|
НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА |
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За каква ли кариера се надева дека ќе му помогне долгиот јазик?
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Порно кариера.
Изменето од емил - 30.Јули.2010 во 19:35 |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аха...така и си мислев Доходовна кариера..... |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нешто наше
Македонскиот грав постави Гинисов рекорд Штипското село Сарчиево влезе во Гинисовата книга на рекорди откако вчера беше урнат светскиот рекорд за најголем котел со зготвен грав. Официјална потврда дека досегашниот рекорд е урнат даде Тарика Вара, судијка од Гинисовата книга од Велика Британија. Таа соопшти дека во големиот четиритонски казан во Сарчиево вчера биле зготвени 2.150 литри грав, а досегашниот рекорд го држеле Американци со 1.300 литри сварен грав. Вареното гравче со сланина потоа им беше разделено на неколкуте илјади гости, а организаторот за нив обезбеди бесплатно и еден камион со леб. Полнењето на големиот котел почна во 6 часот наутро. Готвачите, предводени од Љупчо Гиевски, шеф на кујна на скопскиот хотел „Александар палас“, во котелот ги ставија предвидените состојки: 400 килограми грав, 10 килограми сланина, 40 килограми кромид, 70 литри зејтин, 2.600 литри вода. Околу големиот котел беше поставена импровизирана конструкција на која стоеја готвачите. Од 8.30 часот почна и осветувањето на првата летна црква во Македонија, „Света Петка“, во манастирскиот комплекс во Сарчиево, кое го изврши поглаварот на МПЦ - ОА архиепископот Стефан. - Ова е ден за паметење. Селата во овој крај во последните децении се испустени. Потегот на ктиторот Стојан Давчев покажува дека луѓето не забораваат на родното место, на татковото огниште. Верувам дека овој пример ќе се следи и во други села - рече г. г. Стефан. На уривањето на Гинисовиот рекорд и на осветувањето на црквата присуствуваа околу 10.000 граѓани од сите страни на Македонија. На многубројните тезги можеше да се најде се' и сешто, а најпосетена беше таа на која се продаваа „со лиценца“ дрвени Гинисови чинии за 100 денари и дрвени Гинисови лажици за 50 денари. - Со Гинисовиот рекорд сакав да се слушне за македонското гравче, кое е најквалитетно на светот. Со црквата, пак, да почне процес на враќање на иселените сарчиевци. Во селото останаа само 20-ина. Ме радува што некои доаѓаат од градовите да си ги обработуваат нивите. Но за трајно враќање треба да се направи и патот - вели иселениот сарчиевец Стојан Давчев, организатор на уривањето на рекордот и ктитор на црквата. (Љ.Ш.) |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Баку се вее највисокото знаме на светот
Знамето што се вее на височина од 162 метри се гледа од секоја точка на Баку. Тоа е широко 35, долго 70 метри и тешко околу 350 килограми. Вкупната тежина на целата конструкција е 220 тона. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најмалиот човек во светот има само 70 сантиметри Со висина од само 70 сантиметри Едвард Нињо Хернандез е најнискиот човек во светот. Овој 24-годишник на прв поглед изгледа како и секој Колумбиец, сака да танцува, сонува да поседува автомобил, по можност „Мерцедес“ и сака да го пропатува светот. Од познатите личности најмногу сака да ги запознае Џеки Чен, Силвестер Сталоне и поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе. Се на се, ништо необично за еден млад Латиноамериканец, освен тоа што е понизок од куфер и тежи само 10 килограми. Нињо, што значи малечко на шпански, доби и официјална потврда од претсавник на Гинисовата книга на рекорди дека со висина од 70 сантиметри е најнискиот човек на светот. - Престана да расте кога имаше две години, изјави неговата мајка Ноеми Хернандез, која има уште четири деца. Претходниот рекорд го држеше кинезот Хе Пингпинг кој беше само четири сантимери повисок од Нињо и кој почина на 13 март. Претставниците на Гинисовата книга на рекорди, кои го открија Нињо неодамна, изјавија дека неговото владеење ќе биде многу кратко бидејќи се очекува, доколку во меѓувреме не порасне, Непалецот Кагендра Тапа Магар да ја преземе титулата на 14 октомври, кога ќе наполни 18 години. Младиот Непалец е висок само 56 сантиметри и моментно е најнискиот тинејџер во светот. Лекарите никогаш не успеале да утврдат зошто Нињо останал така мал. - Никогаш не донесоа дијагноза, изјави неговата мајка, нагласувајќи дека на раѓањето нејзиниот син тежел 1,5 килограми и бил долг 38 сантиметри. - Среќен сум, бидејќи сум единствен, изјави Нињо. Освен катарактата на двете очи кои му го отежнуваат видот, а за чија операција неговото семејство нема пари, Нињо нема никакви здравствени проблеми. Бистар е и ведар, сака да игра домино и шах, да се дружи со луѓе и да патува, иако досега не ја напуштил својата земја. Заработува така што игра по трговските центри, а неодамна глумел наркодилер во еден филм. Нињо има и девојка по име Фани која има 18 години и е двојно повисока од него, односно 1,5 метри. Нињо ужива во својата слава, но му пречи тоа што луѓето го допираат и поткреваат. Извор: идивиди Изменето од ФорумскаБаба - 06.Септември.2010 во 19:00 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а бе ајде ..... опет јапонците се зајебавале
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најстариот маж на светот го прослави 114-от роденден
Најстариот маж на светот, Американецот Волтер Бренинг, го прослави вчера својот 114-ти роденден. Роден на 21 септември 1896 година во Минесота, се пресели по завршувањето на Првата светска војна во Монтана каде цели десет години работеше на железницата. Тој и неговата сопруга Агнес, која почина во 1957 година, немаа деца. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најчудните Гинисови рекорди - Од најдолг јазик до најмногу сламки во устата!
„Дејли меил“ пишува за некои од најинтересните рекорди запишани во Гинисовата книга на рекорди. Најдолг кучешки јазик
Куче кое најбрзо пука балони
Најдолгата змија
Најголемиот англиски појадок на светот
Најниската крава на светот Најголема колекција штрумфови Стивен Паркс има 1.061 фигура од популарните штрумфови. Во колекцијата има и од ретките Божиќни штрумфови и историски личности. Izvor: Idividi |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најстарата Македонка има 109 години Родила осум деца, а денес има 140 внуци, правнуци и праправнуци. Ги преживеала сите војни, од таа против турското ропство и Отоманската Империја, преку Балканските војни и Првата и Втората светска војна, до воениот конфликт во Македонија и настаните во Арачиново во 2001 година |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Либанско знаме од 65.000 квадрати Мароко е моменталниот носител на Гинисовиот светски рекорд за најголемо знаме со големина од 60.000 квадратни метри, а Либан ѓе го урива со плус 5.000 квадрати БЕЈРУТ - Либан до сега е носител на неколку рекорди на полето на кулинарството, а сега претендира и за титулата најголемо државно знаме во светот, толку големо што е потребен аеродром за да се постели. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најстариот човек на светот почина на 114 години
Француската калуѓерка Ежени Бланшар која го држеше Гинисов рекорд за најстар човек на светот почина на Карипскиот остров Сен Бартелеми на 114-годишна возраст. Сега најстар жив човек на светот е 114-годишната Јунис Санборн од САД ПАРИЗ (Ројтерс) - Француската калуѓерка која го држеше светскиот Гинисов рекорд за најстар човек на светот почина на Карипскиот остров Сен Бартелеми на 114-годишна возраст, соопшти француската влада. Ежени Бланшар, родена на 16 февруари 1896 година почина завчераутро во болница на малиот остров кој е привлечен за богатите славни личности поради беспрекорно чистите плажи. Бланшар со години живееше на островот к*расао на блискиот архипелаг Холандски Антили, меѓутоа последните 30 години од животот ги помина во болницата во Сен Бартелеми. Според Групата за геронтолошки истражувања со седиште во САД која води регистер на најстарите луѓе на светот, Бланшар беше прогласена за најстар жив човек на 2 мај кога почина Јапонката Кама Чинен на 114-годишна возраст, само неколку дена пред да наполни 115 години. Смртта на Бланшар значи дека сега најстар жив човек на светот е Јунис Санборн од САД, родена на 20 јули, 1896 година во Луизијана, според податоците од регистерот. |
|
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |