IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Кинески ѕид
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кинески ѕид

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Sho-Sana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2944
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sho-Sana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кинески ѕид
    Испратена: 29.Јуни.2009 во 17:16

http://www.elanso.com/U/D/Dc3/c3d97eb8645ce942a7c3b90a577f7f5d/128509104122069548.jpg



Architecture
-- of Great Wall of China

Defence work of the Great Wall during the Ming Dynasty was divided into architectures of differing grades, classes, forms and uses, such as fortressed town, castle, garrison city, mountain pass city, stronghold city, city wall, watch tower, wall tower and furnace mound (for making smoke as signal in case of invasion). These architectures are connected with each other and coordinate with each other, forming a complete network of defence projects. But they can be divided in to three parts: Mountain pass city, Beacon fire site and wall.




Great Wall of China from Space

Great%20wall%20of%20China%20from%20space,%20taken%20by%20Proba%20on%20March%2025,%202004


"In Earth's orbit at a height of 160 to 320 kilometers [100-200 miles], the Great Wall of China is indeed visible to the naked eye," says astronaut Eugene Cernan.

A low angle of sunlight casting long shadows can help.

"You can see the Great Wall," confirms astronaut Ed Lu, who was the science officer of Expedition Seven on the International Space Station. The station circles Earth higher than Yang Liwei's orbit.


Ако сретнеш човек со кој:
- вреди да зборуваш а не зборуваш, си го изгубил човекот,
- не вреди да зборуваш а зборуваш, си го изгубил зборот.
Мудриот човек не ги губи ни човекот ни зборот. Конфучиe
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 00:33
asbury%20pk%20casino%20carousel%207275.jpg

Kitajski%20zid


Изменето од bijonse1 - 10.Ноември.2009 во 17:51
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 01:59
mi....no inglish....изненадување...jok andrstendttt....
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 02:08
...togash moze da se vidi se shto ima obem od pet shest metriизненадување...zatoa shto toj e tolku shirok.,..ne e bitno kolku e dolg....a i na snimkata se bi se videlo so tolkavi dimenzii...shto i ne e nekoe chudo bash...koe se gleda od gore...
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 02:26
Ај да не оди темава кај што не треба поради инглишот...еве малку на македонски ...може вака?


КИНЕСКИ ЅИД



Кога се гледа од височина големиот Кинески ѕид, изгледа како легнат змеј што се протега низ планини, долини и исчезнува преку хоризонтот. Тој личи на камена змија која бесконечно се извива. Бесмртен митолошки влекач како легендарниот змеј што во Кина остана симбол на кралската моќ на династиите Кин, Хан и Минг.
Планините, реките, езерата и градовите во Кина имаат едноставни и поетски имиња. Со еднаква фантазија Кинезите ги означуваат одделните периоди од нивната историја: периодот меѓу 700 и 476 година п.н.е. го нарекуваат доба на пролет и есен.

Кинескиот ѕид е еден од светските чуда. Тој е широк 6-7 метри, а висок 4-5 метри.

Се раскажува дека царот Куин Ши Хуанг ди - Ши Хуанг ди значи прв цар, им се заканувал на надзорниците на градилиштето дека ќе им ги одсече главите, ако камењата не се вклопат совршено во ѕидот. Тој е единственото дело на човековите раце во историјата на целата светска цивилизација која може да се види од вселената. Гледан од таму тој е на лик на искривен рбет или бразда втиснат во лицето на планетата Земја.

Иако царот Куин Ши Хуанг ди бил немилосрден и суров човек , успеал да ја обедини Кина, за прв пат во нејзината историја. Во 221 година п.н.е. тој се прогласил за прв цар на една династија која, според негова замисла, ќе трае (10 000) десет илјади години и затоа го изградил Кинескиот ѕид: да го заштити младото небесно царство од нападите на номадските племиња од север.
Против Монголите, царевите кои биле победени од Куин, веќе имале изградено ѕидини и тврдини, но ништо не можело да се спореди со Кинескиот ѕид направен од камења и тули.
Куин им наредувал на своите поданици, од десет мажи, тројца треба да работеле на изградба на Кинескиот ѕид. Триста илјади Кинези-селани, воени заробеници и робови, работеле напорно за време од 5 години. Куин се здобил со гнев кај народот, но во 209 година п.н.е., ѕидот бил завршен.
Сепак она што денес го гледаме, не го претставува Ѕидот со својот првобитен изглед. Царевите, наследници на Куин, малку по малку го обновувале Ѕидот, а некои места ги удвојувале. Како минуваат вековите, големиот кинески змеј од камен ги удвојувал своите витки. Околината на Ѕидот е покриена со ретки грмушки и дрвја, гребени и длабнатини. Се чини невозможно непријателот да се сокрие.

Всушност, Кинескиот ѕид ја претставува северната граница на Кина во должина од 6000 км од Гансу до пустината Гоби, а јужно тој се протега до морето.

Ѕидот е толку широк што по него можат да минуваат 5 коњи наредени еден до друг и товарни коли полни со производи.

Кога варварските орди се приближувале до Кинeскиот ѕид, стражарите испраќале димни сигнали во знак на предупредување. За неколку часа веста стигнувала до царот и тој ја организирал одбраната.



Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 02:40
EEeeee,,,,,sega e dobro....Fala babo (rasipuvac na zabava)....плазење
 
Prasanjeto mi e hipoteticko ...Eve pojdes da go razgleduvas zidot....I ti deresh po zidot samo pravo ....arno ama te stegne zor od toa orizot kineski..golema nuzda..a do slednoto wc 3 km....Sto sega....збунетост
 
a- Ke skoknam u grmuskite dolu ( za vracanje gore ce razmisluvam na prazni creva)
b- Ke probam sprint do prvata kula i tuka u cosot ( pa sto i u zgrada u lift si kenjam)
c- More tuka na lice mesto( mecka strav mene ne, valjda nema smrtna kazna da dobijam)
d- Gonzo ne seri
 
голема%20насмевка
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 02:49

Ме замисли
Да не е под Д
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 02:51
Еве нешто... и нашиот Идивиди... напишал

ОТКРИЕНА ТАЈНАТА ЗА ИЗДРЖЛИВОСТА НА ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД

Тајната на издржливоста на Кинескиот ѕид се крие во лепливиот ориз кој работниците за време на владеењето на династијата Минг го употребувале како малтер, открија кинеските научници.




- Големиот Кинески ѕид е изграден пред 600 години, а за негова изградба бил употребуван мешавина од леплива ориз паста и вар. Древниот малтер е специјализиран вид на органска и неорганска мешавина. Органската смеса е амилопектин направена од лепливиот ориз, а неорганската смеса всушност е калциум карбонат, објасни Жанг Бинџијан, професор по хемија на Универзитетот Хангжу во Источна Кина, додавајќи дека амилопектинот помогнал во креирањето на компактната микроструктура која овозможила Кинескиот ѕид да биде стабилен и да има поголема механичка цврстина.

Жанг напомнал дека употребата на лепливиот ориз во времето на династијата Минг претставува најголемо техничко достигнување. Лепливиот ориз се користел и во градењето на гробници и ѕидови отпорни на земјотреси и други природни катастрофи, пренесува Daily Telegraph.
Меѓутоа, во тоа време граѓаните на јужна Кина негодувале поради изградбата на ѕидот и другите градби бидејќи им бил запленуван оризот со цел да се нахранат работниците и да се изгради ѕидот.

Напишал: Чичко Идивиди

Изменето од ФорумскаБаба - 12.Јули.2010 во 02:52
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 12:11
...nekoj se prashuva , gledam ,..kaj ke mochal ,..ili ne daj boze drugo...ako mu stisnelo...изненадување

...zaborava deka kinezite se ,..itri mnogu,..i ne znae deka imaat na sekoi 10 metri ,..turistichki dupki vo zidot! ...pa...da ne se machish,...se ti e na dofat  najmnogu za pet metri ke stignesh ...da si go isterash ...zortot!да

a,..ako nekoj te zirka pri toa,odozgora,...tvoj problem !намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 23:29

Ѕидот се крева над најстрмните ридови (лево), криви низ пусти ридски предели (горе десно) и ги заокружува целите ридски ланци, како тука (доле десно), западно од главниот град, Пекинг.

Меѓу сите гигантски градби на светот, Големиот кинески ѕид е далеку најголем. Во долж изнесува 2.450 километри – тоа отприлика одговара на одалеченоста од Хамбург до Палермо – се простира од брегот на Жолтото море па до внатрешна Азија, од Сучу во Канзи до Шаншаи- куана во заливот Лиау-тунг, кој е висок 16 метри, во подножјето е 8 , а горе 5 метра широк. Двапати Кинескиот ѕид ја сече реката Хуанге. Во Хопех, Пекинг се дели и брани од двете страни. На секои 100 метри се наоѓа, наводно, по една стражарска кула а вкупно имало повеќе од 40.000.

1

Пресметано е дека ѕидот бил изграден од 300 милиони кубни метри материјал- доволно за да се подигнат 120 Кеопсови пирамиди или да се постават 2 метра висок ѕид околу екваторот. Историјата на овој ѕид, полна со крв и солзи се враќа наназад, во време од пред 2.600 години. Но по надалеку раширеното мислење, денешниот Голем ѕид се смета дека е помлад. Тој потекнува од петнаесетиот век кога со Кина владеела династија Минг.

Првите кинески ѕидови не биле градени за Кинезите да се бранат од непријателите. Ѕидот служел исклучително за внатрешни потреби. Така се бранела државата Чу, на почетокот на шестиот век пред новата ера, од нападите на северните соседни држави, а во следните векови тој пример го следеле и државтие Чи и Веји. Околу 320 години пред нашата ера, државата Чин го направила истото, а неколку децении подоцна на тој историски модел се приклучиле и Чао и Јен. Веројатно тие тврдини биле земјени бедеми со стражарски кули.

2

За подигање на првиот бедем за одбрана од надворешен непријател бил одговорен царот Хуангти (221-210 п.н.е). Тој делумно се придржувал на веќе утврдената граница на ѕидот, а постапно градел нови делови од ѕидот како „варварите“ и „демоните“ би немале можност да влезат во неговото царство. За еден од постојаните ѕидови сеуште не постои објаснување. Клучните точки на одбранбените линии беа кулите чии надворешни површини се состоеле од огромни цигли (48 x 48 x 18 cm). Просторот окружен со тие ѕидови биле исполнети со цврсто набиена смеса од глина и чакал, а ставале во тоа и гранки од тамарис. Тие кули биле високи околу 10 метри, а 6 метра широки. Бедемот од глина, кој меѓусебно ги спојувал, не бил потпрен со ѕид. Но набиената смеса од глина, креч и песок се покажала толку отпорна така што делови од тој ѕид се одржале до денес.

3

Кулите имале и делови за набљудување. Кога Хуните на коњи ќе се приближеле, стражарите ќе го повикале најблискиот екипаж на војска сместен во позадината на бедемот или во логорот или во некоја од тврдините. Преку ден биле употребувани едра со слични знамиња или димни сигнали за предупредување, а ноќе  се служеле со корпи кои биле исполнети со огнени бакли.  Тие корпи се движеле со помош на некои конструкции од стапови, поместувајќи ги во усогласен ритам горе-доле. Уште една од задачите на стражарите била и константното одржување на широката маса на песок пред градбата, нејзино константно чистење и порамнување, за да се забележат трагите на непосакуваните странци.

4

Царот Ши Хуанг најпрво ја употребил својата војска за изградбата. Според толкувањата , учествувале околу 300.000 војници во тој процес, но очигледно дека на овој начин не напредувала градбата според посакуваната брзина, па така биле отворени затвори, од каде разбојниците и убиците се праќани на градилиштето. Кога и тоа не било доволно, задолжиле голем број од населението за работа. Како што се вели, бил повикан секој трет Кинез од машки род за работа на градилиштето.

Околу стотици илјади присилни работници умирале од исцрпеност, напор или глад. „Кога ќе ти се роди ќерка, удави ја“, вели една кинеска тажна песна, „кога ќе ти се роди син, немој да го одгледуваш. Зар не гледаш како Големиот ѕид е изграден од лешеви?“ Како и во наредните векови, ѕидот можел да го задржи непријателот само ако имало доволен број на војници. Тие тврдини кои не биле бранети, биле бескорисни. Кога за време на востанието 209 година, војниците и присилните работници го напуштиле граничното подрачје, на кратко време Хуните успеале да ги освојат недоволно одбранетите подрачја околу Големиот ѕид.

5

Откако веќе во основа ѕидот беше завршен, граничниот бедем го изгубил своето значење, бидејќи во Кина во наредните векови повторно следеле напади од страна на непријателите. Воените противакции за Кина беа неупешни. Ништо не им помогнало на Кинезите , и покрај тоа што на Хуните им плаќале данок и ги женеле нивните војсководци со свои принцези. Во кинеските годишници веќе со векови не се говори за Големиот ѕид. Дури во петиот и шестиот век се доаѓа до некој оскудни податоци за изградбата на нови бедеми. Марко Поло, кој патувал во Кина речиси насекаде, во ниедна реченица го нема споменато ѕидот, ниту ниедна друга слична градба.

B, (

Во случај тогаш сеуште да постоеле спомени од вредните остатоци од ѕидот на Ши Хуангт, Марко Поло несомнено би ги забележал. Замислата да се согради нов и поцврст „ѕид од 10.000 милји“ („Ван-Ли-Чан-Ченг“), ако за милјата сметаме дека е 329 метри, се чини дека настанала во четрнаесетиот век. Монголците под лидерство на Џингис-канот и неговите наследници ја покориле Кина и со нејзе владееле 90 години. Во 1936. Кинеските бунтовници под водство на синот, и повремениот монах, Чу Џијанчанг (како цар Тај-чу тој ја основал династијата Минг) успеал да ги протера непријателите. Во текот на наредните десет години следеле постојани монголски напади, додека еднаш бил заробен и царот. Морало нешто да се превземе за државата да биде заштитена од нападот на север. За време на владеењето на неколку цареви во период на династијата Минг, која траела се до 1644 година, се работело на обновувањето на оној Голем ѕид кој во бележниците на тогашните кинески државни географи се водел само под рубриката „стари градби“.

При изградбата на Минговиот ѕид поставени се широки темели од тешки камени квадрати, на кои се соѕидани два цврсти ѕида од печени цигли. Празнините измеѓу ѕидовите ги пополнувале според верниот начин на изградба на Ши Хуангттовите кули т.е со цврста набиена смеса од глина, креч и песок, притоа додавале и камен, па потоа повторно чакал и парчиња цигли. Слојот од цигли ја покривало смесата во ширина. При изградба на обемот на странично распоредените парапети, посебно се внимавало на најповолниот агол за употреба на лакот и стрелата. На рамномерно поделени простори се направени четвртоаголни кули за набљудување. Додека е граден ѕидот, не воделе сметка за околните предели. На почетокот тој бил сосема запоставен до брегот од Жолтото море. Бродовите полни со железо и гранит ги потопувале на брегот и притоа ги употребувале како темел за идниот ѕид. „Ѕидот се простира во долж на ридот накај исток и запад во непреодната дивина, горе низ најстрмните висини, доле во најдлабоките долини, понекогаш исчезнувајќи во облаците што ги кријат врвовите на ридовите.“ ( Хесе Вартег) За четите кои биле сместени во ѕидот пишува и Адам Бренд, кој во 1692 година од Москва допатувал во Кина, и извлекувајќи извештај: „ Горе на ѕидот се наоѓала една стражарска куќа во која има 40 до 50 војници, а на неа имало соѕидан храм на боговите на кој се вееле жолти знамиња и банери на кралевите и боговите. Во споменатата куќа постојано бдеела стражата, а надвор од задните порти исто се наоѓала стража во која имало околу 20 војници.. Ѕид има на сите места каде што е потребно, исто и врати кои служат делумно за трговија, а има и дел за напад врз Татарите. Во ѕидот и надвор од него се наоѓаат цврсти тврдини.“ Најголемиот дел од владетелите на династијата Минг биле погребани недалеку од Пекинг во едно пространо подрачје од храмови – гробници. Денес, кој ќе се упати да го види Големиот Кинески ѕид, ќе ги посети и гробовите на современата династија Минг, до кои ќе ги доведе долгата и километражната патека од ретко чудни и огромни скулптури од воини и животни.

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.