|
Хаг: Косовската независност е легална |
Внеси реплика | страница <1 23456 9> |
Автор | |||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како што има врска...??? После Косово ќе има и Баскии и Абхазии и Јужни Осетии и Северни Ирски и Корзики и Шкотски и Белгии, па зошто да не и Републики Српски...??? |
|||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Милошевиќ ја укина автономијата на Косово во 1989 година иако сеуште тогаш постоеше Авнојска Југославија, а во сила беше Уставот од 1974 година, каде што јасно стоеше дека Косово е автономна покраина, па оттогаш и почнаа сите проблеми. А да не говорам и дека сонуваше за Голема Србија, каде што беа вклучени и несрпски земји. |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од неговиот национализам , произлегува ова што се случува денес.....Јас се плашам од фактот дека за кратко и Војводина ке си прогласи независност....и од Србија...ке остане само Београдска бановина....
А па и што има ... да дискутираме и во скоро секоја тема ја спомнуваме Србија , коа и самите они за нас Македонците викаат...."Срби со лоша говорна мана" а тоа најмногу дојде до израз баш во времето кога Милошевиќ беше на власт...тамо
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е Боже Господе... Како да го слушам Бил Клинтон... Па нормално дека ќе ја укине автономијата кога Албанците бараа преку леб погача...Проблемите почнаа многу порано, од барањето за Косово Републик... Ваљда си постар и памтиш во осумдесетите какви се тортури се вршеа врз српскиот народ на Косово и Метохија од страна на албанците... Им се палеа нивите , шталите, па и куќите... им се силуваа ќерките и жените, за на крај да се почне и со убиства... И дури тогаш од кога српскиот народ плачејќи му се жалеше лично на Милошевиќ, буквално втурнувајќи му се во лице, Милошевиќ ја кажа онаа реченица, која после западот му ја вадеше од контекст, а таа беше нај обична и гласеше "НИКО НЕ СМЕ ДА ВАС БИЈЕ..." И да те потсетам уште нешто... во 1990 година кога беа повеќепартиските избори во СФРЈ, само во Србија победи Социјалистичка Партија, додека во сите други ПОБЕДИЈА НАЦИОНАЛИСТИТЕ...!!! И ти сега го кривиш Милошевиќ за некои работи кој тој најмалку ги сакаше... Српскиот народ последен излезе со своите националистички пароли... Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 02:26 |
|||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Штом толку ги разбираш работите, те молам, објасни ми, врз основа на што ја укина? Врз основа на Устав,закон или некој друг правен акт? Ако Уставот е највисок правен акт во државата, а тогаш сеуште постоеше Југославија и имаше свој Устав, во кој јасно стоеше дека САП Косово е автономна покраина, тогаш врз основа на кој акт ја укина тој автономијата? Јасно е дека станува збор за противправно дејство. Запознаен сум и со проблемите, но за тоа, како што кажав погоре, виновна е СФР Југославија, која не знаеше да постави поинакви односи во тој регион. Социјалистичката партија која победи во Србија, во 1990 година, во своите структури имаше националисти, дури и шовинисти, а беше возглавена токму од Милошевиќ, истотака националист. |
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
До Македон и Месинџер. Можеби сите тие ваши приказни се точни, ама мене ме интересира што ќе биде со Македонија. Ако мислите дека овдешните Албанци ќе си седат мирно, а нивните сонародници прават Голема Албанија, сте се излажале... Само не ми е јасно каква пријава би требало да добие Ахмети ако прогласи независна Илирида со декларација, кога тој ВОЈНА НАПРАВИ, па сега си е во парламентот, место во зандана.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е ај делија...како да не се лупаат зелени....коа станува збор за сврбија....не му треба на некој да те запали ... веќе си запалено чкорче....и ајде после кажи ми , кој муабет ке се прави со тебе....
Само не знам како не го мрзи Македон толку да објаснува
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако светот вели дека случајот со Косово е sui generis,тогаш секој обид за сецесија треба да биде казнет од страна на македонската држава, а светот, врз основа на кажаното, нема да има право да говори дека и Македонија е посебен случај, затоа што тогаш веќе ниту Косово нема да е посебен случај. И би сакал уште нешто да кажам. Јас не заземам воопшто страна, ниту пак сакам тоа да го правам. Се што напишав е само од историски и правен аспект, што го поттикна судот да го третира овој случај како посебен. Моите постови не претставуваат поддршка на Албанците, ниту имам намера да ги поддржувам во нешто, но сепак, некои рабои од минатото треба да бидат расветлени. |
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А со кое правно дејство Словенија и Хрватска, па и останатите републики извршија сепаратизам од СФРЈ...???
А Србија како најголема република и единствена држава пред да постои Југославија, беше десеткувана од страна на Тито и тоа само заради добрината и лаковерноста на српскиот народ... И еве го резултатот денес од таа лаковерност и добрина нивна... Сите си се одвоија и си направија државички од некогашната Српска Кралевина... Што мислиш зошто Србија имаше две покраини, а Хрватска немаше ниту една, иако имаше таму Срби колку и албанци на Косово и Метохија...??? За Босна и да не зборам... Таа република се направи само да не влезе во територијата на Србија... И кога покрај таа лаковерност дека вечно ќе се живее во братство и единство, Србија дојде до проблем Косово да бара Републички статус, Милошевиќ ОПРАВДАНО го укина и тоа што постоеше... Зошто само Србија да е осакатена од сите други републики...??? Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 02:29 |
|||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Согласно Уставот од 1974 година, каде стоеше дека постои право на самоопределување, а во Уставот на СР Македонија од 1974 година, стоеше правото на самоопределување и отцепување, сите републики се стекнаа со правото сами да си ја определат својата иднина. А тоа дека Србија била десеткувана само поради лековерноста на српскиот народ е само мит, кој не постои никаде надвор од Србија. На Второто заседание на АВНОЈ е донесена резолуција за идното уредување на Југославија. Истата резолуција се базира на Атлантската повелба од 1941 година, потпишана од сојузниците, каде стои дека сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на тие одлуки на Второто заседание на АВНОЈ, сојузниците го признаа народно-ослободителното движење на Југославија, а и неговите одлуки. Значи не станува збор за некаков таен заговор на Тито, туку за определен природен тек на настаните, врз основа на важечки документи и резолуции. Значи од формално-правен аспект, тоа е сосема нормална работа, која едиснствено српските националисти не ја разбираат, додуша ја разбираат, ама се трудат да ја заматат водата со приказни за онеправданиот српски народ, расцепеното нивно кралство и слично, за нивниот народ да не ја разбере вистината за нивниот хегемонизам и минато. Изменето од Македон - 24.Јули.2010 во 17:18 |
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во уставот никогаш не пишувало дека некоја република има право на отцепување, туку републиките имаа право за се, ДО ОТЦЕПУВАЊЕ...!!!
А тоа дека лаковерноста е мит си во голема заблуда... Србите да беа самобендисани и националисти никогаш нема да се сложеа со Југославија ,затоа што тие од сите други републики си имаа своја држава и пред Југославија... Останатите си ја гледаа шансата баш во добрината на Србите и лаковерноста да се направи држава во која и Католичките Срби наречени Хрвати ќе бидат во Српската држава, ама сега под друго име Кралство на СХС, а кралот СРБИН...!!! Значи и на тоа се сложуваа само некако да се здобијат со како-таков назив на република, за после шеесетина години да заборават на сета добрина која им ја даваше Србија и да и удрат нож в грб... Не драги друже... не е тоа мит... тоа е чиста вистина, ма колку тебе да ти изгледа како мит... Изменето од DelijaSkopje - 24.Јули.2010 во 17:33 |
|||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да ти кажам и мене ме мрзи да објаснувам, ама осеќам потреба и на вруќинава седам и објаснувам... |
|||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Со сета почит до тебе, ама според напишаното, ти изгледа не си го ни ѕирнал Уставот, а не пак да го прочиташ. Еве гоУставот од 1974 година, нека го погледнат сите членови, па нека видат кој колку ги познава Уставот и законите. Правото на самоопределување и отцепување, врз кој се базира СФРЈ е споменато во првото основно начело, во воведниот дел на Уставот. Не сум во заблуда, ги познавам сите документи одлично, за разлика од тебе, кој тврдиш дека во Уставот не било споменато правото на отцепување, а истото е споменато во првото основно начело во воведниот дел. Документите за кои говорам постојат, а какви биле Србите, никој не ги прашувал. Српските партизани нормално дека во име на поддршката од другите народи се согласија на одлуките донесени на Второто заседание на АВНОЈ, а доколку не се согласеа, ќе завршеа како четниците, кои неја одбраа вистинската страна, па завршија онака како што завршија. Во политиката нема лековерност и наивност, знаеја Србите добро дека со сила вечно не можат да ги држат несрпските народи во ропство. Не случајно НОБ беше признаен и од сојузниците, а и неговите одлуки, базирани врз правото на самоопределување, гарантирано од Атлантската повелба потпишана од сојузниците. Изменето од Македон - 24.Јули.2010 во 17:58 |
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кажи кого тоа Србите држеле во ропство...??? Ниедна држава на светот не е етнички чиста, се разбира дека во секоја има и други националности, па и во Србија... Дај кажи ми зошто само оние нации кои живеат во Српската држава според тебе и според западот се во ропство...??? Кога еднаш ќе сватите дека против Србија се дигна најголемото зло на светот кое некогаш постоело... Добро е што Србија сеуште опстојува и се бори за правдата... Мене ми се чини дека таа е единствена земја која сеуште му пркоси на тоа зло... затоа сочувствувам со неа и ја бодрам да истрае до крај... Правдата секогаш на крај победува... |
|||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |