IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Совети за вашата градина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Совети за вашата градина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Совети за вашата градина
    Испратена: 08.Јули.2010 во 00:04
Гледам дека има тема за дворот, ама како што видов само слики постирате. Сметав дека е добро да се отвори тема каде што ќе постираме само совети за одржување на градината.....

Историја на градината и најпознати градини во светот


Најстарата градина, за која постојат податоци, е Кралската градина на Птоломеј Трети во Египет, датирана во вториот милениум п.н.е. Со своите палми, винови лози и лотосови цветови, поставени во фонтаните и базените, градината била украс на храмот во Карнак и предизвикувала естетско уживање.


Во античка Грција, во 350 година п.н.е., Аристотел ги основал првите ботанички градини во Атина. По смртта на Аристотел, за градините продолжил да се грижи неговиот ученик Теофрастус, кој во историјата е запаметен како прв проучувач на ботаниката.

Вавилонските висечки градини се познати како едно од 7-те светски чуда на стариот свет. Изградени во 7-от век, тие биле ремек-дело на асирскиот владетел Набукодоносор, кој ги создал во чест на својата жена Семирамида. Скалесто организирани на многубројните тераси, со својата убавина и монументалност предизвикувале восхит кај грчките историографи, чии записи се единствениот зачуван податок за постоењето на овие градини.

Ацтечките градини, кои се развиле одвоено од оние на стариот свет, содржеле колекции од организирано одгледувани флорални видови. Така, во 16 век, по шпанската колонизација, Франциско Фернандез, дворски физичар на Филип Втори, собрал материјали за природните ресурси на Мексико, кои во 1561-ва година биле објавени во научен труд.

Првата универзитетска ботаничка градина е формирана во 1621-ва година, во Оксфорд, Англија. Била наречена „Јавна физичка градина“, сочинета од 3.000 растителни вида, а еден век подоцна во неа бил поставен првиот стакленик за зеленилото неотпорно на ниски зимски температури.

За некои од најпознатите ботанички градини во светот:

Музеј на овошки во Токио, Јапонија

Проектот и дизајнот на овој модерен објект, кој наедно претставува најголем производител на овошје во Јапонија, се дело на познатиот архитект Ицуго Хесевага. Изведен во 1996-та година, објектот претставува спој од 3 различни по форма, но заемно поврзани градби: Зелена куќа, Атриум на слободен простор и Куќа за научни собири. Инспирација за објектите, лоцирани на 30 метри од планината Фуџи, биле морските школки исфрлени на брегот. Проектирани како челични лушпи од перфорирани мрежи, со целосно застаклена површина, имаат покрив што изгледа како разгранета крошна од дрво и се потпира на цевчести стебла во функција на столбови.

„Проект рај“, Англија (Eden Project)

Претставува најголема ботаничка градина во светот. Содржи повеќе објекти, од кои најзначајни се т.н. биоми - биома со тропска влага и биома со висока температура за медитерански растенија.

Биомата со влажна тропска клима претставува најголема стаклена бавча на светот. Висока е 50, а долга 240 метри. Содржи 1.000 различни билки и дрвја од тропските острови- од Малезија, Источна Африка и Јужна Америка. За да се создаде тропска клима, во неа се конструирани вештачки водопади, реки и базени, а со прецизни инструменти постојано се контролираат влажноста и температурата на воздухот. Двете биоми се покриени со еластични фолии во 3 слоја, отпорни на сите надворешни влијанија, а на врвот од покривот имаат поставено специјални регулатори, кои автоматски се отвораат кога воздухот во внатрешноста е премногу топол или влажен.

Биомите се поврзани со ресторански дел, кој е совршено вклопен во околината, така што неговата покривна конструкција е посадена со трева, која е постојано зелена.

Претставува една од најстарите ботанички градини. Датира од 17 век и ја поседува најголемата колекција растителни видови, со што е позната како најголем светски центар за ботанички истражувања.


Еден од најновите и најуспешни павилјони во неа е Алпската куќа, проектирана како мала структура, која остава голем впечаток.


Погледната од далечина, личи на арка од мост со висока транспарентност поради проѕирната стаклена површина, која на алпските растенија им обезбедува многу светлина и свеж воздух. Под земјата, воздухот се притиска во лавиринт, каде што оладен од термална маса продолжува непрекинато да циркулира низ просториите.

Кралска ботаничка градина во Кју, Англија

Претставува една од најстарите ботанички градини. Датира од 17-от век и ја поседува најголемата колекција на растителни видови, со што е позната како најголем светски центар за ботанички истражувања.

Еден од најновите и најуспешни павилјони во неа е Алпската куќа, проектирана како мала структура, која остава голем впечаток. Погледната од далечина, личи на арка од мост со висока транспарентност поради проѕирната стаклена површина, која на алпските растенија им обезбедува многу светлина и свеж воздух. Под земјата, воздухот се притиска во лавиринт, каде што оладен од термална маса продолжува непрекинато да циркулира низ просториите.






Изменето од ФорумскаБаба - 08.Јули.2010 во 00:10
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 00:05
Совети за вашата градина


Оние што не знаат (се) прашуваат, оние што знаат се допрашуваат: што се треба да се знае за градинарството?

Се разбира многу, но овде се мисли на „главно се“. Треба да се слушаат- читаат советите на стручните и компетентните за се и сешто, да се имаат на ум и неопходните работи во секоја сезона и месец. Секако, предизвик претставуваат откритијата (како и во секоја друга област), особено ако се поврзани со Библијата!



-Градините се со различна форма и содржина, а тоа зависи пред се од растенијата што се наоѓаат во нив. Но без оглед на тоа, постојат неколку совети и упатства кои можат да ја олеснат работата во нив.

1. Покривање на земјата со покров како песок, пилевина или некој друг мелен облик и дава на вашата градина поубав изглед и не само тоа. На пример, пилевината донесува многу минерали и витамини за вашите растенија и ја штити земјата од исушување. Покривањето на земјата со хранливи материи е една од основните работи што треба да се прават.

2. Треба да се знае кои растенија по природа се најздрави и најотпорни на болести, но и за вашето поднебје, па такви да се садат. Растенијата се како луѓето- лица со здрав и силен имунитет многу подобро и полесно преболуваат многу болести. Здравото растение исто така.

3. Домашните миленици можат да го нарушат здравјето на вашето растение копајќи околу него. Со своите излачевини можат да ги оштетат листовите, па на тој начин да ги исушат, а со самото тоа и да го нарушат изгледот на вашата градина. Доколку не можете да избегнете тие да доаѓаат во неа, едноставно листовите измијте ги со благ сапун, пребришете ги или измијте ги со вода.

4. Со користење на композитни домашни ѓубриња многу се подобрува општата состојба на растението. Исто така се штедат пари, зашто не морате да купувате скапи вештачки ѓубриња. Ѓубрињата кои не се од органско потекло едноставно во вашите растенија оставаат многу хемиски материи и со самото тоа не се толку здрави како органските. Вештачките, пак, освен што содржат хранливи материи, содржат и токсини против разни штетници. Тие токсини низ залевањето доаѓаат во растението. Вистина е дека таквото е тогаш поотпорно на штетници, но мораме да знаеме дека сите тие не реагираат еднакво на токсините- некои отрови нема ни да ги почувствуваат, но одделни растенија можат да реагираат негативно во нивните стебленки и едноставно да се исушат.

5. Климата е еден од најважните фактори што треба да се имаат предвид кога се садат некои растенија под вашето поднебје. Распрашајте се во земјоделските аптеки и стакленици за растенијата кои мислите да ги садите и одгледувате во вашата градина. Ова е една од ставките кои многу придонесуваат за заштеда, зашто нема повторно да купувате нови растенија само затоа што сте знаеле дека тоа рестение не може да расте под вашето небо.

6. Планирањето на изгледот на вашата градина и вашата окуќнина во многу, а статистиките покажуваат дека и двојно ја зголемуваат вредноста на вашата куќа.

7. Лесната и мека трева (англиска) му дава свежина на вашиот дом во текот на целата година. Се разбира, доколку климатските и почвените услови се погодни за неа.

8. За да ја заштитите вашата градина од силни ветришта, како и од можноста ветрот да ги искорне или уништи растенијата што се чувствителни, покрај нив или во близина посадете растенија со посилен корен и стебленки или некое стебло. На тој начин ја заврстувате почвата во вашата градина и ги штитите останатите растенија не само од ветрот, туку и од силно директно сонце во текот на летните месеци.

9. Живите огради и растенијата чии листови се ситни и густи на начин од нив да можат да се прават разни форми или силуети исто така придонесуваат за убавината на вашата градина.

10. Цвеќето е прекрасно но и мошне скапо, затоа најдете го она што цути долго и е отпорно на временски неприлики. Доколку имате во близина на куќата диво цвеќе што успева во природата околу вас- пресадете го во вашата градина бидејќи за него сигурно ќе знаете дека ќе успее да опстане.

11. Корените на вашите растенија и цвеќиња се наоѓаат отприлика 15- 25 см в земја и имајте на ум дека вкопување на ѓубриња до коренот или околу него е фрлање на пари и загуба на време. Ѓубривото со своите минерали и хранливи вредности ќе дојде до растението секогаш кога ќе залевате.

12. Глисти во градината и тоа како е добро да се имаат- не се хранат со растенијата, а обичната земја ја претвораат во хумус одличен за нив!

13. Да има неколку видови на инсекти во вашата градина е исто така добро поради опрашување на растенијата.

14. Доколку во вашата градина имате плевел- секое растение на плевелот залијте го со домашен оцет- тоа ќе го уништи плевелот.

15. Имајте што повеќе видови на цвеќе и растенија во вашата градина.

16. Најдобро залевање на растението е низ утрото.

17. Големината на вашето идно растение исто така треба да се има предвид за после да не го пресадувате поради недостиг на простор.

18. Новите засадени растенија имаат потреба од поголемо внимание и нега додека се навикнат на новите услови на живот и додека не го пребродат шокот при пресадувањето.

19. Растенијата се живи суштества и како такви треба да се третираат. Ако сакате да растат во вашата градина, треба да се чуваат и мазат. За возврат ќе ви вратат со убавината во која ќе можете да уживате секој ден;
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 00:06
Рецепти за дохранување на растенијата

-Одамна познатите и испробани домашни рецепти се базираат на природните состојки што често завршуваат на отпад. Па зошто да не се искористат и притоа да се сочува нашата околина? Од нив лесно ќе направите природни средства (можат да се подготват во секое домаќинство) во недостиг на хемиски, а кои ќе послужат за додатна прихрана на собни и градинарски растенија. Некои и за заштита од растителни натрапници.

Растворот од лук подгответе го така што иситнет лук ќе прелиете со вода и ќе оставите да стои неколку часа, најмногу еден ден. Потоа процедете и 2- 3 пати неделно со неразредениот раствор испрскајте ги нападнатите растенија од разни натрапници. Непријатниот мирис ќе испари. Можете исчистен лук да преполовите и полека да го втиснете во земјата. Вака ќе се ослободите од габичките кои се размножуваат во земјата и им наштетуваат на растенијата, а не поднесуваат лук.

Ситно сечкана кора од банана која треба да се измеша во земјата му служи како ѓубриво на цвеќето, зашто содржи големо количество на калиум и шеќер.

Корупките од јајцата кои остануваат по подоготвката на слатки и разни јадења натопете ги во вода и оставете да отстојат неколку дена. Со тој раствор залејте ги растенијата и природно прихранувајте ги.

Наместо да ги фрлате остатоците од кафе, залијте го цвеќето со нив. Ефектот ќе биде поголем ако се засладени, зашто шеќерот во супстратот ќе ја активира фауната. Освен тоа, ефектот на ѓубриво ќе се постигне со високото ниво на калиум од кафето што ќе го зајакне одбранбениот систем на растението.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 00:08
Работи во септември

Кога полека минува летото и доаѓа студот, време е да тргнеме со нови работи во градината и куќата. Да ги подготвиме нашите растенија за студеното време што ќе дојде, како она во градината исто така и растенијата во куќата или на балконот и терасите.

Во септември сонцето не е со така силен интензитет, па можеме да почнеме и со ново садење и пресадување на зимзелени грмушки и стебленца, како и со трајни растенија. За добро да се вжилат и да бидат подготвени за зимата. Иако ова може да се направи и на пролет, сега е подобро време за тоа! Зашто земјата е се уште топла од летните горештини и е подобро за растението отколку да го садиме на пролет кога е таа студена и и треба долго повторно да се загрее, па на растението му е потешко да расте во такви услови.

Заедно со садењето на зимзелените грмушки и стебленца во градината, исто така можете да почнете и да садите лучнички цвеќиња за пролет или да ги посадите во садови, па да ги внесете во визба или гаража, на потопло место, така што со својата убавина да ни ја освежат зимата. Сега ќе најдете и најдобра понуда на лучници, па набавете си нарциси, лалиња, шафрани, зумбули и слично цвеќе. Заедно со нив можете да посадите и циклами овој месец! Но за нив е потребна температура при никнувањето од дури 20 степени Целзиусови, така што имајте на ум на кое место ќе ги посадите и дали ќе ги имаат бараните услови. Откако ќе никне и ќе почне цикламата да расте, температурата потребна за одгледување се снижува на 15 до минус 12 степени Целзиусови.

Залевањето треба да се намалува зашто повеќе не е така жешко и е поголемо количеството на влага во воздухот. Така што пред секое залевање треба да се провери влажноста на компостот, па да се престане со залевање на одделни растителни видови за да почнат да се подготвуваат за зимско мирување.

Исто така полека при крај е и со ѓубрењето и прихранувањето на цвеќето, па повеќе не е потребно. Уште можеме да додадеме на почетокот од месецот доколку времето и натаму е топло, и со тоа да се заврши со прихранување со ѓубриво за оваа година. Можеме за последен пат и на тревникот да му додадеме ѓубре (калиум и азот).

Градинарското цвеќе кое не е отпорно на студ и е едногодишно кон крајот на месевот може и да се отстрани од градината и да се посади ново што ќе го замени. Така, доколку сакаме да имаме убава градина и за време на студениот зимски период, најдобро е да се посадат синолички! Можете да ги посадите како во градина, исто така и на балкони или во цветници.

На собните растенија што ќе ги внесеме во куќата преку зима треба полека да им го прекинеме прихранувањето, па полека да почнеме да правиме места или расадник за нив.

Остатоците од градинарско и собно цвеќе што сме ги искорнале или отсекле е најдобро да ги ставиме на компост. Се компостираат само здрави растенија и без семе. За од настанатиот компост да не ни никнат разни растенија и плевел, пред компостирањето треба да ги отстраниме цветниот дел кај што настанува семето.

Бидејќи зачинското растение ја губи аромата ако нема доволно топлина и сонце, во септември треба да се собере, а повеќегодишното да се премести во куќата.

Во септември божурите ги размножуваме со делење на коренот. Да се разгрне корењето за да се дојде до грутчестиот дел. Со нож го отсекуваме делот од коренот со неколку здрави пупки и го засадуваме во саксија.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 00:09
Градини, тревници...


Од внатрешноста на домот вашиот поглед на светот ќе биде наедно и поглед на градината. Ако таа служи само за гледање, а такви се малку, би требало да се уреди. На изгледот на самата градина придонесува правилното омеѓување, доброто поплочување, клупите, скулптурите, садовите за растенија. Меѓутоа, без цвеќе, украсни растенија, тревници и зеленило градината не би била тоа што е.

Можеби моментно не сте во ситуација или немате доволно пари за уредување на раскошна градина и можеби сте задоволни само со терасата и парчето поплочен простор. Но сите потајно сакаме нешто поубаво, можеби малку поголемо и помирно. Сите бараме некое свое катче, свој мир и опуштање во природа. Па зошто да ја немате природата во сопствениот дом и градината?

Да се посматра развојот и растењето на градината за секој креатор на градинарски простор претставува не само задоволство, туку и корисно искуство.

За градината целосно да ја одрази идејата на својот автор, треба внимателно и промислено да и се пристапи уште на самиот почеток. Градина со едноставни линии и природен тек со леснотија предизвикува привлечен впечаток на опуштеност и може да дејствува како да не е обликувана, иако најчесто настанала врз основа на мошне внимателно планирање.

Кај планирањето на градината треба да се примени начелото на обликување и да се избираат, одгледуваат и негуваат растенија на кои климата, опкружувањето и положбата на градината им одговараат.

Украсни дрвја, украсни грмушки, ползавци, едногодишни и двегодишни растенија, лучнички растенија, кактуси, водени растенија. Се може да се комбинира и да се користи во уредувањето на градината. Само треба да се води грижа за боите и формите, времето на цутење и сето тоа заедно да се хармонизира.

Каменарите и песочните површини на секоја градина ќе му дадат додатна природна пријатност, а ако користите и растенија за каменари или алпски растенија, вашите камени стрмини, камени гредички, песочни и поплочени гредички со правилен избор на материјалот и растенијата ќе засветлат во полн сјај.

Водените градини и обликувањето на водени површини бараат малку повеќе креативност и волја, но благодарение на гумираните материјали, PVC материјалите, поставувањето и обликувањето на рибници и езерца е можно да се изведе во еден ден.

Градините во садови или тегли на балкон или прозорец со правилен избор на садовите, било подни или висечки, лесно ги привлеклуваат погледите и се посебно изразни, а едноставни и лесни за одржување.

Балконите и покривните градини се посебен предизвик. Садењето на балкон и садењето во покривни градини бараат висококвалитетна хидроизолација на балконот или покривот, а освен тоа мора да се внимава и на севкупната тежина на градината за да не се наруши статиката на објектот на кој таа се наоѓа.

Градинарството во затворен простор нуди можност за украсување на некој ентериер со собни растенија. Со нивна помош може да се нагласи собниот мебел или одреден дел од просторијата. Можат да се креираат различни облици и на вашиот животен простор може да се придонесе со сосема нов начин на уредување на ентериерот. Растенијата можат да се садат поединечно, во различни форми со различни листови, бои и мириси.

Тревниците се еден од најпопуларните делови во градината, и тоа со добра причина. Тревникот е место за игра и рекреација или има само естетска вредност, поврзувајќи ги другите елементи во градината во една хармонична целина. Исто така разликуваме и тревници на спортски терени, расцутени ливади и тревници кои наместо трева содржат други видови на растенија, најчесто покривачи на почвата. Во зависност од изложеноста на тревникот на сонце, постојат тревници за сончани површини и за површини во сенка.

Со оглед на намената, постојат и различни видови на смеси со треви кои поднесуваат различни услови на експлоатација. Доколку сакаме тревник наменет за рекреација или спорт, ќе избереме смеса на треви во кои доминираат видови отпорни на газење. За украсни тревници видовите во смесата мораат да имаат интензивна боја и густина, но не поднесуваат газење.

Без оглед на намената која би требало да ја има нашиот тревник, постојат работи кои се заеднички за сите, а тоа се темелна и квалитетна обработка на земјиштето и редовна нега. Постојат доста примери во практиката во кои семето на тревата е расфрлано на необработено земјиште или по правилното сеење косењето е единствената мерка на нега што се спроведува во текот на годината. Јасно е дека таквите постапки ќе дадат само привремени ефекти и оти, ако и се оформи тревникот, следната година тој ќе биде потиснат од плевел. Затоа изборот и подготовката на земјиштето, нивелирањето и техниките на сеење се битни рани мерки на нега, а вкупната слика може да биде перфектна само со редовно одржување.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 03:41
50 совети за уредување на вашата градина


1. Кај долга и тесна градина, избегнете го ефектот на ходник така што ќе ја поделите градината во неколку помали целини раздвоени со стреи или паравани од бамбус. Секој дел може да го осмислите со растенија во различни бои и облици за да на секој дел му се даде посебна атмосфера, или разновидни функции. Друго решение е поставување на патека дијагонално преку градината, која ќе го води погледот од едниот до другиот крај на градината и на тој начин ќе се создаде чувство на ширина.

2. Вложете средства за надворешно грејно тело. Печките најдобро се вклопуваат во рустични и селски градини, но постојат и модерни модели кои можат добро да се вклопат во другите стилови. Одберете мала печка која може да ја ставите на терасата или платото.

3. Направете притаен дел за седење, сокриен од погледите на соседите со пергол обиткан со ползавец.

4. Проширете ги патеките на барем метар ширина доколку растенијата ја надвиснуваат патеката. Доколку градината е во форма на квадрат или правоаголник, патеката не ја поставувајте по средината за да се избегне ефектот на здодевност. Поместете ја малку на страна или нека биде кривинеста. Истотака, посадете некои повисоки растенија за да го сокриете другиот дел на градината од погледи и на тој начин да создадете мистично чувство.

5. Внесете висина и структура во градината со мали дрва. Крошните ќе овозможат простор за птиците и корисните инсекти. За мали простори одберете компактно дрво, на пример црешово дрво што цвета.Задолжително информирајте се за висината и ширината што може да ја достигне дрвото. Ако сакате дрвото да ве штити од погледите на соседите, а истовремено да не фрла пресилна сенка, определете се за сребрена бреза.



6. Секогаш на крајот на патеката поставете некоја фокусна точка, на пример некоја скулптура или големо растение за да привлече поглед или за да се истакне просторот. Може на крај на патеката да се постави езерце или маса и столици за одмор и обедување.

7. Не сакате косење трева? Заменете ја делумно или целосно со чакал, камчиња или ситни школки кои ќе ги поставите под геотекстил кој го спречува коровот. Додадете и некои склуптури или фонтани за градини, но не претерувајте со премногу украси за да не се добие чувство на пренатрупаност или неуредност.

8. Даските се убава поглога, но бараат одржување. Секоја година заштитете ги со заштитен слој.

9. Размислете за поставување на патека во медитерански стил, која секогаш убаво изгледа.

10. Нека првиот впечаток биде величествен. Поставете саксии или жардинери со дрвца или грмушки пред влезната врата.



11. Направете минијатурно езерце како би го оживеале неинтересното ќоше во градината. Ова место ќе привлече животинчиња, а
овозможува и садење на интересни водени растенија.

12. Леите губат на интензитет како проаѓа летото. Планирајте однапред и посадете некои растенија што доцна цветаат покрај вообичаените, или посадете во саксија цвеќе кое ќе го изнесете надвор кога градината ќе почне да заостанува со вегетација.

13. Во дното на градината поставете гарнитура за седење или чадор за сонце.Нека бидат во склад со бојата на зеленилото.

14. Дополнителните места за седење секогаш се добредојдени, особено кога имаме повеќе гости. Клупите со простор за складирање под капакот се одлично решение, како и сандаци на кои може да поставиме перничиња.

15. Со спреј обојте ги дрвените елементи или обојте ги во зелено додека да ги прекријат ползавците.


16.Допуштете им на децата да си изберат маса и столици. На тој начин шарените елементи ќе им го направат престојот на отворено многу попривлечен.

17. Направете го обичното платото на градината поинтересно со тоа што ќе поставите шарен мебел. Масата со силни, весели бои ќе внесе позитивна атмосфера, особено ако ставите и шарени перничиња на столиците.

18. Ѕвончињата носат среќа, велат експертите за Фенг Шуи. Во секој случај ќе ги замаскираат звуците на автомобилите и ќе направат атмосфера.

19. Украсете ги теглите и леите со фигурички на инсекти и цвеќе на жици или стапчиња.


20. Приватноста е многу важна, особено ако на вашата градина имаат поглед соседите од повисоките катови. Сепак, високите дрва, освен погледите, ќе го засенат и сонцето, па затоа се препорачува и поставување на настрешница преку која ќе израснат ружи, лоза или клематис.



21. Употребете потпорни елементи во облик на пирамида под леите кога се во фаза на растење како би добиле побогат изглед додека сосема не се оформат.

22.Свртете го вниманието од неинтересните ѕидови на тој начин што ќе поставите жардинери и саксии со цвеќе. Посадете цвеќе кое е со силни бои, а за премините кои се засенети употребете бели или сиво-виолетови цветови.

23. Аромотерапијата не е само наменета за во бања. Мирисната градина има релаксирачко влијание на организмот. Рузмаринот и лавандата се познати по своите релаксирачки својства, а повеќето цветни растенија ќе мирисаат преку целото лето.

24. Одржувајте ги висечките саксии свежи така што на дното ќе поставите стари подлошки или парче од PVC вреќа. Со ова ќе се спречи истекување на водата. Залевајте ги секој ден, а ако се изложени на сонце и по два пати дневно.

25. Тревите моментално се во тренд. Во градината внесуваат боја, текстура и елеганција кога се повиваат на ветрот.




26. Намамете ги птиците и другите животни со поставување на хранилки и садови со вода.

27. Чувајте ги перниците за столици во пластични кутии кои ќе ги штитат од влага кога нема да ги користите.

28. Доколку немате време за одржување на растенијата кои бараат поголемо одржување, посадете отпорни џбунови кои ќе внесат боја во градината, а нема да бараат многу нега.

29. Купете некои игри, или пиштоли на вода за најмладите.

30. Употребете рефлектори за да го свртите вниманието на некои фокусни точки во градината. Насочете ги на дрвото во дното на стеблото, или поставете ги позади некои впечатливи растенија како би ја истакнале нивната силуета.



31. Направете светлечки ефект така што ќе провлечете низа од светилки, на пр. како оние за новогодишните празници, низ крошните и грмушките. Исклучувајте ги ноќе поради светлосното загадување кое може да му штети на растителниот свет.

32. Чадорот е неопходен за летните денови. Одберете или платнен или од трска и бамбус.

33. Одвојте некое катче во градината за најмладите. Обезбедете им пластични алатки и семки од сончоглед, грав...

34. Употребете огледала за да оптички ја зголемите малата градина. Популарен трик е правењето на лак од дрвени греди преку кој ќе пуштите да растат ружи ползавци или други растенија, а на него ќе поставите огледало кое ќе направи да изгледа како да градината продолжува низ лакот обраснат со цвеќе. Подеднакво добро изгледа и одсликан ѕид.

35. Кога бирате саксии, треба да знаете дека оние од порозна глина се сушат многу побрзо од пластичните. Затоа треба внатрешноста да се обложи со пластична вреќичка, која предходно ќе ја издупчите за да истекува вишокот вода. Металните саксии брзо се загреваат, па затоа во нив садете растенија кои се отпорни на топлина и исушување, на пр. јука или ароматични зачински растенија.



36. На дното на езерцето поставете специјална подводна светилка која ноќе ќе делува магично и ќе го привлекува вашиот престој во градината.


37. Дадете им на старите столици нов изглед така што ќе ги пребоите во некоја потемна, пожива боја. Обојте ги навлаките со специјални бои за текстил.

38. Лулашката во градината е неизоставен елемент за мрзливите попладневни часови.

39. Внесете во градината и релаксирачки звук на вода така што ќе поставите мала фонатана.

40. Набавете убава кантичка за полевање за да оваа работа ви представува задоволство, а растенијата ќе ви бидат благодарни на редовниот оброк.



41. Направете терацо. Тоа не мора да биде поврзано со куќата, особено ако градината е свртена кон север, а терацото е веднаш до куќата. Во тој случај поголемиот дел од времето ќе биде во сенка и нема да може да ги користите сончевите денови. Затоа одберете некое сончано место за поставување на плочите, или направете камена патека која води до него.

42. Мала дрвена кола ќе ви донесе старински шарм во градината. На неа може да ставите саксии со цвеќе.



43. Декоративните скулптури на животните ќе внесат хумор и боја во вашата градина.

44.Ѕвоното, ама вистинско, на градината ќе и даде носталгична нота.

45. Променете го изгледот на куќичката за алат така што ќе ја пребоите. Може да се определите за било кој дезен или стил.



46. Прекријте ја куќичката со ползавци.

47. Тргнете ја од погледите со стабилен параван кој може да го поставите на висечки саксии со цвеќе или да го обоите.

48. Оживејте ги здодевните плочки или блокови. Неколку од нив извадете, лежиштето премачкајте го со малтер, и во вид на мозаик втиснете ги скршените плочки во друга боја, школки или каменчиња.

49. Вложете средства во добра скара. Во текот на летните месеци таа ќе ви биде еден од најкористените предмети, а ќе станете и омилен домаќин меѓу вашите пријатели.

50. Големите саксии со растенија кои лесно успеваат и не бараат многу нега ефектни се кога ќе се изложат, посебно во сончевите делови на градината.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 03:49
Оградувањето на дворните површини


Една од најелегантните, а воедно и економски најисплативи огради за дворно уредување и преградување е таканаречената „жива ограда“. Но интересно е дека кај нас, под терминот „жива ограда“, луѓето честопати ја сметаат само зеленолисната ограда, што во принцип е и најупотребувана ограда на овие простори. Постојат повеќе видови, типови на оградување на вашата дворна површина ,а во прилог следат нејзините типови, видови и мало појаснување за нивните карактеристики.



Живата ограда е најдобро да се сади на пролет или во есен, а доколку се одлучите за контејнерски садници оваа работа можете да ја извршите во текот на целата година. Голем број на растителни видови погодни за формирање на жива ограда овозможуваат за секоја положба и секое земјиште да се пронајде соодветен вид, кој во целост ќе ги задоволи вашите барања и ќе ги исполни своите функции: заштитна, еколошка, естетска. Обликот и висината на живата ограда се одредуваат со окастрување.
Постојат 3 вида на зеленолистна жива ограда: слободнорастечка формирана од повеќе различни видови на растенија, слободнорастечка формирана од еден вид и режана-окаструвана жива ограда формирана од еден вид. Што се однесува на типот на живата ограда, можете да се определите за листопаден, зимзелен или четинарски. Таа се сади во дупки или ров, со длабочина од 40 до 60 см и широчина обично 2 пати поголема од пречникот на базот од набавени растенија. Дното на дупката или ровот се прекопува и се насипува со земја збогатена со тресет, компост или NPK минерално ѓубриво.

Растенијата пред садењето треба да се подготват- окастрат оштетените изданки и гранки, а доколку сте набавиле растенија со гол корен- оштетените делови од коренот. Ако таквите растенија подолго време поминале надвор од земја, треба неколку часа пред садењето да се стават во вода. Растенијата се редат во дупките/ ровот, се покриваат со земја, која потоа треба добро да се нагази, а на крајот изобилно да се залее. Добро е да се остават ивиците на садната јама малку издигнати, за водата да се задржува околу коренот на рестението.
Живата ограда може да биде едноредна или дворедна. Дворедната се сади во наизменичен-тријаголен распоред. По садењето растенијата треба да се окастрат на височина од 15-20 см и да се обликуваат. Растенијата кои не се примиле следната сезона треба да се заменат со нови, за израснатата ограда на сите места да биде подеднакво густа. Одржувањето бара доста труд: редовно залевање, плевење, прихранување два пати годишно и режење- окастрување. Правилното окастрување е мошне важно, за долниот дел од живата ограда да не се прореди поради недостиг на светлина. Првото окастрување- појако, се врши од октомври до февруари, кога се оставаат неколку нови изданки. Другото се врши во мај- јуни.


Видови жива ограда

Постојат повеќе видови висока зимзелена жива ограда.

Лејланди (Cupressocyparis leyladii)

Еден од најбрзо растечките четинари, со убава зелена боја. Вирее на сонце и во полусенка, поднесува извесно аерозагадување. Меѓусебното растојание за садење треба да биде 70 до 100 см. За пет до шест години израснува до три метри.

Аризонски чемпрес (Cupressus arizoica)

Овој вид е брзорастечки четинар со сина или синозелена боја. Успешно вирее во градска средина - на јужната страна од дворот. Се крои два до четири пати годишно. Растојанието за садење меѓу два чемпреса треба да биде 100 см.

Ловоровишна (Prunus laurocerasus)

Карактеристични се крупните кожести листови, кои се слични како на лимонот. Одлично поднесува прав и загадување. По садењето се скројува за 1/3 до 1/2 за да се обезбеди поголема густина. Се сади на растојанието од 50 до 70 см.

Голема туја (Thuja plicata)

Брзо растечка, отпорна на ветер и загадување. Издржлива е на екстремни климатски влијанија. Се сади на растојание од 80 до 120 сантиметри.

Ако сакате цветна жива ограда, може да избирате меѓу следните три вида:

Пираканта (Pyracantha coccinea)

Бодликава, полузимзелена, расцветува напролет. Во почетокот цветовите се бели, а подоцна се формираат црвени бобинки (забавни за децата - вкусни за птиците). Декоративна е и издржлива. Се сади на 70 см.

Бел бран (Spiraea vanhouttei)

Овој вид грмушка обилно цвета во мај. По цветањето се крои и проретчува. Потребен и е поголем простор во широчина. Отпорна е на секакви климатски влијанија. Се сади на растојание од 70 до 120 сантиметри.


Рози (Rosa floribunda)

Изберете Rosa floribuda или Rosa rugosa за да имате неформална, живописна жива ограда. Растојание за садење е 60 до 80 см. За ниски живи огради ви препорачуваме: лаванда, сантолина, зеленика, розмарин и др. Ако сакате живи огради што ползат, може да побарате бршлен, црвена лозинка, цветен грозд, или труба.



(architect.mk)
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 17:43
Треви и тревни штетници


Тревите му припаѓаат на видот на монокотиледони и се една од најбројните растителни заедници на планетата. Познати се над 600 родови на треви со околу 10.000 видови. Во средна Европа се познати околу 50 родови со околу 200 вида.

И покрај толку големиот број на тревни видови, за потребите на спортските тревници, како и за парковите, се користат сенасе околу 15 вида со околу 100 сорти одгледани посебно за таа намена.

Кај изборот на тревата разликуваме економски критериум, т.е. како трева која служи за сточна исхрана и хортикултурен критериум, кој предност му дава на следните карактеристики: отпорност на газење, отпорност на суша, на болести, поднесување на често косење, конк*рентност спрема други треви, финост на лисјето, поднесување на сенка, способност за самообновување, изедначен изглед и лете и зиме, начин на размножување. Треба да се има предвид дека само мал број од видовите ги задоволува сите наведени критериуми, но со создавање на нови сорти значително е зголемен бројот на погодни треви за хортикултурна намена.

При изградбата на нов тревник мораме многу да водиме сметка за наведените критериуми, за во што поголема мера да ги задоволиме естетските и други услови за убавината на тревните површини.

За почвата:

Нејзините механички својства се менуваат релативно бавно, па податоците за корелацијата на водниот капацитет, воздушноста и топлинските својства се многу важни за секоја анализа.

Под механички својства подразбираме текстура и структура. Тие се едни од битните показатели на почвата. Текстурата е количествен однос на механичките елементи кои, меѓу другото, ни го покажува степенот на распаѓање на минералните честички во фаза на формирање на почвата, како и нејзината способност да ги задржува водата и хранливите материи, како и да дејствува врз другите односи важни за процесите на растење и развој на растенијата.

Разликуваме: песочни, иловести и глинести почви.

Песочните имаат прилично добар однос спрема воздушноста и топлината, додека наедно не ја задржуваат водата, па на то начин брзо се губат и хранливите елементи кои се испираат заедно со неа. Под услов вештачки да се надомести недостигот на вода (со наводнување) и со прихранување со вештачко ѓубриво, минерално или органско, таквите почви се многу поволни за изградба на тревници.

Од еколошки апсект иловестите почви се покажале како најповолни за одгледување на тревници. Тие имаат најповолни односи на водозадржување, воздушност и температура, благодарение пред се на урамнотежениот однос на механичките честички.

Глинестите почви содржат висок процент на глинести честички, па поради тоа се тешки и студени, т.е. поради својствата на глината тешко да прима и тешко да отпушта вода често се случува растението да не може да земе вода од таквата почва иако е таа присутна. Поради високиот кохезиски фактор на глината останува многу малку простор за воздух, а влијанието на сончевата топлина од површината е битно намалено, па таквите почви тешко се загреваат.

Може да се каже дека секој од наведените типови може да се користи, но на пример на глинестите почви треба да им се додадат покрупни фракции на песок, а на песочните одреден процент на глина.

Најчести штетници на тревниците се ларвите на инсектите кои живеат во почвите и се хранат со коренот на тревата. Полжавите се исто така чести „гости", при што прават штета хранејќи се со листовите на тревата. Трета група на штетници се малите цицачи кои прават штета на тој начин што копајќи тунели под земја механички го оштетуваат корењето и површината на тревникот ја прават нерамна. Со оштетувањето на кореновиот состав настануваат сериозни оштетувања, а како последица е менување на бојата на растението и на крајот свенување.

Птиците и глистите спаѓаат меѓу корисните животни, но сепак прават штета по тревниците. Освен што глистите исфрлаат грутчиња земја и со тоа ја нагрдуваат естетиката на тревникот и механички го оштетуваат коренот, птиците во потрага по ларви ја колваат тревната површина и на тој начин директно го менуваат тревниот состав, а доста придонесуваат и за ширење на плевел пренесувајќи негови семенки.

Поважни штетници:

-Tipulidae, голем долгоног комарец

Тој е најчест штетник на ливади и тревници. На развојот на комарците им одговара влажно време, а се појавуваат веќе во рано лето. Благата зима исто така овозможува појава на голем број на овие инсекти, а сушни есени во голема мера го редуцираат нивниот број.

Ларвите на овие инсекти се хранат исклучиво со корењата на растенијата, па и оштетувањата се манифестираат во согласност со тоа. Најнапред се појавуваат знаци слични на оние што се гледаат кај недостигот од вода, а потоа растенијата добиваат сламнасто жолта боја и на крајот угинуваат. 

Присутноста на овие инсекти во тревникот може да се провери на неколку начини, а еден од поефективните е да извадиме слој со големина 25 х25 см и дебелина 3-5 см, па откриената површина да ја залееме со солен раствор (2 кг сол на 10 л вода). По третирањето од околу 30 минути се појавуваат ларви (ако ги има) и едноставно ги пребројуваме. Ако ги има повеќе од 7, на таа површина можеме да ги третираме со некој од инсектицидите на база на паратион.

Мравки

Тие се изразито социјализирани заедници, иако постојат неколку подсемејства во рамките на семејството со различни развојни степени на заедницата. Сите мравки се социјални инсекти.

Најголема штета прават со изградба на своите мравјарници, уништувајќи го тревникот на местото на градбата. Друг начин на штета е естетскиот изглед и отежнатото одржување на теренот.

Мравјарницте главно се јавуваат на запуштени и лошо одржувани тревници, а тоа значи дека со редовно и правилно одржување проблемот со нив се решава лесно и ефикасно.

Дождовни глисти

Тие му припаѓаат на семејството Lumbriciae, кое опфаќа околу 15 видови.

Неспорно е дека спаѓаат во групата на корисни организми. Помагаат во изградбата на органски материи и со тоа ја зголемуваат содржината на хумусот во почвата. Правејќи каналчиња ја раситнуваат земјата и со тоа помагаат коренот полесно да се развива, а исто така ја зголемуваат воздушноста на почвата.

Спротивно, понекогаш ги оштетуваат листовите на фините треви, го отежнуваат косењето, а бројните купчиња исфрлена земја грдо изгледаат на негуваниот тревник. Исто така го потпомагаат растењето и развојот на плевелот.

Активноста на глистата трае од пролет до есен, а во потопло време се продолжува до доцна во есен.

Сузбивањето се спроведува првенствено со превентивни методи: отстранување на искосената трева од тревникот, развивање на pH вредноста со додавање на песок и примена на физиолошки кисели ѓубрива.

Крт- Talpa europea

Се храни со глисти и ларви кои се наоѓаат под површината на почвата, значи дека постои директна врска помеѓу активностите на глистите и појавата на кртови. Знаете и сами дека купишта исфрлена земја „убаво" изгледаат на тревникот. Кртовите посредно го оштетуваат, а штетите настануваат како последица на потрагата по храна.

Со намалување на бројот на глистите со веќе наведените мерки на одржување, како и со зголемено движење низ тревникот, мошне е голема веројатноста дека ќе ги избегнеме штетите настанати со активноста на кртовите.

Треба да се одбегнува убивањето на овие во основа корисни животни. Ако сакаме да ги истераме, тоа можеме да го направиме со помош на за нив непријатни мириси или електрични направи кои им прават непријатни вибрации, а енергија добиваат по пат на фотоќелии или од батериски влошки. Доколку се случи преку ноќ да не изненади купче земја треба да го рашириме и да досееме тревна маса на тоа место.

Полжави

Тие прават штета оти се хранат со листовите на тревата и во случај на помасовна навала треба да се отстранат од тревникот. Ако сте доволно брзи, можете да ги фатите и едноставно да ги префрлите во дворот на соседот. Оние побавните и кои имаат големи површини можат да употребат некои од хемиските средства.

Делотворно е вкопување на мали садови наполнети со пиво кое неодоливо ги привлекува.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 12:04



...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:10


или ова цвеќе со прекрасни цветови.....само треба одржување,колку да не ја премине ризична граница од 2,5 метри.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 22:06
Мал двор, голема оаза


Имате малку простор пред вашата куќа и не знаете што да направите со него. Со малку труд може да го претворите во удобно место резервирано за вас и вашите најдраги. Малку дрво, боја, чакал и растенија ќе биде доволно за да создадете своја оаза.




Поделете го дворот на два дела – делот до куќата може да има дрвен под, а надворешниот посипете го со чакал. Обезбедете и одреден вид заштита од сонце, во вид на лоза или тенда. Во дрвениот под може да оставите неколку отвори за да се овозможи непречено растење на растенијата.

Одберете одреден дел од ѕидот и посадете ползавец со што просторот ќе добие рустикален и романтичен изглед.




Може да се одлучите и да направите ѕид со мала висина по должина на дворот кој би го направиле од различни големини на каменчиња. На него поставете цвеќе во глинени или камени саксии.




Внесувањето на бои во просторот ќе допринесе за подигнувања на атмосферата. Може белата да се избере како главна боја, а одреден детаљ, како што е оградата, вратата или рамката од прозорецот да биде во интензивна боја.




Поставете на видливо место и парче мебел, како на пример, столица и клупа со интересен или необичен изглед.




Важно при уредувањето на мал двор е да не се претера со количеството на растенија бидејќи ќе се задуши просторот.

Ѕидот ќе изгледа поинтересно доколку на него се постават лончаници, со што ќе се ослободи повеќе простор на подот.


(сезадомот.цом.мк)
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 22:09
Летниковец - резиденција во дворот


Летниковецот покрај тоа што нуди многу практични можности за негово користење, претставува и прекрасен украс на дворот. За првпат се среќава кај Старите Римјани кои уживале во него после напорниот ден или собирале енергија за следниот.




За максимален ефект на уживање во него треба внимателно да се избере неговата местоположба – треба се разгледа секое место во дворот и да се избере она место кое нуди најдобар поглед кога се седи во летниковецот.




Исто така и големината, материјалот, како и растенијата (ползавци) се елементи од чиј избор ќе зависи квалитетот на престојот во него.





Според типот на конструкцијата постојат повеќе видови на летниковци. Иако најприродно изгледаат дрвените, постојат голем број материјали кои можат да се употребат при изградба на летниковец, како на пример, керамиди, шиндра, трска, слама, лим... Доколку изборот е шиндра, на располагање стојат повеќе бои. Шиндрата исто така е и полесна од керамидите, но доколку биде лошо поставена или е со послаб квалитет, при поголеми горештини постои можност да се деформира и рашири, а катранската смола да истече.









Најчест вид на летниковци се петто-шесто аголни и осмоаголни летниковци. Во нив може да се вградат столици, маси, клупи, мрежа за одмор или лулашка. Векот на траење најчесто е подолг од 20 години, под услов дрвото да се заштитува со премази. Важно е конструкцијата да биде отпорна на евентуални временски непогоди. Главната улога во оваа ја играат потпорните столбови чија длабочина во темелот треба да биде околу 60 cm. Најдобро е кога во темелот е бетон бидејќи се спречува пропаѓање на дрвото поради изложеност на влага во земјата.








Растенијата (ползавци) се прекрасен декор на летниковците. Најголем дел од нив во есен и зима, поради опаѓањето на лисјата и цветовите, нема да ја вршат функцијата на затскривање од погледи, но во пролет и лето, под услов правилно да се полеваат, прихрануваат и кројат, ќе блеснат со полн сјај.

(сезадомот.цом.мк)
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2019 во 05:25

како трнлива Ружа/Трендафил да станат нетрнливи ко Каранфил ...

ќе ги обраснете со Зеленика ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=190545#190545

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=835&PID=126582#126582

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=214244#214244

Изменето од Zelenikovo - 28.Јануари.2019 во 05:35
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2020 во 17:08

Расад на магнететн начин [1][2][2][3]

... можеби подобна комбинација со ...

Расад на минималистички начин [1][2]
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.