|
ВЛАДАТА НЕ ЈА ПОЧИТУВА ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СУД |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | |
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој не заобиколува ништо. Ако мислиш дека одлуката на уставниот суд повлекува запирање на градежните работи - се лажеш - уставните судии треба да расправаат и самите да најдат решение што да се прави со правниот легалитет на законската дозвола за градба што изведувачите и инвеститорите ја имаат добиено и според која тие ги изведуваат работите. Тие донесоа одлука дека постапката за урбанистичкиот план за Мал Ринг не била уставна. Треба сега да донесат одлука дали дозволата за градба е неуставна. А како што гледаш или слушаш по медиумиве - работите околу фонтаната и мостот Око деновиве биле уште и ИНТЕНЗИВИРАНИ (можеби токму поради тоа што се плашат дека и градежната дозвола ќе биде укината од уставниот суд). Изменето од DameMak - 08.Јули.2010 во 00:42 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а кој би почитувал ваква дебилна одлука
само некоја дебилна влада не? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уставниот суд е повисок од владата
Владата има законска обврска да ги почитува неговите одлуки колку и да им се чини дека не се во ред. Мислам тоа за во правна држава важи!!! |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДА, ВАЖИ АКО ЕДНА ДРЖАВА ИМА УСТАВЕН СУД А НЕ " УСТАВЕН"СУД
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
учителката ти пиша кец, а ти знаеше за петка?
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕТЕ ТАКА НЕКАКО Е
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакаш да кажеш дека ако владата не ги почитува одлуките на уставен, тогаш народот може слободно да не ги почитува одлуките на владата Знаеш дека има логика. Чим владата може да каже (КоТито едно време- Овој суд не го признавам) дека не ги признава одлуките на уставниот (оти бил комуњарски) тогаш зошто народот (оној кој не ја гласал оваа влада) да ги признае одлуките/законите. Зошто во Македонија за се има двоен аршин? |
|
Генерал Митре
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор бадајалџија Регистриран: 19.Ноември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 646 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова ме подсетува на Орвеловата "Animal Farm" и славната изрека на тамошниот почитуван колега - прасецот Napoleon:
цитирам: “Сите животни се еднакви само свињите се малку ПОЕДНАКВИ“ |
|
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај те молам прецизирај во кој дел одлуката на уставниот суд дека донесувањето на деталниот урбанистички план за Мал Ринг не било уставно, Владата не го почитува! Прво: таа одлука се однесува на Оптина Центар, а не на Владата. Општина Центар ќе мора да почне нова редовна постапка за донесување на тој детален урбанистички план. Второ: ај обиди се да сватиш дека одлуката не навлегува во прашањето дали градежната дозвола која изведувачот (Владата) ја има и според која ИНТЕНЗИВНО ГРАДИ, е валидна или не. Дали таа дозвола ќе биде исто така поништена од судот не знам, ама можам да претпоставам дека наскоро судот и за таа дозвола ќе се произнесе (ако Грчев поднесе нова претставка до Уставниот Суд). Дотогаш, изведувачот т.е. Владата ќе си продолжи да си гради не кршејќи никаков закон. Изменето од DameMak - 08.Јули.2010 во 09:48 |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изјавата на Премиерот и на министерката е невидена глупост и навреда за судската власт.Повеќе ако треба некому да се објаснува некас оди на новоотворените чколии за возрасни...Мисли владата за таквите...онаквите ...де...Кои што сеуште не ги вработила...
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даме вака:
- Екстерното оценување на уставен ПАДНА! - Веронауката во училиштата ПАДНА! - Патриотските фискални каси ПАДНА! - Трето дете ПАДНА! - Сега и Мал Ринг ПАДНА! Предлагач на овие закони беше Владата. А ги изгласа парламентарното мнозинство. Постојат собраниски комисии низ чиј филтер треба да поминат. И на крај постои шеф на држава кој ги потпишува и може да ги врати назад како неуставни. Нели е бре сето ова... хммм... како беше зборот... Дегутантно??? или то су се деца само играла? |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кејти а што ако Уставен Суд се игра????
Тогаш што правиме?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постојат закони, фикс!
ЗАКОНИ!!! Кои некој ги донесол за да се почитуваат Расфрлаат толку пари на глупости, нека ангажираат јаки правници, па макар и да не се со партиски стаж И нека формулираат издржан закон Дали знаеш дека нашите закони се носат за просечно 40 секунди??? |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам Кејти дека постојат закони.
Но не верувам дека која и да била влада е толку ненормална да секој закон што ќе го донесе е надвор од Уставот.
Мислам ајде еден или два,но сите бре неуставни??
Нешто тука ми подсмрдува Кејти.
А ако пак се земе составот на Уставниот суд и се направи анализа кој ги поставил на таа позиција уште повеќе подсмрдуваат нивните одлуки.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |