|
Добри Даскалов |
Внеси реплика |
Автор | ||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Јуни.2010 во 03:18 |
|
Добри Даскалов (Кавадарци, 13 ноември 1882 - Кавадарци, 20 јуни 1912), македонски револуционер и војвода. Беше борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев, делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО - 1903 година, учесник во Илинденското востание - 1903 година, учесник на Прилепскиот конгрес на ТМОРО - 1904 година, на Рилскиот конгрес на ТМОРО - 1905 година, член на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство. Подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година.
Добри Даскалов ДОБРИ ДАСКАЛОВ (1882-1912) „НИЕ НЕ СЕ БОРИМЕ ЗА СЕБЕ, ТУКУ ЗА СВОЈОТ НАРОД!“ ЖИВОТ И ДЕЛО Добри Даскалов е македонски војвода од илинденскиот период, еден од водечките револуционери и предводници на македонскиот народ од Тиквешкиот крај во борбата за ослободување од долговековното турско ропство. Роден е во Кавадарци, на 13 ноември 1822 година, во свештеничко протестантско семејство, од татко Захарија и мајка Марија. Неговиот татко бил свештеник, образован, културен и прогресивен човек кој отворено ги прифаќа револуционерните идеи на македонската револуционерна организација, а неговата мајка, многу време посветила на воспитувањето на нејзините деца. Основното образование и нижа трикласна гимназија Добри завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде во учебната 1896/97 година, се запишал на протестантското Железарско училиште. Токму тамуво Самоков Добри Даскалов ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“. Во април 1901 година, со само 19 години Даскалов станува член на револуционерната чета на „Пиринскиот цар“-Јане Сандански. Зема непосредно учество во грабнувањето на мисионерката Мис Елен Стон, со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски. По налог на Организацијата, кон крајот на 1901 година Даскалов е префрлен во четата на струмичкиот војвода Христо Чернопеев. Меѓутоа, поради едно невнимание Даскалов бил уапсен од страна на турските власти и бил осуден на повеќегодишен темничен затвор, но бил ослободен со помош на силно лобирање на влијателните луѓе кај солунскиот валија. Осуден е само на шест месеци затвор. Во мај 1902 година во Софија Добри Даскалов имал многу срдечна средба со идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Оваа средба многу силно влијаела врз неговата решителност да истрае во спроведувањето на револуционерното дело. Во пролетта 1904 година, Даскалов влегува во Тиквешијата на чело на една добро опремена и обучена чета. Тој од страна на Околискиот Комитет е наименуван за тиквешки околиски војвода. Во почетокот на мај 1904 војводата Добри Даскалов како делегат од Тиквешијата, заедно со Пешо Самарџиев учествуваат на Прилепскиот подвижен конгрес на ТМОРО. Во втората половина на август 1904 година неговата чета води жестока борба против турската војска кај месноста „ Градот“ близу с. Праведник. Во јуни 1905 година Добри Даскалов учествува на Солунскиот конгрес, на кој е избран за делегат од Солунскиот округ за престојниот конгрес на Организацијата во Рилскиот манастир. На 13 јули 1905 година неговата чета води тешка борба со поголема турска војска и полицијата во селото Ресава. Во оваа жестока борба загинале двајца борци од Добревата чета, а неколкумина од нив се ранети. По повлекувањето на војската убиени се петмина селани, а селото Ресава било целотот запалено. Во август истата година здружените чети на војводите Добри Даскалов и Пешо Самарџиев водат голема борба кај месноста „ Трника“ во близина на с. Мрежичко, во која успеваат да и нанесат големи загуби на турската војска. Во август 1905 година Добри Даскалов заедно со Тодор Поп Антов како делегати од Солунскиот револуционерен округ учествуваат на општиот конгрес на ТМОРО што се одржа во конаците на Рилскиот манастир. Во текот на 1906 и 1907 година со својата чета води енергична и жестока борба за чистење на Тиквешијата и Кожуф од присуството на врховистичките чети и емисари. Откако се уверуваат дека војнички не ќе можат да го скршат и победат врховистите се обидуваат тоа да го сторат по пат на преговори. Меѓутоа, на преговорите, јасно им ставил до знаење на врховистите дека е против поделбата на Македонија и се залага за принципот Македонија на Македонците. Во 1909 година Добри Даскалов е еден од основалите на Народната Федеративна партија во Кавадарци. На основачкиот конгрес во Солун Добри даскалов е избран за член на извршниот одбор. Меѓутоа, само една година по основачкиот конгрес, кон крајот на 1910 година младотурскиот режим ја забранува работата на НФП. Само една година по убиството на прочуениот тиквешки војвода Лазо Ридов Асијата на 20 јуни 1912 година Кавадарци го потресува уште едно убиство. Имено, пред портата од неговата семејна куќа, од страна на Крсто Ристов Кимов од селото Грвавец, бил убиен долгогодишниот тиквешки околиски војвода Добри Даскалов, во моментот кога до рацете ја држел неговата девет месечна ќерка Невенка. Убиството на Добри Даскалов било извршено по налог на прилепскиот војвода Милан Ѓурлуков. Со убиството на Добри Даскалов и бил нанесен силен удар на Револуционерната организација во Тиквешијата, особено на приврзаниците на т.н. Серска група – Сандисти, какви што биле Добри Даскалов, Ило Боцев, Мишо Шкартов, Ристо Јосифов, Тодор Камчев и др. По извршеното убиство Крсто Кимов Ристов се приклучил кон четата на војводата Лазар Фертикот, но овој без размислување го исфрлил од четата, имајќи го во предвид големиот углед што Добри Даскалов го имал во Тиквешијата. „Нашата борба е борба на целиот наш народ. Таа ја расчистува темнината и носи светол сончев ден - слободата...“ „Народот се бори за своја слобода, што ја сонува со векови...“ „Ние секогаш имаме предност пред аскерот и полицијата, зашто доброволно го жртвуваме животот за слобода. Тие се платени, ним им се мили парите и животот. Тие стравуваат од смртта и се плашат од борбата. Оваа предност треба да се користи...“ „Судбината на родната земја од поодамна е горчлива и трагична, а животот на народот преполн со пеколни патила и страданија, но никогаш како сега. Излез од ова ние наоѓаме во непомирлива борба - борба со еднаква жестина, како против султанскиот тирански режим, така и против врховизмот.“ Добри Даскалов |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
СЛАВА МУ
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Горе: Стефан Чавдаров, Добри Даскалов, Мише Анчев, Иван Караджов, Димитар Запрјанов, Минче Дорев, Борис Мончев. Среда: Петар Ацев, Петар Кушев, Христо Матов, Тодор Лазаров, Тодор Александров. Долу: Стоян Мишев, Гешо Илиев, Петко Пенчев, Христо Саракинов и Георги Занков. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали Милан Ѓурлуков е од лошите чиито имена требе да се проклинат? Работите никогаж не са или црни ли бели. Во една стара тема пишеш: mungos80 Сениор Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:49 Илинденската организација во бугарија се формира од старите илинденци кој дошле во бугарија по 1918 година.официјално се формира на 26 јануари 1921 година во Софија во состав:Стојан Мишев(претседател)Александар Панов(Секретар),Стојан Пирчев(благајник),Крум Зографов,Григор Костов и Милан Ѓурлуков (советници). Нивна основна цел била грижа на македонците бегалци во бугарија,чување на архивата,знамињата,и борба за ослободување на Македонија.Нивна е и акцијата со моштите на Гоце Делчев од куќата на М.Чаков до св.Недела на 2 август 1923 година. --- Вопороси ... много вопроси. Иначе те поздрувавам за работата што jа вршиш за популаризиране на по слабо извесни герои. |
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Таен македонски револуционерен кружок Трајко Китанчев"Тајни македонски револуционерен кружок "Трајко Китанчев" е бугарска младинска револуционерна организација која постои во Самоков од 1897 до 1900 година. . Кружок е основан во 1897 година од група ученици во Самоковското железарско училиште . По шумната Винишка афера постојната во училиштето социјалистичка група се трансформирал од Гоце Делчев во македонски револуционерен кружок под силното влијание на ВМОРО . Од првичните 36 членови на органзацията само 3 се од Македонија , а останатите од слободна Бугарија. Меѓу истакнати членови Петар Јуруков , Владимир Попов , Душо Желев , Никола Дечев , Петар Самарџиев , Велко Миков , Вели Алайков , Делчо Коцев , Тимо Ангелов , Тодор Иванов , Марин Георгиев и Никола Жекова . Подоцна кон кружок се приклучија и учениците од Самоковския американски протестантски колеџ како Никола Дочев , Крум Дочев и Добри Даскалов . Кружок помага нелегалната дејност на ВМОРО - добива
револуционери, собира средства, пренесува оружје за Македонија и крие и
помага четници на ВМОРО. По откритија на властите во 1900 година сите членови на организацијата се исклучени од Железарското училиште стануваат активни дејци на ВМОРО во внатрешноста како војводи и секретари на чети.
Изменето од lav4eto - 20.Јуни.2010 во 11:03 |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоли многу револуционери се нашле и од едната и од другата страна.
Ако збораме само за едната страна тогаш нема да биди објективно затоа треба се да се каже па читателот да си изваде заклучок. Инаку фала за тоа што ја поздравуваш мојата работа,јас ќе продолжам со истражување затоа што не сакам друг да ми наметнува мислење туку самиот да видам како стоеле работите. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лавче кај тебе секогаш се каша попара работите. Друштвото викаш е бугарско,па го додаваш Гоце Делчев за одоколу да кажеш дека и тој бил бугарин,и на крајот вадиш член дека биле за обединување на бугарската нација што самиот Гоце Делчев никогаш не го рекол туку бил за АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА,стварно не разбирам каков проблем имаш. Кога ти покажвам документи каде бугарската влада крева раце од народот ти е фалсификат а кога ти вадиш вакви идиотски тези тогаш тоа е факт. ПРЕИСПИТАЈ СЕ. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |