|
Скопје ќе има нова градска плажа?! |
Внеси реплика | страница <1 56789 17> |
Автор | ||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Морски песок на плажата на ВардарИзвор: Макфакс
Морски песок, палми, лежалки, шанкови со маси и столици ќе бидат поставени на градската плажа на кејот на Вардар зад Луна паркот. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешната прес конференција истакна дека плажата ќе служи единствено за забава, рекреација и сончање, а капењето во Вардар и понатаму ќе биде строго забрането. Според него, единствена цел на овој проект е на Скопје да му се вратат плажите кои некогаш овој град ги имал и како што е примерот во другите европски градови. За таа цел, рече Трајановски, Градот преку јавен оглас избра здружение на угостители, задолжено за одржување и обезбедување на плажата и привлекување на посетители преку добра програма и услуги. На плажата ќе бидат поставени четири шанка на кафулиња, а останатиот дел, според Трајановски ќе биде слободен за посетителите, со бесплатен влез и користење на реквизитите. Градската плажа ќе стартува во недела на 27 јуни во 12 часот, со настап на ДЈ Дерик Меј. Ќе работи секој ден до крајот на летото од 10 до 24 часот. За овој проект Град Скопје предвиде околу 100 000 евра.крај/кс |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Песок од Грција? Па зарем толку немаат пари грците, па почнаа на скопјаните песок да им продаваат? Јас мислам дека доволно ќе било само од Албанија. Па при толку мориња околу нас, нашиве одлучиле баш од...! |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не само што продаваат песок туку го враќаат истиот песок кој го мочаат години наназад врлите Рмакедонски патриоти
|
||
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа значи дека градоначалникот на Скопје заедно со советниците на ВМРО оваа година нема да одат на одмор,ќе го пропуштат тој луксуз и ќе ги гледаме на плажата поред Вардар?
|
||
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
..откога Коце го убедивме дека за Плоштадот не се потребни КОЦКИ
човекот во негов стил се убеди дека треба да направи ПЛАЖА, за жал покрај вода во која не е дозволено капење,....,иако Скопје ја има Матка ....скапа работа е, и секако нема веќе време да се инвестира во езерото во оваа летна сезона,...,но тука е плажата, ...ако нема песок ќе го увеземе, вода ќе има на ладните тушеви, и по некоја ПАЛМА...,па лето е да се разладиме!, ...и кафиќите ќе работат,...зошто да има еколошка река,... па имаме Министерство за Екологија реката таква е какава мора да бите,... но ПЛАЖАТА ЌЕ СЕ ОТВОРИ НА 27-МИ... со среќа Скопјанци на новата плажа со Коце но без вода!?...ПАРИ кој троши туѓи пари и зошто!?..... |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Првата градска плажа во Скопје ќе биде отворена во неделаПривршуваат подготовките за отворање на првата градска плажа во Скопје. Ќе биде опремена со морски песок, палми и бесплатни лежалки. Повозрасните Скопјани ќе се потсетат на некои минати времиња, за помладите, континуирана забава со ди-џеи, бесплатен интернет и тушеви за разладување. Скопје по урнек на дел од европските градови. „Оваа плажа е наменета за сончање, наменета е за рекреација, за уживање и за одмор. Слично како што има во многу градови низ Европа, сакаме да направиме нешто во Скопје што го нема, нешто што ќе го врати стариот сјај на Скопје, а воедно да бидеме слични со оние кои имаат такви плажи“, изјави Коце Трајанов, градоначалник на Скопје. Отворањето на градската плажа е во недела напладне, со целодневна забава, а вечерта ќе настапи светски познатиот ди-џеј Дерик Меи. Влезот на плажата е бесплатен, граѓаните може да си донесат пијалак за разладување, но и не мора, бидејќи ќе бидат отворени четири шанкови. Во догледно време градските татковци планираат во близина на плажата и отворање на спортски терени. (извор А1) |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е не е истиот де. На овој мочаат и туристите од Косово Сончање на албански песок покрај Вардар |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам зошто ни е плажа кога не можеме да влеземе во Вардар Изменето од ФорумскаБаба - 23.Јуни.2010 во 15:46 |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И знае ли Коце колку милијарди фунти се потрошени за чистење на Темза и дека прочистителните станици во Европа гарантираат висок квалитет на водата.
А ова давање на плажата без надомест - убав бизнис?
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Коце знае Па нели го шетаа по Европа за да му стават со инка нови идеи за Скопје
Ама јас никаде не прочитав дека има изјавено дека Варда е Е ТОЛКУ чист за капење. Чист да, ама не толку чист Јас мислам дека го расипаа местото. Баш пред некој ден поминав(ама не од таму туку од кај амбасадата) и од горе некако не ми изгледаше убаво за око. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ја нарушија природноста на просторот.
Но бизнисот со тезги без надомест ќе цути, а нели за парите се работи.
Ќе видиме што циркус ќе ни се случува.Мислам на крај дека ќе акгажираат и избацувачи.Живи биле па виделе.
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Избацувачи? Па тогаш ќе биде некој вид дискотека на поред река Зошто е бесплатна, за да не бркаат? За тезгите
Од каде ги избраа баш овие бре При толку имиња низ градов, таму најдоа "елитата" да ја однесат Ама да..се било на...партиска основа |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...zarem seushte ima naivni vo zemjava ,..pa mislat deka toa e samo za dobroto na skopjanite?!
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па зар овие не се Скопјани...овие што ќе се опарат? |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Внеси реплика | страница <1 56789 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |