|
МИТИНГ на СДСМ на 27-ми Јуни |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 26> |
Автор | |
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koi se glasni i siromasni. Pa pola narod vo drzavava e na rabot na egzistencija.Zatoa i se prodavaat za pasosi, za rabota, za glasanje...do toa vlasta go dovede narodot.
Inaku i Milosevi' im se smeese ( na opozicijata - a bese desetkratno pomoken od nasava vlast).
Изменето од Анастеа - 29.Јуни.2010 во 16:41 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од моја гледна точка... СДСМ според моја проценка донесе некаде 20-25 000 членови, симпатизери и сл.
Пак ќе повторам, не сум ни за едните ни за другите, но морам да признаам дека од сегашниве сум дебело разочаран, бидејќи економијата ја сведоа на -273 (превод апсолутна нула). А пак опозиционерите гребат со сите сили, да се вратат на власт, и профитираат на грбот и на несреќата на народот. Едните го соголуваат ионака соголениот народ, а другите само го потпалуваат. Факт е дека притисоци се вршат насекаде. Но тоа само дополнително ја зголемува омразата кај народот. Во едно сум сигурен. Дека оваа влада, го изгуби кредибилитетот пред народот, и дека ќе биде страшно казнета, но жал ми е што ќе се вратат исти такви како сегашниве на власт. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова ми е најсимпатично кога ке го прочитам
Масовниот собир заврши без какви било инциденти, а неколку десетици илјади учесници, како што е вообичаено на вакви протести, зад себе оставија купишта пластични шишиња и лименки, за чие отстранување многу брзо се погрижија екипите на „Комунална хигиена“. Инаку сега следуваат анализи од успешноста/неуспешноста на протестот. Човек само теба да слуша и да си се смешка за нашата прецизност од 8 000 до 50 000 и нема голема разлика (не се криви во школите малку се учеше за проценување). Црвенковски почна битка за предвремени избори Јас пак ке речам- добро е што имаше протест- да видиме дека имаме опозиција, а позицијата да разбере дека малку фали да дојде до рокада и дека треба да се вратат на постапките од првата година на владеењето. Да си ги прочистат редовите од сите оние кои ја направија негативната слика. Колку и да е болно, операција остранување болно ткиво мора да има. Нека не им веруваат на тапкашите по рамења,на лепките кои само им делат комплименти и ги величат, оти не е се за величање, нека слушнат што кажуваат тие кои им мислат добро и им ја кажуваат вистината во очи, им укажуваат каде забегаа. Изменето од mamamd - 29.Јуни.2010 во 07:22 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова го прочитав како комантар на веста на Алфа ТВ...
Веројатно се работи за член или барем симпатизар на СДСМ... Мене ми се допадна... Da priznaeme, gola voda sme Објавено на 28.06.2010, од recenzent Бране имаше време да покаже умешност, беше премиер вкупно 8 години и 5 години претседател. На митингот се обратија : 1.Ѓ.Оровчанец. Колку гласачи ни донесе ? Која е неговата улога во коалицијата ? Зошто па да се обрати на митингот ако е неважен. 2.Мирослав Грчев се докажа како кабинетски архитект, нема дела човекот.На партијата не и донесе објекти со кои би се пофалиле. Грујо има објекти со кои се фали наоколу, има дела. СДСМ нема, токму благодарение на Грчев. Он е професор, не е човек од акција. 3.Жарко Трајановски. Кој ? 4.Ивица Младенов. Кој ? Претседател на Хоризонт. На што ? 5.Дејан Гацев. Кој ? Поранешен портпарол на ФЗОМ. А бе што функција е тоа “поранешен портпарол“, не ме заебавајте. А во коалиција уште ги имаме: 1.Угриновски и неговата група пензионери.Тоа ли е иднината на СДСМ, во пензионерите ? Грујо ни ги собра младите, мореее. 2.Драгиша Милетиќ. Немам ништо лично против човекот, ниту против Србите, ама Бранко е изгледа Г-Л-У-П до коска Изменето од којсумјас - 29.Јуни.2010 во 08:12 |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво кажано ,но кој да разбере.?! Толкава прашина се дигна околу митингов,толку се испаничи позицијата, наместо од говорот на првиот човек на опозицијата да си ги согледаат грешките во работењето и конструктивно да поработат на нивна елиминација. Со плукање ,навреди ,етикетирања не се решаваат проблемите,туку со нивно соочување . |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
MisterSk
Нов член Регистриран: 28.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШТО кажа Б.Ц на митингчето на СДС? НИШТО! Дали неговите лаги и плукање по власта за ТОЈ да дојде на власт за да може да КРАДЕ сугерираат на некакви грешки на позицијата? Што да согледа позицијата? Што да види народотот? Лажни ветувања веќе видовме со она неговото познато НА 15 СЕПТЕМВРИ! Повторно Б.Ц? О не! Никогаш!
Да се потсетиме! 15 години Бранко Црвенковски, 15 години лаги! Што зборуваше, а што направи Б.Ц во изминатите 15 години? -На 15 септември, Македонија во која ќе нема ниту едно семејство без барем еден вработен Дали знаете, дека за време на вашето владеење процентот на невработеност се искачи од 27% на 40%!? Односно бројката на невработени се зголеми за нови 150.000! -На 15 септември, сиромаштијата ќе ја победиме пред се со создавање на нови работни места Штрајкови на земјоделци и стечајни работници! -На 15 септември, несмее во Македонија да има ни еден родител што ќе неможе да си го ишколува своето дете А што е со 18.000 деца кои не биле вклучени во образовниот процес? И 100.000 лица над 15 години кои незнаеле да читаат и пишуваат за време на вашиот мандат! -На 15 септември, во Македонија ќе нема ниеден човек кој ќе се плаши дали може да го плати своето лекување Можеби не го исполнивте ова, но затоа министерот за здравство Владо Димов купуваше бисери за своите колешки, додека болниците завршија со долг од 2 милијарди и 400 милиони денари, а милионски суми наменети за лекови од позитивната листа завршуваа во непознат правец КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО! -Немам намера да се кандидирам на следните претседателски избори Стана претседател 2004 година! -Тие што мислат дека ова го правам и во ова учествувам заради власт, се лажат! Мојот мотив е многу посилен! Можеби финансиски? КАКО И СЕКОГАШ, БРАНКО СИ СТОЕШЕ НА ЗБОРОТ! Изменето од MisterSk - 29.Јуни.2010 во 11:13 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MisterSK и marsovec да престанат со расипување на темава со лични партиски препукувања и навреди.
Дискутирајте за митингот, не за вашите мозоци! |
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бранко не е глуп, ама је испуцана пушка што би рекле мудрите кумановци. Све чусмо, све видесмо, с’к пушти не да си гу терамо работу по свое, а ти грицкај си гу пензију, оди си на пазар, пишуј мемоари, целивај младе невесте. Само немој да ни се превиш голем мангуп више, тие финте више не палив. Има стаж у политику повише од године, време га гази...
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
MisterSk
Нов член Регистриран: 28.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас немам лични препукувања со никој, не сум таков човек кој сака да се кара.
Дискусијата за политика може да биде понекогаш остра, но тука нема ништо лошо овде сме дојдени да дискутираме, секој во соодветниот за него форум. Мојата култура не ми дава со некого да се карам, возрасни луѓе сме. На темата. Сакам само нешто да додадам на текстот што го напишав горе. Ја прочитав темава, поточно последните неколку страни. Не ми е јасно од каде 25 автобуси, од каде 80.000 народ кога тој простор не собира толку народ? На митингот имаше едвај, преку сила 8.000 митингаши. Тоа сите го знаеме и не мора сдсмовците да продаваат масло на форум. Дали тоа тие луѓе биле невидливи, та ние другите не сме ги виделе? Или сепак измислени? Да, да! Измислен народ. Додека за автобусите можам да поверувам ако праќале по пет души во автобус. ХАХАХА! Всушност бројката на луѓе кои отишле на митинг не е важна, важно е на избори, но кога толку цепидлачат сдсм, зошто да не ја изнесеме вистината на форум, а не броење на невидлив народ?! И уште нешто да додадам. Една порака до сдсмовците: Се гледа на избори и на прослави и митинзи, каде се гледа поддршката на партиите, исто така и со анкетите за рејтинг се гледа КОЈ има поголем рејтинг! СДСМ е историја која никогаш нема да стане сегашност или иднина! Со СДСМ веќе еднаш се изгоре Македонија, и никогаш повеќе! Толку од мене на оваа тема, сметам дека дискусијата е завршена. А ако има некој противаргументи на ова, слободно нека ги напише, ќе дискутираме. Изменето од Анастеа - 30.Јуни.2010 во 01:38 |
|
BoaVista
Сениор Регистриран: 24.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 124 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.youtube.com/watch?v=DAFmzj29EW4
еве еден линк, предлагам МистерСК да го погледне и да ме убеди дека имало пази богати едвај 8000 народ! Но слободно тешете си се вие во ВМРО, до некаде и ве разбирам дека ви е тешко да ја прифатите вистината. Слушајте си го Латас, Миленко и пастирот, па ако утре таму во вмрото ви кажат и дека магарињата летаат, дојдете овде на форум и убедувајте не дека стварно летаат. Продолжете да живеете во илузии и фантазии. Позздрав Изменето од Анастеа - 30.Јуни.2010 во 01:37 |
|
BoaVista
Сениор Регистриран: 24.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 124 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас само да напоменам дека стварно ова ви го кажува од довеерливи извори, а доверливиот извор му е ............................... па кој ако не ЛАТАС |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И така на сред мака за неплатени сметки, неможност на повеке од пола народ да оди барем на 10 дена на одмор и да се тргне од пред телевизорот се дебатира за митингот и секој пак си ја кажува својата вистина. Смешно е што едните омаловажуваат/другите воздигнуваат. Во светот протестите се вообичаена работакаде народот (па нека е тоа и опозицијата кажува) а владата извршува.
Се смеам на анализава околу реакциите, ама не е за смеење бидеји изгледа кај нас одамна ѓаволот ја однел шегата. Симптоми |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ве читам цело време и се чудам... Но морам да признаам, дека водите премногу јака меѓу партиска битка... Се гледа дека семејствата (читај партиите) многу добро ве спремиле и потковале. НО за жал на вистината ќе би кажам на дека и двете партии смрдат, ко депонии... Пишувајќи во одбрана на вашите партии ќе почнете да се расправате и во делот која партија повеќе профитирала (читај украла). Пак ќе кажам, и двете партии мирисаат на расипано. И тоа премногу расипано.
Факт е дека и двете партии дебело го соголија народот. Претходните го почнаа трендот, и таман народот помисли дека ги казнил и ги смени од власт, дојдоа уште поголеми апаши, кои без трошка грижа на совеста, крадат, носат и изнесуваат од државава. Најтрагичното е што се однесуваат како да е нивна сопственост. Владеачката коалиција, максимално ја злоупотреби довербата стекната од народот. Казната ќе ги стигне, но за жал во оваа мала државичка единствени достојни кандидати за превземање на таа власт се иста таква партија, која претходно почна да го пљачкосува народот. И сега некој ќе дојде и ќе ми каже, овие чинеле, претходните не и обратно... Сите се едно исто кафеаво.... Сите мирисаат, и сите си го гледаат својот личен профит, а не доброто на народот.... Секоја понатамошна одбрана на овие 2 партии е излишна.... |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница <1 1920212223 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |