IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - МИТИНГ на СДСМ на 27-ми Јуни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МИТИНГ на СДСМ на 27-ми Јуни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 26>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 15:31
Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:

Ne mozham da razberam kade zhiveat i kako mozhat da pishuvaat vakvi raboti: vchera se stavi kraj, od vchera pochna novata era, vchera Makedonija izbra podobra idnina.

Shto, vie da ne pobedivte vchera na izbori. I ushte pozhalno i potragichno da bide, ne birate nekoja nova garnitura, ne poddrzhuvate nova garnitura. Odite na ne znam kakov si miting, da poddrzhite partija koja ne znam kolku godini bila na vlast vo poslednite 20 godini i nikoj nema dobro videno od nea, osven partiskite zamorchinja, neli.

Pa po tolku dadeni shansi da se pokazhat i dokazhat, nishto ne napravile i se ushte vredi da se veruva vo niv?



Toa e najzalnoto vo celata prikazna. Istite lugje , istite ka ja opravele drzavata.

Ovie od VMRO nemaat nieden minister od onie sto bea na vlast od 1998 godina. Zasega dobro rabotat i alal da im e iako e svetska ekonomska kriza narodot ima nadez koga gleda deka nesto se raboti.

Ne moze Makedonija za 2 godini da stane Svajcarija, ama ako rabotite se dvizat vo posakuvan pravec  ima nadez za nasata mila Makedonija.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 15:32
Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:


Ne mozham da razberam kade zhiveat i kako mozhat da pishuvaat vakvi raboti: vchera se stavi kraj, od vchera pochna novata era, vchera Makedonija izbra podobra idnina.Shto, vie da ne pobedivte vchera na izbori. I ushte pozhalno i potragichno da bide, ne birate nekoja nova garnitura, ne poddrzhuvate nova garnitura. Odite na ne znam kakov si miting, da poddrzhite partija koja ne znam kolku godini bila na vlast vo poslednite 20 godini i nikoj nema dobro videno od nea, osven partiskite zamorchinja, neli. Pa po tolku dadeni shansi da se pokazhat i dokazhat, nishto ne napravile i se ushte vredi da se veruva vo niv?


Ем си кажуваш дека не разбираш, ем коментираш тоа што не го разбираш.

Не протестираше СДСМ, тие го ПОДРЖАА протестот на гладните и сиромашните во РМ.

Кој бара ќе најде.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 15:36
Originally posted by lilica lilica напиша:

Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:


Ne mozham da razberam kade zhiveat i kako mozhat da pishuvaat vakvi raboti: vchera se stavi kraj, od vchera pochna novata era, vchera Makedonija izbra podobra idnina.Shto, vie da ne pobedivte vchera na izbori. I ushte pozhalno i potragichno da bide, ne birate nekoja nova garnitura, ne poddrzhuvate nova garnitura. Odite na ne znam kakov si miting, da poddrzhite partija koja ne znam kolku godini bila na vlast vo poslednite 20 godini i nikoj nema dobro videno od nea, osven partiskite zamorchinja, neli. Pa po tolku dadeni shansi da se pokazhat i dokazhat, nishto ne napravile i se ushte vredi da se veruva vo niv?


Ем си кажуваш дека не разбираш, ем коментираш тоа што не го разбираш.

Не протестираше СДСМ, тие го ПОДРЖАА протестот на гладните и сиромашните во РМ.



Od poddrska nikoj air ne gleda... Site pari sakaat... намигнување
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 15:40
Originally posted by lilica lilica напиша:

Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:


Ne mozham da razberam kade zhiveat i kako mozhat da pishuvaat vakvi raboti: vchera se stavi kraj, od vchera pochna novata era, vchera Makedonija izbra podobra idnina.Shto, vie da ne pobedivte vchera na izbori. I ushte pozhalno i potragichno da bide, ne birate nekoja nova garnitura, ne poddrzhuvate nova garnitura. Odite na ne znam kakov si miting, da poddrzhite partija koja ne znam kolku godini bila na vlast vo poslednite 20 godini i nikoj nema dobro videno od nea, osven partiskite zamorchinja, neli. Pa po tolku dadeni shansi da se pokazhat i dokazhat, nishto ne napravile i se ushte vredi da se veruva vo niv?


Ем си кажуваш дека не разбираш, ем коментираш тоа што не го разбираш.

Не протестираше СДСМ, тие го ПОДРЖАА протестот на гладните и сиромашните во РМ.


Aham, izvini, ne znaev deka e takva rabotata. Izgleda e ova ushte edna golema manipulacija...hahahaha SDSM go poddrzhale protestot na gladnite i siromashnite. Da ne im davaa pari i leb vchera?

I ushte pobitno, neka se prashaat tie shto bile vchera zoshto se gladni, stradni i siromashni.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 16:39
Да биле дел од овие...против кои се дигнаа...ќе беа и сити и бесни, ем пари ем без работа?
И ќе продаваа демагогија?
Така се создаваат властитутки, а навистина се намножија како стаорци во канализација.вонземјанин
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 16:47
Originally posted by lilica lilica напиша:


Не протестираше СДСМ, тие го ПОДРЖАА протестот на гладните и сиромашните во РМ.


Jас не разбирам нешто. Како го поддржаа протестот на гладните, босите, сиромашните и оние што се прават сиромашни? Со делење на маици и пропаганден материјал? Со кажување празни зборови? Со кревање на стиснати раце? Ако толку ги поддржуваат нека отворат една јавна кујна на нивна сметка, па секој ден нека им даваат јадење. Барем народот ќе види нешто добро од нив.
Ама заборавив јас...сите се јаки на зборови. И едните и другите. Ама кога ќе дојде време за дела, сите се прават на тошо.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
eptendosadno1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ

Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 18:14
Обраќање на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски

Скопје, 27 јуни 2010 година


Почитувани граѓани,

Драги пријатели,

Добровечер,

Ви благодарам што сте вечерва тука, со нас. Ви благодарам и ви честитам на решеноста и одважноста. На сите ни е јасно дека во едно вакво време секое определување против власта макар и со збор, а камоли со појавување на протестен митинг носи голем ризик. Но и јас а и вие добро знаете дека непреземањето ништо, молчењето и веднењето глава е уште поголем ризик, срам што не се трпи, понижување што не се издржува. Доста беше! Ова е вечер на храбрите и гордите, на одлучните и силните! Четири години во оваа држава царува страв. Четири години во оваа држава се владее со закани и притисоци, со уцени и заплашувања. Вечерва сме тука за да го победиме стравот во Македонија. Да ги ослободиме и охрабриме луѓето, да ги поттикнеме гордо да се исправат и да го кренат својот глас. Да им покажеме дека не се сами, дека не има многу, доволно многу да го победиме секое зло. Четири години во Македонија се владее со лаги и манипулации. Четири години ни го потценуваат здравиот разум и со својата пропагандна машинерија платена со наши пари, со кампањи, реклами и спотови се обидуваат да ни наметнат виртуелна стварност, лажна слика кои сме, како живееме, каде одиме. Вечерва сме тука за да ја победиме лагата, да ја соопштиме вистината, да ја искажеме нашата подготвеност да се соочиме со реалноста зошто само така можеме да ја направиме подобра. Четири години во Македонија се владее со поделби на народот, со измислувања на непријатели и предавници, со правење на црни листи.     Вечерва сме тука за да покажеме дека сме подготвени да ја отфрлиме, да ја поразиме таа политика. Поделбите и кавгите не донеле никому ништо добро. Само со заедништво, единство и слога може да се чекори напред. Четири години во Македонија се владее не со градење на иднината на оваа земја и народ, туку со копање по историјата и создавање на лажни митови. Вечерва сме тука за да потврдиме дека наша обврска е да си го почитуваме минатото на нашиот народ, но дека уште поголема обврска ни е да му обезбедиме, да му создадеме иднина со која ќе се гордеат нашите деца. Историјата е таква каква што е и неа никој, па и ние, не можеме да ја промениме. Но каква иднина ќе имаме е нешто што зависи од нас, тоа е нашата најголема одговорност.        Драги пријатели, Македонија денес после четири години преродба се наоѓа не на крстопат, туку во ќорсокак. Се соочуваме со огромни и тешки проблеми буквално во сите сфери. Економијата е потполно разорана. Пропаѓаат фирми, се затвораат работни места. Стопанството се дави во неликвидност. Секој секому должи, никој никому не плаќа. Главниот генератор на ваквите состојби е самата власт која ги исцица сите пари од фирмите и банките за своите расипнички и мегаломански потреби. Што е најлошо, не си ги плаќа своите долгови кон стопанството. Луѓето од бизнисот веќе знаат. Чим слушнат некакво оптимистичко предвидување од владата следи катастрофа. Сетете се само на изјавите: „Светската економска криза нема да ја погоди Македонија“, „Светската криза е шанса за нашата економија“, „Ние сме трети во светот по спроведените реформи“, „Ние сме најдобри во Европа по справувањето со кризата“, „Македонија излезе од рецесија“.   После секоја ваква изјава следуваше се потежок удар и се потежок удар за економијата. Пред три дена Македонија од Порталот Волстрит е прогласена за светски рекордер по невработеноста. Кога го видовме Груевски како ја отвора Бунарџик 2 зоната знаевме дека странска инвестиција во Македонија повеќе нема да припари. И навистина. Македонија е убедливо на последно место во Европа по нивото на странски директни инвестиции. И тоа нема врска со светската економска криза, бидејќи таа ги погаѓа сите, па сепак и една Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина се далеку пред нас.      Постојано повторуваат дека оваа Влада како никоја претходна вложува во земјоделието, но не можат да објаснат зошто од година во година вкупното земјоделско производство опаѓа. Зошто пропаѓаат млекарите, пченичарите, јаболкарите... Почитувани граѓани, Во Република Македонија јавен здравствен систем повеќе не постои. Тој е во целосен колапс. Се што оваа власт прогласи за реформа во здравството заврши со катастрофа. Организационата мрежа е растурена, здравствените установи се дават во долгови, докторите и медицинскиот персонал се понижени и демотивирани. Лековите по аптеките или ги нема или се 4-5 пати поскапи од порано. За најважната работа во животот на секој човек- здравјето, граѓаните се оставени сами на себе и на голата судбина. Најпопулистичките експерименти чии негативни последици ќе ги чувствуваме со години и децении во иднина се спроведоа во образованието. Наместо квалитетот на стекнатото знаење да биде највисок приоритет се е подредено на голи бројки употребливи за евтини кампањи.   Во овие четири години вкупните буџетски средства што ги потроши оваа влада се за 4 милијарди евра повеќе од 4те буџети заедно во периодот од 2002та до 2006та. Каде завршија тие пари? Која благодет како земја од тоа почувствувавме? Нови автопатишта не видовме. Единствените изградени во овие 20 години се оние од времето на СДСМ-130 км во вредност од преку 220 милиони евра. Нови енергетски објекти не видовме. Единствениот изграден во овие 20 години–хидроелектраната Козјак во вредност од 130 милиони евра е од времето на СДСМ. Нови болници, училишта, пензионерски домови, рехабилитациони центри не видовме. И тие што беа претходно изградени денес се распаѓаат. Навистина каде се парите? Каде завршија 4 милијарди евра? Одговорот на овие прашања и покрај тоа што нема да го слушнете никогаш од Владата, на сите ни е добро познат. 1.За илјадници и илјадници партиски вработувања во администрацијата, во јавните претпријатија, во здравството, образованието, буквално насекаде каде државата плаќа. Партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ стана и свидетелство и диплома. Лепењето плакати и присуството на партиски митинзи стана поважно од работното искуство.   Денес во Македонија, во администрацијата има повеќе вработени отколку столчиња по канцелариите. Денес во Македонија има луѓе што седат дома, а земаат плата. 2.Во овие четири години стотици и стотици милиони евра народни пари се трошат за безбројните владини кампањи.   Досега невидена пропагандна машинерија не во Македонија, туку и во било која демократска држава, се обидува да ги испере мозоците на нашите граѓани, да ги убеди дека црното е бело, дека маката е задоволство, дека сиромаштијата е раскош. Илјадници спотови, огласи, билборди, кои прикажуваат не различни, туку спротивни слики од суровата реалност. Сетете се само на кампањите: -„Инвестирај во Македонија“- а резулатот е инвестиции 0. -„Остваруваме 24/7“- а премиерот оди на работа после 12 на пладне.   -„Раѓајте 3то дете“- а пари за породилно боледување на родилките не се исплаќаат со месеци. -„Знаењето е сила, знаењето е моќ“- А стипендиите и студентските кредити не се исплатени цела година. И што уште не. На нетранспарентен, на криминален начин се трошат парите земени преку даноци од некоја текстилна работничка, од некој градежник, рудар, земјоделец, од секој граѓанин на оваа земја. ЕЛЕМ, државна компанија за производство на електрична енергија плати 600.000 евра за рекламна кампања. Што рекламира ЕЛЕМ, во која продавница ја продава струјата, со кого се конк*рира, кога е класичен монопол?? - Чист криминал.       3.Во овие четири години „преродбениците“ на чело со Груевски од патриотизмот направија еден од најпрофитабилните бизниси во државата. Ако прават рекламна кампања за јакнење на националните чувства на македонскиот народ таа е секогаш најскапата, повеќе пати поскапа од било која кампања на било која компанија. Ако прашаш колку пари чини веднаш те прогласуваат за предавник, а себеси за патриоти. Ако поставуваат јарболи за националното знаме, тоа се најскапите јарболи изработени од било кого било кога. Ако се купуваат нови амбасади на Македонија тоа се секогаш најскапо платените објекти за кои уште толку треба да се плати за реконструкција и адаптирање. Ги слушавме во живо изјавите на сопствениците на леарници во Италија како ги коментираа цените за лиење на спомениците од „Скопје 2014та“. Дека со тие цени можат веднаш да го завршат бизнисот и да не работат ништо до крајот на животот. Како е можно споменикот посветен на „Мајка Тереза“ дониран од Трифун Костовски и Серафимовски да чини 90 илјади евра, а споменикот на Ченто цели 780 илјади евра.   Како е можно реконструкцијата на градскиот стадион во Скопје да чини повеќе од изградба на еден нов стадион на кој се игра светското првенство во фудбал во Јужна Африка. Како е можно споменикот на Александар Македонски кој ќе се постави на плоштадот во Скопје да чини колку 3 фабрики на Џонсон контрол со сета технологија. Не господине Груевски, не се работи за татковината. Се работи за пари. Овој режим на ВМРО-ДПМНЕ претставува една голема, една огромна перална за пари. Затоа нема пари за стечајците, за професионалните војници, за бранителите. Затоа нема пари за обесштетување на млекарите од Сведмилк, за повисоки цени за пченицата, за поддршка на текстилците. Затоа ви каснат платите, а здравствениот и пензиски фонд се пред колапс. Сакам јасно, пред овој народ и во име на овој народ да ви порачам: За овој криминал, за овој грабеж, за ова предавство под маската на лажен патриотизам –Ќе одговарате! Правдата ќе ве стигне Ви гарантирам!    Почитувани граѓани, драги пријатели, Пред четири години оваа власт ја доби довербата на граѓаните врз основа на ветувањата дека ќе ги решат економските проблеми, ќе обезбедат развој, ќе ја намалат сиромаштијата и невработеноста, ќе го зголемат стандардот на граѓаните. Денес, огромното мнозинство граѓани изјавуваат дека живеат полошо отколку пред 4 години. Денес огромното мнозинство граѓани сметаат дека оваа власт не знае и не може да се справи со економските проблеми на државата. Со тоа приказната за ветениот економски препород завршува. На најбитното прашање преродбата крахираше, дефинитивно пропадна. Тоа што го ветија не го остварија. Но затоа остварија многу други, за жал лоши работи, кои ниту ни ги најавија ниту ни ги соопштија. Демократијата и слободите ги уназадија, меѓуетничките односи ги влошија, Евро-атлантските интеграции ги блокираа. Соочен со порази и неуспеси на сите полиња, немоќен да постигне било какви резултати, Груевски се реши да заигра на една единствена карта, на веќе видената и многу пати повторувана, и кај нас и кај другите балкански народи, приказна за „Патриоти и предавници“. Приказна која никогаш и никому не донела ништо добро, приказна која никогаш нема среќен крај. Тоа е концепт кој неминовно води кон меѓународна изолација и длабоки внатрешни конфронтации. Тоа е стратегија која не води кон решавање на проблемите и успех за земјата, туку не става во улога на жртва, не води кон самосожалување и пораз. Тоа е приказна на евтин популизам и ниски страсти која никогаш не сум ја сакал.    Но соочувањето со тој проблем веќе не е наш избор. Груевски е премиер, во негови раце е целокупната власт, тој ова прашање го наметнува како централно и ние тоа соочување не може да го избегнеме. Па ајде еднаш веќе да расчистиме, што е патриотизам, а што предавство. Точно е дека во оваа земја пред 20 години први луѓето од ВМРО-ДПМНЕ проговорија за независност, за македонска армија, дипломатија, репрезентација. Тоа е факт и тоа мора да се почитува. Но исто така е точно дека независноста се стекна, меѓународното признавање се избори, членство во ООН се достигна кога на власт во државата беше СДСМ. Што е поголем патриотизам? Нешто да се зборува или нешто да се оствари. Во 2001та не обвинуваа затоа што искрено и доследно застанавме зад Охридскиот рамковен договор. Во тој период од тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ се понуди идејата за поделба на државата и размена на територии. Повторно се поставува прашањето: Што е поголем патриотизам?   Да ја поделиш или да ја сочуваш државата. Да му донесеш мир на својот народ или да го втурнеш во крвава меѓуетничка војна. Ние „предавниците“, како што не нарекува Груевски, успеавме да се избориме 120 земји да не признаат под нашето Уставно име.   Во 2004та ние успеавме тоа да го направиме и нашиот стратешки партнер САД.   Ние успеавме да обезбедиме кандидатски статус за членство во ЕУ и да ја доведеме Македонија до пред самите врати на НАТО без било кој да ни стави вето и без било кој да го спори нашиот национален идентитет. Таа наша политика беше политика на патриотизам или политика на предавство?        Груевски и ВМРО-ДПМНЕ упорно градат една лажна слика за себе и за другите. Дека тие го чуваат и не го даваат, а сите други сакаат да го сменат уставното име. Тоа е апсолутна лага. Нема Македонец што сака да се смени уставното име.   Јас сум првиот што не сака тоа да се случи, што тврди дека Грција спроведува една неправедна, недемократска, неевропска политика кон Македонија. Грција на најбезочен начин ги злоупотребува своите права како членка на НАТО и ЕУ. Но тој факт не ме ослободува од одговорноста да мислам на иднината на мојот народ, да најдам одговор на прашањето како и што понатаму? Јас сакам да ја видам мојата земја како чекори напред, како напредува, како станува посилна, побезбедна, да стане земја во која ќе се инвестира, ќе се градат нови фабрики, ќе се отвораат нови работни места. Сакам да го видам мојот народ сигурен во својата иднина, исполнет со надеж и оптимизам! Сакам нашите деца да се чувствуваат еднакви со своите врсници во Европа, а не потценети и понижени! Сакам да ја видам Македонија како рамноправно и гордо седи на иста маса со Америка, Франција, Германија, а не да биде земја поттурната по ходници и избришана од дневниот ред!   Сакам мојата земја да биде во друштво на најмоќните и најнапредните, да бидеме прашувани и консултирани, да имаме и ние право на вето! Одлуките да зависат и од нас, а не постојано ние да зависиме од другите. Сакам да бидеме земја која ќе игра во првата лига, на светските првенства, а не уште да навиваме за туѓи репрезентации! Зарем се ова желби за мојот народ и мојата држава од кои треба да се срамам? Дали овие и вакви желби се предавнички или патриотски? Јас немам никакви дилеми. Совеста ми е чиста и точно знам дека ова е вистинскиот патриотизам. Ова се целите за кои вреди и да се работи и да се бори. Не Македонија над чија судбина ќе жалиме. Не Македонија во улога на жртва на туѓи неправди. Наша цел е успешна Македонија. Наша цел е победничка Македонија!    Почитувани граѓани, драги пријатели, Режимот на Груевски ја заглави државата во жив песок. Нема придвижување ни напред ни назад. Само тонеме секој ден се повеќе и повеќе. Тоа не е наша судбина. Работите и може и мора да се променат на подобро. Народот си ја бара државата назад. Македонија заслужува да има подобра иднина. Вечерва ја почнуваме нашата битка за предвремени парламентарни избори. Ние сме одговорна партија и никогаш и ништо нема да направиме што би наштетило на нашите национални и државни интереси. Знаеме дека такви избори пред ноември би биле погубни за иднината на земјата. Затоа, ниту такви избори бараме ниту на такви избори ќе учествуваме. Но затоа уште од сега најавуваме без разлика на исходот од Самитот на НАТО, без разлика дали преговорите со Грција ќе завршат успешно или не, наша цел е во ноември Собранието да се распушти и да излеземе пред граѓаните. Тие нека одлучат за каква Македонија и за каква иднина се. За онаа на власта или за оваа на народот. За онаа привилегираната или за оваа обесправената. За Македонија што пропаѓа или за Македонија што напредува. За Македонија што слави порази или за Македонија што победува! Ние вечерва се изјаснивме! Ние сме за победничка Македонија!
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 18:24
Колку беше смешно и бедно на изборите кога паднаа СДСМ,праќаа честитки со потпис од Шекеринчево за Среќен роденден

Целата приказна да ја прераскажеш на некој,за се што се случува,зборува,руга што се лаже ветува....сигурно ништо не би разбрал тој,ќе го збуниш 100%
Жив циркус е се.Не ме интересира никој не и плаќам давачки на државава секој ден испаѓаат нови закони.Не е ни сигурно дали би дочекала пензија...ќе живеам ли јас 60год

Ај доста за политика и ова е многу за мене,арно си бев расположена
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 18:56
Originally posted by lilica lilica напиша:

Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:


Ne mozham da razberam kade zhiveat i kako mozhat da pishuvaat vakvi raboti: vchera se stavi kraj, od vchera pochna novata era, vchera Makedonija izbra podobra idnina.Shto, vie da ne pobedivte vchera na izbori. I ushte pozhalno i potragichno da bide, ne birate nekoja nova garnitura, ne poddrzhuvate nova garnitura. Odite na ne znam kakov si miting, da poddrzhite partija koja ne znam kolku godini bila na vlast vo poslednite 20 godini i nikoj nema dobro videno od nea, osven partiskite zamorchinja, neli. Pa po tolku dadeni shansi da se pokazhat i dokazhat, nishto ne napravile i se ushte vredi da se veruva vo niv?


Ем си кажуваш дека не разбираш, ем коментираш тоа што не го разбираш.

Не протестираше СДСМ, тие го ПОДРЖАА протестот на гладните и сиромашните во РМ.


Го поддржаа? Епа, тогаш, зошто гладните и страдните не зборуваа вчеравечер? Зошто зборуваше Бранко Црвенковски?

И ајде една друга работа да прашам. Во говорот повеќепати се спомнува "во минатите 4 години". Тогаш, една работа не ми е јасна. Каде бевте последните 4 години, кога била ваква работава, да протестирате. Оти после 4 години организирате протести. Кога веќе кажувате дека одпоодамна економијата доживува колапс, дека државните каси се испразнети, дека не се вложува во инфраструктура, во здравство, во образование, во култура? Зошто тогаш молчевте 4 години. Зарем Бранко ви беше потребен да ве освести? Мислам одамна не сте освестени со некој октопот. Таман, нека се врати, абе се ќе ви се провидели.

И она што најмногу ме загрижува (да се изјаснам дека не сум за ниту една политичка партија), дали од сите тие што се собравте вчера и сите тие што ќе се соберете нареден пат, нема ниту еден поспособен човек од Бранко или Никола? Нема поспособни луѓе од тие што ни ја крадат и продаваат државата 20 години? Зошто се уште одите по валканите патишта на веќе докажаните бесрамни политичари и "лидери" во Македонија? Со што уште ве лажат да ги следите? Зарем има се уште место за пишување во срамната книга на Бранко? На Љупчо? Зарем има уште нешто што е неукрадено, непродадено од државава, па слепо ги следите, за да им ги подарите на тацна?

Не, не се тие никакви поддржувачи на протести, тие се манипулатори на сиромашната народна маса, која како давеник за секоја сламка се фаќа. Па дури и за онаа најслабата сламка, која многупати до сега ги има изневерено.

Не знам колку сте страдни и гладни, ама доколку се уште ги следите "сиромашните" Бранко, Љупчо, Никола...тоа не е ништо во споредба со она што ве очекува во иднина.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 20:30
Ima edna vistina - znaete za onaa...dajte mi gi site svetski mediumi i jas 'ke stanam gospodar na svetot.
Vo socijalizmot podrdkata bese sekogas 90%.Propagandata e mokno oruzje, e toa e prisatno i toa so narodni pari i denes so aktuelnata vlast.Ajde dokazi deka beloto e belo?вонземјанин
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
MisterSk Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MisterSk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 20:53
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Не очекував дека ќе има толку народ. Овој народ на митингот даде дознаење дека вака понатаму не ќе да може.А и парите секнаа, а сепак за пари се работи, нели.Колку им требаат не е јасно - се друго е јасно, како бел ден.
А јасни се и новите мегафони на власта.вонземјанин



Јас се чудам како можете да го поддржувате СДС(БЈР)М?

Зарем ова не ве потсеќа на СДСМ?
- промена на име
- промена на знаме
- криминал
- затворени фабрики
- отпуштени работници
- стечајци
- 150.000 државјанства на албанците
- фалфисикувани избори
- беда и сиромаштија

СДСМ е една ГОЛЕМА НУЛА!
На митингот имаше едвај, преку сила 8.000 митингаши!
СДСМ го организира овој митинг (како што и самиот Б.Ц кажа), за да плука по власта. Но, колку и да се обидуваат
да ја исплукаат власта, да издејствуваат предвремени избори и да победат, ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ! Народот е задоволен со оваа власт, а тоа се докажа уште во 2006 година!
А сте се запрашале ли зошто СДСМ сакаат да дојдат на власт? За да продолжат да КРАДАТ! Не дека им е гајле за Македонија и македонците.
А зошто некои толку упорно ги поддржуваат? Затоа што во нивно време можеа да си ги полнат џебовите со пари, на непознат начин, а со новава влада се се среди. Ете затоа!

Народот знае кои ги одбра и знае кои и понатаму да ги одбере. СДС(БЈР)М никогаш!


Изменето од Анастеа - 29.Јуни.2010 во 16:39
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 21:09
Originally posted by lilica lilica напиша:

Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:


Ne mozham da razberam kade zhiveat i kako mozhat da pishuvaat vakvi raboti: vchera se stavi kraj, od vchera pochna novata era, vchera Makedonija izbra podobra idnina.Shto, vie da ne pobedivte vchera na izbori. I ushte pozhalno i potragichno da bide, ne birate nekoja nova garnitura, ne poddrzhuvate nova garnitura. Odite na ne znam kakov si miting, da poddrzhite partija koja ne znam kolku godini bila na vlast vo poslednite 20 godini i nikoj nema dobro videno od nea, osven partiskite zamorchinja, neli. Pa po tolku dadeni shansi da se pokazhat i dokazhat, nishto ne napravile i se ushte vredi da se veruva vo niv?


Ем си кажуваш дека не разбираш, ем коментираш тоа што не го разбираш.

Не протестираше СДСМ, тие го ПОДРЖАА протестот на гладните и сиромашните во РМ.



газење%20од%20смеење


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
MisterSk Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MisterSk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 21:12
И јас на ова се изнасмеав пријателе, ама несакав да го коментирам. А кој протестираше? Кои се тие гладни и сиромашни?
Сакате да ви кажам што имаше вчера во Скопје пред влада?
Имаше театарска претстава-комедија во која во главна улога беше Б.Ц со двајца без тројца публика! И тоа Б.Ц го нарекува митинг? Хахаха само ќе се изнасмеам.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 21:16
да  vcera se vide kolku BC e papaticen
do sama granica .. placenje da bide pak premier.. granici so nevkus
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.