|
Манифест на влада на Македонија 1881 год. |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||
is no good
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 31.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 92 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Parola na vladata edinstvo bese "Македонија на Македонците за воспоставување на древна Македонија!".
|
||
www.komiti.org
|
||
Zefar
Нов член Регистриран: 13.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темава ми се види интересна и мислам има што да се истражува
Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881 23 март 1881 во Ќустендил Македонци, Нашата мила татковина Македонија еднаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт. Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина! Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија! Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена. Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него! Ќустендил 11-23 март 1881, Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881. Претседател Васил Чомо Секретар Никола Трајков Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258). |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.mn.mk/aktuelno/1712-Manifest-na-Privremenata-Vlada-na-Makedonija---1881 Изменето од Каснакоски - 17.Јули.2010 во 07:51 |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Македонска нација“ нешто се е обркал. Во текстот кој го дава никаде нема 19 февруари 1878 /датата на подпишување на Санстефанскиот договор/, а на сликата јасно се чита.
Тука се работи за некоја грчко-македонска акција. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ништо не може да се прочете (барем jас не мога). Да не е на грцки език? |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Da, na grcki e, a datata se cita jasno vo redot koj ne e podcrtan /6 red/
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да не грцки протест против "Санстефанска Бугариjа"? |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е Грчки протест туку е Манифест на Привремената Влада на Македонија и тоа во 1881 год
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova od slikata mislame od grckata makedonska privremena vlada.
Изменето од Каснакоски - 17.Јули.2010 во 12:47 |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пропагандистите можат да земат се во предвид и да свртат во своја корист но еден е факт - писмото пишува не за >Грци туку за Македонци кои направиле своја влада за ослободување на Македонија а не на Грција
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I ako se zagldash vo dokumentot pod posledniot podvlechen so crveno red ima tochno sedum iminja, kolku bile i clenovite na седумчлена «Привремена влада на Македонија», на планината Олимп. Poslednoto go chitam - Janis, sega ke se pomacham i so drugite.
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако би ги земале во обзир првите влади на Бугарија,Грција па дури и Србија во тоа време ке видиме дека се составени од секакви луѓе кои се потпишуваат разно во дадени периоди,ни треба уште само еден документ од истиве па тогаш би се согласил да се суди,вака се е шпекулација и останува верно на оригиналот Привремената Влада на Македонија
|
||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Николаа Трајков а Грчка акција? |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде прво прочитај што сум напишал, па тогаш коментирај. Каде го гледаш на сликата Никола Трајков? Се работи за различни ПРИВРЕМЕНИ ВЛАДИ НА МАКЕДОНИЈА. Една е во текстот на „Македонска нација“/тука сум го покажал во пост на Зефар/, а друга е на сликата што ја покажале. Дали разбра што сакам да ти кажам? |
||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |