po naski prevod Tugjinci protiv Istrebuvaci e nekoj 5 ti del na tie Aliensi so cudo parovi vilici, koi neimaat nitu solna nitu azotna nego nekoja si zaebana kiselina, znaete za koi Vi zboruvam, za tie bre sho izgledaat kako grni gushteri so ispolirana tikva.

Edna crnkinja, pojma nemam vo koj film porano glumela, se kacuje na nekoj zeznat himalajski zamrznat vrv i tamu po mobilen od mobimak i se javuva tip deka mu treba na nekoj shlaknat milioner ili milijarder( parite ne mu gi broev pa sea da znam) za nekoja expedicija.

Na drugiot del od planetata eden tomb rajder vo mexikanska piramida pronajde mesto zlatno kipce, kako toj Indijana, edno kapace od pepsi cola, pa iskopinite mu ojdoa u vrazju mater pa prifati i toj da ide vo taa expedicija.

I taka se strucnjak do strucnjaka se sobraa vo expedicija da pronajdat piramida na juzen pol, snimena od satelit na shlaknatiot milijarder. I taka so ledolomec brod stignaa na juzen pol i se piknaa vo taa piramida.

E, vo megjuvreme na plaeta Zemja stigaat tie predatori, so se pravat demek nevidlivi i tie da si ja posetaat piramidata, koja vsusnost bila nivna iako nemaat posedoven list za nea, ne postar od 6 meseci.

Tie predatorive meguvreme si ja razbudija Alienkata majka da si napravi jajca od koi izleguvaat cuda so 10 prsti na glava i edna opaska. Taka se nakotija bajagi i si se upikuvaa vo tie expedicionisti eden po eden so fenomenalna koreografija i izleguvaa vo poznat stil – shto pobrzo vanka.

Za mene nerazbilrivo kako taka brzo rastaat oti po fizikata- masa se pretvora u sekjeri a tie sogoruvaat i stvaraat pak masa, no nejse, ako ne im bilo vazno na scenaristite, mene ushe ponevazno, filmov e fantastika sepak.

I taka pristignuvaat i tie predatori i so alieni i so expedicionistite u kup si pravat akcionno shou- koj kogo kje go skine pobrzo. Fintata e deka i piramidata e kako rubikova kocka i sekoi 10 minuti si gi menuva stranite i hodnicite, sho e prilicno efektno i filingasto za inzenjeri.

Sega nema da izmisluvam topla voda i vednas, da ne recam odma, kje vi kazam deka predatorite ginat malku posporo od expedicionistite i alienite ginat i od lugjeto i od predatorite, ama nema gajle, gi ima ko pleva, taa kralica majka  beshe vo porodilna extaza i stvarala jajca kako pred veligden.

Na kraj ostana taa crkinja so eden predator uz parola NEPRIJATEL NA MOJOT NEPRIJATEL E MOJOT PRIJATEL, nekoj glupa izreka, mozebi od Julius Seazar, toj smisluval takvi glupi izreki, i kralica alien majka, koja bese u  picku majcinu golema. ama so zdruzeni sili uz izvik proleteri na site zemji soedinite se, ja sovladaa Alienkata i filmot bil pri kraj.

Use da dodadam deka crkinjata od drugi predatori si dobila pokloni kako za bozik, i tie si zaminale so vselenski brod na nekoe drugo boishte planeta, a kade i kako si zamina crkinjata, sama,….. od juzen pol, pojma neznam.

.

AKO STE NA NEKOJ SNEZEN HIMALAJSKI VRV I VI ZVONI MOBILEN, NE KREVAJTE, TAKA SRANJATA ZAPOCNUVAAT….. SO EDEN POVIK.

.

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 20:48
zarem nikoj nema zelba da raskaze nekoj film
тага
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2011 во 11:00
kazi be anakin...koj film sakas...jas ke raskazamголема%20насмевка

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,078 секунди.