|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 4546474849 55> |
Автор | ||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Беше важно да покажам дека се уште сум силен!"
Фелипе Маса призна дека чувствувал потреба за добар резултат во Бахреин, бидејќи во спротивност би се појавиле шпекулации дека не е истиот возач пред неговиот страшен судар минатото лето. Маса го пропушти вториот дел на сезоната 2009 по незгодата на квалификациите за Унгарското ГП, кога беше погоден во главата од пружина од болидот на Рубенс Баричело и доби повреди на мозокот и на окото. Во првата трка по камбекот, тој беше на второто место зад својот нов колега во тимот на Ферари, Фернандо Алонсо. Тој вели дека не се сомнева во своите способности, но дека било добро што не направил "смешни" грешки. "Чекав толку месеци за таа прва трка, но бев возбуден, а не нервозен околу седењето на стартот на новата сезона. Никогаш не се сомневав во мојата состојба, бидејќи се што правев беше исто како пред несреќата. Кога работев на физичките подготовки се одеше во вистински правец и се во нормалниот живот беше исто така во ред. Се што имав во умот е да завршам добра работа за секого, да имам добар старт на сезоната, и да не направам нешто смешно. Секогаш е важно да си брз во текот на првиот викенд, но во мојот случај беше поважно бидејќи ако направев грешка, луѓето веднаш ќе кажеа: 'ете, гледате дека не е ист како претходно'. Тоа немаше да биде добро. Ќе беше невозможно да имам подобра трка отколку да донесеме максимум поени, а тоа го направивме заедно со Фернандо", изјави Маса во интервју за Гвардијан. И покрај критиките за досадната прва трка од сезоната, Маса не сака да дава оценки предвреме, иако призна дека со новите правила можеби е потешко да е претекнува. "Видов доста критики за гумите и за тоа што нема надополнување на гориво, но прерано е да се оценува дека ГП трките сега се досадни за гледачите. Меѓутоа, вистина е дека на стартот на трката сме шест-седум секунди побрзи од квалификациите. Со малку гориво на квалификациите имаме одлични услови, а потоа во недела одиме со тој тежок болид. Затоа ако следиш некого и се обидуваш да го претекнеш, губиш многу сила", вели Маса. Тој исто така не се согласува со заклучокот на Луис Хамилтон од Мекларен, кој изјави дека болидот на Ред Бул Рејсинг е "смешно" побрз од сите други болиди во 2010. 1-2 победата на Ферари во Бахреин дојде по проблемите на Себастијан Фетел со РБ6 болидот. "На тестирањето, Ред Бул можеби не беа најбрзиот болид, но забележавме дека брзината на подолги патеки е многу голема, така што квалификациите во Бахреин не беа изненадување. Но, ние сме на слично ниво како нив и затоа треба да го подобриме болидот на секоја трка од сезоната. Ние бевме побрзи од Ред Бул на потврдите гуми во Бахреин", завршува Маса. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕН КРАЈ НА КАМБЕКОТ
Шумахер не планира да се повлече Шефовите на Мерцедес ГП, Норберт Хауг и Ник Фрај ги отфрлија шпекулациите дека Михаел Шумахер може предвремено да го заврши својот камбек, застанувајќи во одбрана на германската легенда која е "мотивирана" и подготвена за успех на "долги патеки". Шумахер е еден од двајцата возачии во 2010 (покрај рускиот дебитант Витали Петров во Рено) кој загубил 3-0 на квалификациите оваа сезона, по што многумина сметаат дека Германецот згреши што се врати на 41 година по 3 години пуза против млад и силен противник како Нико Розберг. Покрај тоа во Австралија Шуми остана 22 кругови зад Хаиме Алгуерсуари од Торо Росо, возач со само 11 ГП трки во кариерата. Договорот на седумкратниот светски шампион со Мерцедес трае до крајот на сезоната 2012, но германските медиуми, предводени од Билд кои на насловната имаа голем наслов: "Падот на Шуми", шпекулираат дека победникот на 91 трки планира да се откаже предвреме. "Сосема спротивно. Знам дека Михаел е многу мотивиран и сака неговиот камбек да донесе успех. Кога болидот ќе може да победува, тогаш и Шуми ќе победува. Слабите резултати досега не се негова вина. Вистинските фанови знаат што се случува и зошто немаме поени", вели Хауг. Самиот Шумахер не е загрижен за слабите резултати, посебно бидејќи трките во Алберт Парк и Сепанг беа одлучени без негова вина, и смета дека следниот викенд во Кина може да има добар викенд. Кина е последната четврта трка пред стартот на европската сезона во Барселона следниот месец, за каде што Мерцедес имаат планирано серија подобрувања. "Ентузијазмот за Мерцедес-Бенц и подршката на фановите е голема во Кина, така што во Шангај имаме атрактивна трка и сигурен сум дека нема да разочараме. Во Малезија бевме подобри, така што во Кина може да направиме нешто повеќе. Повторно уживам во тркањето, иако последните две трки не беа најдобри за мене", вели Шумахер. По сударот на првата кривина со Фернандо Алонсо во Ферари во Австралија и губењето на навртката на тркалото во Малезија, Шумахер предвидува подобри трки. "Знам како работите тргнуваат на лошо во Ф1 и покрај двете последни трки, одиме во вистински правец. Чекор по чекор", додава Шуми. Маса пред нов тригодишен договор со Ферари? Фелипе Маса е блиску до обезбедување на тригодишно продолжување на договорот со Ферари, со што би останал во Скудерија најмалку до 2013 година, една сезона повеќе од сегашниот договор на двократниот шампион Фернандо Алонсо. Маса дојде во Ферари во 2003, кога по просечна деби сезона со Заубер, помина една година како тестер во Ферари. Потоа 28-годишниот Бразилец имаше уште две сезони во Заубер и од 2006 е во црвениот болид со 11 ГП победи, на 4 место кај возачите на Ферари. Ако победи на уште пет трки ќе ги помине и Ники Лауда и Алберто Аскари и само Михаел Шумахер ќе остане пред него. Шефот на Ферари, Стефано Доменикали за германскиот магазин Спорт Билд изјави дека Ферари сакаат да "изградат иднина со Фелипе", а бразилскиот О Глобо магазин тврди дека се работи за тригодишен договор, а Маса имал намера да ја заврши кариерата во Скудерија. Бриаторе "би можел" да размисли за враќање Флавио Бриаторе вели дека еден ден би можел да се врати во формула 1, спортот кој јавно го исфрли минатата година. Италијанецот беше исфрлен доживотно од страна на ФИА по скандалот околу местењето на Сингапур ГП трката во 2008 како шеф на тимот на Рено. Но, француските судови ја поништија оваа одлука, и иако ФИА најави жалба, 59-годишниот Бриаторе е слободен да се врати. "Бев исфрлен како криминалец! Никогаш нема да се вратам во формула 1 како менаџер, но можеби ќе дојдам во 2012 во некоја поинаква улога", изјави Бриаторе. |
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мекларен уште не се задоволни со М4-25
Шефот на Мекларен, Мартин Витмарш вели дека во тимот "не се задоволни" од МП4-25 болидот - но тоа не значи дека се работи за лош болид, туку дека може да биде и побрз. Мекларен имаат две победи на првите 4 трки со импресивната брзина на рамните делови и само Ред Бул Рејсинг имаат подобар болид на квалификациите, иако имаат проблеми со постојаноста. "Не е тајна дека ќе продолжиме да туркаме напред. Имаме нов пакет за Барселона и мораме да го подобруваме болидот на секоја трка", вели Витмарш. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Силверстоун ја претстави Ф1 патеката за иднината
Силверстоун, домот на Британското ГП, редовно под напад на Ф1 шефот Берни Еклстоун, ја откри новата ревидирана патека во четвртокот со амбиции да започне новата ера на Ф1 трките. Британскиот принц Ендру ја пресече лентата за да ја отвори патеката, по што беше возен од формула 1 шампионот од 1996 година, Дејмон Хил во Ф1 двосед, а сопствениците на патеката оценија дека ќе има светла иднина за поранешниот аеродром од Втората Светска Војна. Патеката, на која во 1950 година се одржа првата формула 1 трка во 1950 година, минатата година договори 17-годишен договор за одржување на Британското ГП, а покрај Ф1 трките на патеката има предвидено и Мото ГП трка и Супербајк ВСБК трка. "Развојот на Силверстоун е круната на нашата работа, и симболизира се што Британија направи во формула 1. Ова е нова патека за нова генерација на луѓе кои уживаат во моторспортот. Мислам дека возачите ќе се согласат", вели Хил, кој е претседател на Британскиот Тркачки Клуб (БРДЦ), кои се сопственици на патеката.
"Најдобрата работа е што се задржани сите добри делови. Од друга страна новиот рамен дел изгледа многу бргу", вели возачот на Ред Бул, Австралиецот Марк Вебер. Поранешниот Ф1 возач, Џони Херберт се согласува. "Сигурно се работи за патека за иднината. Мислам дека се успеа да се подобри патеката без да се загубат историската брзина и шансите за претекнување. Британија може да биде горда. Ги имаме сите нови модерни патеки околу светот што се неверојатни, но Силверстоун е најдобра во Европа. Силверстоун требаше да го загуби Британското ГП во формула 1 оваа година, откако Донингтон Парк обезбеди долгогодишен договор со Берни Еклстоун, но тој проект беше жртва на глобалната економска криза. Британецот Еклстоун, кој ја однесе формула 1 на екстравагантни нови патеки во Абу Даби, Кина и Сингапур последните години, ја опишуваше Силвестоун како пропадната стара куќа и како селски саем кој се маскира како светско случување. Хил успеа да извлече позитивни работи од тие коментари. "Знаете, на некои луѓе им се допаѓа атмосферата на селски саем во Силверстоун. Тука секогаш го имаше тоа добро летно британско чувство", изјави Хил. Овогодишното Британско ГП ќе привлече сигурно многу фанови бидејќи британските светски шампиони Џенсон Батон и Луис Хамилтон се колеги во тимот на Мекларен. Трката се одржува на 11 јули. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Формула 1 го прослави 60. роденден
Формула 1 го прослави својот 60. роденден во четвртокот, откако спортот ја прослави првата трка од шампионатот, одржана во Силверстоун во 1950 година. На таа трка во присуство на британското кралско семејство, вклучувајќи ја кралицата Елизабета Втора, подоцнежниот шампион Џузепе "Нино" Фарина стигна до пол-позицијата, најбрзиот круг и победата за Алфа Ромео. Иако сезоната 2009 беше 60. во формула 1, спортот го одбележи точниот роденден во Монако со првата и втората тренинг сесија во Монако, уште една патека која беше дел од првата сезона, во која имаше само шест трки - Британија, Монако, Швајцарија, Белгија, Франција, Италија плус САД, бидејќи Индијанаполис 500 трката тогаш беше дел од шампионатот. Во таа прва трка во Силверстоун, Фарина ги совлада своите колеги Луиџи Фаџиоли и Рег Парнел, за Алфа Ромео да стигне до 1-2-3 победа по 2 часа и 13 минути тркање на поранешниот аеродром од Втората Светска Војна. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во Ферари задоволни од Алонсо
И покрај тоа што Фернандо Алонсо се најде на удар на критиките за клучни грешки во првите трки оваа сезона, претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло вели дека двократниот светски шампион ја има неговата цела поддршка. Алонсо беше вклучен во инцидент со три болиди на првата кривина на Австралиското ГП пред да добие казна за преран старт во Кина, за во Монако на тренинзите да го удри болидот и да стартува од последното место. Бидејќи легендата на Ферари, Михаел Шумахер реши да отиде во тимот на Мерцедес ГП, дел од италијанскиот печат тврдеше дека Ферари требало да го задржат Германецот. Запрашан дали жали за одлуката да потпише договор со Алонсо, Ди Монтеѕемоло верува дека Шпанецот е вистинскиот човек за работата. "Ниту малку! Беше одлично со Михаел, но тоа е завршено. Нема каење. Денес сум многу среќен со Алонсо, на и надвор од патеката. Алонсо има тимски дух, посветеност и поврзаност со тимот. На патеката е вистински фајтер", вели Италијанецот. И покрај тие три инциденти, Алонсо се наоѓа на третото место во генерален пласман со само 3 поени помалку од двојката на Ред Бул Рејсинг, Марк Вебер и Себастијан Фетел. Ди Монтеѕемоло смета дека само сударот во Монако е грешка на Алонсо. "За мене вистинска грешка беше тоа што се случи во Монте Карло, и тоа поради преголема самодоверба. Тој сака да го тестира лимитот и затоа се удри. Превремениот старт во Кина беше поради тензијата. Се наоѓаме во одлична позиција за шампионатот", додава Монтеѕемоло. АЛОНСО: "ТЕШКО Е ДА СЕ ФАТАТ РЕД БУЛ" Самиот Алонсо пак вели дека тимот на Ферари е збунет од неверојатната брзина на тимот на Ред Бул. Алонсо победи на првата трка во Бахреин, но само по проблемите на Себастијан Фетел. Тимот на Ред Бул ги има освоено пол-позициите на сите трки оваа сезона и имаат три победи, од кои две 1-2. Алонсо признава дека не знае што ги прави ривалите толку доминантни. "Би било убаво да го знаевме тоа. Навистина е многу тешко да се оцени зошто конк*ренцијата е толку доминантна. И не е така едноставно само да се копираат", вели Алонсо. Како што се случи со двојните дифузери минатата година и ткн. ф-цевки оваа година, тимовите честопати се обидуваат да го копираат дизајнот и сет-апот за да се подобрат перформансите. "Дали тоа е успешно е друга работа. Бидејќи секој тим има сопствена дизајнерска филозофија, секој тим знае кој е следниот елемент на кој треба да работат. Така треба да се фокусираме на нашиот развој, а не да копираме туѓи решенија", додава Алонсо. Батон: "Уште не сум 100% подготвен" Џенсон Батон признава дека имал доста проблеми при трансферот во Мекларен, но верува дека наскоро ќе биде во најдобра форма. Шампионот од 2009 дојде во британскиот тим откако ја освои титулата со Браун ГП (сега Мерцедес ГП) и победи на две трки оваа сезона - Австралија и Кина. "За мене најголемата промена е во новиот болид. Бев со ист тим седум години и тие градеа болид според моите барања, а сега морам да се снајдам со нов болид. Верувам дека Михаел Шумахер има исти проблеми. Секоја трка учам повеќе и тимот работи фантастично. Работите не одат лошо, веќе имам две победи, но признавам дека се уште не сум 100% подготвен", изјави Батон. Овој викенд на програмата е Турското ГП во Истанбул, и Батон се надева дека аеродинамичките подобрувања и промената на предното крило ќе успеат да го донесат болидот поблиску до доминантните Ред Бул. "Дали ќе биде доволно да се доближиме до Ред Бул навистина не знам. Тие беа толку далеку во Барселона и во Монако и тоа не се стигнувам веднаш. Мораме да бидеме подобри во квалификациите, бидејќи во трките успеваме да им правиме проблеми", додава Британецот. Еклстоун несвесно шверцувал имигранти? Носителот на комерцијалните права во Ф1, Берни Еклстоун несакајќи прошверцувал пет нелегални имигранти во Британија во својот конвој кој се враќаше од Монако ГП трката пред пет дена. Имигрантите, за кои се верува дека доаѓаат од Еритреа, се сокриле во еден од ТВ камионите кои се враќале во Британија, и биле откриени при пристигнувањето на камионите на Бигин Хил аеродромот во Кент, седиштето на Формула 1 Менаџментот (ФОМ), компанијата на 79-годишниот британски милијардер, која ги води комерцијалните права во спортот. Се верува дека имигрантите се протнале во камионитево Кале, Франција каде што се чекал траект. Ф1 ФЛЕШ Шефот на тимот на Лотус Рејсинг, Тони Фернандес верува дека трите нови Ф1 тимови почнале да добиваат почит од фановите и ривалите и покрај проблематичниот старт. Сите три нови тимови, Лотус, Вирџин Рејсинг и ХРТ немаат освоено поени во новата сезона и се далеку зад старите тимови. "Секој има свој почеток. Ферари имаа свој почеток, и Мекларен исто така. Мојата компанија Ер Ејжа почна со 2 авиони и бевме предмет на потсмев, и затоа не се загрижив за критиките кои ги добивавме како тим. Се уште сме далеку од Мекларен или од Ферари, но ние размислуваме на долги патеки", вели Фернандес. Поранешниот возач на Рено, Роман Грожан вели дека следната сезона ќе се врати или во формула 1 или во Ле Ман серијата. 24-годишниот Французин лани го замени Нелсон Пике Јуниор во Рено, а сега настапува во ГТ1 Шампионатот со Матек Форд ГТ тимот. "Се уште размислувам за формула 1, но отворен сум и за други понуди. Првата опција секако е да се најде место во Ф1", вели Грожан. Поранешниот трикратен светски шампион Сер Џеки Стјуарт верува дека Марк Вебер се наоѓа во фантастична позиција за да ја освои титулата оваа година. Шкотланѓанецот, кој во кариерата победи на 27 ГП трки, го формираше тимот кој сега е познат како Ред Бул Рејсинг во 1996 година, пред во 1999 да биде продаден на Форд и да се настапува под името Јагуар, по што беше купен од Ред Бул во 2005. "Тој има 33 години и тоа се најдобрите години за еден возач. Знам дека никој не веруваше дека тој може да стане шампион, но во Барселона и Монако покажа дека е подготвен за големи работи", изјави Стјуарт. Тимот на Вилијамс ќе ја врати старата верзија на нивното предно крило во Турција овој викенд, откако двата нивни болиди се удрија на Монако ГП трката. Техничкиот директор на тимот, Сем Мајкл изјави дека морале да направат нови делови по сударите на Рубенс Баричело и Нико Хулкенберг. "Сите работи кои требаа да се сменат се сменија, освен предните крила за кои е потребно подолго време. Затоа се враќаме на претходната конфигурација барем до Монтреал", објасни Мајкл. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вилнев се враќа во Ф1 со сопствен тим
Светскиот шампион од 1997 година Жак Вилнев, планира да се врати во Формула 1 шампионатот и тоа со сопствена екипа која би го пополнила 13-тото испразнето место во првенството. Тимот би го носел името "Вилнев Рејсинг", а како што соопштува германскиот магазин Автомото спорт пријавата за лиценца е пополнета и доставена до ФИА. Исто така наведува дека тимот би бил стациониран во Англија, а фондовите од кои би се финансирал се строго доверлива информација. По неуспешниот кам-бек минатата година со Стефан ГП, 39-годишниот Канаѓанец се посвети кон константно тренирање и возење на симулатори но и посветување на НАСКАР трките. Очигледно љубовта кон болидите го натера канадскиот возач повторно да биде дел од Формула 1. По неодамнешното откажување на АРТ Гран При во трката за 13 место во Ф1 "циркусот" останаа поранешниот тим Дуранго, Американската Сајфер група и Шпанскиот Епсилон Еускади. ФИА ќе ја донесе одлуката околу изборот кон крајот на овој месец. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Монако ќе остане без Ф1 трка!?
Легендарната трка низ улиците во Монако би била исфрлена од календарот на формула 1 на сметка на новаците Индија, САД и Русија. Откако Индија влезе во календарот за следната сезона и кам-бекот на Гран При на САД во 2012 година шефот на формула 1, Берни Еклстоун, има намера во иднина да ги вметне Русија или Јужна Африка. Имено Еклстоун ги посочи финансиите како главен елемент поради кој би се одлучиле за нови идејни решенија за доброто на формула 1. Тој истакна дека сите кои ќе платат ќе може да ја организираат трката. Засега најзагрозена е патеката во Монте Карло бидејќи организаторите се единствените кои не плаќаат речиси ништо, а слично е состојбата на сите патеки во Европа каде организаторите плаќаат многу ниски такси, додека, пак, останатите "кешираат" и по 31,2 милиони долари за да ја видат трката во својата држава. "Европејците ќе мора да плаќаат повеќе или ќе се преместиме на друго место. Формула 1 може да продолжи успешно и без Монако", изјави Еклстоун. Инаку, Монако е во Ф1 календарот уште од 1955 година, а доколку не се променат работите би можел да ја изгуби организацијата на најквалитетната трка во светот, а со тоа и многу туристи кои секоја година плаќаат огромни суми за да дојдат и да уживаат во брзината на болидите. Она што е актуелно во светот на формула 1 е изградбата на патека во Русија и вметнување во календарот за две или три години. Засега се разгледуваат неколку опции. Првата и најреална опција е трката да се одвива во Москва, а другата или резервна варијанта е нова патека во Сочи, кој во 2014 ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри. Русите се сериозни во намерите и активно преговараат за да го добијат домаќинството. Изминатиов викенд како поддршка на кампањата за организација на формула 1 трката возачот на Мекларен, Џенсон Батон, и на Рено, Витали Петров, го посетија главниот град на Русија. Пилотите со своите болиди направија мини турнеја низ Москва, а се сретнаа и со градоначалникот Владимир Макаров каде биле запознаени со идејата. Истовремено генералниот директор на Баварија Москва Сити Рејсинг, Дерк Сауер, истакна дека планот би можел да се реализира уште во 2012 година. "Се надеваме дека ќе ги нагостиме сите возачи во 2012 година. Град како Москва заслужува да организира Ф1 трка. Договорот се уште не е потпишан, но сме многу блиску до реализација", изјави Сауер, кој додаде дека проектантот на патеката, Херман Тилке, ја замислил трката слична со онаа во Монако. Таа би се возела низ улиците на Москва, а болидите би поминувале и низ центарот на градот каде во позадина би се гледал Кремљ. Според нивните планови, патеката во Москва би била најбрзата. Што се однесува до Јужна Африка, се разгледува можноста за изградба на нова патека во близината Кејптаун. Идејата е се уште во почетна фаза бидејќи треба да се решат многу детали пред африканската земја и официјално да добие домаќинство на Ф1. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Алонсо брка победа во Спа, Мекларен пак ќе се жалат
Фернандо Алонсо ќе ја брка четвртата последователна победа за Ферари на Белгиското ГП и се надева дека Марк Вебер повторно нема да блесне во Спа. Лидерот во генерален пласман, Вебер, кој победи четири пати во 12 трки за Ред Бул оваа сезона се уште нема подиум во Спа, и покрај тоа што брзата патека на Ардените е негова омилена. Алонсо, кој беше втор на претходната трка во Унгарија, и победник на контроверзното Германско ГП пред тоа, кога Ферари ги користеа забранетите тимски наредби, мора да освои максимум поени за да ја намали разликата од 20 поени од Австралиецот.
МЕКЛАРЕН УШТЕ РАЗМИСЛУВААТ ЗА КРИЛОТО НА РЕД БУЛ |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Нова трака во Ф1 календаротИзвор: Макфакс
Од следната сезона, Ф1 календарот ќе биде збогатен со уште една трка. |
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
жестока ќе биде битката на пиедесталот, последната трка сезонава очекувам да биде интересна
инаку честитки за Фетел и Ред бул- Рено што се однесува до освојувањето на тиутулата во конструктори Изменето од zabegan - 08.Ноември.2010 во 20:08 |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
jack_sparrow23
Нов член Регистриран: 08.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
последната трка од оваа сезона ќе биде многу интересна според мене би требало да победи МОЈАТА ЅВЕЗДА ФЕРНАНДО АЛОНСО!
ДАЈ БОЖЕ ДА ПОБЕДИ!!!! Поздрав до сите ФАНОВИ НА АЛОНСО И ФЕРАРИ!!! |
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Себастијан Фетел ја зема титулата оваа година за прв пат како најмладиот возач во историјата на Ф1, честитки до него и се надевам дека ќе стане иднипт Шумахер (иако секогаш ќе бидам фан на Ферари)
малку ми е криво за Алонсо на кој малку му фалеше да ја земе... во секој случај интересна трка еве го шампионот |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сите честитки за Фетел. Да жал ми но за Маса. |
||||
Внеси реплика | страница <1 4546474849 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |