IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Битката на Ножот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Битката на Ножот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Битката на Ножот
    Испратена: 14.Јули.2010 во 21:26



Собрани вечерта на 13 јули, на последен совет, војводите ја разгледаа настанатата ситуација.

Ножот, планински врв над селото Ракле, Прилепско.

Во месец јули 1907 година од преку Вардар пристигнаа две чети, едната на војводата Михаил Чаков, со пеесетина души, наменета за Велешко, другата на Христо Цветков, составена од триесет души. Се очекуваше да пристигне со четата уште и Иван Наумов – Аљабакот, па сите заедно да й помогнат на заслабената Прилепска околија, и да му се нанесе сериозен удар на српската пропаганда. Во врска со тој план, од порано беше дошол прилепскиот околиски војвода и член на Окружниот комитет Петар Ацев, кој се движеше со Тане Николов. Заедно со прилепската реонска чета на Мирчо Најдов и со други месни чети, се добиваше една впечатлива сила од 200 добро вооружени четници. Потпомогнати и од милиција, четите по Никодимска планина тргнаа во претресување на сомнителните села.


Четата на Михаил Чаков учествувала во епопејата на Ножот

Собрани на Никодимската планина, војводите го разгледуваа прашањето за понатамошното искористување на концентрираните сили против пропагандата, кога по двата падари добија соопштение од Прилеп, дека силен одред турска војска, под водството на мајорот Енвер бег (1908 година еден од водачите на Младотурците) се упатил кон Никодим за да се сретне со зборната чета. к*рирот од с.Витолишта донесе подробности за движењето на Енверовиот одред, а претставници од Тројаци и Топлица соопштија дека и други силни војнички одделенија доаѓале од Мариовско. Пристигнаа и информации за раздвижување на војска и од кај Велес и Тиквеш. Уште пред доаѓањето на тие соопштенија, силите на зборната чета беа распоредени на следниот начин: едно одделение од 40 души ги заземаше височините над с.Никодим; главните сили од стотина души ја држеа падината меѓу Никодим и Попадија, наречен Пештерата, и составен дел од падината Попадиски чукари; костурската чета, и дел од четите на Чаков и Мицко Најдов, сите 45 души, се сместија под падината „Ножот“, над с.Ракле; две групи, предводени од месните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски, беа задолжени со обезбедувањето на врвот Јасенова глава, меѓу селата Никодим и Владиловци. Собрани вечерта на 13 јули, на последен совет, војводите ја разгледаа настанатата ситуација. Тие имаа уште возможност да го избегнат опколувањето, повлекувајќи се преку ноќта во Мариовските шуми или кон Тиквешко: такво беше мнението и на Прилепскиот околиски комитет, донесено со писмо од прилепските к*рири. Натценувајќи ја меѓутоа својата сила, - дотолку повеќе, што во секој миг се очекуваше да пристигне и Аљабаковата чета од 50 души, - и давајќи си сметка за впечатокот сред народот, ако зафатените позиции бидат напуштени без борба, војводите решија да се даде борба и го избраа Тане Николов – војвода со највисок воен чин, постар подофицер, за главен командант. Разгледувајќи ја уште еднаш положбата на четите, советот ги издаде последните свои наредби, ок кои најважното беше: да се напушти позицијата „Ножот“, како изолирана и изложена на опкружување, и да им се соопшти веднаш на „ножовци“ да се приберат кон главното јадро, а ако тоа биде невозможно, да се повлечат кон Градиште (падина од Никодимска планина).


Битолската чета на Тане Николов

До зазорувањето, војводите залудно го очекуваа повлекувањето на „ножовци“, наспроти приближувањето на аскерот кон с.Ракле. Не сакајќи да го напуштат „Ножот“, војводата Атанас Попов и Трендафил Думбалаков, од името на костурчани, на к*ририте им соопштуваат дека тоа решение го сметаат за неумесно и нереволуционерно и решија еднодушно да останат каде што се и да ги бранат своите позициии, ризикувајќи да умрат до последен.

На 14 јули 1907 година, в зори, започна најкрвавата и најепската борба после Илинденското востание. Четниците тргнаа на горе, и поголемиот дел од нив го зафатија врвот. Друг дел од 18 души, се сместија на северо-источната падина на „Ножот“, без да проценат дека над неговите бокови преовладуваат повисоки склонови. Воочувајќи ја грешката, тие почнаа да се повлекуваат но беше касно. При секое нивно раздвижување, тие попаднуваа под вкрстениот оган на непријателот, сместен по соседните височини. Четите од главното јадро на заземената височина се наредија во форма на квадрат.

Откај „Ножот“ и „Никодим“ непрекинато се пукаше. Збунето, главното командување со својата труба даде сигнал „штедете ги патроните“. И од двете места одговорија со ура: сигналот беше разбран. Пукањето им заретчи.

Никодимската група, испратена во тилот на непријателот, наиде на турско засолниште, но наместо да се врати назад, тргна по патот за Јасенова глава и сретна друг аскер. Понатаму, под самиот врв на Јасенова глава, четничката патрола, пресретната од плотуни, сврти кон северо-источниот склон на Јасенова глава и започна борба со војската, сместена на подобри позиции. Тука загинаа десет души од патролата.


Костурската чета на Христо Цветков

На „Ножот“ борбата не престануваше. Од време на време пукањето се засилуваше, одекнуваа бомби за време на пукањето долетаа делумни звуци на борбени песни. 45-те рицари не ја чувствуваа жедтта, ни уморот, од недостатокот на еден искусен началник. Од другата страна војската беше раководена непосредно од Енвер бег, еден од најобразованите турски генерал-штабни офицери, познат во прогонувањето на комитите.

Енвер свати, дека способноста на комитите е несоодветна на нивниот хероизам и дека преку методично дејствување нивната позиција може да биде освоена пред да се стемни. До пладне успеа да ја обиколи целата височина. Решен да заврши прво со 18-те на северо-источната падина на „Ножот“, Енвер насочи една чета кон нивниот тил.

Во 4 часот од северо-источната падина на „Ножот“ долетаа извици на помош. Во безнадежниот обид да се приберат кај своите другари на врвот, попаднаа под крстоносниот оган. За неколу минути беа отепани сите до еден на падината, под самата чука.

За напад на самиот врв Енвер ја избра источната падина, најудобна за искачување и оставена без набљудувач од четата. Енвер, преку силно пукање на северната падина, правеше диверзија за да го одвлече вниманието на четниците од главниот пункт за напад. Маневарот успеа. Во не повеќе од половина час , војската се провлече и групира на самата чука меѓу нејзините северни спили, спремна за решителен напад. „Ножовци“ ненадејно го водоа во својот тил непријателот – ја видоа смртта и се подготвија да ја пречекаат како херои. Тие брзо се распоредија да удрат на сите страни, без да штедат бомби и патрони. Нападот од северните спили за извесно време беше запрен од многуте бомби од страна на четниците. Аскерот го искористи мигот од едно затишје за да се фрли на нож меѓу спилите. За „ножовци“ тоа беше мигот за решената саможртва. Сите се оддадоа на трескава работа. Додека едни го даваа последниот отпор, други ги уништуваа пушките и уништуваа се вредно што имаа и накрај ги насочуваа револверите кон нивните глави. Со последните бомби полетаа делови од телата на последните „ножовци“. Пушки веќе не се слушаа и настапи молчење.

Наеднаш чуката поцрне од аскер. Дел од нив се оддадоа на грабеж, сооблазени од облеката и обувките на четниците. Пристигна и мајорот. Се јави и италијанскиот жандармериски офицер Луци, кој покасно ги фотографира хероите на Ножот. Молчеливо Енвер го обиколи бојното поле, длабоко потресен од виденото.
Забележувајќи некои плачкосувачи-војници, го насочил револверот кон нив, ги искара а после се сврти кон аскерот:

Никој не смее да ги допира и осквернува хероите...Гледате ли, како комитите ја презираат смртта!...Се бијат и умираат како херои.

Беа дадени три почесни плотуни во воздух, принесени со извици „Аллах! Аллах!“

Преброени, труповите беа точно толку, колку што четници беа останале таа изутринам на „Ножот“ по заминувањето на к*ририте: 45. 45 рицари на смртта, достојни соперници на солунските динамитари.

Кога на Ножот Енвер бег созерцаваше, на Попадиските Чукари се водеше бој, но на тој сектор на војската не й се здаде да ги избие македонските четници што се биеја. Еден дел од нив, водени од војводата Чаков, ги пресекоа кордоните на војската и со милиција насобрана од околните села му се јавија во тилот на непријателот. Тоа внесе смут во редовите на војската, која се распрсна, поради што и опсадените се спасија од сигурна смрт.

Вкупните востанички загуби на зборната чета беа 67 души, т.е. една четвртина од својот состав.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 21:27
Слава им на сите херои
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 22:49
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 22:49
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:10
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:








Имаш „грешка во падежи“ тука пријателнамигнување  Кога борците би го виделе тоа, не знам како би се чувствувале. Ние сме единствената нација во светот која што се срами од своите оригинални историски симболи, и нив ги заменува со.....ајде да ги наречам „современи“....веројатно така би било поприкладно.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:34


Jас не се срамам од ништо.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,061 секунди.