|
ПОП ХРИСТОВ ЃОРЃИ |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Јуни.2010 во 12:40 |
||
Поп Христов, Ѓорѓи – Крстоарецот (1878-1952), македонски револуционер, член и раководител во ВМРО, еден од истакнатите раководители на Битолскиот револуционерен округ; просветен и револуционерен деец и борец; член на ТМОРО и нејзин агитатор; учесник на Смилевскиот конгрес како претставник од Битола. Роден во с. Крстоар, Битолско. Се школувал во Битола и Солун. Завршил педагошки к*рс на солунската егзархиска гимназија. Бил учител во Кавадарци, Прилеп, Битола и на други места, а поставен за училишен инспектор во Леринско. Потоа како учител продолжил да работи во селото Варош, до Прилеп. Во почетокот на 1900 г. бил избран за член на Окружниот комитет на ТМОРО во Битола. Како член на Битолскиот револуционерен комитет (1900-1903), ја обавувал и секретарската дејност во месното архиерејско намесништво на самиот битолски округ. По една провала, што настанала зимата 1902 г. во Битолско, бил уапсен од турската власт, осуден на смрт, но по една година амнестиран, одлежувајќи 8-месечен затвор во Битола. По повик од Дамјан Груев станал учител во Основното училиште во Битола. Во зимата 1900-1901 учествувал во формирањето на повеќе чети во Леринско, Костурско, Демирхисарско, Крушевско, Ресенско. На 12 II 1902 г. бил уапсен и осуден на смрт. Амнестиран бил на 22 II 1903 г. Даме Груев многу ги почитувал советите на Поп Христов, сметајќи го за искусен организатор и доследен пријател. Во подготовките за Илинденското востание бил назначен како началник во Леринско. На Конгресот, Лазар Поп-Трајков (1870-1903) - познат револуционер и поет, Петар Ацев и Ѓорѓи Поп Христов биле избрани за заменици на членовите на Главниот штаб. За време на востанието Георги Поп Христов се наоѓал во првите борбени редови во Леринско. Активно делувал во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 г. учествувал како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 учествувал на Рилскиот конгрес. По Младотурската револуција од 1908 г. станал учител во Битола. Две години подоцна (1910) младотурските власти го уапсиле и го лишиле од слобода, испраќајќи го на заточение во Мала Азија, од каде во 1911 г. успеал да побегне. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија. Во 1925 г. станал член на ЦК на ВМРО. Од 1928 г. бил еден од раководителите на протогеровистичката струја на ВМРО. Во 1931 г. се повлекол од активната дејност во ВМРО. Починал 1962 г. во Софија. Бугарија. Напишал „Спомени" во кои во детали ја открил историјата од тоа време, посебно активностите на ВМРО.
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Роден сум 1876 година во Крстофор („Христовор"), кое се наоѓа на 1 час од Битола. Татко ми, поп Христо, тука беше свештеник. Најнапред учев основно училиште во селото, една година учев во Буково (гркоманско село) на грчки. Од прв до четврти клас, одев во прогимназија во Битола (1888-92). Кога бев во трет-четврт клас почнав да разбирам дека тајно се работи за ослободување на Македонија, но уште бев малечок и не знаев ништо подетално. Сфаќав дека идејата се состои главно во будењето на бугарштината и затоа и самиот агитирав во тој дух по околните гркомански села, на пример во Буково. Откако го завршив четвртиот клас во текот на 1892/3 година, станав учител во своето село. Бев сам; училиштето беше егзархиско. Ништо уште не работев за ослободувањето, но чувствував дека има потреба од подготовки, зашто и во нашата околија беснееше Абдул ага Шебединчето, бег, кој го имаше селото Кравари и чифлик во Крстофор. Беше спахија, земаше десетина од 5-6 села, сите околу Битола. Освен што економски ги угнетуваше луѓето, правеше и ѕверства. Господари на околијата беа тој и Шефкија (Шефки бег). Тој ја држеше Могила и околните села во Карабаџак, а Абдул-ага Добрушово со околните села. Освен овие, кои беа главни крвопијци, имаше и второстепени, ќаи и полјаци, кои го измачуваа населението.
Учителствував една година, а потоа отидов на педагошкото училиште во Солун, кое го завршив во текот на 1895/96 година (имаше два к*рса). Во 1893/94 година се случи Ерменското востание и колежот по него. Точно тој настан ми ја даде идејата за востание. Во Солун веќе имаше тајна организација. Од Бугарија тајно се добиваа весниците: „Право", „Глас македонски". Темелите на Внатрешната организација беа ставени во 1893/94 година. Кога дојдов во Солун веќе имаше тајни градски комитети во Охрид, Ресен и др. И во Солун имаше комитет, но се чуваше во тајност и ние само наслутувавме дека постои. Во текот на втората година во училиштето точно разбрав кои се во солунскиот комитет. На чело беше Дамјан Груев (првата година тој беше коректор во Самарџиевата книжарница, а втората училишен инспектор). Членови беа: Хаџи Николов (книжар) и д-р Хр. Татарчев. Беа опфатени ученици од горните класови - од седмиот клас на гимназијата и од вториот к*рс на педагошкото училиште. Завршив во 1895/6 година и бев назначен за учител во с. Кавадарци, кај што имаше училиште до втор клас. Другари ми беа - Никола Хрлев, главен учител во селото Горно Броди, потоа Јанаки Илиев, Атанас Бошков, Иванче Минчев, сите родум од Кавадарци. Имаше и учителки. Тогаш влегов во делото. Во него најдобро ме упати Хрлев, кој се вклучил уште додека бил во Скопје. Дадов кдетва - и тоа само пред него. Клетвата гласеше вака: „Те (ве) заколнувам, во името на чесноста, на Бога и на верата (3 пати), дека отсега натаму до последната капка крв ќе работиш за браќата во Македонија и Одринско; те (ве) заколнувам дека ќе бидеш послушен и дека нема да издадеш ништо од тајната која сега ти се доверува ниту со мисла ниту со дело; во спротивно, ако издадеш било со мисла или со дело, ќе бидеш убиен од твоите браќа со кама или со револвер, кои ги бакнуваш". (Се бакнуваат камата и револверот). Така се станува член-работник на Организацијата |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Една веке показвана снимка:
Илинденските водачи во Смилево 1. Кметот на Битола - Ненчев 2. Георги Попхристов 3. Свештеник Тома Николов 4. Георги Чуранов 5. Ген. Иван Маринов 6. Атанас Лозанчев 7. инж. Христо Станишев Изменето од Македон - 27.Јуни.2010 во 12:41 |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од lav4eto - 14.Јули.2010 во 14:15 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На тоа ти има одговор Мунгос80, измислил го Васил Ивановски во 1934, малку по една позната резолуција на една меѓународна организација
ps МУНГОС80 се срди заради избришаните постови, бидејќе не е одсрден, си дозволувам да напишам во негово име. Изменето од Каснакоски - 14.Јули.2010 во 14:35 |
|||
valtermkd
Нов член Регистриран: 15.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 14 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од valtermkd - 15.Јули.2010 во 15:46 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Добредојде на форумот valtermkd
Благодариме на поздравот. За нас претставува вистинска чест внуците на некои од револуционерите ги следат дискусиите на нашиот форум. |
|||
valtermkd
Нов член Регистриран: 15.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 14 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сполајти Македон,
Мене па ми рекоја дека бугарофили не примат тука !? НЕ знам дали поздраво ти е к*ртозаен или искрен, ама убо ми звучи на увото. Да си здрав и жив. Саше |
|||
МАКЕДОНСКО ИМЕ, ПОЧНА ДА ГИНЕ
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
valtermkd, јас овде не водам анкетна комисија па да ги попишувам и анализирам убедувањата на членовите, ниту ме интересира кој какви убедувања има, тоа си е приватна работа на секој човек. Секој кој се зачленува овде е должен да ги почитува само правилата, а не убедувањата на членовите,модераторите или администраторите. Ако веќе говориме за моето мислење во однос на поздравот, за мене лично претставува голема чест што внук на револуционер ги следи дискусиите на овој форум. Поздравот воопшто не ми е к*ртоазен, туку е одраз на она што јас го мислам, што секако не значи дека секој мора со мене да се сложи. Поздрав! Изменето од Македон - 15.Јули.2010 во 17:40 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сега се заинтересирав за Г.П.Христов и гледам насликан со Протогеров и Ванчо Михајлов. Мунгосе? |
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Што е спорно???
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
valtermkd
Нов член Регистриран: 15.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 14 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Извини,рекацијта ми беше нервозна оти малце се вознемирив од то шо го избришаја првио пост во кој имав ставено цитат од госдподино Христов на бугарски јазик. Имав слушано дека така се прај кај нас, ама некако не ми се верваше, особено шо немаше внатре ништо “деликатно“ како содржина. 3-4 години пишам(а 6-7 читам) на еден бугарски форум за македонија и никој никогаш не ми избришал пост поради то шо е на македонски литературен јазик. Така да малце се шокирав. Здрави живи |
|||
МАКЕДОНСКО ИМЕ, ПОЧНА ДА ГИНЕ
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во ред, се разбравме, сепак, уште еднаш прочитај ги правилата, за да немаме збрки понатаму.
Заборавив да напоменам, за било какви прашања,проблеми или дилеми, слободно можеш да се обратиш по лична порака на мене или на колегата Boogie. Поздрав! Изменето од Македон - 15.Јули.2010 во 23:36 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не само бугарофили, ами и Бугари приимат, само да не ги кршиш правилата. Ако напишеш и една од кривите букви те чека опомена. За да не ги кршиш правилата кажи му на внукот тоа што го напише да го снима и тогаш нема да биде избришано. Снимки може. Ете така |
|||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |