IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Народноослободителна борба на Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Народноослободителна борба на Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 39>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 16:13
А зошто станала првата химна на федерална Македонија тогаш?
Нема логика!
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 16:15
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

А зошто станала првата химна на федерална Македонија тогаш?
Нема логика!


Прочитај ги одлуките на АСНОМ и ќе го најдеш одговорот.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 16:49
Тоа што го напиша за „Изгреј зора“ не се сложува со овој текст од „Време“


ЗАБРАНЕТАТА ПЕСНА ВО МАКЕДОНИЈА
„Изгреј зора“ половина век заоѓа во заборав

Иван Блажевски

<>
Повеќе од шест децении исчезнува една заборавена химна за Македонија, која државните власти од минатиот политички систем најстрого ја забранувале. Неа ја пееле учесниците во Втората светска војна, патриотите, иселениците, дури и делегатите на Првото заседание на АСНОМ, но комунистичките власти подоцна ја прогласиле за пробугарска и целосно ја забраниле, дознава „Време“.
Песната има наслов „Изгреј зора на свободата“, а во неа се пее за слободата на Македонија.

По Втората светска војна комунистите почнале да ја сметаат за бугарофилска, зашто била напишана со бугарски и со македонски зборови, така што оние што ја пееле ги сметале за сепаратисти, бугарофили или за македонски националисти, се потсетуваат нашите соговорници, еминентни етномузиколози, историчари, поранешни политичари, политички затвореници и стари сограѓани.

Речиси сите со кои разговаравме ја паметат мелодијата и ден-денес можат да ја запеат „Изгреј зора“, но ретко кој се сеќава на целиот текст.

- Ја пеевме во војната во четириесеттите години, кога тука беа Бугарите, па и малку потоа. Беше песна за слободата на Македонија. Ја пеевме на бугарски, ама по ослободувањето ја забранија и малкумина имаа смелост да ја запеат. Низ глава ми се врти дека некои и в затвор заминаа оти ги фатиле како ја пеат - ни раскажува 81-годишната Спасенија Б. од Скопје.

Вакво кажување за песната има и нејзиниот брат, Блаже Б. (78), пензиониран лекар, кој во минатиот систем бил затворен на Голи Оток.

- Комунистите почнаа да ја сметаат за пробугарска и затоа забрануваа да се пее и да се свири. Еднаш бев во Галичник, а таму тој ден свиреа некои зурлаџии и тапанџии. Покрај нив беше еден галичанец - учител и тој побара да му ја свират, но зурлаџиите се правдаа дека не ја знаат. Тоа беа педесеттите или шеесеттите години. Галичанецот им ја свиркаше со уста, демек да им помогне да се сетат, но тие се плашеа и не му ја отсвиреа - се потсетува Блаже.

Според домашните историчари и поети, „Изгреј зора“ е адаптација на една бугарска стихотворба со наслов „Марш на македонските револуционери“, која како македонска народноослободителна песна во 1943 година ја преадаптирал мистериозно загинатиот револуционер и голем македонски поет, Кочо Рацин.

Неколку професори од Факултетот за музички уметности во Скопје велат оти денес никој не се интересира за „Изгреј зора“, иако некои од нив во минатото ја проучувале. Еден од нив е Ѓорѓи Ѓорѓиев, етномузиколог од ФМУ. Тој оценува дека песната има борбен карактер и е мелодија за војнички марш.

- Песната е со борбен карактер и претставува марш. Имала пролетерска мотивација. Постои теза дека тоа што ние го сметаме за бугарска е всушност руска мелодија, која преку Бугарија била пренесена кај нас, а во Русија дошла можеби преку Франција. Тешко е да се каже чија е оваа песна. Песните немаат сајбија - потпевнувајќи објаснува професорот.

Но, некои негови колеги нервозно одбија да разговараат на оваа тема.

- Ајде момче, да не ја компликуваме работата! Никој ништо нема да ти каже за песната - ми рече еден наш познат етномузиколог, кој сакаше да остане анонимен.

„Време“ го истражуваше случајот со забранетата песна и во архивата на Универзитетската библиотека во Скопје. По дузина прочитани историски книги, летописи и документи од времето на АСНОМ и од Втората светска војна, никаде не пронајдовме податоци за „Изгреј зора“. Единственото место каде што најдовме пишан доказ за химната беа неколку броја на весникот „Нова Македонија“ од 1944 и 1945 година. Во еден напис од 30 ноември 1944 година останало запишано: „...Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени“ и „Изгреј зора“, кој бева стојејеки изслушани“.

Во друг напис од 3 декември 1944 година од Битола, се пишува: „...Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Слободата“ и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)“.

Во една збирка од група автори, со наслов „Македонски народноослободителни песни“, од 1974 година, пак, се вели дека песната е најверојатно од источна Македонија.

Од официјалните лица во Македонската радио-телевизија, „Време“ побара увид во евентуално зачуван тонски запис од „Изгреј зора“, но оттаму ни одговорија дека во нивната обемна архива таква песна не постои. За нејзино наоѓање, ни изјавија неофицијално, се интересирал пред неколку години и еден од директорите на МТВ, кој сакал повторно да и ја претстави на јавноста, но ниту тој не успеал да ја пронајде.

„Време“ спроведе мала анкета меѓу граѓаните со единствено прашање: дали сте слушнале за македонската химна „Изгреј зора на свободата“? Од 30 граѓани, позитивно ни одговорија само двајца.

********

Изгреј зора на свободата


Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште ве освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена;
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим...

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура;
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...

Нас ништо веч не ште уплаши,
И тиј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши ;
Из тех свободни ште измрем!



********

Интонирана на Првото заседание на АСНОМ!

„Изгреј зора на слободата“ била единствената официјална химна што се интонирала пред делегатите на Првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчињски“. На втората страница во весникот „Нова Македонија“ од 2 и 3 август 1945 година пишува за првата годишнина од АСНОМ и интегрално се пренесува атмосферата во салата.

„Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громко одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието“, пишува во весникот.

Химната се пеела и пред народни собири, седници, конференции и празници.

********

МАНУ: Постоењето на песната е историски факт

„Изгреј зора“ во 1943 година Кочо Рацин ја објави како македонска химна, односно ја македонизира, зашто оригиналот беше на бугарски јазик. Се пееше до 1945 година. Беше прифатена и од македонската дијаспора, но подоцна песната ја прогласија за бугарска. Нејзиното постоење е историски факт. Така беше и тоа треба да се знае, вели Блаже Ристовски, историчар и член на МАНУ.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 16:57
Не би сакал да излегувам од темата, ама и бугарската војска ја пеела таа песна, а од друга страна, некој член чинам понуди доказ како еден Македонец е натепан затоа што ја пее таа песна. Дури ни тоа не се совпаѓа во напишаното во весникот "Време". Искрено, не знам која е целта на разговоров, ако со ова сакаш да ми докажеш дека тоа што не ја пееле песната значи дека не се чувствувале Македонци, или дека народот бил слободен, тогаш започни си анализа со сите злосторства на бугарската армија и администрација, не се само овие, не само убиството е злосторство, крадењето е истотака злосторство, палењето, тепањето, пцуењето на "мамката македонска" и друго.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 19:23
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by fiks fiks напиша:

Не бе не е точно ова,сега ќе се вклучи Каснакоски и некој од неговата дружина и ќе негира факти и документи каде се споменати жртвите по име и презиме,а повеќето од нив се фотографирани од фашистичкиот Бугарски окупатор.

Каснакоски одма ќе се вклучи и ќе ти каже дека никогаш нема да негира факти и документи, ама и никогаш нема да се согласи да шириш антибугарска пропаганда, ако и да си некаков шев на форумов.
Секоја од сликите си има историја.
Секоја треба да се проучи, да се анализира, да се види кое како било и зошто било.

Ти не излегуваш од пропагандната шема.
Тврдиш - бугарите се фашисти од тоа се разбира дека сите Бугари се фашисти)
Ако е тоа точно, значи Македонците би требало сите да се комунисти. Добро, ама што да правиме со оние кои не биле комунисти? Значи не биле Македонци или што?

Не ми се допаѓа дека много површно гледате на настаните.

Ете например од сликите погоре.
Што бара сликата на Стив Наумов таму?
Кој бил Борка Талевски?
И други и други прашања има, ама не сакате да се дискутира од историски аспект.

И зошто ја променивте темата?
Никој немаше доблес да признае дека воведот на темата од галскиот член е полн со лаги.




Птицо    викаш што бара Стив Наумов на сликите? Твоите салам ви го испрале мозокот па не знаете кој тој убил во Битола и колку души отепа додека да го убијат бугарите.
Не си ти крив така системот те научил,затоа сега си борец ПТИЦО црна.
А знаеш нешто за Коле Неделковски?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 19:42
Стив се самоубил бе Мунгосе. остај ги тие лафови со мозоците. Важното е што Македонците го предале на власта. Комунистите не биле толку сакани од луѓето, колку што сакаш да го претставиш. Соработниците со окупаторот биле многу повеќе.

Каков борец сум? Не те разбирам.

ПС за Коле Неделковски оди прашај го еден твој сограѓанин. Продава книги на улица во Битола, се претставува како Афион. Се знае за него.


Изменето од Каснакоски - 17.Јуни.2010 во 19:44
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 19:46
Слушај птицо не сум јас некој од твоите пајташи кој слепо те пратат.
Убаво прочитај за Стив Наумов како се случи тоа што се самоуби и немој да се страмиш.Прочитај во шумата што се случи.

Борец за правдина си или се откажа во меѓу време оти нешто те немаше на форумот па ми фалеше.


А за Коле?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 19:55
За борецот си некоја грешка. Тоа не сум јас. Некој ми го користи името.

А за Стив викаш „не знаете кој тој убил во Битола и колку души отепа“. Навистина не знам. Ајде кажи. Го осудиле на смрт пишуваат борците од Битола, ама не пишуваат зошто. Да не излезне некој сериен убиец, а вие да го славите?

Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 22:01
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

За борецот си некоја грешка. Тоа не сум јас. Некој ми го користи името.

А за Стив викаш „не знаете кој тој убил во Битола и колку души отепа“. Навистина не знам. Ајде кажи. Го осудиле на смрт пишуваат борците од Битола, ама не пишуваат зошто. Да не излезне некој сериен убиец, а вие да го славите?

И,што сакаш да кажеш со 'некој сериски убиец' ?!
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 00:46
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Стив се самоубил бе Мунгосе. остај ги тие лафови со мозоците. Важното е што Македонците го предале на власта. Комунистите не биле толку сакани од луѓето, колку што сакаш да го претставиш. Соработниците со окупаторот биле многу повеќе.

Каков борец сум? Не те разбирам.

ПС за Коле Неделковски оди прашај го еден твој сограѓанин. Продава книги на улица во Битола, се претставува како Афион. Се знае за него.


Како заклучи дека дека соработниците биле повеќе? Од едно предавство? А дали знаеш колку заседи имало на бугарската војска, дали знаеш колку Македонци се спасиле криени по куќите од други луѓе? Откако сето тоа ќе го дознаеш, ќе можеш да носиш такви заклучоци. А ако тоа го базираш врз основа на клиповите на youtube, тогаш доволен ми е еден клип да покажам, на кој има повеќе народ отколку сите клипови заедно. Доколку ве сакаше народот, немаше уште веднаш по доаѓањето, да има протести, па дури и штрајкови организирани од жени и деца. Во Велес не можела ниту мобилизацијата да протече како што треба. Очигледно љубовта била "огромна".

P.S. Сега се потсетив на љубовта на Македонците и од Егејска Македонија. Таа била " многу поголема", таму се вклучиле на "Охрана" дури 3000 души!

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 00:57
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

За борецот си некоја грешка. Тоа не сум јас. Некој ми го користи името.

А за Стив викаш „не знаете кој тој убил во Битола и колку души отепа“. Навистина не знам. Ајде кажи. Го осудиле на смрт пишуваат борците од Битола, ама не пишуваат зошто. Да не излезне некој сериен убиец, а вие да го славите?



Ако ти е целта да ги навредиш нашите народни херои, искрено, нема да успееш, затоа што најверојатно никој и нема да сака да ти одговори на таквите нешта.

А сериските убијци во тоа време биле сместени во полицискиот участок покрај Вардар (каде што е денешна НБРМ), на чело со недостижниот Асен Богданов, тој бил убиец и садист со тапија, врачена во 1945 година, како лидер на сериските убијци и останатите психопати во участокот, кој секако, покрај убивањето знаеле да крадат, дури тоа можеби им било и една од главните достигнувања во животот, го покажале и на дело многупати. Имале и други "квалитети" како што е добриот музички вкус во раните утрински часови, "заводништвото и уредноста" (ова посебно морав да го истакнам за да ја доловам сликата за тие), но да не навлегувам во тоа многу, а и не знам дали можам да успеам се да набројам, квалитетите се многу, нема да стигнам да ги опфатам сите, многу се.

П.С. Каков повика-таков се одзва!

Изменето од Македон - 18.Јуни.2010 во 00:58
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 08:31
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

За борецот си некоја грешка. Тоа не сум јас. Некој ми го користи името.

А за Стив викаш „не знаете кој тој убил во Битола и колку души отепа“. Навистина не знам. Ајде кажи. Го осудиле на смрт пишуваат борците од Битола, ама не пишуваат зошто. Да не излезне некој сериен убиец, а вие да го славите?


Грешка?Па тебе ти пишеше гледам си го тргнал борец за вистината,или е лага?

Во Битола имаше еден бугарски началник,голем крвник,е овој Стив Наумов го отепа него,а по некое време кога бил во планината заедно со уште еден соборец биле следени од бугарски одред,но додека да ги фатите отепа уште неколку бугари,за на крај кога му снемало оружје последната бомба да си ја активира за себе наместо да падне во бугарски раце.

Ама вие бугарите кога идите во Битола се сликате кај неговиот споменик оти незнаете кој бил тој мислите уште еден голем бугар.

Е таков херој е Стив Наумов „сериски убиец„ на бугарите,а народот го слави и величи затоа што животот сИ го даде на 22 години.

СЛАВА МУ.

Изменето од mungos80 - 18.Јуни.2010 во 08:32
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2010 во 11:43
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Ако тоа било така, ако и Темпо во своето барање бил јасен, тогаш не останувало ништо друго освен Кузман да го убијат Бугарите. Кој ги одвел нив до Гоце Делчев од Втората светска војна, е прашање околу кое и не мора да има толку многу дилеми, сеедно што има и такви што сметаат дека дури и к*ршумот не бил бугарски.

При сето тоа, останува фактот дека повеќе од 45 години Македонците беа манипулирани со еден настан чиј медал очигледно има и друга страна.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=210101041428&id=9&setIzdanie=21906

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од к*ршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол, каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан


ова го бев заборавил. Многу манипулации имало.


Изменето од Каснакоски - 23.Јуни.2010 во 11:47
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2010 во 12:00
Не знам каде беше за влегувањето во Скопје, ама ете што пишува во нашите документи.

Конно-разузнавателниот взвод на 5-ти пехотен полк на БНА брзо се придвижи напред и кон 18.30 ч. влезе во Скопје, каде констатира дека противникот држи само отделни квартали во северниот дел на градот. Взводот беше првата војскова единица што влезе во Скопје. Населението го прими со радост и му даде тржествена вечера.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.