IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 23:57
Апсолутно се согласувам со Диоген да, тоа е она што и јас го зборувам: луѓе и генерации наназад гинеле за тоа име. Зарем нашава сегашна генерација се најде за најпаметна, со еден потег да избрише цела македонска историја, да ја преименува, да ја пушти во европска WC-шолја?!

Еееј, луѓе гинеле, животи се давале за оваа држава и за ова име, а ние тука зборуваме за грст евра, за ниски плати, за секојдневни тривијалности... Луѓето немале ни сол да се насолат, па сепак умирале ама чесни и достоинствени!

Ги пишував и уште ќе ги пишувам моите ставови на темата, но сакам да постирам некои колумни и ставови од интелектуалци, политичари или обични луѓе кои сметам дека вреди да се прочитаат.
Дел од една колумна токму со еден таков пример:

 Се' уште ни продаваат рицинус за прочистување

Какви било дебати и спорења за промена на името на македонската држава по никоја цена не смеат да ги доведат во прашање нејзините идентитетски белези. Без нив, независно како ќе се нарекува, таа ќе добие карактер на измислена и вештачка политичка творба

Пред 64 години, во близина на селото Кронцелево, Воденско, во вооружен судир со монархистичките владини сили беше заробена група македонски и грчки партизани. Меѓу нив и прославената хероина Мирка Гинова, во грчката јавност позната како Ирини Гинис.

Претходно, како борец на антифашистичката ослободителна војска (ЕЛАС), таа покажа исклучителна храброст во неколку битки против германските и бугарските фашистички окупаторски сили, за што беше славена низ цела Грција. Кога почна Граѓанската војна, Мирка се вклучи во редовите на Демократската армија, во чиј состав се бореше и македонскиот партизански баталјон од Воденско, во кој таа заземаше една од раководните должности. Откривајќи дека во нивните раце се наоѓа легендарната Ирини, монархистичката власт спроведе невидени мачења врз неа, со цел да се застраши македонското население кое масовно го поддржуваше демократското движење и борба. Со пресуда на Високиот воен суд во Ениџе Вардар таа беше осудена на смрт со стрелање. Тоа беше прва пресуда од таков вид во Грција, која што предизвика реакции и протести во грчката и меѓународната демократска јавност.

Под таков притисок, монархистичката власт на осудената Гинова и понуди амнестија, под единствен услов: да се откаже од својата национална припадност и јавно да се декларира како Гркинка. Мирка ја одби милоста со зборовите: „Јас сум Македонка и како таква ќе умрам!“

Во зората на 26 јули 1946 година, таа беше егзекутирана. Имаше само 28 години.

Многубројни се примерите со имиња на македонски херои што ги жртвувале своите животи за слободата на својот народ и во одбрана на македонското име. Сите тие можеле едноставно да се откажат од својот род, јазик, обичаи и да прифатат други национални припадности, како главен услов што им бил поставуван за да станат рамноправни граѓани во државите што владееле со нивната земја. Било потребно само да изјават и да се декларираат како Грци, Бугари или Срби па, да бидат поштедени од било какви прогони и дискриминации, уживајќи ги благодатите на мирен и спокоен живот што им го ветувале новите властодршци.

Зошто се прифаќало саможртвувањето наместо самооткажувањето од себе си, како цена за удобниот живот и иднина што можеле да ги имат?

Што била причината стотина илјади Македонци од Егејска Македонија да ги напуштат своите родни места, своите куќи и имоти, да ги запустат своите семејства, да фатат џенем по европските и светските беспаќа, без можност за поврат во прадедовските краишта?

Зарем било толку срамно и понизно да се одбере припадноста на еден народ, со таква славна историја и култура, каков што бил грчкиот? Да се биде Грк по националност и да се уживаат сите права што грчката држава им ги обезбедувала на своите граѓани?

Но, нивниот одговор бил категоричен: Ние не сме Грци и не сакаме да се китиме со туѓи пердуви. Си имаме свој мајчин јазик, обичаи, култура, историја. Сакаме да бидеме тоа што сме-Македонци и ништо повеќе!




Изменето од Анастеа - 13.Јуни.2010 во 02:57
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 03:44
Originally posted by marsovec marsovec напиша:


Zboruvam za podobruvawe na svesta .Zatoa i se voveduva -vo nastava- etikata.Jasno deka edukacijata e spora,zatoa i sme najdolu vo Evropa - skoro na site polinja.



Прости Марсовец, ама темата е околу преговорите за името, а не за свеста. Зборуваме за подобрувањето на политчко-економската состојба во Македонија и ги анализираме аргументите што протагонитите за компромис ги пласираат.

Наводнао со прифаќањето на уцените, проблемите со соседите ќе се решеле, непречено ќе сме станеле членки на ЕЗ и НАТО, а македонскиот народ ќе доживеел целокупен препород.

Значи за да се делува благопријатно на свеста како што ти зборуваш, треба да се промени пред се политчкиот систем, па економскиот, па вредносниот, а во текот на промените да се создаваат услови каде тие људски пориви ќе бидат осудувани од народот и општеството воопшто.

Јас те прашав кој е твојот предлог за тоа како треба да се решат проблемите на македонското општество, политчки, економски, па и морални?

Дали промената на името е солуција за нашите проблеми?

Заборави го ВМРО, СДСМ издигни се над политчките борби. Биди критизерски настроен, но приота биди и конструктивен. Критицизмот само по себе е деструктивен, ако не е пропратен со конкретни предлози и решенија.

Знаеме дека сите краделе и се збогатувале (не сум убеден во тоа сите), но истотак знам дека ситуацијата е променлива, па повели дај ми шанса за јас како граѓанин да можам да ја проценам издржаноста на твојот предлог и идеи.


   
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 04:01
Еве од мене еден предлог (мој непроменет став од почетокот на преговорите па до денес): да се вратиме на двојната формула и да ја зацементираме како црвена линија под која Македонија не може да оди.
Ако има право да некој зборува за црвени линии, тоа сме ние. Од нас се бара да го смениме името не од Грција, па уште и со црвени линии да уценува.

Уставното име да не се чепка, во меѓународните организации и билатерални контакти сме Република Македонија, а Грција може да не вика како сака (може и Дизниленд ако им одговара).

Грците имаат проблем со нашето име и променетото име треба да важи само за нив. Нема логика грчкиот проблем со нашето име да се наметнува врз односите со цел свет.

Според мене, двојната формула е единственото решение на кое треба да инсистираме.

Е сега Грците тоа го одбија уште одамна. Не им одговарала двојната формула.
А зошто?
Грците сами си кажуваат зошто, ама ние се правиме глуви на едно уво:


Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Бакојани


 “...ниедна грчка влада не може да прифати постоење на т.н. македонски етнос, идентитет и јазик. Тоа всушност беше и духот на ветото на Самитот на НАТО во Бук*решт“!



Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 07:33
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:


Zboruvam za podobruvawe na svesta .Zatoa i se voveduva -vo nastava- etikata.Jasno deka edukacijata e spora,zatoa i sme najdolu vo Evropa - skoro na site polinja.



Прости Марсовец, ама темата е околу преговорите за името, а не за свеста. Зборуваме за подобрувањето на политчко-економската состојба во Македонија и ги анализираме аргументите што протагонитите за компромис ги пласираат.

Наводнао со прифаќањето на уцените, проблемите со соседите ќе се решеле, непречено ќе сме станеле членки на ЕЗ и НАТО, а македонскиот народ ќе доживеел целокупен препород.

Значи за да се делува благопријатно на свеста како што ти зборуваш, треба да се промени пред се политчкиот систем, па економскиот, па вредносниот, а во текот на промените да се создаваат услови каде тие људски пориви ќе бидат осудувани од народот и општеството воопшто.

Јас те прашав кој е твојот предлог за тоа како треба да се решат проблемите на македонското општество, политчки, економски, па и морални?

Дали промената на името е солуција за нашите проблеми?

Заборави го ВМРО, СДСМ издигни се над политчките борби. Биди критизерски настроен, но приота биди и конструктивен. Критицизмот само по себе е деструктивен, ако не е пропратен со конкретни предлози и решенија.

Знаеме дека сите краделе и се збогатувале (не сум убеден во тоа сите), но истотак знам дека ситуацијата е променлива, па повели дај ми шанса за јас како граѓанин да можам да ја проценам издржаноста на твојот предлог и идеи.


   


Јас знам само едно.Кога би биле држава со сите вредности на една модерна држава, без организиран криминал,поделби однатре и партизација, не влегувањето во ЕУ и НАТО мошне малку би го осетиле.Поделбата може да допринесе до огромни проблеми, затоа ни требе обединувач на народот ( мислам и на етничките заедници), а не раздвојувач, инаку добро не ни се пишува.За ова е потребна воља и ЧЕСНОСТ.Затоа пишувам за етике,морал,свест и совест....
Ако ја има кај политичарите...пред се на овие на власт а потоа и на сите останати.
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Fleksii Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 44
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Fleksii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 09:35
Abe kakvi pregovori luge sto vie.
Zar Nie Makedoncite sme pregovarale so turcite koa ne nareduvale da se poturcime ili da si ja smenime verata
Togas ja zemale puskata i ginele po planinite za Makedonija

Sto ne pregovaraa albancite vo 2001 za oni da se smenat da ne bidat nasilni da svercuvaat oruzje i droga. barale covekovi prava fakulteti koi sto gi imaa da bide dvonacionalna drzava Makedonija, Sto ne se smeneja oni TUKU ZEMAA PUSKI vo racete

Evropa ima dvojni standardi so dvojni arshini kako i odgovara taka pravi za edna e makea za drugi majka

Evropa nema MORAL i ETIKA nitu AMERIKA sto zborite be
da imaa MORAL i ETIKA ke unistea li tolku narodi Vo Severna i Juzna amerika, Ke palea li luge i Gorea na klada zatoa sto bile ponapred so vremeto.

ZATOA Ne Zborete deka EVROPA bila pismena i deka imala MORAL i ETIKA

ZA MAKEDONIJA AKO TREBA I KE SE UMRE
Кон врв
IggyK Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IggyK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 11:49
Сценарио Бр. 1

Македонија не влегува во НАТО и ЕУ. Нови избори се на подвиг во брзо време. ВМРО повторно победува. До неколку години државата е на пат кон 2 работи
1. федерализација (во случај на политички преговори)
или
2. поделба (во случај на поагресивно одвивање на настаните)

"новата" Македонија ќе биде со околу 90 % етнички Македонци. Малку е поголема од 15,000 м/кв. Населението е нешто помалку од 1,500 000. Нема да е членка на НАТО и ЕУ и нема да преговара со Грција за промена на своето име. Околу 20 % од населението од потрага по парче леб, некои и од гнев ќе поседуваат повеќето бугарски, дел српски и хрватски пасоши со кои им е отворен пазарот на трудот во сите земји членки. Се повеќе млади луѓе ќе се иселуваат поради поствоената пропадната економија и просечна плата од околу 200 евра* (дискутабилно околу висината на платата во ова сценарио). Ќе има помалку невработеност и ќе има голема опасност да добие комплекс од поделеноста и да троши милионски суми за Македонците во "окупираните" територии со што пак би ја прокоцкала шансата за економски да се развие.

Образложение: И двете групи се во право. И едните кои не сакаат вековното име да им се менува. И другите кои не сакаат да трпат штета на сопствениот развиток за сметка на другиве.


Сценарио Бр. 2

Република Северна Македонија е членка на ЕУ и НАТО. Во неа живеат Македонци и други народи (Во Грција се надополнува северномакедонци, ЕУ и НАТО Macedonian-Republic of North Macedonia). Република Северна Македонија е рамноправна со сите европски држави, населението се развива економски и културно во тек со останатите европски држави. Предизвикот на државата е како некогаш (во 90-тите) да парира и да е една од најпросперитетните во регионов. Економски е зајакната бидејќи е на правиот пат а за тоа помогнал вистинскиот инвестициски бум.
Граѓанското општество е со поголема свест и сплотеност. Функционира и се чувствува духот на правната држава.
Вие сте возрасни граѓани сепак ве интересираат цифри. Платите се барем 2 пати поголеми од сегашните во првите години на зачленувањето со потенцијал да растат. Невработеноста е барем 2 пати помала од сегашноста. Република Северна Македонија не е рај за живеење но е далеку поголем рај од Сценарио бр. 1. Луѓето се горди од постигнатото СЕГА и ОВДЕ и не живеат на стара слава како во Сценарио бр. 1. Државата е просперитетна и со европската парична помош докажува што се може да постигне.

Јас избрав сценарио.
Повелете, Вие сте на ред!

Изменето од IggyK - 13.Јуни.2010 во 12:03
Помогнете и` на македонската википедија!
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 12:40
Originally posted by IggyK IggyK напиша:

Сценарио Бр. 1

Македонија не влегува во НАТО и ЕУ. Нови избори се на подвиг во брзо време. ВМРО повторно победува. До неколку години државата е на пат кон 2 работи
1. федерализација (во случај на политички преговори)
или
2. поделба (во случај на поагресивно одвивање на настаните)

"новата" Македонија ќе биде со околу 90 % етнички Македонци. Малку е поголема од 15,000 м/кв. Населението е нешто помалку од 1,500 000. Нема да е членка на НАТО и ЕУ и нема да преговара со Грција за промена на своето име. Околу 20 % од населението од потрага по парче леб, некои и од гнев ќе поседуваат повеќето бугарски, дел српски и хрватски пасоши со кои им е отворен пазарот на трудот во сите земји членки. Се повеќе млади луѓе ќе се иселуваат поради поствоената пропадната економија и просечна плата од околу 200 евра* (дискутабилно околу висината на платата во ова сценарио). Ќе има помалку невработеност и ќе има голема опасност да добие комплекс од поделеноста и да троши милионски суми за Македонците во "окупираните" територии со што пак би ја прокоцкала шансата за економски да се развие.

Образложение: И двете групи се во право. И едните кои не сакаат вековното име да им се менува. И другите кои не сакаат да трпат штета на сопствениот развиток за сметка на другиве.


Сценарио Бр. 2

Република Северна Македонија е членка на ЕУ и НАТО. Во неа живеат Македонци и други народи (Во Грција се надополнува северномакедонци, ЕУ и НАТО Macedonian-Republic of North Macedonia). Република Северна Македонија е рамноправна со сите европски држави, населението се развива економски и културно во тек со останатите европски држави. Предизвикот на државата е како некогаш (во 90-тите) да парира и да е една од најпросперитетните во регионов. Економски е зајакната бидејќи е на правиот пат а за тоа помогнал вистинскиот инвестициски бум.
Граѓанското општество е со поголема свест и сплотеност. Функционира и се чувствува духот на правната држава.
Вие сте возрасни граѓани сепак ве интересираат цифри. Платите се барем 2 пати поголеми од сегашните во првите години на зачленувањето со потенцијал да растат. Невработеноста е барем 2 пати помала од сегашноста. Република Северна Македонија не е рај за живеење но е далеку поголем рај од Сценарио бр. 1. Луѓето се горди од постигнатото СЕГА и ОВДЕ и не живеат на стара слава како во Сценарио бр. 1. Државата е просперитетна и со европската парична помош докажува што се може да постигне.

Јас избрав сценарио.
Повелете, Вие сте на ред!


А она ако треба ЌЕ СЕ УМРЕ. На темата за морал,ртика , совесност и др. некои велеа - овде е нормалнои лева рака десни џеп?, па не ми е јасно со ова....квалификацииве...некој не дава пари...т.е. одобрува криминал....демек нормално било?....она крадењето....некој ќе умирал????...но сеуште не ми е јасно за што ...и што и се нуди на нашата држава.
Да не ни се нуди избор на режимот на Енвер Оџа под покровителство на божемниве патриоти?
Или некоја работа ала Пиноче, Мусолинче ( другаро на Ванчето...), фиреро или...Ова партизацијава и агресивноста на ставовите на една група поттикната од партијата ...не ми е јасно дали на нив им е јасно...Тоа прво би сакал да го знам.Затоа што ако е некој чесен и со чесни намери ќе излезе пред народот ќе го изнесе своето мислење, предлогот за обединување на народот и терај понатаму...Ова нешто ми смрди...и тоа многу....Што ќе да е .... и каде ...е ....трулежот...?
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 13:36
Сценаријата можеби ти се точни, но не сум убеден за резултатот од истите.

Изменето од Platenik - 13.Јуни.2010 во 13:37
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
bobiii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bobiii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 14:03
Originally posted by IggyK IggyK напиша:

Сценарио Бр. 1
Македонија не влегува во НАТО и ЕУ.Нови избори се на подвиг во брзо време. ВМРО повторно победува.До неколку години државата е на пат кон 2 работи
1. федерализација (во случај на политички преговори)
или
2. поделба (во случај на поагресивно одвивање на настаните)

"новата" Македонија ќе биде со околу 90 % етнички Македонци. Малку е поголема од 15,000 м/кв. Населението е нешто помалку од 1,500 000. Нема да е членка на НАТО и ЕУ и нема да преговара со Грција за промена на своето име. Околу 20 % од населението од потрага по парче леб, некои и од гнев ќе поседуваат повеќето бугарски, дел српски и хрватски пасоши со кои им е отворен пазарот на трудот во сите земји членки. Се повеќе млади луѓе ќе се иселуваат поради поствоената пропадната економија и просечна плата од околу 200 евра* (дискутабилно околу висината на платата во ова сценарио). Ќе има помалку невработеност и ќе има голема опасност да добие комплекс од поделеноста и да троши милионски суми за Македонците во "окупираните" територии со што пак би ја прокоцкала шансата за економски да се развие.

Образложение: И двете групи се во право. И едните кои не сакаат вековното име да им се менува. И другите кои не сакаат да трпат штета на сопствениот развиток за сметка на другиве.


Сценарио Бр. 2

Република Северна Македонија е членка на ЕУ и НАТО. Во неа живеат Македонци и други народи (Во Грција се надополнува северномакедонци, ЕУ и НАТО Macedonian-Republic of North Macedonia). Република Северна Македонија е рамноправна со сите европски држави, населението се развива економски и културно во тек со останатите европски држави. Предизвикот на државата е како некогаш (во 90-тите) да парира и да е една од најпросперитетните во регионов. Економски е зајакната бидејќи е на правиот пат а за тоа помогнал вистинскиот инвестициски бум.
Граѓанското општество е со поголема свест и сплотеност. Функционира и се чувствува духот на правната држава.
Вие сте возрасни граѓани сепак ве интересираат цифри. Платите се барем 2 пати поголеми од сегашните во првите години на зачленувањето со потенцијал да растат. Невработеноста е барем 2 пати помала од сегашноста. Република Северна Македонија не е рај за живеење но е далеку поголем рај од Сценарио бр. 1. Луѓето се горди од постигнатото СЕГА и ОВДЕ и не живеат на стара слава како во Сценарио бр. 1. Државата е просперитетна и со европската парична помош докажува што се може да постигне.

Јас избрав сценарио.
Повелете, Вие сте на ред!


Во сценарио број 1:
-За каква "федерализација" и "поделба" зборуваш ??
Јас мислам дека си далеку од вистината,тоа повеќе важи за сценариото број 2,каде што со промена на уставното име-Уставот на РМ повеќе не важи,сите договорни акти немаат важност...рамковниот договор паѓа во вода-бидејќи албанците го потпишаа со РМ,а не со некоја Република Северна Македонија!Па така тогаш би се играло на карта при евентуална промена на името донесување нов федерален устав(притиснати од Албанија со можност од Вето при влез во НАТО).Значи не ќе да е сменете го името и одма уште во истата минута НАТО ја прима оваа држава,туку ќе се појави нова незадоволна страна-Албанија која како членка ќе истапи со ново барање да направи Македонија!!!

Во сценарио број 2:

првен види овде

Правиш тежок превид и манипулација....во ова сценарио не постојат повеќе овде "македонци и други народи" a во Грција "северномакедонци" туку сосема поинаку.
Јазикот е "makedonski language"-значи без англиска транскрипција...а придавката за народот никогаш не би била "macedonians"....туку некоја изведена форма како "makedonski people"!!!
Кај нас иако е "македонски"(на кирилица),a кај Грците "μακεδονικι" во светската транскрипција останува "macedonian" како ексклузивно право на грција!
Значи комплетно преименување и промена на етникумот на еден народ...односно создавање на вештачка нација во 2010,тогаш ќе бидеме втори во регионот после Босна и Херцеговина создадени како апсолутно вештачка нација,со "подготовки" за создавање на државата кои траат 20години...!
Меѓу другото,на меѓународен глобален план,во светската историја се губи правото на идентификација и наследство на било што,што се случувало пред 1990година...каде ќе биде одбележано дека Republic of North Macedonia настанува како почетна форма во 1991(пази не 1944 АСНОМ),а претходно на територијата на оваа држава живееле исклучиво југословени без национален идентитет како македонци!!!

И јас избрав сценарио-сценарио 1 што во голема мера не е такво како што ви го прикажа претходниот форумџија,бидејќи не се согласувам мојот народ да биде "makedonski people" кој зборува "makedonski language" како што бара идеологот на грчката дипломатија Кофос,а истовремено и несакам да бидам северномакедонец како што моментално е понудено од Нимиц!!!

Од референца придавка за народ и јазик не се извлекува(пр.fyromians,fyromian language),но од конечно име-ДА!!!

Изменето од bobiii - 13.Јуни.2010 во 14:10
Кон врв
Maznik Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 03.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 72
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maznik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 14:13

И Јуда го предал Исус Христос за грст сребреници (значи пари).

Имало, има и ке има низ земјата Македонска - туѓи фарисеи.

Насекаде во светот за оние кои се` би направиле за пари па дури и себеси би се продале, има едно вулгарно име, но и простор за покајание, (но) пред Бог, (ние луѓето простуваме долгови не гревови).

На денешен ден 1943.- Во месноста Лопушник, Кичевско, во близина на партизанската печатница, загина (под сеуште недоволно разјаснети околности) Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература.
ВЕЧНА МУ СЛАВА !

Би ја употребил тука и мислата што еден член на форумов ја користи  =

,,СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА,,

Ке го истрпи Македонскиот народ и овој неразумен
ПРИТИСОК КОЈ ПОРАДИ НЕРАЗУМНОСТА Е ПРАВОПРОПОРЦИОНАЛЕН СО ИНАЕТОТ ,,,,

,, БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЖИТЕЛИ ,,


П.С. Во целост се согласувам со последниот пост на
...bobii





Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 11:44
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 14:38
Originally posted by Maznik Maznik напиша:


И Јуда го предал Исус Христос за грст сребреници (значи пари).

Имало, има и ке има низ земјата Македонска - туѓи фарисеи.

Насекаде во светот за оние кои се` би направиле за пари па дури и себеси би се продале, има едно вулгарно име, но и простор за покајание, (но) пред Бог, (ние луѓето простуваме долгови не гревови).

На денешен ден 1943.- Во месноста Лопушник, Кичевско, во близина на партизанската печатница, загина (под сеуште недоволно разјаснети околности) Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература.
ВЕЧНА МУ СЛАВА !

Би ја употребил тука и мислата што еден член на форумов ја користи =

,,СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА,,

Ке го истрпи Македонскиот народ и овој неразумен
ПРИТИСОК КОЈ ПОРАДИ НЕРАЗУМНОСТА Е ПРАВОПРОПОРЦИОНАЛЕН СО ИНАЕТОТ ,,,,

,, БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЖИТЕЛИ ,,


П.С. Во целост се согласувам со последниот пост на
...bobii




Колку сум подолго на форумов се повеќе сум убеден во тоа.

Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 11:45
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Maznik Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 03.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 72
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maznik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 22:52


Nash*te podrzhuvachi i strateshki partneri :

www.state.gov/documents/organization/138927.pdf


Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 11:40
Originally posted by bobiii bobiii напиша:

И јас избрав сценарио-сценарио 1 што во голема мера не е такво како што ви го прикажа претходниот форумџија,бидејќи не се согласувам мојот народ да биде "makedonski people" кој зборува "makedonski language" како што бара идеологот на грчката дипломатија Кофос,а истовремено и несакам да бидам северномакедонец како што моментално е понудено од Нимиц!!!

Од референца придавка за народ и јазик не се извлекува(пр.fyromians,fyromian language),но од конечно име-ДА!!!


Претпоставувам дека твојот заклучок дека ќе не викаат "makedonski people" кој зборува "makedonski language" го заклучуваш од опцијата да се регистрираме во ОН како "Republic of Makedonija".

Имаш голема логичка грешка. Во англискиот јазик кога се создаваат придавки од имиња - не се применуваат правилата на словенските или нордиските јазици каде се прилепува наставката „ски“ за да се добие придавка, па така нема да биде јазикот: "makedonski language" туку "makedonian language", а народот "makedonian people". Грците неможат да ги натераат англичаните и американците да си го сменат јазикот заради нивната желба да не преименуваат во "makedonski people".

Дополнително, ова решение "Republic of Makedonija" ни обезбедува и зачувување на уставот, и зачувување на идентитетот „Makedonian“, во сортирањето не става онаму каде што треба (под буквата М), и не го менува интернет домејнот „мк“.

Од друга страна пак, „Северно“ ставено пред или позади „Република“ е тоа што ни го менува идентитетот, и стануваме „Северњаци“, „северно-македонци“ или слично. А како последица ќе не сортираат под буквата „N“, и ќе ни го сменат интернет домејнот во нешто како „nm“.

Изменето од DameMak - 14.Јуни.2010 во 11:41
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 12:59

Грчка „Антена“: Договор за Република Вардарска Македонија

Дали ова е само пробен балон на грците да испитаат пулс или е можно да се спрема вакво нешто зад грб на народот?!!




Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 13:00
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.