Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:00 |
Јас не ја сакам кривината, ами коа ја нема правината? |
|
|
Еден лош
чоек си патуал од еден град на друг и настред пат стрел еден чоек, и
тој си патуал кај што одел лошио чоек. Откоа се поздравиле двата, се
здружиле да патуаат. Лаф муабет отвориле за како живеат со ќесати и
зулуми. Првио чоек бил кривината, препраен во чоек, а вторио бил
правината, и тој препраен на чоек.
Нито кривината ја познаала правината, нито правината ја познала
кривината. Чинејќи си таквие лакрдии за како треба да живеат на овие
лоши годиње, правината му се плакала на кривината оти и на три дни леб
јадела, толку што била на мака.
-Трај си, пријателе-му рекла кривината-лели те стави Госпо со мене,
јас ќе ми те најадам и напијам од што ти срце сака.
Коа чула правината тие зборои, се израдуала оти нашла еден богат чоек да
го најади. Ошле вечерта во еден град и кондисале во еден најбогат
анџија. Јале, пиле од што му душа сака неколку дни. На одење го викна
кривината анџијата да му кажи есапот. Му кажал анџијата есапот, да
речиме 90 грошеи сакал.
-Мошне арно-му рекла кривината-90 ти сакаш, а пак јас ти дадов 100
грошеи, дај ми назад ти уште десет грошеи.
Коа виде и чу правината тоа нешто, многу се устрами и се скри зад
врата. А пак коа чул анџијата тој збор од кривината, многу се налути и
се кара со неа, арно ама Госпо да те чуа од шерет даваси, а пак
кривината толку викаше против анџијата и батакчија го праеше, што целата
чаршија му ја собра, и којшто чу, се анџијата крив го праеше. На тоа
згора, виде-невиде анџијата, му даде десет грошеи за од беља и рече:
-Правино, правино, кај си?
Чу правината од зад вратата и му се одгоори.
-Еда еве сум зад врата, бре анџи, туку што да ти праам кога и јас јадов?
Оттогај се одделија правината и кривината, и нема да се здружат до
векутума века.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:01 |
Еден овчар си пасел еден булук овци, близу до
една планина. Си имал и два пци, многу лоши. Еднио вардел од едната
страна овците, а другио од другата.
Имало еден волк што секоја вечер идел кај овците да удаит некоа,
арно ама пците биле многу јунаци, тики никако волкот не го остаале да
удаи овца.
Едно цело лето што се мачи волко со јунасто да удаит некоја овца
и откоа виде оти со јунасто не можит, сврте другио лис и му пошол една
вечер волкот кај овчарот, та се качил на едно високо место, та го
викнал овчарот да појди кај него да се разгоараат малце. Едно чул
овчарот оти го викат волкот и отишол близу до него, со пците пред него.
Лајале пците што можеле, арно ама местото кај што бил волкот било
многу високо, што не можеле да му појдат до него.
-Што викаш, бе волку?- го прашал овчарот,- кажи да чујам.
-Ќе ти кажам, бре овчарко, туку истерај 'и прво пците одовде, да
после ќе ти кажам, оти е скришна работа, али за големо добро ишала ќе
бидит,- му рекол волкот.
Коа чул овчарот тој збор од волкот, дал еден лош вик по пците за да
бегаат откај него и едно беше чуле, и се истаиле.
-Слушај, бре овчарко, што нешто ќе ти кажам,- му рекол волкот.- Ние
со тебе сме комшии и бидејќи сме комшии, заошто да се караме со тебе
катаден?
-Како да не се караме, бре волчко,- му рекол овчарот- кога ми идиш да
ми давиш овците?
-Море не идам за овците да ти 'и давам, бре овчарко,- му рекол
волкот- туку идам за проклетите пци да ти 'и удаам, да да си останам
раат, да не ме залачкуаат коа си врвам по пато, а пак ти уште пораат од
мене ќе си живееш и без гајле ќе се сипиеш, чунки не ќе имаш ѓурултија
од пците да те скориваат коа лаат по мене, коа си врвам по пато. Ами
ти, овчарко, можеш да речиш оти јас ќе ти 'и удаам овците, да пците ќе
ме вардат и не ќе ме оставаат. Тоа ич да не го веруаш, чунки "волко на
синоро не дави", така е речено од стари. Да ако сакаш да ме послушаш
јас што ќе ти речам да го сториш, бездруго раат ќе си бидиш и ти и јас.
Ама тој раатл'к помеѓу нас знаиш како бидуат? Ја да 'и истераш пците
одовде, ја да 'и отепаш. Стори му го ова, бре овчарко, на пците и ќе
видиш што раат ќе сториме и двата, после клај си капата над око и чини
си пала!
Сиромав овчар, откоа беше го ислушал волко, му кандисал на збороите
што му 'и велел, чунки арно му идело за раатот што му го таксуал волко
да си биди овчарот без пците коа ќе бидел: не ќе стануал ноќе да вика
ујда по волкот и саноќ ќе си спиел, јем пала ќе си праел.
-Е, ајде, ќе те послушам, бре волку,- му рекол овчарот- ама ако ме
излажиш, жив ќе те одерам. Вака да знаиш, думај арно оти после пишман ќе
бидиш!
-А ти, овчарко, сврши ја оваа работа, да до утре вечер ќе видиш сам
ти со твојте очи.
На тоа згора немаше друго чаре овчарот што да речи отколку да 'и
истаи пците. 'И викнал до себе и 'и отепал со стапо и си легнал да спиет
раат.
Откоа усетил волкот оти пците 'и снемало, само една вечер го остаил
овчарот да си спие раат, ами дури бил жив, го остаил саноќ да си спиет и
раат да си биди, чунки беше му 'и издавил сите овци во втората вечер.
Ете у волк колку вера има. Волко длаката ја менуат, а ќудта не ја
менуат.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:01 |
Чоекот што му помогна на еден друг чоек |
|
|
Си
патуал еден чоек од град за на село и, кога дошол до сред пат, нашол
еден чоек кој се мачил да си изваит пропаднатата си кола во калта. Арно
ама, бидејќи колата била тешка, не можел сам да ја откачит. Го помолил
патнико за да му поможит. Тој му се откажал, чунки ќе се забаел, за
вечерта не ќе можел да си стигни конакот со видело. Многу му се молил
коларот на патнико за да му поможит. Арно, тој сопрво некако не
склонил. Откога откачил до некое место, се премислил, та се вратил да
му поможит.
-Еве, бре коларе- му рекол на патнико- јас се вратив за да ти
поможам, ама јуначки да му се опниме и бргу да ја изваиме, чунки јас си
имам нареден тертип, за вечер со ден да си одам, а не со ноќ.
Се заскуале двата за да ја изваат колата. Како ја вадиле, вадиле,
одвај со два саата беше ја изваиле. Триста блаосои беше му дал на
патнико дека му поможил.
Тргнале двата да патуаат и, дури да дојди в село чоеко, го стемнило и
останал на поле да ноќева. Многу мака му било на патнико дека не си
отишол вечерта дома, ами останал да спие на патот.
-Ексик да биди и добрина што напраив, и се, кога останав на отворено
поле- велел патнико.
Лежа како лежал ноќта, и утрото си отишол в село. Кога дошол до куќа,
што да видит?- Куќата беше му изгорела ноќта! Ватил да си кршит
прстите и да го колнит коларо што го запрел да му ја вадит колата од
калта:
-Ексик да је добрината што му ја напрајв на тој колар, кога останав
на пат да лежам; ако бев си бил дома, ќе можев да си ја угаснам куќата-
си велел.
-Немој, мажу, немој- му рекла жената му- не пишмани се за доброто што
си го сторил некому, оти тоа добро тебе животот ти го к*ртулиса; чунки
ноќеска робијата падна на нашава куќа и прао удри на твоето место,
кајшто спиеш ти, да ако да беше ноќеска дома, немаше да останиш ти жив;
да затоа благодари се на Бога што те завртил коларот; за куќата ние да
сме живи, пак ќе си ја напрајме уште поарно.
Кога 'и чул чоекот тие зборој од жената си, беше се утешил и
благодарил Бога задека беше му дал поголемо добро од доброто што беше
му го сторил тој на коларот.
По некој ден беше зел мотиката да копат темелите, да си пречистит
камењето, и за негоа среќа беше нашол еден ќуп алт'ни закопани од
негоите родители.
-Големо добро ти мене ми стори, Господи, за малото добро јас што му
сторив на коларот, да му ја изваам колата од калта- беше рекол и си ја
напраил куќата од арна поарна и со себепот од коларот се сторил прв
богат во селото.
Ете што рекле стари: Стори го доброто, та фрли го в море.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:02 |
Неолата викни ја секаде да ти помага |
|
|
Ето
како му помогнала на еден мрзлив дрвар неолата.
Го пратила жената му дрварот сосила да оит на дрва и му рекла да
го викнит неолата, за да му поможит и да 'и тоарит дрвата. Пошол
дрварот в планина и со голема мрза набрал дрва. Арно ама, сега сакаат да
се тоарат. Се врте, се сука за да го види неолата од некоја страна, го
немало, дал вик:
-Неоле, неоле, ела да ми поможиш, да тоариме дрвава!
Вика, вика сиромав мрзло, ама неолето немало да му се оѕвие. Авкал,
авкал, дури се расплакал сиромајот, а неолето го немало. Наместо
неолета си пресекол една потпорошка и си тоарил дрвата, та си дошол
дома.
-Оти ме излага, мори жено, оти неоле имало в планина, што ќе ми
поможит за тоарење? Јас се скинав викајќи по него и не дојде, дури не
пресеков едно потпоровче (вастагарче) не могов да тоарам.
-Ете тоа ет неола, домаќине, вастагарчето, што си го пресекол и ти
помогло,-му рекла со смеа жената му.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:03 |
Арамиите
итри сега сет кадиите
Во старо време умрел еден арамија и му остаил на сина му еден
насиет, да му даи три илјади грошеи за задуша, арно ама да барат некој
чоек што је прв арамија на веков. По умирачката на таткото зел сино
парите и тргнал по села и градоји да бара прв арамија. Мнозина арамии
нашол, арно ама најпослежнио арамија го прати при еден кадија.
Одејќи момчето при кадијата, го прашал дали је вистина тој
најбаш-арамија, и кадијата инќар се стори. Откоа му кажало момчето
работата, кадијата му рекол:
-Слушај вамо, момче, вистина јас ќе ти ји земам парите, арно ама
треба да ти продаам нешто, да после да ти ји земам. Знаиш што мислам да
ти продаам, момче? Ене оној снегон, што је останат од зимоска на
планинана, за три илјади грошеи. Дојди час, коа ќе биди мезличо, да ти
го продаам и да се сврши работата.
Дошло момчето пред мезличо, и му продал снего за три илјади грошеи.
Со ваде за една недела да си го крени снего, и го кладе под ќовил. До
неделата го викнал кадијата и го натерал да си го крени снего. Момчето
сопрво чинеше оти шака праи кадијата, арно ама откоа се научи оти не
праи шака кадијата, со големо молење му дал уште три илјади грошеи да
не го крева снего, чунки со илјада коли не го кревале.
-Е, е, виде сега, ете најде баш-арамија као што ти нарачал татко ти.
Коа виде и чу момчето арамил'ко од кадијата, на големо чудо беше
станало и се благодарило оти нашол баш-арамија.
Као што беше му нарачал татко му, макар и да беше кадија.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:04 |
Разговор меѓу еден Русин и еден Ингилизин |
|
|
Разговорот му бил за дека ја подврзале Русија во Париз да
не можи да излези во Црно Море и му се подбил шега со овие зборои:
-Знаеш, братушка, че Русија станал је вол, а Туркија је кол, врзали
вол за кол. Франција зелена трава, Англија је голема слава!
Откоа го ислушал Русино Ингилизино, се позамислил и му рекол:
-Харашо, братушка, Русија станал вол и Туркија кол, и врзали вол за
кол. А Франција зелена трава, и Англија голема слава. Ну, побеснел вол,
откачил кол, опасил зелена трава, испострал англиска слава.
Коа чул Ингилизино за тој одгоор од Русино, си ја наведил глаата и
си ошол застрамен по работата.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:05 |
Грдата цареа ќерка со големио чивлик |
|
|
Си
имал еден цар две ќерки: постарата грда, а помалата лична. Катаден му
иделе стројници за да му ја сакаат помалата, арно ама царот не ја вршил
помалата, чунки неќел да му крши ихтабарот на големата. Откоа виде царот
оти не можи постарата да ја свршит, изваде еден збор:
-Кој ќе ја сакат постарата ми ќерка, макар и најсиромав нека биди,
ќе му ја даам со најголем чивлик!
Чу едно дете сиромавче и појде кај царот, та му ја зеде постарата
му ќерка со најголемио чивлик.
Детево, што се стори царев зет, многу се валело пред цареа ќерка
(жената си) оти тој бил сиромав, ама к'сметлија, затоа ја зел неа. Така
се валел и по светот оти бил многу к'сметлија, му работел к'сметот, да
затоа ја зел цареа ќерка на чивлико, та ошле в поле за да ји гледаат
аргатите кај што ќе жнијат нивјето. Седнале под една сенка убаа и
паднале на лаф со ортакчиите.
-Блазе си ти, момче, на к'сметот твој што си го имал, за да земиш
цареа ќерка со олку стока!- му рекле.
-Само се знаи, бре браќа- му велело момчето- оти ми е блазе- кога
ми работи к'сметот.
-Ами зар од невестата не је работит к'сметот, бре момче, само
твојот работи зер, као велиш ти?- му повториле ортакчиите.
-Бре, не веруам јас да је к'сметлија невестата ми, чунки лани ваква
седба немаа нивјено, дури не бев ја зел јас цареа ќерка. Да од тоа
треба да веруате оти к'сметот мој ми работи, што оваа година бериќетот
јет машала како некое море; ја машала да не му јет од очи!
Уште не дорекло „да не му јет од очи“ царев зет и туку беше се
вивнала да гори пченицата од пред нив, со еден пламен многу силен.
Рипнале сите просто и се пуштиле да гасат со земја и грутки, арно ама
колку гаселе, тоа уште поеќе се ширело.
-Бре! Аманте, бре браќа, кажујте некое чаре- рекло момчето на
ортакчиите, што да се праит, што беше овој лош саат што ја донесов и
невестата ми, тики ошто не и работи к'сметот овој таксир ќе ме ватит!
-Море, ја речи е, бре момче, на невестата ти нека дојди и таа да го
гасит, оти белки незиниот к'смет ет што работит во чивлиго- му рекле
ортакчиите.
-Арно, џан'м, нека дојди- му рекло момчето.- Ела, мори невесто, ела
да гасиш и ти, да видиме белким твојио к'смет ќе работит.
Отрчала цареа ќерка и едно стапила со нога на огнот, како со вода
да беше го потурила, веднаш беше се угасил.
-Е, момче- му рекле ортакчиите- дали виде оти к'сметот од невестата
ти работел, а не твојио, како што се велеше ти.
-Вистина, пријатели,- му
рекло момчето- од невестата ми работел к'сметот, а не мојиот. Вистина,
зедов грда невеста, ама барем јет к'сметлија- рекло момчето и уште еднаш
не се повалило пред никого.
|
|
|
Mindy
Сениор
Искрена, поискрена здравје
Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2010 во 16:05 |
Парите го праат чоека да е јунак, тавминџија и знаен |
|
|
Во старо време имало еден касап во
Стамбол, што продаал месо без кантар; кој колку да сака, толку му сечел и
не го тргал. Секој ќе го претргал, и секому токму му излегуало.
Се прочу касапот со тоа нешто дури до
царо. Коа разбрал тоа нешто царо, се зачудил и сторил ниет да појди кај
касапо, да види сам со очите свој. Пошол кај касапо и му посакал да му
даит ока и стодрам месо. Му пресекол касапо и, без да го трга, му го
дал. Го претргал царо и кога виде, токмо ока и стодрам излегло.
Ит'р бидејќи царо, му текнало одошто
бил касапо толку тавминџија и го викнал при себе на сарај, та му посакал
илјада алт'ни на заем, за некој месец, и на месецо ќе му и даел сосе
мамеле.
Виде- не виде касапо, изваде ќемеро и
му даде илјада алт'ни на царо- асли сите толку му беа. Си отиде на
дуќан и го изгубил тавминџил'ко. Секому што му дал месо, ја поеќе, ја
помалку и никому токму не му дал.
Отишол и царо тебдил и тој купил и,
коа го претргал, поеќе му излегло. Тогај рекол царо:
Парата го праит чоека да е јунак,
знаен и тавминџија.
На месецо го викнал и му дал алт'ните
на касапо. Едно и клал во ќемеро и го опашал на голата полојна, почнал
да сечи месо токмо, како напред што сечеше.
Изменето од Mindy - 13.Јуни.2010 во 16:06
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јули.2014 во 09:07 |
ПРИКАЗНА ЗА БОГАТИТЕ И СИРОМАШНИТЕЕден богат татко решил да го однесе синчето во село, за да види колку сиромашни можат да бидат луѓето. Го поминале денот во куќата на едно многу сиромашно семејство. Кога се вратиле дома, таткото го запрашал момчето: - И, сине, виде ли колку сиромашни луѓе постојат во светот? - Да, тато. Видов дека ние имаме слуги, а тоа семејство – взаимна помош и грижа. Видов дека ние имаме телевизор, а тие – раскази и приказни кои се раскажуваат цела ноќ. Видов дека ние имаме базен во дворот, а тие – езеро на кое не му се гледа крајот. Видов, дека ние имаме голем двор, а тие – целиот хоризонт. Ти благодарам тато што ми помогна да сфатам колку сме сиромашни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Октомври.2014 во 09:38 |
ПОУЧНА ПРИКАЗНА: ШТО ЌЕ ИЗБЕРЕШ, ПАРИ ИЛИ ЉУБОВ?Некоја жена си ја поливала градината, кога здогледала тројца старци пред вратата. Ги повикала па им рекла: Мислам дека не ве познавам, но изгледате како да сте гладни. Ве молам влезете внатре да ви дадам да каснете нешто. Тие ја запрашале: – Дали е вашиот сопруг дома? – Не, одговорила жената, не е. – Тогаш ќе мораме да си одиме. Кога се вратил сопругот дома жената му раскажала што се случило. Тој и рекол да ги најде да ги повика сега на вечера. Жената ги пронашла и ги повикала да им се придружат. – Жал ни е, не можеме да ја прифатиме вашата љубезна покана, рекле старците. – Зошто не? Прашала жената изненадено. Еден од старците покажал на другиот и рекол: Неговото име е богатство. Потоа покажал на другиот: Неговото име е успех. А, јас сум Љубов. Сега појдете кај сопругот и одлучете се кој од нас сакате да дојде. Жената се вратила дома и му раскажала се на мажот. – Супер, и рекол тој. Викни го Богатство за да не спаси од сиромаштијава. Жената не била задоволна со предлогот: А, зошто да не го викнеме Успех? Разговорот го слушнала нивната ќерка и воодушевена им рекла: – А зошто не го повикате Љубов? Нашиот дом така секогаш ќе биде среќен! Ја послушале ќерката па жената отишла да го повика старецот Љубов. Љубов седел во инвалидска количка па заедно со неа се одвел до нивната куќа. Другите двајца старци тргнале по нив. Жената се изненадила: А, зошто доаѓаат и они кога ние те повикавме само тебе? Тие во еден глас одговориле: – Да ги повикаше Богатство или Успех, другите двајца ќе си одеа. Но, ти го повика Љубов, а кај оди тој ние го следиме! Таму каде што има љубов, секогаш доаѓаат успесите и богатството!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Октомври.2014 во 16:33 |
ПОУЧНА ПРИКАЗНА: ЗА ОНОЈ КОЈ ЌЕ ГО ПОМЕСТИ КАМЕНОТ ОД ПАТОТВо античките времиња еден цар поставил еден голем камен на патот. Потоа се скрил и набљудувал, за да види дали некој ќе го помести.
Богати трговци и дворјани минувале оттаму и едноставно го заобиколувале каменот. Многумина гласно го обвинувале царот дека не ги одржува патиштата чисти, но никој не сторил ништо за ја премести пречката од патот. Еден ден се појавил селанец, кој што бил натоварен со зеленчук. Откако стигнал до каменот, тој го оставил својот товар и се обидел да го премести каменот настрана од патот. По многу напори тој конечно успеал. Откако селанецот го зел повторно својот товар, забележал едно ќесе, кое стоело на патот на местото на каменот. Во ќесето имало многу златници и една белешка од царот, која што вели дека тоа злато е за човекот што се сетил да го помести големиот камен. Селанецот го научил она што многу од нас никогаш нема да го разберат – „Секоја препрека ни дава можност да ја подобриме својата состојба.”
Изменето од Valerija - 23.Октомври.2014 во 16:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
ZeZnAtA
Сениор
Power
Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Декември.2014 во 23:25 |
ПОУЧНА ПРИКАЗНА: И ДОБРОТО И ЗЛОТО СЕ ВРАЌААТ КАЈ ОНОЈ ШТО ГИ ПРАТИЛ!
Можеби понекогаш ви изгледа дека во овој свет нема правда! Но ако ја погледнете целата слика ќе сватите дека се што правите во животот ќе ви се врати како бумеранг. Можеби не денес, можеби не утре, но Божјата правда е еднаква за сите нас! И доброто и злото еден ден ќе се вратат кај оној што ги пратил, без исклучок! Еве една поучна приказна која го докажува нашето мислење, прочитајте: “Возејќи накај дома, Том Андерсон забележал постара госпоѓа која стоела на дождот, чекајќи некој да ѝ помогне. Том веднаш застанал и се упатил кон неа. Забележал дека ѝ се дупнала гумата на автомобилот, а старицата не можела сама да ја смени. Ѝ понудил помош и веднаш се фатил за работа. Во почетокот госпоѓата била загрижена. Размислувала за тоа колку долго стоела на патот, а никој не застанал да ѝ помогне, а овој човек кој изгледа скромно и сиромашно можеби само сака да ја ограби. Том ја сменил гумата и ѝ посакал добар пат. Госпоѓата му била многу благодарна и запрашала колку треба да му плати, за да му се оддолжи за помошта. „Јас не го направив ова за пари. И јас сум бил во ситуации кога ми била потребна помош, и секогаш некој ми подал рака. Сетете се на мене секогаш кога некому ќе му биде потребна вашата помош и несебично помагајте. Тоа ќе биде најголемата награда за мене” – ѝ одговорил Том. Госпоѓата влегла во автомобилот и продолжила накај дома. Изминала неколку километри, па застанала во едно мало ресторанче покрај патот за малку да се одмори. Келнерката љубезно ја услужила, ѝ донела крпа за да ја исуши мократа коса и постојано ѝ посветувала внимание. Госпоѓата била и повеќе од изненадена. Се прашувала од каде наоѓа сила оваа млада девојка која веќе е во поодмината бременост да биде толку работлива и љубезна. По изгледот на келнерката можела да заклучи дека е многу сиромашна, па никако не можела да разбери како некој кој има толку малку, може на странец да му даде толку многу. И тогаш се сетила на Том Андерсон. Го завршила ручекот, ѝ дала на келнерката 100 долари и веднаш заминала без да чека да ѝ врати дел од парите. Кога келнерката се вратила со остатокот од парите, на масата пронашла парче хартија на кое пишувало: „Не ми должиш ништо. И јас еднаш бев во ситуација кога ми требаше помош. Ако сакаш да ми се оддолжиш, не дозволувај овој синџир на доброто и љубовта да заврши со тебе. Помагај секогаш кога можеш”. До пораката имало уште 400 долари. Кога вечерта се вратила дома и легнала до својот сопруг, келнерката не била загрижена. Со парите од добрата госпоѓа можела да купи сè што ѝ било потребно за бебето. „Сè ќе биде во ред, драг мој” – му рекла на својот сопруг – „Многу те сакам, мој Том Андерсон”. Добрината секогаш се враќа со добрина. Да се биде алка во синџирот на љубовта значи несебично да се помага, без скриени намери, без очекувања и награди. Подадете рака и станете дел од синџирот на добрината. Така, кога најмалку очекувате, а најмногу ви е потребно, секогаш ќе се најде некој кој вам ќе ви подаде рака. Истото се однесува и за сејачите на злото! Не дозволувајте да бидете дел од тој синџир. Крајот не тие луѓе не мириса на добро…
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|