|
Катастрофите од нашите новинари! |
Внеси реплика | страница <12345> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слушам и не ми се верува, читам и пречитувам и се чудам затоа ли плаќаме радиодифузна такса за да земаат плата ’’нашите новинари’’. Афери, аферички, екслузивни вести за нивните кавги. Се изначитавме кој за кого работи, кој чив шпиун бил, па сега и кој на кого прети. Вечерва новинарот Миленко Неделковски се жали дека уредникот на Шпиц Бранко Геровски му претел со пишани пораки на мобилен. Останува да видиме што ќе следува. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам дали поставувачот на темава сака да расправаме за Латас,Миленко,Мирка,Бумбарка,Јади што ли се не...и слични.
Инаку има и одлични новинари кои за несреќа не се пласирани на пазарот на трудот за да служат на власта и по нејзин диктат да формираат вистини и виртуелен свет.
Ме интересира што мислат другите учесници на форумов.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
нема што да се мисли .......... ТО ЈЕ ФАКАТ ........ сите добри и вистински новинари кои нешто вредат , за жал на вистината , НЕ СЕ СО партијата на власт од проста причина што имаат свое достоинство и кодекс ........ за разлика од буреко(лајна)јадачите како миленко ( преварант ) , јанко ( БУДАЛА СО ТАПИЈА, прашајте во Битуше сите ќе ви потврдат ) , латас ( ПРОСТИТУТ ) , онаа крастана , довчерашна му маќеа на БЦ , мирка свирка ( исфрустрирана) и ред други “ први пера “ на платен список на власта ......... Изменето од Анастеа - 20.Јули.2010 во 02:16 |
|
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа што си кажал за сите овие што си ги набројал можеби е така,(освен латас кој не го ни сметам за новинар и не сакам да го коментирам) но не се изроди што со парите што ги добиваат од страна работат против својот народ и држава. А какво мислење имаш за перачите на пари преку невладините кои преку 1 ден ги гледаме како уште подлабоко се зацапуваат во сопствените блувотини. Мислам на оние што буџетот им се финансира од Сорос. Изменето од Анастеа - 20.Јули.2010 во 02:18 |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A koj e Anastas Vangeli?
Statijata povekje bi odgovarala vo pdf Istorija, barem tamu clenovite na idividi i citaat. Изменето од Анастеа - 20.Јули.2010 во 02:19 |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е можеби а она е сигурно.Во суштината на овие гнидиве е што со народни пари го резилат и го прават како да божем е дебилен.Ги прочита целиот народ и никого веќе не можат да мафтосуваат освен можеби нарачателот со своите вовлекувачки статии и потези, споени со заштитата на ликот,делото и рејтингот на Пастиорт им или Овчарот ако така милувате.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мапирање на македонскиот национализам
Македонски национализам?! Во македонските дебати, меѓу термините кои предизвикуваат тензии со самото нивно споменување спаѓа и македонскиот (етно)национализам. Едни тврдат дека таков национализам не постои, поради тоа што "Македонците се мирен народ и никому не згрешиле“. Други пак тврдат, дека тој национализам е бениген и пред се појавен како резултат на околните национализми на Балканот. Оние кои го негираат постоењето на посебна македонска нација или етнос, тврдат дека самиот термин е оксиморон. Сепак, онаму каде што има нација, има и национализам; а отварањето жестоки дебати околу идентитетот, потеклото и единството на Македонците, ловот на предавниците и распространувањето на содржини од типот на “Македонската молитва” па се до печатењето на најразлични маички (особено впечатливи ми се оние со Sвездата од Вергина на црна позадина со испишано “национален социјализам”) се дополнителни показатели за тоа дека национализам не само што постои, туку се случува и негова мобилизација. Но како би го мапирале македонскиот национализам, особено неговата политичка пројава? Тоа е еден широк поим, и основен методолошки параметар при неговото истражување треба да ни биде неговата не-хомогеност (односно хетерогеност) – што е одлика и на секој национализам воопшто. Како диск*рс, тој е придвижен и од конкретни државни мерки, но и од импулси од не-државни актери, особено граѓани и граѓански формални и неформални организации кои може, но и не мора да се нужно синхронизирани. Од друга страна, особено впечатлива е и раслоеноста на македонскиот национализам во поглед на неговите историски наративи и позиционирање. Во еден претходен текст објавен на страниците на "Глобус“ ги предочив трите главни диск*рси: "класичниот“ македонизам инспириран од Крсте Мисирков и словенското наследство; анти-Македонизмот базиран на делото на историското ВМРО и на идејата за "враќање“ на бугарската свест кај етничките Македонци; и неомакедонизмот, односно ревидираниот македонизам кој се базира на идејата на континуитет од "македонскиот неолит“ до денес, во која клучна улога има наративот за античка Македонија. Впрочем, денес може да сретнате македонски националисти кои не се идентификуваат со Александар Велики, и може да сретнете националисти кои само селективно ги одобруваат некои од восочните фигури кои ќе се постават во музејот на ВМРО, или само дел од скулптурите кои ќе се постават на мостот "Око“ (за волја на вистината, голем дел од тие личности се непознати за пошироката јавност). Антрополошки интересно е да споменат македонските националисти кои се изрично неправославни. Некои припаѓаат на други вероисповести, некои се атеисти кои развиле голема одбојност кон МПЦ, а може да се сретнат, иако ретко, и луѓе кои ги евоцираат паганските божества и обичаи (и словенски и античкомакедонски). Многу пати, различни македонски националистички фракции дури и се конфронтираат меѓусебно поради различното толкување на историјата - најчесто за подобноста на одредени историски личности (припадници на ВМРО). На крајот на краиштата, за секој Македонец, самото "бидување Македонец“ значи различни работи - од тоа да се биде потомок на античките кралеви, да се живее во Македонија (со нејзините природни убавини), да се биде припадник на библиски народ, да се има Тоше Проески и така натаму. Кај голем број националисти пак, идентификацијата како припадник на македонската нација не е нужно поврзана со државата Македонија, туку со замислената заедница од Македонци. Па така, ретко кој споменува 30-40.000 бугарски државјанства издадени на македонските граѓани (под оправдување дека тоа било од материјален интерес), но секое јавно диск*рзивно “бугарофилство” е исложено на напади и омаловажувања. Бугарското државјанство претставува проблем единствено ако коинцидира со нечие јавно “бугарофилство”, како на пример во случајот на Љубчо Георгиевски. Од друга страна, ги имаме здруженијата на бегалците од грчка Македонија, популарно наречени “Егејци”, кои иако важат за прилично тврди во односите со Грција и поради колективното сеќавање и повеќекратната виктимизација се можеби најсилно анти-грчки расположени од сите македонски граѓани. Меѓутоа, едно од основните барања на овие здруженија е здобивањето со грчко државјанство. А дека во Македонија често пати Македонец не е македонскиот граѓанин туку оној кој ги прифатил етнонационалните наративи, најдобро покажува случајот на Борис Трајанов, кој иако германски државјанин (без македонски пасош) стана еден од политички најекспонираните уметници, со прилично “тврди” ставови по националните прашања. Во една прилика тој ќе рече: "Сите мои дејанија покажуваат колку голем Македонец сум, за разлика од некои што го имаат македонското државјанство, а не се чувствуваат многу Македонци". Сепак, и покрај шареноликоста на македонските национални чувства, и покрај различните начини на замислување и доживување на "македонштината“, кога станува збор за политичкиот аспект на македонскиот национализам може да говориме за одредени наративи кои се истакнуваат над другите, пред се’ во поглед на нивниот интензитет и институционализираност. Два такви клучни наративи се етничкото поимање на македонската нација, и латентниот иредентизам, или идејата за "Обединета Македонија“, поврзани со тенденцијата да се доживува "македонската нација“ како составена од етничките Македонци кои живеат во, но и надвор од државата Македонија. ВЕП Иредентизам Идејата за “Обединета” или “Голема” Македонија спаѓа во типот на имагинации за “изгубените историски земји”. Како што постојат концепти за Илирида, Сан-стефанска Бугарија, Велика Србија и така натаму, така постои идејата за обединување на трите дела на Македонија. Големомакедонскиот занос во исто време побудува чувство на грандиозност и на огорченост кон историските неправди – големата Македонија е замислена како некогаш и навистина да постоела како посебна современа држава која била развиена и на која и' претстоела светла иднина, но поради заговорот на душманите за време на Балканските војни била неправедно “распарчена”. Идејата за таква Македонија е институционализирана - таа е вклучена во училишни учебници и претставува неизбежен дел од индоктринацијата на младите умови. Неизоставен дел од учебниците во основното и средното образование се живописните карти на таквата голема Македонија, со подадените раце од сите четири соседни страни кои ја “грабаат” нејзината територија. Сепак, она што се прескокнува во презентацијата на концептот на таквата Македонија е фактот што таа никогаш не постоела како политичка единица, ниту пак отцртува(ла) граници на одредено хомогено и компактно население. Всушност многу поприземно историско објаснување за познатата визуелизација, односно картата која ја отцртуваат територијата на таа замислена Македонија, е дека таа е производ на имагинацијата и романтичарскиот занес на 19-вековните национални дејци. Во принцип, таа визуелизација му се припишува на Димитрија Чуповски, кој се смета за еден од втемелувачите на македонизмот. Понатаму, во периодот пак кога се вели дека таа Македонија била “распарчувана”, била всушност дел од Отоманската Империја. Па така, идеите за ревизија на Бук*решткиот договор (фамозните одредби со кои тој добива привремено траење), доколку би се оствариле, би ја вратиле целата таа територија “под турско”. Обединувањето на територијата е концепт кој е неминовно поврзано со обединувањето на етничката македонска нација распространета на сите три дела на Македонија. Различните замисли за македонска нација во минатото биле вметнувани во политички платформи, меѓутоа најконкретна форма на политичка цел добиле во прогласите на АСНОМ и во политичката платформа на властите непосредно пред и по конституирањето на Демократска Федерална Македонија. Дури и во говорите на Тито непосредно по завршувањето на Војната, ослободувањето на Македонците под Грција и Бугарија било третирано како врвен приоритет, без чие исполнување борбата не се сметала за исполнета. Впрочем, и најблиску до остварување пак на планот за “ослободување и обединување” на македонските територии било вмешувањето на Југославија во Граѓанската војна во Грција, пред да се случи раздорот помеѓу Тито и Сталин, и со тоа раскинот на сојузот помеѓу Тито и грчките комунисти. Што се однесува до замислата на македонската нација како компактна етнички хомогена категорија, распространета на територијата на три држави, таа идеја освен што е прилично анахрона и погрешна (на пример, Македонците во Грција во голем дел не говорат македонски јазик), претставува и голема пречка за самото консолидирање на Македонија како држава. Симптоматично е што многу од етничките Македонци како "органски“ блиски ги сметаат Македонците од Грција и Бугарија, и тоа најчесто вон доменот на роднинска или пријателска поврзаност. Меѓутоа, како дел од македонската нација, никогаш не би биле сметани граѓани на Македонија кои не се етнички Македонци, особено не ако станува збор за граѓани за кои се смета дека имаат kin-state, како што се Албанците, Турците, Србите, итн. И тоа не е само популарен диск*рс типичен за поединци, туку прераснува и во доминантна политичка реторика. На пример, доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Македонија беше проследено со контроверзната најава за мораториум на прашања поврзани со мултикултурализмот во Македонија; од друга страна, премиерот праќаше писма до меѓународни инстанци во врска со расветлувањето на т.н. "егејско прашање“. Тука двојните стандарди се очигледни – Владата на Република Македонија диск*рзивно се грижи повеќе за состојбите во туѓиот, отколку во сопствениот двор. Прашањето на македонското (и ромското, албанското, бугарското, турското, влашкото) малцинство во Грција навистина е сензитивно и треба што поскоро да биде решено, меѓутоа тоа не е "национално прашање“, туку прашање на принципи. Оние кои што искрено се залагаат за еднаквост и недискриминација, застапуваат универзално гледиште; кое не само што не познава државни граници, туку и не важи исклучиво за дискриминација по етничка, туку и за дискриминација по сите останати основи (вклучително, и сексуалната ориентација, која ВМРО-ДПМНЕ упорно ја отфрла како основа за дискриминација). ВМРО-ДПМНЕ како агент на македонскиот национализам ВМРО-ДПМНЕ е партија која практично себе си ја припишува независноста на Република Македонија и застапувањето на интересите на етничките Македонци. Во голема мера, ова е точно – дијаспорските активисти и дијаспорското Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ) кои се основата од која произлезе партијата, беа посветени на идејата за независна Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ беше главниот домашен политички субјект кој ја промовираше таа идеја. Но, "националното ослободување и обединување“ во контекстот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите претходници е прилично дискутабилен. Самото лого на ДООМ ја содржи картата на "Голема Македонија“, и три факели со ознаки В, Е, П, кои стојат за Вардар, Егеј и Пирин. Фамозниот весник "Македонска нација“, издаван од ДООМ во 1970тите, кој во 2009 беше реставриран под покровителство и на претставници на ВМРО-ДПМНЕ, своевремено бил создаден меѓу другото за "припремување на терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална државна целина“. Во прогласот за основање на ВМРО-ДПМНЕ пак (објавен неодамна на порталот "Македонска Нација“), првата точка гласи дека партијата "ќе работи за национално и територијално обединување на распарчениот македонски народ во самостојна национална држава“; понатаму стојат цели како "духовно, национално, политичко и економско обединување на сите Македонци без разлика во која држава живеат”; идеи за етнонационално државјанство на Македонците во соседните држави и идеи за отварање на македонски училишта за македонските малцинства во соседните земји. Како последна точка стои: "ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за поништување на Бук*решткиот договор од 1913 година и на сите други договори со кои се поробува и распарчува Македонија“. Од овој документ јасно може да се види за какво "национално единство“ стои "ДПМНЕ“. Со текот на времето, и особено со преориентацијата на партијата од национална кон демохристијанска и конзервативна, овие идеи полека избледеа од официјалните документи; сепак, добро би било да се знае дали сеуште основна цел на партијата е обединувањето на македонскиот народ во една држава. Судејќи по фактот што сеуште меѓу младите ВМРОвци начин на отпоздравување на химната е покажувањето на трите прста (средниот, домалиот и малиот) во знак на обединувањето на трите дела на Македонија, може да претпоставиме дека оваа идеја си го наоѓа и денес местото кај владејачката партија. Што се однесува до третманот на оние кои не се етнички Македонци, а се граѓани на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш, барем формално, наоѓала начин како да ги адресира нивните проблеми. Во нивните иницијални програмски определби (во документ исто така објавен на "Македонска Нација“) стои дека покрај тоа што партијата е за заштита на македонските малцинства во соседните држави, ќе се грижи и за малцинствата во Република Македонија. Во “Преродбата” (од 2008), мултикултурниот карактер на државата се споменува само еднаш, во општиот вовед во програмата, додека пак, огромно внимание им е посветено на “Македонците кои живеат надвор од Македонија”. Политичката пракса пак, покажа дека современото ВМРО-ДПМНЕ и не е баш партија која може да се снајде со мултикултурализмот во Македонија, во прв план, поради преземањето моноетнички идентитетски политики на државно ниво (антиквизацијата е процес кој се занимава исклучиво со етничките Македонци и нивните наративи). Во голема мера тоа влијаеше и на нивото на етничката толеранција, кое според неколку различни извори бележи драматично опаѓање. Не смее да заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ, иако победи на првите слободни избори во Македонија, не успеа да состави Влада токму поради неволноста да коалицира со албанска партија. Митот за ВМ(О)РО Од аспект на симболичкиот капитал кој партијата го генерира пак, за ВМРО-ДПМНЕ слободно може да се каже дека е машина за масовно произведување на националистички митови. Веќе на долго и широко е пишувано за антиквизацијата – процесот воден од идејата за повеќемилениумска македонска нација кое што своето Златно доба го доживеала во времето на Александар Велики. Сепак, антиквизацијата е еден прилично забрзан и преувеличен романтичарски занес, кој лесно се декодира и деконструира, а со тоа и неговата легитимност може да се оспори. Згора на тоа, антиквизацијата е концепт којшто мора да биде зауздан поради меѓународните но и внатрешните политички прилики и затоа нејзините ефекти се ограничени. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ располага со цел арсенал симболичко оружје од кое црпи моќ, и кое што дополнително го потхранува македонскиот етнонационализам. Најзначаен мит од целата митологија на ВМРО-ДПМНЕ е оној за ВМ(О)РО и како што велат, неговата “врежаност во кодот на Македонецот”. Самта тема ВМ(О)РО претставува фетиш на официјалната македонска национална историографија, на многу квази-историчари и на речиси сите македонски националисти. “Организацијата”, во оваа генерално митологизирана слика, е замислена како најзаслужна за “будењето на македонската национална свест” и како најзаслужна за македонската современа државност. Историчарите од сите генерации кои се во служба на државните истражувачки институции посветуваат цели кариери да ги исправат сите некохерентности во приказната за како што ја нарекуваат “МРО”, и се посветуваат на тоа да го откријат епското значење на една цела плејада личности (што бара голема креативност). Критиката на улогата на “Организацијата” е табу затоа што се претпоставува нејзиното значење и сакралност “за Македонецот”. Критиката на одредени поединци пак, е дозволена, бидејќи најголемиот број “интерни” дискусии помеѓу националистите и воопшто, експертите за историјатот на ВМ(О)РО се водат по прашањата за националните чувства и политичките убедувања на индивидуалните претставници на организацјата. Веројатно секој поупатен би признал дека ВМ(О)РО има крајно контроверзни и контрадикторни историски епизоди. Самото претставување на “МРО” како компактен наратив, со одреден континуитет и строго определена улога и функционирање е многу повеќе телеолошки конструкт отколку репрезентација на минатото во контекстот во кој се случувал. На пример, фактот што организацијата била основана под името БМОРК (Бугарско Македонско Одрински Ревулоционерен Комитет) во македонската историографија се премолчува. Бугарската национална само-дефиниција на главните ликови во организацијата се релативизира (некои од нив бугарски учители, но и војници во бугарската армија). Се оправдуваат и воспеваат и методите на делување на Организацијата, и покрај тоа што нивниот најчест начин на работа бил вооружениот терор, кој не бил насочен само против Отоманските власти, туку и кон секој кој не се сложувал со нив, вклучувајќи го овде и месното население кое одбивало да им плати данок. Згора на тоа, одредени челници на Организацијата делувале многу повеќе како локални мафијаши отколку како борци за слобода – одржувајќи ги сопствените приходи од лихварство и проституција. Малку се зборува дека бугаризмот и теророт на “Организацијата” ги посочува дури и самиот Крсте Петков – Мисирков во “За Македонцките работи”, канонот на македонскиот национализам. Тој на “Организацијата” гледа како на негативен актер кој прави исклучиво штета за народот. Денес, голем симболички капитал за целиот концепт на ВМ(О)РО носи и прославувањето на големиот дебакл Илинден (пропратен со мали “интервенции” во интерпретацијата, случајно испуштајќи го фактот дека најголем дел од востаниците биле Бугари). Прославата на Илинден е контрадикторна и со други историски национални наративи, на пример кренато против волја на Гоце Делчев(кому пак му се подигна споменик веднаш до Даме Груев, човекот кој веројатно е одговорен за неговата смрт), и оценето како “фијаско” од страна на Мисирков. На крајот на краиштата, бизарно е и “светото” место Мечкин Камен – затоа што постојат повеќе алтернативни верзии за крајот на Питу Гули, а една од тие е дека човекот отишол да се бие со Отоманците мртов пијан, а другарите од четата се обидувале да го одвратат. Денес на тој Мечкин Камен се држат говори и се величи националната историја. За ВМ(О)РО генерално се гради слика дека како и секоја револуционерна организација која се борела против најразлични хегемони во борбата за слобода. Меѓутоа, не треба да се заборави дека револуционерните акции на Организацијата биле анти-државни само кога станувало збор за конфронтирање со Отоманскиот и подоцна српскиот, односно југословенскиот режим. ВМ(О)РО никогаш не се конфронтирало со Бугарија (во голема мера затоа што било бугарска инсталација). Дури и делувало како дел од бугарската армија или се борело на страната на Бугарија во Втората Балканска и Првата светска војна. Притоа ВМ(О)РОвците не биле нималку наивни, и имаат направено недела, за кои “не се учи” во Македонија. А за свирепоста и крволочноста на ВМ(О)РО не се учи, затоа што тоа не се поклопува со митот за ослободителна организација “врежана во кодот на Македонецот” - затоа што “Македонецот” е мирен и никогаш никому ништо лошо не направил. Парадигматски случај за свирепоста на бугаромакедонските “ослободители” е задушувањето на Топличкото востание 1917. Имено, во февруари 1917 година, во јужна Србија, во Прокупље, на територијата околу реката Топлица, по неколкумесечни тензии избило востание на месното население против бугарската и австро-унгарската окупација. Бугарските војски веднаш реагирале, а вистинскиот пресврт го донела 11 македонска дивизија во составот на Бугарската армија, предводена од тогаш полковникот Александар Протогеров, во чиј состав имало повеќе ВМ(О)РОвски чети. Според австриските податоци, на крајот од “интервенцијата”, имало околу 20.000 жртви, од кои 2500-3000 биле востаници, а останатиот дел – цивили. Најголемиот број од луѓето биле убивани со ладно оружје (бајонети), имало силувања, меѓу кои и силувања на деца, некои од луѓето биле живи горени и живи закопувани. Бројката од околу 17.000 цивили е показател за масакр двојно поголем од на пример оној во Сребреница – а воопшто, целата епизода со Топличкото востание сведочи за “дејството” на ВМ(О)РО и за улогата на неговите лидери – воени злосторници. Александар Протогеров, тужен и уапсен за воени злосторства, по своето бегство, заедно со Тодор Александров барал само-определба за “Обединета Македонија” со писмо до Версајската Мировна Конференција. И Тодор Александров, офицер во Бугарската армија во Првата светска војна, во тој период на своите раце имал крв на невини луѓе, но и на голем број луѓе од “Организацијата” со кои имал несогласувања. Понатаму, официјалната верзија е дека веројатно Протогеров го нарачал убиството на Александров, а потоа Иван Михајлов за одмазда за “Старио” Александров, го нарачува убиството на Протогеров (и уште еден куп други политички активни личности). Како и да е, митот за континуитетот (едно ВМРО) и за хуманата мисија (“ослободување и обеднување”) вели дека овие тројца се херои на Македонија. Сепак, кога ќе се земе в предвид и “ослободителната дејност” на другите првенци на ВМ(О)РО (а и нивните меѓусебни атентати), тогаш можеби треба да размислиме, дали е исправно да се гради Музеј на ВМРО, или можеби Музеј на жртвите на ВМРО. Самата “Организација” од своето формирање била катализатор на толку многу насилство, и произвела толку многу убиства, што едноставно не смее да остане незабележано. РАМКА 1: “Национализам на далечина” Она што е карактеристично за Македонија и политиката по клучните “национални” прашања е големото влијание на политичката емиграција и воопшто, македонската дијаспора, како и влијанието на “задграничните” дејствија. Секако, тоа не е ексклузивен случај (особено на Балканот, најголемиот број од “поетите на нациите” биле дијаспорци). Впрочем, она што Бенедикт Андерсон го нарекува “национализам на дистанца” е еден од главните импулси во развивањето на еден националистички диск*рс. Тука дијаспорските интелектуалци и дејци имаат диск*рзивна предност – тие не се присутни на територијата кон која нивниот национализам е усмерен; и развиваат идеализирана слика која што многу повеќе ги инспирира во борбата за нивната кауза (особено оние кои заминале од политички причини). А кои всушност се конкретните манифестации на дијаспорскиот национализам во Македонскиот контекст? За Димитрија Чуповски, кој во последно време е прилично актуелен, занимливо е да се спомне што својот живот го минал во Русија, припаѓајќи во категоријата “дијаспорски” национални дејци. Во иста категорија спаѓа и Крсте Петков-Мисирков (најголемиот Македонец на 20 век), како и браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов и други интелектуалци кои денес македонската историографија ги смета за втемелувачи на македонската национална свест и култура кон крајот на 19ти и почетокот на 20ти век. Но не се само Чуповски, Мисирков и другите “раномакедонски” интелектуалци сведоштво за македонскиот “национализам на далечина”. Првиот претседател на “Организацијата”, Христо Татарчев, најголемиот дел од животот го поминал во западна Европа. Понатаму, фокална точка на “Организацијата” претставува Софија. Комунистичката ВМРО (Обединета) е формирана во Виена. Прилично влијателни во 20 век биле и дијаспорските политички организации како Македонската Патриотска Организација, и надоаѓачкиот број организации по Втората Светска Војна. Впрочем, од редовите на една дијаспорска организација (Движењето за ослободување и обединување на Македонија) е произлезена и денешната владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ. Познати се епските приказни како партијата била дизајнирана во Берлинската кафеана “Ново Скопје”. Акциите на дијаспорските организации (особено асоцијациите на децата бегалци од грчка Македонија) во 1980тите исто така беа важни за политичките случувања во Македонија – нивните протести придонесоа до промената на уставниот поредок на Македонија – вметнувањето на одребдите за грижа за малцинствата во Грција и Бугарија, на сметка на конститутивниот карактер на етничките Албанци и Турци од Македонија, кој беше симнат. Дијаспората има голема улога и во отварањето на некои национални прашања и по независноста на Македонија. Антропологот Лоринг Данфорт ќе заклучи дека спорот за името и историското наследство меѓу Македонија и Грција се родил токму во Австралија, при пресметките помеѓу соодветните дијаспорски организации, по откритијата во Вергина и обидите за присвојување на “новите антички” симболи. Хју Поултон ќе посочи дека токму македонската дијаспора од Австралија ја промовирала спорната Sвезда (кај нас позната како Сонце) од Вергина во национален симбол. Денес пак, неизбежен политички актер е транснационалниот Светски Македонски Конгрес, кој функционира како мост помеѓу Македонија и дијаспората. На СМК многумина гледаат со цинизам, но вреди да се потсетиме дека токму таа организација одигра клучна улога во 2004, иницирајќи го референдумот за Законот за територијалната поделба на Република Македонија од кој се изроди горливо политичко прашање. Денес, особено со напредокот на технологијата и пробивот на широкопјасниот интернет, за дијаспората е многу полесно да биде поврзана со “татковината”. На интернет форумите и социјалните мрежи, или пак во дискусиите на новинските сајтови, практично не постои територијална препрека за поврзување на Македонците од било кој дел на светот. Но, она што е многу впечатливо е што најчесто “Петко од Мелбурн” е далеку порадикален од “Станко од Скопје” (се разбира, со значителни исклучоци – како што ни Македонците во Македонија не се хомогена категорија, така и дијаспората). Причината за тоа е едноставна – дијаспорските националисти проблемите ги доживуваат исклучиво на симболичко и емотивно ниво, додека пак за локалците Македонија значи многу повеќе – во прв план, секојдневно живеење. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве ви ја статијата можи сега и ќе кажете нешто за статијата.
Марсовец прво прочитај нешто а не да ми набројуваш новинари,јас никој не бранам. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку за изроди па и за новинарите, тоа се најпрвин оние кои за пари ги менуваат и погледите, и идеологиите и ставовите ( не мислев на Кама Сутра)и моралот и етиката и се и сешто работат против своето убедување можеби...затоа што неговото убедување е дека парите оправдуваат се.
Веќе целио народ ги детектирал...и се здобија со популарност за изроди во својата професија.Инаку има извонредни новинари, на кои парите не им се се во животот. Изменето од Анастеа - 19.Јули.2010 во 01:08 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
prokleti sorosoidi ni ja zapustija drzavata i ja ocrnea vo svetot
tie ne se makedonski novinari , oti se plateni od soros toj e stranec tie se stranski agitatori dobro plateni so dolari temata ne e za debilnite novinari nego za prodadeni dushi od stranski agenti ps. tie se debilni po difolt Изменето од Анастеа - 19.Јули.2010 во 01:12 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е странец овој атанас вангели треба да е влав по потекло од Крушево Инаку секако дека е од сорос Изменето од Анастеа - 20.Јули.2010 во 02:26 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne se dobivaat golemi pari ako se kaze neso ubavo za Grujo
nego se dobivaat kupovi pari ako se pluka po makedonija soros brate znae so saka |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто тогаш е избран овој на сликата?, не го познавам.
Да продефилираат сите кои се во таа невладина организација.
Ова се создава фама за предавници и патриоти?
Изменето од Анастеа - 19.Јули.2010 во 01:19 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Внеси реплика | страница <12345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |