![]() |
|
ПОП ХРИСТОВ ЃОРЃИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поп Христов, Ѓорѓи – Крстоарецот (1878-1952), македонски револуционер, член и раководител во ВМРО, еден од истакнатите раководители на Битолскиот револуционерен округ; просветен и револуционерен деец и борец; член на ТМОРО и нејзин агитатор; учесник на Смилевскиот конгрес како претставник од Битола. Роден во с. Крстоар, Битолско. Се школувал во Битола и Солун. Завршил педагошки к*рс на солунската егзархиска гимназија. Бил учител во Кавадарци, Прилеп, Битола и на други места, а поставен за училишен инспектор во Леринско. Потоа како учител продолжил да работи во селото Варош, до Прилеп. Во почетокот на 1900 г. бил избран за член на Окружниот комитет на ТМОРО во Битола. Како член на Битолскиот револуционерен комитет (1900-1903), ја обавувал и секретарската дејност во месното архиерејско намесништво на самиот битолски округ. По една провала, што настанала зимата 1902 г. во Битолско, бил уапсен од турската власт, осуден на смрт, но по една година амнестиран, одлежувајќи 8-месечен затвор во Битола. По повик од Дамјан Груев станал учител во Основното училиште во Битола. Во зимата 1900-1901 учествувал во формирањето на повеќе чети во Леринско, Костурско, Демирхисарско, Крушевско, Ресенско. На 12 II 1902 г. бил уапсен и осуден на смрт. Амнестиран бил на 22 II 1903 г. Даме Груев многу ги почитувал советите на Поп Христов, сметајќи го за искусен организатор и доследен пријател. Во подготовките за Илинденското востание бил назначен како началник во Леринско. На Конгресот, Лазар Поп-Трајков (1870-1903) - познат револуционер и поет, Петар Ацев и Ѓорѓи Поп Христов биле избрани за заменици на членовите на Главниот штаб. За време на востанието Георги Поп Христов се наоѓал во првите борбени редови во Леринско. Активно делувал во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 г. учествувал како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 учествувал на Рилскиот конгрес. По Младотурската револуција од 1908 г. станал учител во Битола. Две години подоцна (1910) младотурските власти го уапсиле и го лишиле од слобода, испраќајќи го на заточение во Мала Азија, од каде во 1911 г. успеал да побегне. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија. Во 1925 г. станал член на ЦК на ВМРО. Од 1928 г. бил еден од раководителите на протогеровистичката струја на ВМРО. Во 1931 г. се повлекол од активната дејност во ВМРО. Починал 1962 г. во Софија. Бугарија. Напишал „Спомени" во кои во детали ја открил историјата од тоа време, посебно активностите на ВМРО.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |