IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Духови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Духови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 42>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 13:36
Дух од црквата во Сефтон
duh_od_crkvata_vo_sefton_mala.jpg     Црквата во местото Сефтон, во близина на Ливерпул во Англија потекнува од XII век, а изградена е да биде приватна капела на фамилијата Молинеух... Изградбата на црквата во првобитната состојба завршена е во 1170 година и до денес се сочувани неколку карпи кои се дел од оргиналното издание на црквата.

Кулата е изградена 1320 година,а црквата , во облик во кој и денес постои завршена е во во првата декада на XVI век. 

duh_od_crkvata_vo_sefton_golema.jpg Оваа фотографија е направена во црквата во септември 1999година. Двајца фотографи се единствени кои биле во црквата кога оваа фотографија била направена. Ниту еден од нив не се сеќава дека видел ниту дух ниту човек, кој може да се појави на фотографијата. Бидејќи ликот на фотографијата е во црно се претпоставува дека фигурата е дух на некој од црквените служители.

Постојат многу очевидци кои тврдат дека во пабот, кој е во непосредна близина на црквата, редовно низ долги години се појавува дух на човек со плава морнарска наметка.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 13:38
Духови од СС Ватертаун
duh_od_ss_wotertaun_mala.jpg     Приказната за духовите од ЦЦ Ватертаун, е на некој начин класика во однос на анализите за ловци на духови, не само по едноставноста на приказната, туку и по тоа што не постојат несогласувања околу фактите. Фактите се јасни, а нивните толкувања не. Во декември 1924 година , танкер за нафта СС Ватетаун, се наоѓал на својата редовна маршута , движејќи се во правец на југ низ пацифичката обала на Мексико. По истоварот на нафтата и нафтените деривати во Лос Анџелес, танкерот се упатил назад према Панамскиот Канал на својот пат према Атлантикот. По поминувањето низ Панамскиот Канал, СС Ватертаун завртувал на север во Њу Орлеанс, каде во околните рафинерии преземал нов товар на нафтени деривати , за разработената америчка економија во тоа време. Овој пат помеќу рафинеријата во Мексичкиот залив и стовариштата во Лос Ангелес станал рутина за СС Ватертаун и капетанот Кит Трејси одлично ја познавал својата работа. За жал и покрај искуството и мерките на претпазливост, секогаш постои можност за нешто непредвидливо и трагедијата го чека својот момент.
duh_od_ss_wotertaun_golema.jpg
СС Ватертаун добиле задача да го исчистат талогот кој останал во еден од танковите за бензин кој бил испразнет во Лос Анџелес. Тоа не била комплицирана работа ,но сепак претставувала многу прљава работа, а испарувањата од бензин непријатни. Тој кобен ден гасовите не само што биле иритирачки и предизвикувале гушења, туку биле смртоносни. Од високите концентрации на отровните испарувања, двајца морнари ја изгубиле свеста а потоа и животот во неможност да побараат помош. Капетанот и екипажот прилично потресени, сепак го организирале погребот според обичаите на море. Утрото на 4. Декември 1924 година капетанот и екипажот го извршиле церемонијалот – двајцата морнари биле спуштени на вечна починка во зелените водите на Пацифик. Но нивниот починок не бил за долго !!!

Веќе следниото утро екипажот на бродот бил во хаос. Првиот офицер на бродот пријавил дека пред зора, видел две лица во брановите од лева страна на бродот. Несреќните морнари се вратиле! Наскоро и другите членови на екипажот ги забележале двете лица во брановите. Нивните лица биле малку зголемени и се појавувале на врвовите на брановите, на околу 10 метри од бродот , со околу 3 метри меѓусебна раздалеченост. Биле видливи околу 10 секунди, а потоа пак се губеле во исти интервали кои екипажот ги мереле од радозналост.
Дали тоа биле духовите на несреќните морнари?

И наредните денови лицата на погинатите често можеле да се видат во водите на Пацификот. На бродот ,биле во дилема дали духовите ќе ги следат низ Панамскиот канал, но во моментот кога СС Ватертаун ги напуштил водите на Пацификот и запловил во водите на Панамскиот канал, лицата се изгубиле од видик и до крај на пловењето повеќе не се појавиле.
По доаѓање во Њу Орлеанс, капетанот Трејси поднел извештај на своите претпоставени- CITGO нафтена компанија која постои и денес, каде во детали ги информирал за смртта на морнарите и необјаснивите настани. Тој добил совет да купи фото апарат , да го носи со себе при пловидба назад за Лос Анџелес и да ги сними настаните. На патот назад , немало ни трага од духовите се додека бродот повторно не минал низ Панамскиот канал и запловил во водите на Тихиот океан.
Кога СС Ватертаун навлегол во Пацификот, екпажот повторно почнува да ги гледа лицата на загинатите морнари, не толку често и во исти интервали, но доволно да капетанот Треиси направи 6 фотографии. Кога пристигнале на пристаништето, капетанот го пратил филмот на развивање во Њу Јорк, и од шест фотографии на пет не се гледалоништо, но на шестата...

Шестата фотографија прикажувала две лица во брановите на океанот, две познати и добро формирани глави, кои пливаат во пената на брановите створени од пропелерите на бродот. Главите одлично се вклопувале во останатиот дел на фотографијата. Негативите биле испратени во Бурнс детективска агенција во Чикаго на проверка и немало никакова трага од фалсификување или модификација на филмот.

Што се однесува до несреќните морнари, нивните ликови во морето се видени и на третото патување иако со помала зачестеност. Четвртиот пат не биле видени,а на бродот бил комплетно нов екипаж, бидејќи сопственикот го сменил ,а дел од нив и отпуштил од непознати причини. Духовите највероватно не биле поврзани за бродот туку за екипажот па повеќе не биле видени.

Оваа приказна останала да се прераскажува низ следните десет години како мистерија, меѓу вработените на CITGO компанијата. Се до 1934 година. Магазинот на компанијата не ги објавил вестите за духовите на СС Ватертаун. За жал по 10 години било тешко да се пронајдат сведоците и да се влезе во трага на информации од прв ред, сепак прераскажувањата и сликата останале како сведоштво на мистериозниот настан.

Едно од вообичајните научни објаснувања е, дека екипажот на бродот страдал од стрес предизвикан со смртта на нивните пријатели, и поради таквата емоционална состојба, почнале да гледаат ликови во морските бранови. Оваа појава се нарекува ПАРЕИДОЛИЈА.
Морнарите според ова објаснување, биле фатени во мрежата на заедничка визуелна хистерија, па така во водите биле видени човечки ликови.

Овој текст денес не би постоел кога решението би било така едноставно, тоа што не може да се објасни до денес и по речиси еден век, е фотографијата која е тогаш направена.
Можеби е точно да група луѓе под дејство на таков стрес може да подлегнат на таква хистерија, а ликовите да се плод на нивната фантазија, а како е можно да такв стрес произведе фотографија?
Зарем не може доказ во облик на фотографија да се објасни како приврзаност на морнарите Џемс Кортни и Мајкал Михен на свот брод и екипажот дури и по смртта.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 16:24
Originally posted by Flix Flix напиша:

Еве една вистинита случка то ми се има случено во врска со духовите.
Имам стрико во Англија, и бев отиден кај него така на шетање 2 месеци. Тој живееше во една така не многу стара куќа. И така на почетокот се ми изгледаше нормално. И една вечер негде кај 23 часот си седам си гледам тв и отидов до кујна да си земам за пиење, се враќам телевизорот исклучен ај си реков ова струја снема сигурно, или пак прегоре некој осигурач. Ко гледам телевизорот исклучен од струја. Мене свеста ми се зеде. Си реков ова сигурно некој ме мајтапи. Потоа ми кажа стрикоми дека и него ми се случувало тоа често и дека навечер се слушало тропање викање низ куќа. А комшиите имале видено како дете мало си се шета низ куќе. Па ај за негде 3 месеци ја продадоја куќата.

Ме наежи.... скелет
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2010 во 10:24
ne veruvam...
Кон врв
маркер.з.з Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај маркер.з.з Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 17:16
" isprateno od volkswagen "
еј....ај малце кажете нешто повеќе околу ова ако знаете ...На патот од Големо Коњари до Кривогаштани имало некое си XXX место (т.е. не знам точно каде, ни како се вика) каде што наводно на порано било убиено некое девојче... викаат дека се осеќа некоја сила која влијае врз моторните возила што поминуваат тука и на патниците , во точно 24:00 часот на местото а и се појавува дух од девојче...сум чул и други муабети за ова, ама не знам точно... ако некој знае.. БУЈРУМ

moe :D
Слушај волксвагене пошто јас сум од Прилеп и често одиме на слава во Кривогаштани.Тоа ХХХ место е некаде 100 метри после селото Славеј.

Кога си идевме од слава беше некаде 11:54 часот.Стигнавме пред с.Славеј , беше 11:59 часот. Во тој момент преку патот претрча една фигура, беше слична на човек и и леташе косата.Пошто сум 7-мо одд. го прашав татко ми.Тој ми рече можеби било некоја верверичка. А времето беше ужас. Молскавици го осветлуваја небото како да е ден. Уверен бев и сум уште дека беше тоа за кое ти зборуваш.

Изменето од маркер.з.з - 11.Јуни.2010 во 17:17
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 23:20

Прекопано : 20065


ImageВи претставуваме пет случаи во кои што мртвите се обидуваат да стапат во контакт со живите.

 

 

 

 

Никој не е сосема сигурен кога човештвото почнало да верува во постоењето на духови. Веројатно најразличните погребни церемонии биле рани обиди да се одоброволат мртвите за да не се враќаат и да ги вознемируваат живите. Во продолжение ви претставуваме пет случаи во кои што според известувањата мртвите се обидуваат да стапат во контакт со живите.

 

1. Чудно уште од самиот почеток

Првиот забележан случај со духови во човечката историја бил и еден од најневообичаените. Плутарх во првиот век пр.н.е. и Плиниј во 50. година н.е. детално опишале опседнувања со  духови со целата придружна иконографија како тропања со синџири, воздишки и обвинувања за убиство. Плутарх раскажал за куќа во некоја заедница што толку ги вознемирувала соседите што тие едноставно решиле да ја срушат, но Плиниј раскажал малку подолга верзија.

Тој раскажува за некој млад ученик кој што се согласил да престојува во куќа за која се верувало дека е опседната од дух.

Момчето бил смело и решително и одбивало да се плаши од мртвите. Тој го следел духот кој тропал со синџири се додека не ја открил приказната за убиството кое било причина за појавувањето на духот. Го откопал местото каде што духот обично ги завршувал своите ноќни морничави сновења и нашол скелет обвиткан во синџири. Многумина забележуваат дека случката која ја опишал Плиниј, околностите и расплетот, се во многу нешта слични на приказните со духови од помодерно време.

Image

 

2. Кутриот тажен дух на Катерина Хауард

Некои приказни со духови се чудни бидејќи раскажуваат за трагедија која што никогаш не завршува. Некои мртви едноставно никогаш не успеваат да го најдат својот мир и како да се осудени да ги доживуваат чувствата на предавство и терор во бесконечно повторување за вечни времиња.

Крајот на Катерина Хауард започнал токму во моментот кога се чинело дека се наоѓа на светлиот почеток на нејзиниот иден среќен живот. Нејзиниот чичко и нашол место на дворот на кралот Хенри VIII од Англија како придружничка на тогашната кралица Ана Клевска. Катерина била прекрасна но слабо образована и не многу бистра девојка што било лоша комбинација за било кој кралски двор во тоа време. Таа веќе имала сексуални врски пред тоа со еден од нејзините учители и била придружничка на постар маж. Најдоброто на што се надевала е да биде забележана од некој напреден млад маж кој си барал сопруга и да се вдоми. Но за нејзина несреќа, наместо тоа таа била забележана лично од кралот на Англија.

Ана Клевска била четвртата и најнеомилена сопруга на Хенри. Бракот помеѓу нив двајца никогаш не бил среќен бидејќи за Хенри неговата кралица со германско потекло едноставно не била доволно привлечна. По се изгледа чувствата биле взаемни бидејќи Ана се плашела да не ја снајде  судбината на Ана Болејн, втората сопруга на кралот. Нејзиното семејство ја изгравирало фразата God Send me well to Keep на нејзиниот венчален прстен кое што можеби и помогнало, бидејќи токму во тој момент се појавила Катерина и Ана Клевска се спасила од опасниот брак.

Интересно совпаѓање е тоа дека Катерина била втора братучедка на Ана Болејн која што била погубена со обвинение за прељуба помеѓу другото, но со вљубувањето на кралот во младата и заводлива Катерина, семејството Болејн повторно се нашло во милост на кралот Хенри.

На Ана Клевска и било понудено поништување на бракот кое што таа го прифатила со знак на огорченост пред јавноста, но сигурно со чувство на олеснување длабоко во себе. Тоа го поплочило патот кон бракот помеѓу Хенри  и Катерина. Но ситуацијата била многу различна за младата Катерина одошто тоа било случајот со нејзината братучедка Ана Болејн. Според изворите Ана Болејн и Хенри имале долготрајна страсна врска. Но сега кралот веќе бил далеку од цветот на младоста, бил ужасо дебел и имал гнојна рана на бутот која што никогаш не зараснувала и мирисала многу лошо.

Се верува дека поништувањето на бракот помеѓу Ана Клевска и кралот се случило толку бргу поради тоа што тој се надевал дека Катерина носи негово дете, што не било веројатно. Чувствувајќи одбивност кон Хенри, и немајќи ја остроумноста на нејзината претходничка, Катерина не можела да ја воочи опасноста во која се нашла кога се сплеткала со омилениот кралски дворјанин Томас Кулперер. Требала да размисли подобро, особено поради тоа што прељубничките средби биле организирани од Лејди Рошфорд, вдовицата на Џорџ- братот на Ана Болејн.

Кога почнало да се дознава за врската на Катерина, почнале да ја уценуваат, и за да ги смири гласовите таа морала да врши услуги наоѓајќи им погодни работни места на оние кои што се заканувале дека ќе пропеат. Но тоа сепак не било доволно за да се спаси.

Катерина била обвинета, и таа била во голема заблуда кога се надевала дека љубовта на кралот кон неа и нејзината младост е доволна за да се спаси. Била обвинета за предавство и затворена во нејзините одаи. Таа успеала да им избега на стражарите и се стрчала кон капелата каде што знаела дека кралот ја слушал својата миса. Таа толку тажно и трогателно го повикувала својот сопруг што скоро секој што ја слушнал бил трогнат до сожалување. Скоро секој, но не и кралот, па така нејзе и била одземена титулата и во зимата во 1541 таа и нејзиниот љубовник биле обезглавени. Нивните глави биле закачени на шилци на Лондонскиот Мост, и нештата требало да завршат тука. Само што не завршиле.

Духот на Катерина постојано се јавувал, но не на местото на погубувањето, ниту во околината на Лондон Бриџ барајќи ја својата глава, туку како го повторува своето бегство повторно и повторно. Таа е видувана како млада жена со долга коса и многу убава и покрај ужасот во кој се нашла, како трча врискајќи кон капелата и го моли кралот за прошка и милост.

Image

 

3. Куќа изградена на место на злосторство

Изградено во 1863. година, на селото Борли како да му било пишано да биде  вознемирувано од духови. Тоа било изградено на место каде што порано се наоѓал манастир, а таквите места обично кријат мрачни тајни. Првите појавувања на духови почнале да се јавуваат околу 1900. година.

Јавноста за првпат дознала за некогашната парохија од Хари Прајс и неговата асоцијација за паранормалн истражувања кога бил повикан да го истражи случајот. Тој таму нашол голем извор на приказни за духови со кои што сакал да ја заинтересира јавноста за своите истражувања.

Според легендата на тоа место некогаш се наоѓал манастир каде што се вљубиле монах  и монахиња. Младиот пар се обидел да избега, но биле фатени. Монахот бил обесен, но многу пострашна судбина и била наменета на монахињата. Таа била соѕидана жива и оставена на изгладнување до смрт. Нејзиниот дух се појавувал често, и Прајс верувал дека душата на младата калуѓерка се обидува да стапи во контакт со некого за да ја ослободи.

Според белешките кои ги правел Хенри Прајс, таа постојано се појавувала лебдејќи наоколу. Семејството Смит кои што живееле во куќата во тоа време се жалеле дека прозорците им биле кршени, мебелот померуван и дека слушале звуци на камбани. Најпосле, поради сите тие чудни збиднувања семејството решило да си замине од парохијата. Кога семејството на пречесниот Лајонел Фојстер се вселило, морничавите случувања продолжиле и биле повикувани цели групи на ловци на духови за да го истражат случајот.

Се одржале многу сеанси на кои што се јавувал духот на млада жена кој што изјавувал дека е калуѓерката во прашање. Уште почудно било тоа кога една ноќ во 1938 духот предвидел дека местото ќе изгори таа ноќ. Не изгорело таа ноќ, ама зградата изгорела една година подоцна.

Image

 

4. Чкрапнати духови

Со сите чудни случувања за кои постојано се слуша и со сите тие луѓе кои што шетаат наоколу со фотоапарати во рацете, логично е да се појави и некоја слика со духови, како на пример следниот случај;

Во градот Shropshire во Англија постојано се јавуваат духови. Некогашнато градско собрание било изгорено до темел, но тоа не било прв пат да се случи таква трагедија во тој град. Во 1677 пожар ги уништил дрвените куќи и згради во областа кога, како што пренесуваат легендите, младата девојка по име Џејн Шарм во несреќен случај го запалила сламениот покрив со свеќа. Нејзиниот дух се јавувал на многу места во околината.

Собранието било изградено во 1905, и кога во 1995 се случил пожарот, присутните гледале со тага како гори старата историска зграда. Еден локален жител по име Тони О’ Рајли ја фотографирал случката и бил многу изненаден кога на една од фотографиите открил чудна глетка. Десно кај влезот на зградата во пламен јасно се гледа фигурата на младата девојка.

Image

 

5. Повикајте си свој сопствен дух

Доколку ви е здодевно и си немате другарче за играње, можете да си повикате некое од другата страна доколку си набавите Ouija Board- табла за повикување на духови. Оваа табла била произведена и продавана како играчка од браќата Паркер, но илјадници луѓе тврдат дека со нејзина помош навистина успеале да повикаат духови. Ако ги следите упатствата опишани на интернет, по телевизиите и во филмовите, можеби и ќе успеете и вие да видите некој дух, но сепак Мотика ве предупредува дека не секој дух е добриот дух Каспер.

Image


Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2010 во 02:24
Сеа само што го изгледавме со другарки Death of a ghost hunter и почињам да верувам во духови, јбт.
Сварно факт ап свар ти е тоа.

Иначе, незнам шо беше и како беше, мене ме престраши... пред некоја недела. Уште немам рационално објаснување за појавава... или како и да ја наречам (се ежам*).
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 15:08
дух сеуште не сум видела, ама може да се рече дека верувам во нив, поради тоа што многу често, кога си седам у собава имам чувство на некое чудно присуство, и тоа вообичаено кога сум сама во стан
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Hedonistka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Shapeshifter

Регистриран: 17.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hedonistka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 17:21
Originally posted by Charmedgirl18 Charmedgirl18 напиша:

дух сеуште не сум видела, ама може да се рече дека верувам во нив, поради тоа што многу често, кога си седам у собава имам чувство на некое чудно присуство, и тоа вообичаено кога сум сама во стан


i jas isto i osekam veterche a znam deka se e zatvoreno ili nekakov laden mlaz ili bez prichina se naezuvam ima li kaj tebe takvo neshto?
If you are reading this, get a life!
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 22:36
поретко знам да видам некои ствари како врата да се придвижи сама од себе, а се е затворено, или на пр.пред некој ден, имав оставено едно кутивче за четка во веце на полицата, и после 2 мин.слушам нешто паѓа, и кога гледам, кутивчето паднало, а јас знам дека го ставив на сигурно место...
но, освен овие работи нешто слично не сум имала одамна.едноставно се чувствувам како во песнава Rockwell-I feel like somebody`s watching me
ако знаеш анг...
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 00:04
Originally posted by Hedonistka Hedonistka напиша:

Originally posted by Charmedgirl18 Charmedgirl18 напиша:

дух сеуште не сум видела, ама може да се рече дека верувам во нив, поради тоа што многу често, кога си седам у собава имам чувство на некое чудно присуство, и тоа вообичаено кога сум сама во стан


i jas isto i osekam veterche a znam deka se e zatvoreno ili nekakov laden mlaz ili bez prichina se naezuvam ima li kaj tebe takvo neshto?

Извинете што ви се мешам у “муабет“, морам да кажам.
Го почувствував ова пред некое време... ќе биде некој толку фин да ни објасни?
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 00:10
И не ми се едитира постот, само ќе кажам дека станувам параноична (мразам параноја) поради овие работи.

Време: негде накај 3-4...
Место: кај мене во соба...
1.Се затресува завесата..
2.Се слупуваат прозорците... поточно, се слуша мавање по нив... беа затворени.
3.Ми се затресува фустанот од п.матура што е закачен на закачалка на надворешната страна на мојот плакар.

И претходно ми се имаше ужасна работа десено. Мајка ми вели сум имала луциден сон.

Плус, се има дешавано да падне пепелник од маса, да се запали/изгасне сијалицата, да ми пристуди без причина и на мене и на моите.
П.С: се ежам дур го пишувам ова, ќе биде некој повторно толку фин да ми даде РАЦИОНАЛНО објашњење на ова?
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 09:40
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

И не ми се едитира постот, само ќе кажам дека станувам параноична (мразам параноја) поради овие работи.

Време: негде накај 3-4...
Место: кај мене во соба...
1.Се затресува завесата..
2.Се слупуваат прозорците... поточно, се слуша мавање по нив... беа затворени.
3.Ми се затресува фустанот од п.матура што е закачен на закачалка на надворешната страна на мојот плакар.

И претходно ми се имаше ужасна работа десено. Мајка ми вели сум имала луциден сон.

Плус, се има дешавано да падне пепелник од маса, да се запали/изгасне сијалицата, да ми пристуди без причина и на мене и на моите.
П.С: се ежам дур го пишувам ова, ќе биде некој повторно толку фин да ми даде РАЦИОНАЛНО објашњење на ова?

дали случајно живееш во куќа или стан каде некој умрел?јас живеам во една многу висока кула, од која поради нејзината висина 2-3 луѓе се фрлиле од кровот на зградата, па би било логично да имаме духови у зграда...
а можеби, дали некој поблизок ти умрел неодамна(не дај боже!)?викаат и дека ако ти умре некој може да се поврзе неговиот дух со тебе...
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 12:04
kay... дедо ми почина пре извесно време. Пред 30тина дена.    now what?
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 42>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.