IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - ИНДИГО деца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ИНДИГО деца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 00:00
Јака работа ова индигово.
Пред некое време гледав на ХТВ1 емисија за индиго децата...
Интересно беше што еден човек, кажуваше за случај со малечко девојче кое на своите родители можело да им ја препознае болката, им кажувало за вселената, за Бог, за неговите патувања во претходните животи... Детето имало 5год.
Во секој случај интересна работа, има мнооогу да се дискутира за ова, али ја не сум нешто премногу запознаена со темава, па да не тресам зелени, I'm out of here.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 19:53

8




 Луѓето Индиго.... тие носат исклучително богата душа, суперинтелигентни се, а нивната мисија е да бидат лидери и да им го покажат патот на другите. Се смета дека имаат мистични способности кои често не ги осознаваат и не секогаш успеваат да ги развијат. А знаете ли дека можеби вие сте еден од нив? Еве како ќе препознаете…

Се чувствувате различни

Како да не сте од овој свет. Не разбирате зошто луѓето размислуваат и се однесуваат на тој начин. Општо кажано, како да не припаѓате тука. И најверојатно е така! Луѓето Индиго имаат одредена мисија која треба да ја реализираат на одредено место. Затоа ќе треба да направите промени. Престанете да контактирате со луѓето кои ви носат немир, бидејќи во спротивно никогаш нема да најдете хармонија.

Чувствувате постојан гнев

Луѓето Индиго се многу умни и способни. Токму затоа и самодовербата им е многу висока. Тие се дразнат од глупоста и недостатокот на амбиции кај другите. Најмногу се нервираат кога нивните способности не се деоволно оценети. Имајте во предвид дека треба да го совладате тој гнев и да го трансформирате во нешто добро.

Вечно сте во опозиција

Индигото е постојано против хиерархијата. Не поднесуваат наредби и контрола. Обично стануваат лидери и ги организираат другите за да си ги заштитат правата и интересите.

Никој не може да ве излаже

Типично за луѓето Индиго е да ја намирисаат лагата од километри. Понекогаш се фаќаат за јадицата поради општествено наментнатите верувања или добрината. Но секогаш еден внатрешен глас им вели дека нешто не е во ред. Тие имаат многу силно развиена интуиција.

Вие сте навистина уникатни

Чувствувате дека сте различни и специјални. А и другите ви велат дека ретко среќаваат луѓе како вас. Освен тоа имате голема потреба за да ја изразите својата автентичност но ретко среќавате разбирање. Најдобро е да се поврзете со друг Индиго, за да има човек кој ќе ве разбере и со кој ќе споделувате.

Многу силни емоции

Знаете да сакате толку силно, што понекогаш не знаете што да правите со целата таа љубов. Обично наоѓате објект на кој да ја дадете – човек од семејството, партнер или миленик. Вие сте крајно емотивна личност и ја чувствувате болката и плачот на целиот свет.

Имате проблем со сонот

Индиго речиси никогаш не си легнуваат рано. Тие размислуваат. Дури и да немаат конкретен проблем, во свеста буквално им лутаат илјадници мисли, идеи, разигуруваат ситуации и евентуални идни настани.

Чувствувате дека не сте дошле случајно на овој свет

Внатрешно знаете дека не сте случаен човек. Дека имате некаква мисија. Чувствувате дека наблизу е денот кога јасно ќе го видите својот пат.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 20:57
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

Јака работа ова индигово.
Пред некое време гледав на ХТВ1 емисија за индиго децата...
Интересно беше што еден човек, кажуваше за случај со малечко девојче кое на своите родители можело да им ја препознае болката, им кажувало за вселената, за Бог, за неговите патувања во претходните животи... Детето имало 5год.
Во секој случај интересна работа, има мнооогу да се дискутира за ова, али ја не сум нешто премногу запознаена со темава, па да не тресам зелени, I'm out of here.

Такви деца имало секогаш, но модерново "new wave" време одново "ја открива Америка". голема насмевка

Што мислите, зошто од пред иљадници години луѓето знаеле за реинкарнација, живеење други животи во минатото, живеење на други енергетски нивоа во Универзумов и т.н. Зошто тоа е вплетено во секојдневниот живот и религии на многу народи во светов? И ако не сте знаеле, тоа беше дел и од христијанското учење до 500 години после Христа кога беше анатемисано на еден Вселенски (како импонзатно звучи тоа голема насмевка) Собор.

Така наречените индиго деца (ама етитикета им залепија голема насмевка) не почнаа да се раѓаат од вчера и денес, но ние од вчера и денес станавме РЕЦЕПТИВНИ и СВЕСНИ за нештата.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.