|
Хаг: Косовската независност е легална |
Внеси реплика | страница <1 34567 9> |
Автор | ||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ti be Makedon kako Merlin carobnjakot si, sve znaes, i koj sto mislel, i kako mislel... Mnogu si mi nejasen so pogornoto " а какви биле Србите, никој не ги прашувал", za sto ne se prasuvani, za odlukite na Avnoj li ili za nesto drugo. Dali ti e jasno deka vo 43 god. Srbite socinuvale skoro 80 % od partizanskite edinici vo toa vreme i 80 % od clenovite na KPJ, i ne mi e jasno kako toa nikoj ne gi prasuval, a uste mi e pomalku jasno kako ke zavrsea kako cetnicite ako ne se soglasele so odlukite na Avnoj. I ne si ti toj da sudis dali nekoj ja odbral vistinskata strana ili ne, koga se znae faktot deka vo Srbija sega i cetnicite i partizanite pred zakonot se izednaceni kako borci za sloboda na srbskiot narod. Za toa koj kogo drzel vo ropstvo vo nekoja druga prilika... A NOB bese priznaen od sojuznicite pod silen pritisok na Stalin, ne oti mnogu go sakaa Tito i kompanija i negovoto komunjarsko dvizenje. A toa sto komunjarite dadoa moznost za izjasnuvanje nacionalna pripadnost i na kjoro i na sakato i zosto go napravija toa i za toa vo druga prilika... |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е НОВЈ признаена под притисок на Сталин.
Прв кој контактира со Тито како водач на партизаните е Черчил и контактот се одвива преку шефот на тогашната Англиска Мисија кај Партизаните генерал мајор Фицрој МекКлејн.
Со своерачно напишано писмо од Черчил во кое има и негова фотографија,дефакто Черчил ја признава борбата на Партизните како сојузници во Втора Светска Војна.
Бујанската конференција е почеток на се,одговорите барате ти тамо за денешната Косовска независност.
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што правиме со Призренската лига, каде се вели дека сите територии каде живеат Албанци треба да се спојат во ЈЕДНА ВЕЕЕЕЉИКА ДРЖАААВА...
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Призренската лига е само надополнување и континуитет на Бујанската коференција и Албанските аспирации на Голема Албанија. Дали ќе се оствари ќе видиме.
Мое мислење е дека нема да се случи такво нешто од причина што во тој момент ќе настане една голема војна на Балканот,во која војна ќе учествуваат Македонија,Србија и Косово,а може и поддршка од Албанија да добијат Косоварите.
Не верувам дека такво нешто би се случило во Европа.
Кој знае,се може да биде во овај луд свет
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па ако луѓето ја имаат прочитано нема да дискутираат дека се ослободени српскопоробените територии. Призренската лига или канонот на Лека е јасен и се знае што односно кој територии ги опфаќа. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што се случи со Уставот? Виде дека сум во право, а дека принципот на самоопределување и отцепување бил основно начело врз кој се базирала СФР Југославија. Треба да се читаат, а не да се толкуваат правните акти од памет. Во однос на поробените нации, ние говоревме за минатото, не за сегашноста. Факт е дека Македонците,Хрватите, Словенците, Црногорците, за оние кои по ослободувањето беа наречени народност и да не говорам, беа поробени и обесправени. Зарем Македонците не беа под српска окупација од 1913 година до 1941 година, кога дојде другиот окупатор? Секако дека беа. Не случајно дури и жената на еден од првите луѓе на НР Македонија, Цветко Узуновски-Абаз, при појавата на српските партизани искоментирала дека тоа не претставува слобода штом Србите се пак назад во Македонија. Затоа и Лазар Колишевски, знаејќи дека народот ќе реагира бурно и дека ќе има проблеми, забрани на Србите колонисти, донесени од кралската админситрација, да се вратат во Македонија. Во однос на сегашноста, нема спор дека сите етнички заедници кои живеат во Србија не сепод никакво ропство, затоа што живеат на територија која припаѓа на етничка Србија и се српски граѓани, со свои права и одговорности. Изменето од Македон - 25.Јули.2010 во 14:47 |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Golema vojna vo Srbija,Makedonija,Kosovo I Albanija, A kade se BIH, Grcija i Crna Gora.RAZMISLETE.....
