IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Тапети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тапети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Тапети
    Испратена: 05.Јули.2010 во 16:18
Се мислев дека има ваква тема..ама изгледа на некое друго место сум видела

Тапетите ги чуваат естетиката и топлината во домот

Одамна заборавениот начин на декоративно прекривање на ѕидовите со тапети, велат архитектите, со крупни чекори се враќа во мода. Обложувањето на ѕидовите со тапети отсекогаш било најпопуларно во Англија, но и во многу европски држави. Технологијата на изработката на тапети е многу усовршена, се изработуваат со нов дезен, подобар квалитет и со огромен број нијанси со трендовски бои. Модата на тапетите кај нас стивнала во осумдесеттите години и денес ретко се среќаваат во домовите, но архитектите тврдат оти тапетите ќе направат "бум" и кај нас. Во нашите продавници може да се најдат повеќе видови тапети, но најпопуларни се самолепливите и декоративните детски тапети со бордури.

ПОСТОЈАТ ТАПЕТИ ЗА СИТЕ ВКУСОВИ

Најпродавани се хартиените тапети, па пластифицираните и гумизираните, кои исклучиво се употребуваат во бањите.

Хартиените тапети се изработени од специјална неколкуслојна хартија, а дезенот е втиснат на подлогата. Постојат и винилски или пластифицирани тапети, кои се и попрактични од хартиените и полесно се одржуваат. Тие се направени од специјална тапет-хартија и ПВЦ-фолија.

- Најбарани се тапетите за детски соби, но и бордурите што се ставаат под прозорецот се многу баран детаљ. За порепрезентативните простории од домот, ходникот, дневната соба, се препорачуваат тапети во светли бои. Сега постои можност да не се лепат тапети од таван до под, туку по желба, тапетите се поставуваат на речиси еден метар од подот и плус бордура или само бордура. Таквиот начин на поставување тапети има естетски, но и функционален карактер, особено ако во домот има мали деца. Тие често уметничките способности ги искажуваат на ѕид, а пластифицираните тапети може да се бришат со влажно крпче и со малку детергент. Во тренд се тапетите во пастелни бои, но и тие со тенки, речиси незабележителни линии во боја. Предноста на тапетите е што не мора да се бојадисува секоја година, туку најмалку пет години да се има убави дискретно дезенирани ѕидови.

ЧИСТИОТ АЛКОХОЛ ГИ ВАДИ ОСТАТОЦИТЕ ОД ЛЕПИЛОТО

Старите кујнски елементи, оштетена врата, плакари, шкафчиња од метал или предмети од дрво ќе добијат нов лик ако се обложат со самолепливи тапети.

- Самолепливите тапети што имаат дезен сличен на шарата на мермер или дрво може да се употребат речиси секаде, а има и еднобојни. Овие тапети не ја уништуваат првобитната боја на мебелот. Многумина имаат проблем со лепилото што останува по вадењето на самолепливата тапета, но тој многу брзо и лесно се отстранува со чист алкохол. Во некои европски земји тренд е да се постават специјални тапети во бањите. Тие се специјални тапети со дезен на вистински плочки и фуги, направени од гумизиран материјал. Се лепат со водоотпорно лепило, а фирмата што ги произведува гарантира дека тие нема да се одлепат ниту да се уништат од три до пет години - вели Блажева.

ЗА ЛЕПЕЊЕ ТАПЕТИ НЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН МАЈСТОР

Ако имате вешти раце, тапетите можете да ги залепите и сами. Потребно е специјално лепило за тапети, кое се раствора во вода, рамна површина или на маса на која се поставува тапетата, четка за нанесување лепило, валјак за израмнување на површината и резач. Најважно е при нанесување на лепилото да се внимава да не се создадат јазли, воздушни меури и внимавајте на краевите на тапетата, кои секогаш први се набираат. Пред да ја ставите тапетата, подгответе го ѕидот. Ако останало лепило од старите тапети, исперете го ѕидот, пополните ги дупките и пукнатините за да ги сокриете неправилностите на ѕидот. Бојадисајте ги прозорците и вратите пред да ги нанесете тапетите. Најлесно се нанесуваат бордурите, треба само да се внимава на висината на која се поставуваат. За нив постои специјално лепило во туба.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:19


За лепење тапети не ви е потребен мајстор

Ако имате вешти раце, тапетите можете да ги залепите и сами. Потребно е специјално лепило за тапети, кое се раствора во вода, рамна површина или на маса на која се поставува тапетата, четка за нанесување лепило, валјак за израмнување на површината и резач. Најважно е при нанесување на лепилото да се внимава да не се создадат јазли, воздушни меури и внимавајте на краевите на тапетата, кои секогаш први се набираат. Пред да ја ставите тапетата, подгответе го ѕидот. Ако останало лепило од старите тапети, исперете го ѕидот, пополните ги дупките и пукнатините за да ги сокриете неправилностите на ѕидот. Бојадисајте ги прозорците и вратите пред да ги нанесете тапетите. Најлесно се нанесуваат бордурите, треба само да се внимава на висината на која се поставуваат. За нив постои специјално лепило во туба.


Лепење тапети околу аглите на собата

Доколку ставите цела тапета во аголот на собата, постои можност таа да не биде добро прилепена до ѕидот, или тапетата да биде криво залепена доколку аглите во собата не се правилни. Најдобро е спојот на тапетите да е во самиот агол.

• Измерете го растојанието од крајот на последната тапета до аголот на ѕидот и тоа во врвот на собата, во средината и во најдолниот дел. Земете ја најдолгата од овие 3 мерки и додадете 1,5cm (за преклопување). Со оваа мерка исечете ја тапетата, користејќи некоја рамна ивица за да го води скалпелот или ножиците додека сечете.

• Остатокот сочувајте го, а исечената тапета залепете ја на ѕидот, правејки преклоп со претходната тапета и притискајќи ја другата ивица во аголот.

• Потоа измерете го остатокот, нанесете ја таа мерка со молив во горниот дел од ѕидот каде што тапетата треба да се лепи, и од мерката повлечете вертикална линија. Потоа лепете го остатокот од вертикалната линија кон аголот на собата.

Изменето од ФорумскаБаба - 05.Јули.2010 во 16:20
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:26


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:33


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:36
Мене искрено не ми се допаѓа помислата да имам тапети во домот. Имавме еднаш...многу одамна..и кога решивме да ги извадиме, знам дека долго време ни требаше
Можеби да ставам на еден мал ѕид колку да разбие монотонија...но никако целосно.

Кое е вашето мислење за тапетите?
Вашите искуства....
Препораки...
Совети...

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 01:24
Сакам тапети,и сега има голем избор не е како шт обеше излепено по цели ѕидови,можеш да комбинираш и често да менуваш.
Имавме една голема тапета во степеништето,ама ептен голема беше природа,река и дрва ама отиде лани со белењето ја нема веќе.Местото го заменивме со стари слики од Велес некаде од 1930 црно бели се и сега е добро
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 09:35
ние до минатата година имавме тапети, кога требаше да се вадат излезе дека нестручно бил лепен еден тапет, врз друг, па молерите не беа сигурни дали ќе можат да се извадат двата слоја.за среќа, се добро помина.но една од причините поради која сакавме да ги извадиме тапетите беше и поради тоа што на рабовите почнаа да се одлепуваат.поради сето тоа јас не сум за тапети, ама сега има понови, поубави и поквалитетни, па би ставила на еден ѕид само
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 22:35
На мојата ми соба иам еден мал ѕид со тапет. Нешо као ходник е (така да го наречам) просторот кај што се влегува во собата, мал е не е голем, има тапети со некои апликации на кругови. Темно зелени, светло зелени кругови на бела позадина.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 14:37






Изменето од ФорумскаБаба - 03.Септември.2010 во 14:38
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 15:38
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 22:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 22:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 22:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 04:25
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 8,579 секунди.