IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Селекција на отпад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Селекција на отпад

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Селекција на отпад
    Испратена: 30.Април.2010 во 09:52
Овој тип на искористување на отпадот е одамна запазен и се применува во сите западни земји од ЕУ, УСА, КАНАДА, Австралија и делумно во Азија...
Само кај нас е жална сликата кога поминува камионот што го собира домашниот отпад.... Тече на сите страни, одвратни мириси.. посебно летно време на жежок асфалт кога ќе истече...
Јас се прашувам и тоа многу одамна...
Овој тип на собирање на отпадот е одамна развиен на запад.
Значи компаниите се приватни кои што го собираат отпадот, сите имаат свои депонии каде што однапред селектираниот отпад се депонира, а од таму одредени типови на отпад оди на рециклирање. Зарем е толку тешко да се донесе таков закон кај нас... да се едуцира населението дека треба отпадот да се селектира, и како таков да се одложи за собирање на надлежните компании, кои потоа, ќе го остават во депониите кои ќе имаат преработувачки капацитет... со тоа ќе се намали обемот и просторот на самите депонии.. одредени типови на отпад кои се тешко разградливи ќе се рециклираат, и ќе остане само органскиот тип на отпад, кој пак лесно се разградува, и многу брзо се распаѓа, а при тоа ослободува голема количина на метан, кој пак може да се искористи за електрична енергија на преработувачките капацитети на самата депонија....
Овој систем одлично функционира насекаде на запад, зошто не би функционирал и кај нас...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 10:03

Имаше една акција пред едно 10 години во која некоја си невладина организација киниса со ваков план за селекција и распределување на отпадот во посебни канти кои имаа натписи СТАКЛО,ХАРТИЈА и слично.

Траеше тоа околу еден месец се додека околните жители не ги собраа пластичните канти и ги наместија во своите дворови.
 
Се е до свеста на луѓето во однос на Екологијата и заштитата на ѓивотната средина.
Доколку не постои свесноста џабе е било каква акција и едукација на народот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 10:08
Моментално се отвораат приватни компании кај нас, кои треба да се занимаваат токму со оваа проблематика или поточно waste managment. Сега за сега тие компании се сеуште на хартија или само со елаборат за нивните планови, и чекаат одлука од владата за распределба на државно земјиште за иградба на капацитети за рециклирање на отпадот и складирање на отпадот што неможе да се рециклира... А исто така започнуваат и процеси за едукација на населението и донесување на закон за комунална хигиена за селекција на отпадот од страна на сите физички и правни лица во државава...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 17:28
Во земјата јас каде што зивеам, ова е организирано од локалните власти Комунална хигиена и заштита на околина т.е општината е одговорна за прибирање и селектирање на отпадот.
Од тука натака незнам како работат, но, битно е дека секој граѓанин му се доделени по минимум 2 големи канти за општо ѓубре и пластика и стакло или хартија, зависи од општината. Некаде се доделуваат и канти за градинарски отпад, за трева и сл.  Во добро развиените центри за рециклирање постојат секции за старо зелезо, компјутерски и телевизорски монитори, батерии, пластика тип 1 и 2, проѕирно стакло, зелено стакло, стар мебел и душеци, градезен шут и отпадни материјали итн. Просто да ти е мерак да отидеш да се ослободиш од ѓубретотрепкање
Секако дека има и голем број на приватни компании кои се бават со прибирање и рециклирање но ова мозе и успешно да функционира со дрзавни средства.
Но, за ова успешно да функционира пресудна е еколошката свест кај граѓаните. Треба сите да научат каде и како треба да се однесуваат со ѓубрето.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 19:52
Така е Глен,само еколошка свест треба да постои.
Кога одам в село и шетам во околните шуми со себе во ранец носам обавезно кеси за ѓубре.
Комшијата ме правеше будала што сум го собирал ѓубрето од шумата и носел дома а исто и своето кое тамо го правиме од храна и било што.

Кога му реков да пресмета колку пати сме дојдени на пикник тука и колку ѓубре сме собрале благодарејќи на мене и колку ќе оставевме наше ѓубре се замисли и призна дека сум во право.

Ден денес носи кеса со него било каде кога шета низ планините и оди на рекреација.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 14:20
Да ве прашам нешто
Имаше пред некое време на ТВ една кратка емисија за некој град (не сум сигурна каде точно - Холандија или некаде натаму). Тоа е плански изграден мал град и низ градот има поставено цефки и пречистителни станици. Така без да излезеш од дома, отпадот го селектираш и го фрлаш на посебно означеното место. Дури и водата од бањите се преработува и се користи за други цели.


Ме интересира дали некој знае како се вика градотзбунетостзагриженост
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 18:58
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

Да ве прашам нешто
Имаше пред некое време на ТВ една кратка емисија за некој град (не сум сигурна каде точно - Холандија или некаде натаму). Тоа е плански изграден мал град и низ градот има поставено цефки и пречистителни станици. Така без да излезеш од дома, отпадот го селектираш и го фрлаш на посебно означеното место. Дури и водата од бањите се преработува и се користи за други цели.


Ме интересира дали некој знае како се вика градотзбунетостзагриженост

јас исто како тебе .....кога нешто не знаев или не ми беше јасно прашував......и секогаш добивав одговор.......,, Гуглирај ма,,
и од тогаш само гуглирам ако нешто не ми е јасно...хаххаах!!
ете сега за тебе малку изгуглирав......да не е оваа таа информација што ја сакаш??
Ветерниците покрај селото Киндердајк се една од најстарите структури за управување со водата во Холандија. Оваа област е на листата на светското наследсво на УНЕСКО. Изградени околу 1740 година, 19-те ветерници се зачувани до денес, а имале улога да ја испумпуваат водата од каналите кои се наоѓаат по ниво на морето во резервоари, по што таа истекува во реката Лек. Денес, тие се заменети со современи пумпни станици со капацитет од 1.500 кубни метри во минута.
Пречистителната станица за урбани отпадни води, Кралингсевеер, е наменета за опслужување на потребите на домаќинствата и деловните објекти во северниот дел на Ротердам и околните населби (360.000 жители). Се работи за современ тип пречистителна станица, составена од вкупно 31 посебни постројки, во кои со неколку различни технолошки процеси се прочистуваат отпадните води и ослободените гасови.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 01:15
bijonse1   Знаев дека ќе најдам, ама многу ме измачи...
Фала за тоа што се потруди да побараш, ама не е тоа за кое што зборев ....
Еве....

-Hammarby Sjöstad, јужно предградие на шведскиот главен град Стокхолм, сместено покрај езерото Hammarby Sjö, некогаш било рурално подрачје, сосема запуштено, на кое се фрлал отпад, дури и оној најопасниот. Денес Hammarby Sjöstad е најголемо градилиште во Шведска: полека никнува град од 22.000 жители- со веќе вселени 2.500 станови- од темел изграден врз начелото на одржливост и екоопкружување. Барањата за заштита на околината се применети на градбите, техничките состави во нив, но и на сообраќајните решенија.

Моделот на градот заеднички го развиле стокхолмски комунални компании. Според една од ставките на договорот потпишан со градските власти, Hammarby Sjöstad е граден исклучиво од материјали нештетни за природата и човекот- дрво, стакло, челик... Со истиот тој договор пластиката е исклучена, особено кога се во прашање водоводните цевки. Зградите не се големи, со многу стаклени површини (поради примање на поголеми количества на светлина), доволно оддалечени една од друга за да не се "туркаат"...Инсталирани се подземни цевки за вакуумско собирање на комунален отпад; електричната енергија, како и енергијата за греење и ладење, се добиваат со преработка на отпадните води и горење на отпадот, а дел и од сончевата енергија; во домаќинствата се инсталирани електрични уреди само од А-класа, значи оние кои максимално штедат вода и енергија...

Квартот е изграден така што само главните улици се авто-сообраќајници, сите останати се наменети за пешаци. Просекот од 3 автомобили по стан во Стокхолм, во Hammarby Sjöstad е намален на 0,7 автомобили, а се развива концептот на делење на еден автомобил, што сега го користат десетина насто од жителите на овој дел од градот. 72% користат јавен превоз, а останатите имаат сопствени автомобили.

Стан во Hammarby Sjöstad никако не е евтин- цените се движат од 3.000 до 4.500 евра по квадратен метар, но неговите жители велат дека повеќекратно се исплати!

Интернет страна
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 08:35
За спроведување на еколошки акции па и еколошко живеење потребни се еколошки едуцирани граѓани, а и социјализирани, кај нас за жал ниту едното ниду другото...Научени сме само на стап и сила...сршено%20срце
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.