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас не сум ниту волшебник, ниту јасновидец, ама знам да читам и да толкувам документи од правен и историски аспект. Србите не се прашувале во однос на целите на Народноослободителната борба, затоа што доколку се прашуваа немаше сите одлуки да ги носи раководството, составено од Хрвати и Словенци. Србите можеби сочинувале огромен дел од НОБ на Југославија, но истите морале да се спогодат со сите други народи, затоа што во времето на Кралството Југославија ја навлекоа омразата на сите други народи, кои тие ги држеа под ропство. Доколку не се сложеа со одлуките на АВНОЈ, зарем мислиш дека Македонците,Хрватите,Словенците и сите други народи ќе се спогодеа со Србите повторно да живеат во иста држава? Секако дека не, ќе си тргнеа по својот пат, а Србите мака ќе мачеа да го пробијат сремскиот фронт со своите единици. Национализмот на четниците ги одведе истите во амбис, а Кралот остана без трон. Не случајно обидот на четниците да создадат единици во несрпските земји како Македонија, Хрватска и други заврши со тотален неуспех. А инаку не само комунистите, сите кои ја прифатија Атлантската повелба се согласија со правото на самоопределување на народите, односно, право на слободно изјаснување во однос на националната припадност, мајчиниот јазик и вероисповедта. Тоа беше темел на кој се заснова Антифашистичкиот сојуз. Еве и линк до Атлантската повелба |
||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај уште еднаш ќе те прашам, кои се тие народи што Србите ги држеле под ропство...??? За да држиш некого под ропство, прво треба да го поробиш, така...??? Србите никого не поробиле па да држат под ропство... Српската држава си постоела само и само на српските територии... И за кое сложување со одлуките на АВНОЈ збориш...??? Тие одлуки се пишувани во поголем процент од Срби... Кога ти кажуваш испаѓа како Србите да молеле за Југославија и демек другите Словенците, Хрватите и Македонците ЌЕ СИ ТРГНЕЛЕ ПО СВОЈ ПАТ...!!!?????? Извини, ама морав да се изнасмеам, само ми дојде... По кој пат јадните ќе тргнеле бе...??? И демек Србите мака ќе мачеле со Сремски фронт, а овие другиве ко од шала ќе се ослободеле... Бог да чува и да брани за вакви пишувања... Ај да не збориме за "храбрите" Словенски партизани или за Хрватите кои преку 70% беа во усташи и му се поклонуваа на Хитлер, туку да збориме за нас... за Македонија... По кој пат ќе тргнела Македонија и каде...??? Факт е дека да не беше Тито денес сеуште ова ќе беше српска територија... Еве ти пример со Бугарија и Грција... Таму немало Тито и ден денес тоа си е бугарска, односно грчка територија... Па сега ти види... Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 02:39 |
||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вака не се смееше за Уставот, туку го одбегна многу бргу, зар не, затоа што не одговсараше на твоето кажување напишаното во него, со кое со полно право се издвоија сите републики од федерацијата. Па од 1913 до 1941 година Србите ги држеле под ропство Македонците. Македонците секако дека не сакале да бидат под српска доминација. Не случајно беа во затвор Кочо Рацин. Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров и многу други. А беа затворени токму од српската хегемонистичка власт. Тие одлуки се донесени од сите делегати на Второто заседание,а не до Србите. Колку што знам пак, раководството на КПЈ не беше српско, туку првите луѓе беа Хрват и Словенец. Ранковиќ исто беше влијателен, ама многу лесно Словенецот Кардељ му го најде крајот. Србите не молеле за Југославија, не ми ги извртувај зборовите, туку едноставно морале да се сложат со тоа, доколку сакале заедничката борба да продолжи. Доколку не, зарем мислиш дека ќе се создадела Авнојска Југославија? Секој ќе си тргнеше по својот пат. А согласно атлантската повелба, за што даде согласнот и Кралската влада во Лондон, Македонците, а и другите народи, повторно врз основа на правото на самоопределување, немаше да останат во Кралска Југославија. Ако не се ослободеше Срем самостојно, најверојатно идната Југославија ќе беше она што беа Романија и Бугарија, со огромно советско влијание, а согласно одлуките на Коминтерната во 1934 година, неколку години пред ида почне војната, Македонците ќе имаа своја држава, иако под руско влијание. А ако сакаш да говориме за НОБ во Македонија, на подфорумот историја има и тема за тоа. Повели слободно, ама да не испадне како со Уставот, да избегаш и од таму. Изменето од Македон - 27.Јули.2010 во 02:46 |
||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што си се фатил за тој устав...? Јас и понатаму тврдам дека немаше право ниедна република во СФРЈ да се отцепи т.е. да изврши сецесија... ниедна...!!! СФРЈ беше федерација, а не конфедерација... И батали го уставот кога никој не го почитуваше тогаш... Од каде право на едни да се отцепат од СФРЈ, а други да немаат право да останат во СФРЈ...??? Затоа батали го уставот...
|
||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти можеш да тврдиш што сакаш, ама твоето тврдење е само ветер и магла, непоткрепено со ништо, освен со твоето кажување. Таа држава се темелеше токму на тој Устав, каде јасно стои дека секоја држава има право на самоопределување, до тотално отцепување и дека СФРЈ е создадена токму врз основа на тој принцип. И тоа право важеше за сите републики, а не само за некои. Тие што сакаа да останат, никој не ги спречуваше во тоа, ама немаше такви. Тоа што ти не го признаваш е само твое крајно субјективно мислење, но тоа не го негира неговото постоење. Изменето од Македон - 27.Јули.2010 во 02:46 |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве ги последиците од Хагската одлука.Ќе има и уште
|
||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Границите на републиките во СФРЈ се цртежи на Тито... И по тие цртежи добија сите, само изгуби Србија... Зошто оние Срби кои останаа во Хрватска според цртежите на Тито немаа право да останат во Југославија...??? Тие Срби ги одобриле цртежите мислејќи дека ќе живеат во иста држава со останатите но некој тоа им го оневозможи, а што е нај трагично ти тоа го одобруваш... Дај покажи ми каде пишува дека секоја република смее да изврши сецесија...??? Чекам... |
||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |