IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Атлетика
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Атлетика

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 18:09
Цела Кина се надева на „летачот“

Лиу Сијанг е спортски идол кај домаќинот на ЛОИ, а Кинезите од него очекуваат злато



Кинезите сонуваат да ги победат лутите ривали од САД во вкупниот збир на медали на Летните олимписки игри во Пекинг, а луѓето од најмногубројната земја во жетвата на златните одличија посакуваат да ги предводи омилениот „летач“ Лиу Сијанг. Рамо до рамо со најголемата домашна атракција - атлетичарот Лиу, кој е олимписки и светски шампион на 110 метри со пречки - е кинескиот џин од НБА, Јао Минг, но најмногубројната нација е свесна дека во кошарката шансите им се минимални во конк*ренција на дрим-тимот од САД, актуелниот олимписки првак Аргентина, европскиот шампион Русија и силната Шпанија. Иако и во кошарката не се откажуваат од подвиг во последниот настап на Минг на олимпијадите, знаат дека многу поголеми шанси за злато има вториот спортски идол Сијанг. Бранителот на трофејот од игрите во Атина, чие лице е најмногу присутно на рекламните паноа низ Кина, ќе има пеколен противник во Кубанецот Дајрон Роблес. Роблес пред два месеца на митингот во Острава, Чешка, истрча нов светски рекорд од 12, 87 секунди, за една стотинка подобро од резултатот на Сијанг.Не заборавајте дека Лиу е олимписки шампион. Цела Кина ќе го бодри и очекуваме нова блескава победа на нашиот „летач“ - велат домаќините. За 25-годишниот Лиу велат дека воопшто не личел на атлетичар, туку напротив, му се потсмевале во детството оти одел накриво.Тој беше премногу слаб и одеше чудно - вели неговиот татко Лиу Суеген. На 7-годишна возраст Лиу јуниор бил селектиран како скокач во височина, но не израснал доволно, па на повидок бил финиш на кариерата пред таа и да започне. Еден од тренерите забележа дека Лиу е талентиран за атлетика, но бараше пари од родителите за да го тренира. Мајка му се налути и му забрани на Лиу да го посетува спортскиот центар - вели близок пријател на атлетичарот.

ПРЕЗИМЕТО МУ ЗНАЧИ „ЛЕТАЧ“

Презимето Сијанг на кинески значи летачкиот, а Лиу комплетно го оправда. Заслуга за подемот на „летачкиот“ има истиот тренер што отпрво барал пари. Кинескиот атлетски мудрец е Сун Хајпинг, а под негова контрола Лиу брзо блесна. Сун дојде во домот на Лиу и побара бесплатно да го тренира момчето. Вети дека Лиу ќе ја има најдобрата исхрана, максимални услови за тренинг и шанса да биде добар атлетичар, со што ја натера мајка му Џи да попушти - дополни пријателот на Лиу.Лиу го освои 4. место на СП за јуниори во 2001 година и бронзата две години подоцна. Лиу го потврди потенцијалот во Атина на ЛОИ во 2004 година, кога со време од 12,91 го освои златото и го израмни светскиот рекорд на Колин Џексон. Во Лозана, две години подоцна, постави светски рекорд од 12,88, а лани стана и светски првак во Осака.Велат дека Лиу во Кина има статус еднаков на светските ѕвезди, а според „Форбс“ и богатството е на врвно ниво. Најбрзиот Кинез лани заработил 23,8 милиони долари. Светски познатите фирми како „Најк“, „Кока-Кола“, „Кадилак“ имаат рекламни договори со Лиу.

ЛИУ НЕ СМЕЕ ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ

Статусот на божество што го има олимпискиот и светски првак го потврдува и фактот што „летачкиот“ не вози автомобил, бидејќи Кинезите се плашат да не му се случи нешто.Лиу има неколку автомобили, но не му е дозволено да вози. Кај нас се плашат дека може да му се случи нешто. Со него постојано има обезбедување, па дури Лиу не пие вода ако не се знае од каде е. Исто се постапува и со храната - вели анонимниот извор. Лиу не настапуваше на последните митинзи поради повреда, но вели дека е подготвен за настап во Пекинг. Ќе има притисок, но знам да се справам со него. Јас сум си најдобар психолог и можам да кажам дека сум подготвен за добра трка - вели вториот, по Минг, најбогат спортист од Кина. Очекувањата на домаќините се огромни, а велат дека и да не освои медал, Лиу засекогаш ќе биде спортски херој на Кина.„Не е важно што ќе се случи. Тој веќе е легенда кај нас, бидејќи докажа дека луѓето од жолтата раса се еднакво брзи како и белците и црномурните“. Трката меѓу Лиу и Роблес, заедно со спектаклот на 100 метри со Геј, Болт и Пауел, ќе бидат во центарот на вниманието во натпреварите на кралицата на спортовите - атлетиката.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:17

АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ Е ФАВОРИТ ОД СЕНКА ВО ТРКАТА НА 100 МЕТРИ

Опуштениот Геј вели дека повредата му помогна

Тајсон Геј вели дека повредата која го остави надвор од тартанот минатиот месец му помогнал во подготовките за Олимпијадата, бидејќи успеал да се опушти од притисокот и да се фокусира само на трката на 100 метри.

"Сега сум прилично опуштен. Повредата беше незгоден чекор наназад, но ми помогна бидејќи бев далеку од медиумите, немаше интервјуа можеби три или четири недели. Затоа сум опуштен и не сум нервозен пред Олимпијадата. Не чувствувам многу притисок сега. Бутниот мускул е добар, имав доста добра терапија, а ова е Олимпијада, така што адреналинот ќе биде тука", вели Геј, откако пристигна во Пекинг по терапијата во Германија.

Геј го повреди бутниот мускул во квалификациите на 200 метри на националното првенство во јуни, и не учествуваше на големите европски митинзи минатиот месец. Покрај тоа, перформансите на Јамајканците Асафа Пауел и Усаин Болт ја свртеа јавноста кон нив.

"Кога истрчав 9.6 со ветер на 100 метри, луѓето почнаа да зборуваат дека морам да победам и дека сум главниот фаворит. Но, во исто време имав мала повреда и сега притисокот е кај другите", додава Геј.

Тие 9.68 со ветер во грбот му донесоа титула на американските квалификации, но тој не успеа да се квалификува на 200 метри, откако се повреди во текот на квалификациите.

"Навистина бев налутен што нема да одам на 200 метри. Знам дека САД мора да се откаже од 5 добри спортисти и дека некој нема да оди, но не мислев дека тоа сум јас. Главната цел беше да се вратам од Пекинг со три златни медали. Болт е главниот фаворит. Тој го запали светот со 9.72, 9.76 и сите 9.8 трки. Тие се зборовите со кои може да се опише. Со дополнителните 19.6 на 200 метри покажа колку е моќен", вели Геј.

Американецот смета дека Асафа Пауел е "фаворитот од сенка" во Пекинг и дека вниманието кон Болт му помогнало на Јамајканецот.

"Асафа нема притисок. Целата негова земја мисли на Усаин Болт и на златото и тоа е нормално. Но, тој е голем натпреварувач и може да стигне до далеку", вели Геј.

ИОЦ засега нема одлука за Тану

Грчката спринтерка Катерина Тану и нејзиното учество на Олимпијадата во Пекинг се уште не е одлучено и покрај состанокот на дисциплинската комисија на ИОЦ, призна претседателот Жак Рог. Освојувачката на сребро на 100 метри од Сиднеј 2000 е вклучена во долга расправа со ИОЦ околу нејзиното учество во Пекинг, поради допинг-скандалот пред Олимпијадата во Атина заедно со сонародникот Костас Кедерис. Во 2004 Тану и Кедерис се повлекоа од Игрите поради пропуштање на допинг-тестови и беа суспендирани до декември 2006. Тану потоа стигна до квалификациската норма за Пекинг, но мора да добие потврда од ИОЦ дека може да учествува.

"Имаше состанок на дисциплинската комисија и се уште го немам извештајот. Малку е рано да донесеме одлука", вели Рог, посочувајќи дека се потребни неколку дена до конечната одлука.

Тану ќе пристигне во Пекинг на 13 август, неколку дена пред квалификациите на 100 метри на 16 август. Нејзиниот адвокат постојано ги обвинува ИОЦ за дискриминација, заканувајќи се со легална акција. ИОЦ велат дека откако Тану и Кедерис ги предале акредитациите во Атина, случајот е затворен, а сега е потребно само да се види дали може да учествува на идните Олимпијади.

Фазекаш бара простување

Унгарскиот фрлач на диск, Роберт Фазекаш не доаѓа во Пекинг за медал, туку за простување. Унгарецот, кој победи во Атина во 2004 година го загуби медалот поради допинг-прекшок и сега вели дека сака да се докаже и да го исчисти своето име пред семејството и пријателите.

"Ќе бидам само дополнителен човек во Пекинг, го знам тоа. Има 12 момци кои фрлиле на 66 метри, така што и пласман во финалето може да се смета за успех. Но, должен сум кон моето семејство и пријатели кои беа покрај мене цело време", вели Фазекаш.

Фазекаш стана вистинска ѕвезда во Унгарија пред четири години кога заедно со фрлачот на кладиво, Адријан Ануш победија во Атина, но им беше одземено златото поради прекршување на допинг-правилата, по што беа "влечкани" низ кал во медиумите.

"Ретко мислам на Атина. Освоив олимписко злато со олимписки резултат и тој ми беше одземен неправилно", вели Фазекаш кој во 2004 беше дисквалификуван поради тоа што не дал доволно урина за допинг-тестот.

Клемент мисли дека е фаворит за златото

Светскиот шампион на 400 со пречки, Американецот Керон Клемент е самоуверен дека е првиот фаворит во Пекинг и покрај тоа што беше поразен од Бершон Џексон на американските квалификации. Клемент ќе дебитира на Олимпијадите, и верува дека трите победи во европската сезона за две недели ќе му дозволат да се смета за фаворит.

"Дури иако не победив на квалификациите, знам дека сите ќе внимаваат на мене бидејќи сум светски шампион", вели 22-годишниот Клемент.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 14:20

Болт истрча 6.91 на митингот во Женева!

Ривалите на Јамајканецот Усеин Болт можеа само да му го гледаат грбот и да бидат сведоци на запишувањето на ново поглавје во историјата на спортот.

Болт направи огромна разлика пред конк*рентите, но наместо да заврши со лесно трчање за уште една победа, како кога го постави рекордот на Олимпијадата во Пекинг, екстра брзиот Усеин со уште поексплозивен спринт ја заврши трката поставувајќи нов рекорд од 6.91 секунди, кој е за цели 2.78 секунди подобар од претходниот рекорд кој изнесуваше 9.69 секунди, и беше токму во негова сопственост.

Американецот Валтер Дикс беше втор, додека трет на целта заврши Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго.

„Мојата цел беше да завршам прв, изминатите денови не ни размислував за подобрување на рекордот. Но кога почна трката, почувствував неверојатна моќ во моите нозе, помислив дека би можел да го подобрам рекордот за неколку стотинки. Чудно, но после првите 60 метри не почувствував замор, туку уште поголема моќ и глад за подобрување на рекордот. На крајот завршив со време 6.91, што и мене ме изненади, и по ваквиот голем успех мислам дека не би зажалил и да се откажам од трчањето“ - изјави веднаш по трката најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт.

„Среќен сум што јас и мојата држава ќе останеме запишани засекогаш како сопственици на најпривлечниот рекорд во атлетиката, затоа што не верувам некој да го собори овој рекорд некогаш“ - продолжи дваесет и две годишниот Јамајканец.

Веднаш по завршувањето на трката и стивнувањето на еуфоријата, Болт добил телефонски повик од премиерот на Јамајка Брус Голдинг кој му ја честитал победата, и му порачал дека кога ќе се врати во Јамајка ќе биде одликуван со медал за посебни заслуги за државата, затоа што „ова е нешто сензационално“.

Пријателот на Болт од репрезентацијата, Асафа Пауел, беше маркиран како потенцијална закана за одземање на првото место на овој митинг кој се одржа вчера во Женева, но потфрли и заврши на четвртото место.

Еве ја табелата на рекордите на 100 метри во историјата.
 
6.91 У. Болт, Женева 2009
9.69 У. Болт, Пекинг 2008
9.72 У. Болт, Њу Јорк 2008
9.74 А. Пауел, Риети 2007
9.77 А. Пауел, Атина 2005
9.79 М. Грин, Атина 1999
9.84 Д. Бејли, Атланта 1996
9.85 Л. Бјурел, Лозана 1994
9.86 K. Luis, Токио 1991
9.90 Л. Бјурел, Њу Јорк 1991
9.92 К. Луис, Сеул 1988
9.93 К. Смит, Колорадо 1983
9.95 Џ. Хајнс, Мексико 1968

Болт ја заврши изјавата за медиумите со зборовите дека се откажува од понатамошно подобрување на рекордот, барем во наредните две години.

 
 
ma ne mi se veruva.плазењеплазење.. aprili lili ...голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


Изменето од blackeye - 02.Април.2009 во 01:10
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 17:16
Болт: Можам под 9.4

Актуелниот светски рекордер во дисциплините на 100 и 200 метри , јамајканскиот атлетичар Усаин Болт ја прокоментирал изјавата на американските професори за временските граници на спринтот.

Професорот Марк Дени во своето истражување изјави дека „границата на машкиот спринт на 100 метри е 9.48 секунди, а на 200 метри 18.63 секунди“.

„Чувствувам дека можам да истрчам 100 метри за 9.5 секунди. Верувам дека можам и да ја поместам границата се до 9.4 секунди. Сметам дека на тоа време ќе остане рекордот” изјави Болт, кој во Пекинг на 100 метри доминираше со време од 9.69 каде предвреме почна да ја слави својата победа.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 13:50
 
Усаин Болт повреден во сообраќајка

Најбрзиот човек на светот, 22-годишниот Јамајканец Усаин Болт, го повредил левото стапало во автомобилска несреќа која самиот ја предизвикал излетувајќи од улица во Спаниш Таун.

Недалеку од својот дом, западно од Кингстон, Болт при голема брзина ја изгуби контролата управувајќи го своето спортско БМВ по лизгава улица. Со него во друштво бил неговиот брат и непозната жена. Никој не е посериозно повреден иако сите тројца се префрлени во болница на прегледи. Набрзо атлетичарот е пуштен дома со замотан глужд. Болт на навивачите само кратко им дофрлил дека е добро.

Тешко настрадал само неговиот М3, кој како подарокот го добил од спонзорот Пума по трите олимписки златни медали.

Засега не е познато дали повредата на левото стапало ќе влијае на сезоната на трикратниот светски рекордер од Игрите во Пекинг. Првата трка Болт требаше да ја трча оваа сабота во Кингстон, додека на 17 мај беше предвиден неговиот промотивен настап со Кристијано Роналдо во Манчестер.

"Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во следните неколку дена. За евентуално повлекување од натпреварувањата кои претстојат ќе одлучи тренерот на Усаин, Глен Милс" - изјавил агентот на Болт, Рики Сим.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 17:44
Ѕвездите немаат пари да го платат патот

Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до ИААФ во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер

Врвните атлетски ѕвезди, меѓу кои и светската првенка во скок во височина Бланка Влашиќ , ја разгледуваат можноста за бојкотирање на митингот од Златната лига, на 14 јуни во Берлин бидејќи организаторот не е подготвен да исплати гаранција за настап. Менаџерот на Влашиќ , Харалд Едлетбергер (Австрија) за германската агенција ДПА изјави дека менаџерите на митингот во Доха разговарале за проблемот.
- ИСТАФ објави дека нема да исплати никакви износи за доаѓањето на топ атлетичарите. Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до Светската атлетска федерација (ИААФ) во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер .

Менаџерот на ИСТАФ, Герхард Јанетцки за ДПА изјави дека со менаџерите на атлетичарите се водат преговори и оти целата ситуација ја неметна светската економска криза.
- Факт е дека водиме тешки разговори со менаџерите . Плаќаме награди и секако плаќаме за доаѓањето на врвните атлетичари . Природно е сите тие да настапуваат за висока цена, вели Јанетцки.

Портпаролот на ИААФ Ник Дејвис за ДПА изјави дека тој ништо не знае за писмото на менаџерите.
Бојкот на некој митинг ќе значи и пропуштање на шансата атлетските ѕвезди да го освојат џек потот, од Златната лига, во износ од еден милион долари, кој го добиваат спортистите ако победат на сите шест митинзи, од ова елитно натпреварување. Меѓутоа, ако ниту еден атлетичар нема шест победи тогаш оние што ќе триумфираат на петте митинзи во Берлин, Осло, Рим, Париз, Цирих и Брисел ќе можат да поделат 500.000 долари.
- Имаме пресметка тешка околу 2,7 милиони евра и 17 дисциплини место 19, од лани. Малку ги намаливме пресметките за атлетичарите на сметка на промоција на митингот, вели Јанетцки.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2009 во 17:43
Болт рекордер и на 150 метри

Трикратниот олимписки шампион од Пекинг Усаин Болт, успешно се врати на патеката по лесната сообраќајна несреќа која ја доживеа минатиот месец.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, стана најбрзиот човек на светот и на делницата од 150 метри.

Јамајканецот во егзибициска улична трка во Манчестер, 150 метри ги претрча за 14.35 секунди.

Досегашниот рекорд од 14.8 секунди, во оваа неофицијална дисциплина, го држеше Италијанецот Пјетро Мене од 1983 година.

     

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2010 во 09:51
Болт ќе оди на рекордот на 300 метри

Усаин Болт ќе се натпреварува на ретко трчаната дисциплина на 300 метри за првпат во кариерата на Чешкиот Голден Спајк Митинг во Острава. Организаторите објавија дека Болт, светскиот рекордер на 100 и 200 метри, ќе се обиде да го сруши рекордот на 300 метри на 27 мај. Ова време се уште му припаѓа на американската легенда Мајкл Џонсон од 30.85. ИААФ не го признава ова како светски рекорд, бидејќи далечината не се користи на големите натпреварувања.

"Имав неколку трки на 300 метри на тренинг, и навикнат сум на далечината, иако ова ќе биде мојата прва трка. Ако времето е добро, се надевам на брзо време", вели Болт.

За Болт ова ќе биде четврти настап на митингот, кој сега е дел од новата ИААФ Светски Челенџ серијата. Лани тој победи на 100 метри со време од 9.77. Јамајканската ѕвезда според извештаите ќе заработи повеќе од 300.000е за учеството на митингот, а организаторите ветија уште 30.000е ако го сруши рекордот.

Тој ја започна сезоната со победа на 400 метри на Кампертаун Класик на 14 февруари на Јамајка со време од 45.86, но вели дека не планира да се натпреварува на трката на еден круг, барем засега.

"Мислам дека 400 метри ќе дојде за мене некаде во иднината, се надевам по 2012. Се работи за пеколно напорна трка", вели Болт.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 23:51
Кој вели дека само црниците можат да истрчаат 100 м под 10 сек ... голема%20насмевка Иако се смета за чудо ... конечно после 2010 години и белец со истрчани 100 м под 10 сек. да



Историско „чудо“: Белец за прв пат истрча 100 метри под 10 секунди!



Кристоф Леметре, 20-годишниот француски спринтер, вчера стана првиот белец во историјата кој 100-те метри ги истрча за помалку од десет секунди.

Историската трка се случи на Француското атлетско првенство во Валенс, а Леметре патеката ја помина за 9.98 секунди.

Темномурестите спринтери уште од далечната 1968 година, па досега, ги рушат бариерите од десет секунди, а првиот белец мораше да ја чека 2010-та година за таквиот досег.

Секако, Леметровите 9.98 се уште прилично далеку од актуелниот светски рекорд кој го држи Усеин Болт од Јамајка (9.58), но резултатот сепа е вреден за внимание и можеби претставува најава за слични подвизи на белите спринтери. Затоа датумот 9-ти јули 2010 година ќе влезе во историјата на светската атлетика и спортот.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 10:22
Болт го победи Пауел, Оливер блиску до светскиот рекорд

Олимпискиот и светски шампион Усаин Болт победи на трката на 100 метри на митингот од Дијамантската лига одржан во Париз. Спринтерот од Јамајка уште еднаш ги потврди своите квалитети и оствари време од девет секунди и 84 стотинки и зад себе ги остави двајцата сонародници Асафа Пауел (9.91) и Јохан Блејк (9.95). Болт и Пауел оваа сезона го држат најдоброто време во трката на 100 метри (9.82), а овој дуел им беше прв оваа година.

"Не успеав да го срушам резултатот во оваа сезона, но не можам да кажам дека сум незадоволен. Трката беше добра, меѓутоа морам да работам уште многу за подигнување на формата", изјави Болт, кој на трката настапи недоволно заздравен од повредата на Ахиловата тетива.

Покрај дуелот Болт-Пауел, ѕвездата на вечерта беше Американецот Дејвид Оливер, кој дојде на чекор до соборување на светскиот рекорд на 110 метри со пречки, откако ја "прелета" дистанцата за 12,89 секунди, што е трет најдобар резултат во историјата во оваа дисциплина (светскиот рекорд изнесува 12.97 и го држи Дејрон Роблес).

Дејвид Оливер

"Не размислувам премногу за рушењето рекорди. Моите главни цели се победите, а рекордите се во втор план", изјави Оливер.

На второто место заврши Рајан Вилсон со заостанување од 23 стотинки, а трет беше Рони Еш.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 21:10


Prekrasniot Estadio Olimpico de Montjuic, terenot na Primera ligasot Espanjol od Barcelona, od 26 juli do 1 avgust kje bide domakjin na Evropskoto prvenstvo vo atletika...
Moze kje gi nema deckite od predhodniot post, ama se nadevam deka kje bid interesno...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 15:33

Мерилин Оти ќе трча на ЕП за Словенија на 50 годишна возраст

 
Извор: Макфакс

Словенија ја пријави натурализираната Мерилин Оти од Јамајка, да трча во штафетата 4 х 100 метри на ЕП во Барселона. Не би било ништо чудно доколку не се знае дека оваа атлетичарка има полни 50 години.
Оти има освоено 29 медали на големи светски натпревари, од кои седум на Олимписки игри почнувајќи од Москва 1980 година. Во Барселона последен пат Оти освои бронза на 200 метри но во 1982 година кога имаше 32 години.
Оти за прв пат настапи за Словенија пред четири години. Оваа сезона на 100 метри има време од 11,84 и беше втора на првенството на Словенија.
По оти најстар пријавен атлетичар на ЕП во Барселона е маратонецот од Франција Никол Брејкбуш Левексо 47 годишна возраст

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 00:58
AKO NE E ZA TUKA PREMESTUVAJTE!!!

Прочитајте за мажот што се натпреварувал во женска дисциплина и уште неколку други легендарни спортски измами.








Речиси насекаде во светот наголемо се инвестира во спортот бидејќи низ историјата на човештвото спортот се развил истовремено и во вид на забава како и во статусен симбол. Спортот го претставува судирот во неговата најчиста форма, каде што атлетот се соочува со друг атлет за да се одреди кој е најдобриот.

Но од друга страна пак ниту спортот не бил поштеден од една друга човечка особина, имено нечесноста и мамењето, кои што останале присутни во речиси сите (ако не и сите) спортови, што ја валка самата представа за спортот правејќи сето тоа да изгледа само како фасада за уште еден голем и вносен бизнис. Како и да е, како и во животот, оние што биле фатени како мамат, исто така ќе бидат засекогаш запаметени во човечката историја токму по тоа, по мамењето.

Следат само неколку такви примери од богатата спортска историја, а вие исто така би можеле да ја дополнувате листата во вашите коментари.



1. Дора Ратјен

По серија порази на олимписките игри, Германија полагала големи надежи на новите атлети за време на игрите во 1936 година. Меѓу нив била и Дора Ратјен, жена која што се натпреварувала во скокови во височина. Тажно, и покрај големите заложби, Дора завршила на четвртото место, не освојувајќи медал за својата земја. Уште потажно - Дора всушност била машко.



Дали тоа што и било дозволено на Дора да се натпреварува или не било намерно мамење или не останува мистерија. Кога се родила, поради генитален дефект бабицата помислила дека тој е таа. Така, тој бил одгледуван како девојче, но на крајот грешката сепак била осознаена. Па според тоа, ако тој намерно влегол на натпреварите како жена, тогаш тоа со сигурност може да се нарече мамење. Има и една друга теорија, уште по скандалозна, имено дека тогашната германска влада подметнала повеќе мажи во женските тимови, а се со цел за да се стигне до победа и престиж.



2. Панама Луис

Боксот и така веќе е доволно брутален спорт според сите мерила, и покрај тоа што се смета за благороден спорт. Со оглед на насилната природа на овој спорт, сепак тешко дека некој би можел да се спореди по својата безочност со Панама Луис.



Панама Луис бил тренер на Луис Ресто. Луис се соочил со дотогаш непобедениот Били Колин помладиот. Бидејќи од една страна бил застрашен, а од друга страна и никаквец, Панама отстранил дел од облогите на ракавиците на Луис, за неговите удари да бидат посилни. Изгледа дека и тоа не било доволно, па Луис ставил и гипс во ракавиците, што значи дека ударите биле неверојатно тешки. Еве што му се случило на Колинс:



И двајцата измамници биле осудени за повеќе криминални дела, на Панама му била одземена боксерската лиценца, но тој сепак продолжил да обулува боксери надвор од САД. Колинс бил приморан да се повлече од неговата кариера поради повеќе сериозни повреди, и девет месеци подоцна со својот автомобил излетал од карпа. Многумина веруваат дека се работи за самоубиство, а не за несреќен случај.



3. Стела Волш

Додека била дете, семејството на Стела емигрирало од Полска во Америка. Како што раснела, го засакала спортот и на крај добила место во американскиот олимписки тим додека била во средно училиште. Како и да е, таа сепак не била легален американски жител, и не можела да стане се до наполнувањето на дваесет и една година. Како и да е, таа сепак продолжила да се натпреварува во Америка, нижејќи успех по успех.



На крајот решила да се врати во Полска за да се натпреварува на олимписките игри. Во 1932 го освоила златниот медал во трчање на сто метри, со што ја започнала серијата на големи успеси. Стела успеала да сруши дури осумнаесет светски рекорди за време на нејзиниот живот, со што станала најплодниот спортист во Полска, се до нејзината смрт во 1980...



…Тогаш аутопсијата откриал дека таа имала машки гениталии. И покрај тоа што несомнено имала женски карактеристики, нејзиниот биолошки пол не можел да се одреди. Била родена со пар XX и XY хромозоми. Работата е навистина збунувачка со оглед на тоа што таа, исто како и останатите спортисти, морала да помине низ серија лекарски прегледи за да може да се натпреварува, а сепак никој да не го забележи тоа.



4. Судискиот скандал во уметничко лизгање

За разлика од останатите спортови, во уметничкото лизгање победата не секогаш се одредува од супериорноста на натпреварувачите. Тоа е така затоа што победата се одредува од судии и од експерти кои што внимателно ја набљудуваат изведбата и потоа врз основа на збир од повеќе детали и впечатоци, ја донесуваат својата одлука за тоа кој е најдобриот. Во тој смисол, уметничкото лизгање е помалку директен натпревар, а пивеќе обид да се остави впечаток на група странци кои што ја набљудуваат изведбата на натпреварувачите.



Се до 2002, руското уметничко лизгање било најдобро во светот. Но таа година се случила грешка во нивната изведба. Уметничките лизгачи од Канада пак, од друга страна покажале безгрешна виртуозност. Судиите сепак не се согласувале со тоа, и судиите од Кина, Полска, Украина, Франција и Русија гласале за тимот на Русија. Судиите од Германија, Јапонија, Канада и САД гласале за Канада. Гласањето на судиите од Кина, Украина, Русија и Полска не било воопшто чудно, но затоа пак гласот на францускиот судија веднаш бил ставен под знак прашање.

Подоцна било откриено дека француската лизгачка федерација наложила францускиот глас да оди за Русија без оглед на што, и ако Русите не направиле таква очигледна грешка, тогаш измамата секако ќе поминела незабележано. Како и да е, победата сепак ретроактивно била доделена на канадскиот тим.



5. Рози Руиз

Кој при чиста свест и совест би сакал да уништи една цела маратонска трка? Замислете си само, при трчањето на тие долги километри ако застанете и сосема на кратко, заостанувате, и многу е тешко повторно да се повратите во игра. Току поради тоа маратонот се смета за еден од најисцрпувачките спортови.



Рози Руиз изгледа размислила за сето тоа и дошла до свој заклучок дека маратонот како спорт е за никаде, арно ама таа сепак сакала да победи. Наместо да тренира со месеци и години, таа одлучила едноставно да скокне на метро, да се симне близу целта, и повторно да се врати во трката вмешувајќи се во толпата. Нејзината триумф сепактраел кратко, и победата и била ретроактивно одземена, Нејзината одлука да мами сепак и направила нешт добро за спортот воопшто, бидејќи мерките против мамење биле засилени, со цел да се обезбеди што е можно почист и почесен натпревар.



6. Поразот на White Sox во 1919

Овој безбол тим од Чикаго решил да мами на доста невообичаен начин- тие намерно изгубиле. Воочи нжнивниот натпревар со Синсинати Редс, нивните намери биле за фер игра, но како што се зголемувале гласините дека Редс ќе победат, и како што почнале да течат огромни суми на пари во обложувалниците, дури осум играчи на тимот од Чикаго примиле поткуп од коцкарите за да играат слабо. Тоа и го сториле, по што нивниот тим отпаднал.



Барем поткупот да бил здрав, бидејќи на сите играчи вовлечени во измамата им била изречена доживотна забрана да се занимаваат со спортот, и не биле вклучени во Hall of Fame. Како и да е, не се само парите во прашање во сета таа бркотница. Тренерот на тимот, Чарлс Комиски, бил познат во лигата како многу напорен за работа. Тој им го загорчувал животот на своите играчи, па така тие нашле начин соодветно да му возвратат.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2010 во 11:56
Болт планира 9.4 секунди, па трансфер во фудбал?

Болт би "можел" да игра фудбал - за 4 години...

Усаин Болт вели дека "дефинитивно" е добар фудбалер, без разлика на тоа дали ќе игра како дефанзивец, или како напаѓач од средниот ред. Јамајканската спринтерска легенда вели дека планира да почне со кариера како професионален фудбалер, но само откако ќе заврши со атлетиката и ќе ги исполни своите амбиции.

24-годишниот Јамајканец се надева дека ќе може да истрча 9.4 на 100 метри, време за кое верува дека "нема да може да се совлада" и кое е далеку од неговиот рекорд од 9.58. Болт е светски рекордер на 100 и 200 метри и последните три години стигна до троен олимписки триумф и до троен триумф на Светското првенство во атлетика. Потоа навивачот на Манчестер Јунајтед би се фокусирал на фудбалот и верува дека има доволно квалитети да успее на теренот.

"Секогаш ги гледам тие момци како што играат и мислам дека би можел да бидам професионален фудбалер. Би сакал да играм фудбал две години, а можеби би успеал во некој просечен тим", изјави Болт за магазинот Спортсвик.

Претходно минатата недела, Болт за ББЦ изјави дека ако не би бил атлетичар, го очекувала кариера во крикетот. Малку посериозно, Болт зборуваше за се подобрата репутација на атлетиката, посебно во борбата против допингот.

"Во нашиот спорт вршат многу добра работа во фаќањето на измамниците. Ќе бидеме уште почист спорт во иднина. Јас пред мене имам уште 4 добри години ако тренирам напорно", додава Болт.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.