IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Манифест на влада на Македонија 1881 год.
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Манифест на влада на Македонија 1881 год.

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
is no good Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај is no good Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2008 во 15:49

Parola na vladata edinstvo bese

"Македонија на Македонците за воспоставување на древна Македонија!".
www.komiti.org
Кон врв
Zefar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zefar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 09:31
Темава ми се види интересна и мислам има што да се истражува


Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881

23 март 1881 во Ќустендил

Македонци,

Нашата мила татковина Македонија еднаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.

Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина!

Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:

Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија!

Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.

Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!

Ќустендил 11-23 март 1881,

Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.

Претседател Васил Чомо

Секретар Никола Трајков

Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).



Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 07:50

http://www.mn.mk/aktuelno/1712-Manifest-na-Privremenata-Vlada-na-Makedonija---1881



Изменето од Каснакоски - 17.Јули.2010 во 07:51
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 08:15
„Македонска нација“ нешто се е обркал. Во текстот кој го дава никаде нема 19 февруари 1878 /датата на подпишување на Санстефанскиот договор/, а на сликата јасно се чита.

Тука се работи за некоја грчко-македонска акција.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 08:25
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


http://www.mn.mk/aktuelno/1712-Manifest-na-Privremenata-Vlada-na-Makedonija---1881


Ништо не може да се прочете (барем jас не мога). Да не е на грцки език?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 08:37
Da, na grcki e, a datata se cita jasno vo redot koj ne e podcrtan /6 red/
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 08:42
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Da, na grcki e, a datata se cita jasno vo redot koj ne e podcrtan /6 red/

Да не грцки протест против "Санстефанска Бугариjа"?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 12:39
Не е Грчки протест туку е Манифест на Привремената Влада на Македонија и тоа во 1881 год
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 12:45
Ova od slikata mislame od grckata makedonska privremena vlada.

Цитирај Грчката влада во средината на февруари 1878 година, преку инфилтрираната пропаганда организира формирање седумчлена «Привремена влада на Македонија», на планината Олимп. Во нејзино име беше издадена прокламација, предадена на дипломатските претставници на големите сили, со која што се бараше присоединување на Македонија кон грчката држава. (Хр. Андоновски, Привремената влада на Македонија мај-јуни 1880. 36. Македонија во Источната криза 1875-1881), Скопје, 1978


Изменето од Каснакоски - 17.Јули.2010 во 12:47
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 12:50
Пропагандистите можат да земат се во предвид и да свртат во своја корист но еден е факт - писмото пишува не за >Грци туку за Македонци кои направиле своја влада за ослободување на Македонија а не на Грција
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 12:51
I ako se zagldash vo dokumentot pod posledniot podvlechen so crveno red ima tochno sedum iminja, kolku bile i clenovite na седумчлена «Привремена влада на Македонија», на планината Олимп. Poslednoto go chitam - Janis, sega ke se pomacham i so drugite.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 13:04
Ако би ги земале во обзир првите влади на Бугарија,Грција па дури и Србија во тоа време ке видиме дека се составени од секакви луѓе кои се потпишуваат разно во дадени периоди,ни треба уште само еден документ од истиве па тогаш би се согласил да се суди,вака се е шпекулација и останува верно на оригиналот Привремената Влада на Македонија
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 13:58
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

„Македонска нација“ нешто се е обркал. Во текстот кој го дава никаде нема 19 февруари 1878 /датата на подпишување на Санстефанскиот договор/, а на сликата јасно се чита.

Тука се работи за некоја грчко-македонска акција.

Николаа Трајков а Грчка акција?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 14:06
Originally posted by depo depo напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

„Македонска нација“ нешто се е обркал. Во текстот кој го дава никаде нема 19 февруари 1878 /датата на подпишување на Санстефанскиот договор/, а на сликата јасно се чита.

Тука се работи за некоја грчко-македонска акција.

Николаа Трајков а Грчка акција?


Ајде прво прочитај што сум напишал, па тогаш коментирај.
Каде го гледаш на сликата Никола Трајков?

Се работи за различни ПРИВРЕМЕНИ ВЛАДИ НА МАКЕДОНИЈА.

Една е во текстот на „Македонска нација“/тука сум го покажал во пост на Зефар/, а друга е на сликата што ја покажале.

Дали разбра што сакам да ти кажам?

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.