|
Кафе |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 25> |
Автор | ||||||||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кафето не треба да се консумира повеќе од три пати дневно или околу 2дл. Иако лекарите не се согласни кога станува збор за тоа колку кафето е штетно или полезно за здравјето, во последно време доаѓаат интересни докази дека кафето всушност е многу добро за нас, сеедно дали е со кофеин или без. Но, лекарите советуваат денот никогаш да не се започнува со кафе, туку со појадок, со цел да не се уништи желудникот.п.с. она подвлеченото е жива вистина...на своја кожа го имам осетено... |
||||||||
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
||||||||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
... вреди ова да се има на ум...
Кафето
го исфрла калциумот не само од телесните течности, туку и го мобилизира
и од коските. Така што ако пиете многу кафе подгответе се за
остеопороза во возрасно доба. |
||||||||
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
||||||||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Жени што пијат варено кафе повеќе од четирипати дневно се изложени на
помал ризик да бидат погодени од карцином на дојка, во споредба со
жените што пијат кафе поретко од еднаш дневно, покажуваат резултатите од
една нова студија изготвена на шведскиот универзитет во Умео.
|
||||||||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Бенефиции од пиењето кафеЕве дел од начините на коишто кафето може да му помогне на вашето здравје:
Но, тоа не е сè. Еве уште некои од многуте бенефиции од кафето:
Ризици од пиењето кафеСепак, пиењето кафе крие и многу ризици, кои најчесто се појавуваат кај луѓе кои консумираат кафе во големи количини. Некои од тие ризици се:
|
||||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Хит во Македонија - Цртежи на пена од млеко
Ка фе арт е вид уметност, многу популарна во светот. Иако во Скопје е хит само во две-три кафулиња, веќе е добро позната меѓу сите што обо жа ва ат вакви експерименти. Во нив подеднакво уживаат и гостите и дечките што го шараат кафето. За да излезат цртежите како што треба, потребно им е само ѓезве со топло мле ко, кое го истураат во филџанот полн со кафе, и за 5 секунди об ли ку ва ат некаква слика. Најчесто креираат на капучино, макијато, марочино и на ла те. "Во секое време од денот, дури и кога кафулето врие од народ, знаеме да ги почестиме гостите со некаков цртеж. Обично ги правиме најлесните, ка ко лист, срце, елка, јаболко, бидејќи се прават брзо. Кога имаме време, цр та ме и пеперутки, јагоди, животни и разни пораки. За да можеме да ги об ли ку ва ме овие слики, бевме на специјална обука во Италија, и засега сме единс тве ни што ја работиме оваа техника, не само во Скопје туку и на Бал ка нот", вели Кире Илиевски, професионален барист и менаџер во "Кафе ди Рома". da nadopolnime na gore recenoto, ako se misli na ova? Изменето од *moon* - 07.Август.2010 во 20:37 |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изменето од емил - 28.Октомври.2010 во 08:11 |
||||||||
Phantomlord
Сениор ThrasheR Регистриран: 11.Септември.2008 Локација: Битола Статус: Офлајн Поени: 434 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Обожавам кафе. Љубител сум на секакво. И со еден филџан кафе одат одлично 2 - 3 цигари
|
||||||||
\m/>.<\m/ Thrash' till death \m/>.<\m/
|
||||||||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Зошто не треба да се откажете од кафето? Скоро 25 години медиумите и нутриционистите полемизираат околу еден од најомилените пијалаци на луѓето, кафето. Додека со чајот ситуацијата е малку појасна, експертите тешко ги ускладуваат предупредувањата и препораките за тоа дали да се пие кафе или не. Поради тоа ви донесуваме неколку позитивните страни кои се манифестираат само доколку кафето го консумирате во умерени количини. Главната особина на кофеинот е стимулирањето на централниот нервен систем. Тоа значи дека кафето благотворно влијание врз интелектуалната активност, но само кога телото е во состојба на замор или здодевност. Пиењето кафе по ручекот придонесува за зголемување на концентрацијата и будноста. Теоретските анализи со сигурност потврдуваат постоење на антиоксиданси кои позитивно делуваат на срцето и намалувањето на можноста за појава на било кој облик на рак. За сега не постојат медицински потврди за таа теорија. Заблудите поврзани дека кафето го зголемува крвниот притисок, се само делумично точни бидејќи тоа е само краткорочно. После тоа вредноста на крвниот притисок опаѓа повеќе отколку што првобитно пораснал, така да може да се каже дека кафето всушност го намалува крвниот притисок. Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
edno ako moze
|
||||||||
vivi
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Tемната страна на кофеинот Сите позитивни ефекти од кафето ни се јасни и познати. На прашањето зошто најчесто се консумира овој пијалок најверојатно сите љубители би одговориле дека кафето е нивна душевна храна која воедно ги држи будни, додека од медицинска гледна точка се поврзува со стимулирање на централниот нервен систем и интелектуалната активност, како и позитивно влијание врз срцето и намалување на можноста за појава на рак.
Имено, кофеинот е вид на дрога и припаѓа на семејството алкалоиди. Како и повеќето други дроги, кофеинот може да предизвика зависност, па во случај да не биде консумиран редовно, постои можност од појава на апстиненциска криза. Менталната стимулација што ја предизвикува кофеинот е само краткорочен ефект, а неговото често косумирање може да развие проблеми како оние наведени во продолжение. Оваа појава потоа се рефлектира врз сите останати аспекти на животот и на генерално ниво ја намалува човековата продуктивност.
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кафе Калипсо
Време на подготовка: 3 минути Потребни состојки: 30 мл рум 30 мл чоколаден ликер 200 мл црно кафе Начин на подготовка: Во широка чаша за вино ставете ги румот и чоколадниот ликер. Одозгора додадете го топлото кафе и наполнете скоро до врвот од чашата. |
||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ирско кафеПо долга прошетка низ снежните улици, еден од најдобрите начини да се затоплите е топол пијалок, а ирското кафе секогаш звучи многу примамливо. Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус. Оригиналното ирско кафе за прв пат било направено од Џозеф Шеридан, кој работел на аеродром во западна Ирска. Со цел да ги затопли изморените патници, во една зимска вечер, тој ставил во кафето виски. Кога задоволните патници го прашале дали станува збор за бразилско кафе, тој им одговорил дека пијалокот е всушност ирско кафе. Состојки
Подготовка
Ирското кафе се служи топло. За поубав изглед одгоре можете да ставите малку изрендано морско оревче или да украсите со стапчиња цимет. Заедно со кафето можете да послужите и мали колачиња со парчиња чоколадо или кекс. Совет: Оригиналниот рецепт се прави со слатка павлака којашто не е многу матена, скоро течна. Ирското кафе е совршено за претстојните празници. Наместо со обично кафе, изненадете ги гостите со „жестоко“ кафе за повеќе насмевки и позабавни разговори. Варијации
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кафето го изострува умот на жените, а го поматува на мажитеКафето им помага на жените подобро да размислуваат, но кај мажите делува токму спротивно. Истражувачите тврдат дека пиењето кафе го подобрува мислењето кај жените кога се под стрес, но им го поматува помнењето на мажите и тие побавно донесуваат одлуки. Кафето им помага на жените подобро да размислуваат, но не и на мажите
Научниците стигнале до овој заклучок набљудувајќи како им делува кафето на луѓето кога тие се под стрес. За целта на истражувањето, тие побарале 64 мажи и жени и ги разделиле во парови од ист пол. Секој пар требало да изврши неколку задачи, како преговарање, редење на сложувалки или задачи поврзани со помнењето. Им било кажано и дека секој учесник ќе треба да направи јавна презентација поврзана со нивните задачи. На едниот од учесниците од секој пар му било дадено обично кафе со кофеин, а на другиот, кафе без кофеин. Истражувачите откриле дека мажите многу потешко се справуваат со задачите за помнење ако претходно испиле кафе со кофеин. На мажите кои се напиле кафе со кофеин им биле потребни 20 секунди повеќе за да ги завршат сложувалките, во споредба со мажите кои пиеле кафе без кофеин. За разлика од мажите, жените ја завршувале задачата за 100 секунди побрзо ако се имале напиено кафе со кофеин. Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:11 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 1920212223 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |